Контакт

Daily news

Чифте амам: Мултимедијален проект на Хелидон Ѓерѓи – уметникот што ги погребуваше медиумите

Објавено пред

Во објектот Чифте амам, утре во 18 часот, Националната галерија на Македонија има можност на јавноста да ѝ го претстави проектот „(Х)ам(м)ам“ на меѓународно и исклучително афирмираниот мултимедијален уметник Хелидон Ѓерѓи.

dobivaj vesti na viber

Хелидон Ѓерѓи (роден 1970 во Тирана, Албанија) е современ уметник кој се занимава со разни медиуми. Студирал на Академијата за уметности во Тирана. Со отворањето на границите на Албанија во 1991 година се преселил во Италија, каде што понатаму ги проучувал визуелните уметности и стекнал диплома од Академијата за ликовни уметности во Неапол, Италија. Во 1997 година тој се преселил во Чикаго, каде што се усовршил во теорија и практика на уметноста на универзитетот во Чикаго. Во моментот живее во Њујорк и предава на SUNY Old Westbury.

Во текот на својата кариера Хелидон работел во разни медиуми – од сликање, скулптура, фотографија, видеоуметност, до инсталација, па и до архитектура. Меѓутоа, преку разните медиуми Хелидон во своите дела постојано ги испитува порозноста и кревкоста на границите меѓу медиумите, себе си и параметрите на индивидуалното влијание.

Неговите првоизложени дела го тематизираат нарцисоизмот на нашето претерано користење на медиумите фантасмагорички поставувајќи ги телевизорите и нивните гледачи во рамките на огледалните средини и провокативно повикувајќи го гледачот да направи пулсирачки акциони слики преку разиграната телекоманда на програмирање како треперлив превез на платно. За 52. Венециско биенале (2007) тој создал место за погреб на медиумите кои се повикуваат на земјената уметност на претходните генерации и ги заменил нивите објекти во природно распаѓање со рамни екрани на кои е претставен нашиот денешен медиумски пејзаж.

Покрај неговите просторно специфични дела за одредени локации, Хелидон исто така произведува монументални дела од јавен карактер. За проектот за фасади на 4. меѓународно биенале за современа уметност во Тирана (2009), Хелидон бил поканет да ја наслика фасадата на една голема сталинистичка зграда, која ја покрил со современите икони на дигиталната доба, со што јасно ја открил когнитивната дисонанца помеѓу архитектонската кожа и внатрешниот хабитус на современото посткомунистичко општество.

За проектот „Биенале 3 “во Коњиќ, Босна и Херцеговина (2015), создал уметничко дело за атомскиот бункер на поранешна Југославија, кое личи на еден од нејзините коридори слични на карпести тунели – сала на огледала во која слоганите на милитаристичките видеоигри се враќаат во ad infinitum, го опкружуваат нивниот гледач со лозинки и дводимензионална илузија на игри. За „Манифеста 8“ (2010) тој создал мирисна инсталација од зачини на пазарот поврзани со етничките заедници кои живеат во Мурсија (Шпанија). Јавноста беше поканета да го посети овој невидлив, а сепак отворен музеј на мирис и беа извлечени и дискутирани сопствените афективни реакции на индивидуалните ароми и нивните секвенционирања.

Учесник е неколку пати на Венециското биенале (и за ликовна уметност и за архитектура), и самостојно и групно, презентирал свои дела на „Манифеста“, Тиранското биенале и на голем број меѓународно признати визуелни презентации.

Во Чифте амам се претставува со специфичен проект со наслов во корелација со самата локација (Х)ам(х)ам. Терминот се однесува на самото место со аналогија делумно на историјата и традицијата на многу прекрасни амами од регионот кои биле места за социјализација на сите етнички заедници што живееле во дадени држави и важеле за едни од најслободоумните локации во секоја дадена култура. Овие места ја иницирале и мотивирале комуникацијата помеѓу разни класи, ентикуми, религии. Од денешен аспект, пак, Чифте амам е современо место за комуникација, што значи ја продолжува својата примарна улога и тој спој на нејзината главна функција низ вековите е клучниот детерминатор на идејата на Хелидон Ѓерѓи.

Проектот се состои од три дела, некои созададени конкретно за физичкиот простор на Чифте амам, а некои се поинаква просторно специфична реинтерпретација на досегашни инсталации и објекти.

Во првата сала Ѓерѓи поставува уметнички слики на разновидни рачно насликани емоциски знаци од виртуелната комуникација кои ќе бидат поставени на пентагоналните отвори на куполата и кои ќе бидат видливи како проекции од светлината која продира низ отворите на внатрешните ѕидови на тој даден простор.

Втората сала е комбинација на огледалата од Биеналето во Босна и Херцеговина и зачините од „Манифеста“, со тоа што овде овие два дела се спојуваат во еден создавајќи апстрактен и миметички повторлив бескраен коридор, во кој секоја страна ја отсликува другата. Спојот на визуелнлиот шир и себеогледалноста, со магијата на зачините на најголемите етнички заедници од Македонија (Македонци, Албанци, Роми, Tурци и Срби) создаваат чувствен перпеттум.

Третата сала пак, која е исто така осмислена конкретно и специфично за просторот на Чифте амам, ќе биде замаглена просторија со дим, светлото кое благо ќе продира низ куполата ќе создава магична атмосфера, а во просторот ќе се шират звуци, создадени во соработка со албанскиот музичар Фатос Ќеримај, кои се изведени со музичка интеракција (комуникација или дискомуниакција) на разни телефонски рингтонови.

Кустос на проектот е Ана Франговска, а на публиката ќе ѝ биде достапен до 24 август.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа29 минути

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет53 минути

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет1 час

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...

Македонија18 часа

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија20 часа

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија20 часа

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...

Свет21 час

(Видео) Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Местото на несреќата каде вчера вечер се судрија два воза во Шпанија е снимено од хеликоптер утрово. Цивилната гарда продолжува...

Свет22 часа

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, објавуваат сите водечки норвешки медиуми, во...

Македонија23 часа

Заев и Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев, институциите молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска...

Свет23 часа

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од...

Топ23 часа

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел...

Свет23 часа

(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од...

Македонија24 часа

Денеска се празнува Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,...

Македонија2 дена

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...

Свет2 дена

Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска...

Македонија2 дена

Уставниот суд веќе ја потврди законитоста на одлуките за вонредната состојба, му одговори Пендаровски на премиерот Мицкоски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски му возврати на премиерот Христијан Мицкоски поради неговата изјава дека има основани сомнежи за уставноста и...

Македонија2 дена

Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко...

Топ2 дена

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско....

Македонија2 дена

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот...