Daily news
Шапуриќ: Општина Аеродром е веќе неподнослива за живеење

„Повод за денешниот прес на Либерално-демократската партија се катастрофално лошите услови за живеење во општината Аеродром, каде веќе 12 години ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Оттогаш, од ден во ден, условите за живеење во општината стануваат сѐ повеќе неподносливи. Граѓаните се соочуваат со урбан хаос и бесмилосна и неодржива градба,која доведе до масовно уништување на зеленилото, загадување на воздухот и загрозување на здравјето на граѓаните“, вели Зоран Шапуриќ од ЛДП.
„Оваа тн. “урбана експанзија“, кулиминира во последните пет години, за која е одговорно владеачкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ во Советот на општината Аеродром, како и градоначалникот Коневски Ивица. Општината Аеродром стана навистина неподносливо место за живеење. Уништени се илјадници квадратни метри на зеленило и исечени се повеќе стотици масивни повеќе-децениски дрвја, наместо кои се засадени грмушки со минимална зелена маса и фамозните палми“, рече тој.
„Неодрживата градба и бизнис интересите доведоа до прекумерна населеност, закрченост на сообраќајот дури и во најмалите улици, голем број на сообраќајни незгоди, недостаток на паркинг места и неможност за струење на воздух. Во многу делови на општината Аеродром се постигнати неславни рекорди по бројот на возила, така што бројот на моторните е поголем од илјада возила на квадратен километар, што е надвор од секаков урбан и хуман стандард. Исто така, нивото на бучава предизвикана од масовната градба и сообраќајот во Аеродром е десет пати поголема од максимално утврдените граници“, додаде Шапуриќ.
„Градежните активности се одвиваат без никаква контрола на општинската инспекција, насекаде се продуцира шут, кој стои со месеци, без било каква заштита. Неодржливата градба доведе до енормното загадување на возухот и концентрацијата на ПМ 2,5 и ПМ 10 честички и во повеќе од двеста дена во годината е над дозволено максимално ниво на концентрација, од што околу сто дена е повисока и за пет пати повеќе од максималните гранични вредности“, порачуваат од ЛДП.
„Општинската власт останува сосема нема на барањата на граѓаните на општината Аеродром за запирање на нехуманата градба и за подобрувањето на условите за живеење. ЛДП во повеќе наврати ја алармираше јавноста за овие состојби. Последните измени на деталните урбанистички планови ја прелеаја чашата, па на зелена површина од околу 4.000 квадратни метри, на локацијата кај објектот “Мајчин дом“, е предвидена градба на деветокатници. Истото се случива и на парцерлата кај “Неоком“ во населбата Острово, каде се предвидува изградба на висококатница. Овие измени на деталните планови се недамна усвоени од мнозинството во Советот, предводено од ВМРО ДМПНЕ“, додаваат од партијата.
„Новата власт во општината Аеродром, предводена од ЛДП, СДСМ и коалициските партнери, ќе ја спречи нехуманата градба и ќе озвозможи почист воздух, а и ќе доведе до многу поголема грижа на органите на општината, за подобар квалитет на животот и подобро здравје на граѓаните на општината“, велат од ЛДП./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.