Daily news
Јанакиески за кривичната пријава: Ова е дел од валканата кампања на СДС

Сѐ што видовме во првите 100 дена од Владата на СДС е деструкција, неспособност, лаги и манипулации. СДС во првите 100 дена од своето владеење не направи ниту еден конкретен проект кој ќе биде за доброто за секој граѓанин. СДС не донесе ниту едно законско решение или мерка со која ќе го подобри стандардот на граѓаните. Видовме само запирање и кочење на проектите што веќе беа започнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ, реагира поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кога МВР поднесе кривична пријава против него за злоупотреба на службената положба и овластувањето.
„Економијата ја доведоа во целосен колапс, градежништвото кое беше двигател на економијата секојдневно тоне, незадоволни и разочарани земјоделци, манипулирани пензионери и младина. Ова е успехот на СДС во првите 100 дена од неговото владеење.
Своето неработење и неспособност се обидуваат да го скријат преку политички хајки и поднесување неосновани кривични пријави.
Поднесената кривична пријава од СВР Прилеп веќе еднаш беше поднесена до Јавното обвинителство и таа беше отфрлена од надлежното обвинителство. Сега таа повторно се поднесува сѐ со цел моја лична дискредитација и да се оттргне вниманието на јавноста од нереализирањето ниту еден проект во општина Прилеп од страна на Владата на Зоран Заев.
Имено, продажбата на овие два стана, како и другите во државна сопственост, е извршено во согласност со важечките законски и подзаконски акти. Имено, ова право на министерот за транспорт и врски е определено во согласност со Законот за продажба на становите во општествена сопственост, одлука за продажба на становите, кои права, должности и одговорности во поглед на располагањето ги има Република Македонија („Службен весник“ бр. 68/92 и 62/03), а донесена во согласност со член 2 од горенаведениот закон, и решение за овластување потписник за склучување договори за купопродажба на станови од 24.10.2006 година.
На 15 октомври граѓаните на Прилеп и Република Македонија ќе ја казнат оваа деструктивна политика на СДС и неговата неспособност, но и хаосот, што ѝ ги предизвикаа на Република Македонија.
Ова е дел од валканата кампања на СДС која е составена од измислици, лаги и манипулации со цел да ја покрие својата неспособност“, вели ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во своето писмено соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.