Daily news
Шекеринска: Армијата ја затеков во долгови и без елементарни услови за работа

Пред малку повеќе од 100 дена го прифатив предизвикот да бидам министер за одбрана на Република Македонија знаејќи дека одбраната и армијата на нашата држава заедно се еден од двата клучни надворешнополитички стратешки цели и столба на кои почива нашата држава, истакна денес министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на прес-конференција по повод отчетот за 100 дена Влада.
Министерката во отчетот посочи дека застанала на чело на млад тим кој почнал од нула за потоа да успее да го донесе кандидатскиот статус за членство во ЕУ.
– Да бидам искрена, сите сме свесни дека нашата држава се соочува со големи проблеми и дека тие проблеми се видливи во крупни области, како што е одбраната, но не очекував дека по завршени 17 годишни програми за членство во НАТО, и на почетокот на 18-тата ќе затекнам не само ситуација на нулта точка туку и на црвен минус. И тоа во секој поглед: екстремно намален буџет за Армијата и за Одбраната, недостиг на елементарни услови за секојдневно извршување на обврските на војниците, застареност и неодржување на опремата, нарушени односи, 82 милиона евра вредни договори кои се потпишале со една фирма, а само на неколку дена пред изборот на новата Влада се поништиле. Немаше доволно пари за исплата на плати на вработените во МО и АРМ, a од друга страна, откако ја симнавме тајноста од документите за службени патувања во земјата и странство, како и за трошоците за репрезентација, целата јавност можеше да види дека на сметка на војската за која немало за чизми, функционерите од ова министерство трошеле лесно, многу и без мера. Се уверив дека во некои области ситуацијата е полоша и од најцрните предвидувања – рече министерката Шекеринска.
Таа додаде дека состојбата била и полоша од очекувањата и предвидувањата, но во политиката секогаш работела со силна верба.
– Вратен е фокусот кон клучните реформи во одбраната и членството во НАТО, го рестартиравме блокираниот процес за изработка на стратегискиот одбранбен преглед, кој претставува клучен документ кој ги дефинира одбранбените реформи и реформите во Армијата, клучен документ за членство во НАТО и работиме на подобрувње на состојбата и поефикасно Министерство за одбрана – рече Шекеринска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.