Контакт

Daily news

Што зборува месецот на раѓање за карактерот на жената?

Објавено пред

ЈАНУАРИ
Жените родени во овој месец се сериозни, конзервативни, но и многу амбициозни. Тие сакаат да критикуваат. Ретко успева некој да ги извади од кожа. Не обожаваат да ги покажуваат своите чувства, па затоа не очекувајте да ви се умилкуваат. Дозволуваат да им се приближат само луѓе за кои сметаат дека се на исто интелектуално ниво и кои ги споделуваат нивните погледи на животот.

dobivaj vesti na viber

ФЕВРУАРИ
Овие жени имаат апстрактно размислување и не секој може да ги разбере нив. Тие многу често го менуваат расположението, а тоа значи дека кон нив треба да се однесувате со трпение. Од друга страна пак, се многу романтични. За саканиот човек би направиле буквало сѐ, а најважно е тој да им возврати со иста мера. Луѓето што ќе ја изневерат, никогаш повеќе нема да ја видат.

МАРТ
Тие се многу симпатични, само додека некој не ги налути. Во таков случај се во состојба да „срушат“ се пред себе. Посветени се и верни, а да се живее со ваква жена е вистинско задоволство. Само вистинскиот маж ќе го согледа и цени тоа. За нив е типична силната харизма и шарм со кој привлекуваат. Тие многу тешко се вљубуваат, бидејќи кај нив не поминуваат машките трикови како кај другите жени.

АПРИЛ
Жените родени во овој месец се дипломати, со нив лесно се комуницира, а понекогаш знаат да се самосожалуваат. Токму затоа треба да им посветувате повеќе внимание. Во голем дел од нив се крие голема љубомора, но ако ја добиете нејзината доверба, таа ќе ве направи најсреќниот маж на планетата. Не ја отвара душата пред сите, само пред оние кои заслужуваат.

МАЈ
Овие жени се многу упорни и верни до крај на своите принципи. Во физичка смисла, тие се многу убави, но во комбинација со тешкиот карактер, опасни се за секој маж кој ќе се вљуби во нив. Мажите ги паметат овие жени засекогаш!

ЈУНИ
Во јуни се родени љубопитни, креативни и комуникативни девојки кои немаат влакна на јазикот и често ги повредуваат останатите. Тие сметаат дека е подобро вистината да е каже во очи, отколку зад грб. Во љубовта се многу опасни играчи, а со мажите си играат како со играчка.

ЈУЛИ
Овие девојки се многу мистериозни и не дозволуваат секој да им се приближи. Освен тоа многу се чесни, а ретко се фалат, без разлика што се многу интелигентни, убави и на повисоко ниво од останатите. Не сакаат да се расправаат и се љубезни со сите, а често страдаат по минатото. Ако оваа жена се вљуби во вас, најголемата грешка ќе ви биде ако ја изневерите. Ќе тагувате по неа, но ќе ја изгубите засекогаш.

АВГУСТ
Овие жени имаат големо срце, но и егоизам. Не си играјте со нив, зошто порано или подоцна тие стануваат победник во секоја игра. По природа се весели и имаат неверојатно чувство за хумор, но не дозволуваат никој да им се качи на глава. Сакаат да бидат во центарот на вниманието, а никогаш не страдаат од недостаток на машко внимание. Мажите губат глава во нивно присуство.

СЕПТЕМВРИ
Мили, дисциплинирани, или во целост прекрасни девојки се родените во септември. Никогаш не му простуваат на оној што ќе ги изневери. Сакаат долги врски, и не се девојки за една ноќ. Од друга страна се многу критични кон партнерот и бараат од него да ги исполнува сите нивни барања. Ќе ја освои само оној маж што ќе се докаже пред неа. Умот не ѝ дозволува да направи грешка, дури и кога срцето сака.

ОКТОМВРИ
Од една страна, жените родени во месец октмоври се покажуваат сила и независност, но од друга страна се многу емотивни. Ретко плачат пред други луѓе, но кога се сами, си ја отвораат душата и она што го кријат од светот. Тие се особено интелигентни и знаат дека не е добро да си ја разголиш душата пред сите, знаејќи дека луѓето се злобни и знаат да злоупотребат со тоа. Овие жени можат да ги покорат и најсилните карактери. Другите жени често ги мразат бидејќи им завидуваат.

НОЕМВРИ
Дамата родена во овој месец секогаш е еден чекор напред пред сите останати. Уште веднаш знаат да ги прочитаат луѓето и ја препознаваат лагата од километри. Со овие жени не можете да си играте бидејќи ќе го извлечете подебелиот крај. Штом го освојат срцето на некој маж, засекогаш оставаат трага и белег во него. Најважно од сѐ за овие жени е да запомнете дека ако не сте подготвени да ја слушнете вистината, никогаш не ги прашувајте за мислење.

ДЕКЕМВРИ
Зимските девојки, односно родените во декември нетрпеливи, премногу брзи, но пак родени со многу среќа. Секогаш наоѓаат начин како да излезат од било која ситуација како победници. Со нив е многу забавно, бидејќи знаат како да ви го подигнат расположението. Вообичаено, потребни им се само неколку минути за да ве освојат. Имаат големо срце, луѓето понекогаш ги повредуваат, но на крај секој го добива заслуженото.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Адвокатката на газда Деко од „Пулс“ бара надлежните да реагираат откако родителите на загинатите деца ја ставија на транспарент

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба...

Македонија8 часа

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со порака: Правдата што доцни не е правда

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од блиските на загинатите...

Свет10 часа

Зеленски: Трилатералните разговори беа конструктивни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле...

Топ12 часа

86-годишна жена од Виница измамена за 30.000 евра, лажен лекар ја довел во заблуда дека ќерката е повредена

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама во која останала без 30.000 евра, откако...

Свет12 часа

Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби

Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина  меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми....

Македонија17 часа

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени...

Свет17 часа

На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад

Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко,...

Регион19 часа

Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож

Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба...

Македонија20 часа

Со понудени куќи, булдожери и милионска гаранција конзулот Марковски излезе од притвор

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски...

Македонија1 ден

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа1 ден

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски: Разговорот веќе се одржа, долго време немало ваков трилатерален состанок

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање извести за клучните дипломатски напори, ситуацијата на фронтот, енергетската криза и мерките...

Македонија1 ден

Тошковски: СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште, во кое партиските калкулации се ставаат над човечките животи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку свој статус на фејсбук се огласи по повод денешното изгласување на Законот за...

Топ1 ден

Со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за речиси 90.000 евра: кривична против управител на приватна фирма од Новаци

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.Т. од Битола поради постоење основи на сомнение...

Македонија1 ден

Најавен прекин на товарниот сообраќај на граничните премини од понеделник: МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција известува дека до Министерството за внатрешни работи е доставена...

Македонија1 ден

(Видео) Левица за „Безбеден град“: Глобите да се пресметуваат според примањата

На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека во Законот за прекршоци, преку...

Македонија2 дена

Фатон Сељами избран за нов Народен правобранител

Со поддршка од 89 пратеници, Собранието денеска во рамки на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов...

Македонија2 дена

(Видео) Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на кривичниот законик, меѓу кои и членот за злоупотреба на службената положба

На денешната комисиска расправа, владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на СДСМ за измените на Кривичниот законик, соопшти потпретседателката...

Македонија2 дена

Системот „Безбеден град“ стартува од 1 февруари – Собранието ги усвои законските измени

Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот...

Македонија2 дена

Филков: Случајот со апелациониот судија не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за...