Daily news
Четири или само еден јазик за единствен регион

Додека во Србија, Црна Гора, Хрватска и БиX е во тек потпишувањето на Декларацијата за заеднички јазик, иницијатива која најмногу противници има во Хрватска, лондонскиот магазин „Економист“ го поставува прашањето дали српскохрватскиот е еден јазик, или се работи за четири различни јазици?
Влијателниот лондонски неделник наведува дека околу 17 милиони луѓе во БиХ, Србија, Хрватска и Црна Гора говорат на варијации од некогашниот српско-хрватски или хрватско-српски јазик. Со расформирањето на Југославија, на нејзината териториај, освен претходно посебните македонски, словенечки и албански јазик, сега официјално постојат бошњачки, српски, хрватски и црногорски. Но, дали тие четири јазици се еден ист јазик, прашува „Економист“?
Книжевниците, лингвистите и невладините организации од четирите земји, кои се иницијатори на декларацијата, велат дека одговорот е потврден. Во нивната декларација се наведува дека четирите јазици формираат полицентричен јазик, слично како и англискиот, германскиот или арапскиот јазик. Иако постојат различни дијалекти, тие ги претставуваат варијациите на единствениот јазик, па сите кои го говорат можат меѓусебно да се разберат.
„Овие четири јазици се меѓусебно послични отколку дијалектите на многу други полицинтрични јазици“, наведува „Економист“.
Авторите на Декларацијата наведуваат дека инсистирањето на образовнието и други институции на користење само на една варијација од заедничкиот јазик претставува „репресија, непотребност и штета“. Целта на Декларацијата е да се развие дискусија за јазикот без националистички товар, што би придонело во процесот на помирување меѓу балканските народи.
Инсистирањето на четири различни јазици доведува до апсурдни ситуации. Една од нив е илустрирана со примерот на деца од ист град во Босна, кои одат во исто училиште и иста зграда, но посетуваат настава на „различни јазици“.
„Официјалната владина презентација во Босна постои на 4 јазици – англиски, бошњачки, хрватски и српски, кој е со друго, кирилично писмо. Но, кога регионалните политичари имаат средби, не им се потребни преведувачи. Кога воените злосторници излегуваат пред Хашкиот суд, добиваат преведувач кој е на е на смена тој ден. Постои интернет меме кој добро ја опишува јазичната ситуација во Босна, и кој покажува кутија со цигари со предупредувањето ‘пушењето убива’ два пати на латиница и еднаш на кирилица, иако сите букви се исти“, пишува „Економист“.
Спорењето околу јазикот ширум светот е политичко, а не јазично прашање. Националистите во Србија Декларацијата ја гледаат како поткопување на врската меѓу Србите во Србија, босанските Срби и Црногорците. Решавањето на ова прашање би одзело една алатка од рацете на националистите, кои ја употребуваа во креирањето проблеми во регионот.
Хрватските националисти ја поврзуваат нивната борба за независност делумно со борбата на хрватските академици во шеесеттите години на минатиот век, кои тврдеа дека хрватскиот е посебен јазик во некогашна СФРЈ.
„Ако хрватскиот е посебен јазик, тогаш и Хрватите се посебен народ, односно не се Југословени“, тврдеа академиците пред половина век.
Сепак, како што заклучува „Економист“, обичните граѓани не се многу засегнати со темата за заедничкиот јазик.
„Кога ќе ги прашате на кој јазик говорат, често едноставно одговараат – нашки“, завршува „Економист“. крај/мф/сс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.