Daily news
Јилдирим: Турција беше нападната но покажа сила и издржливост
Мина една година од надминувањето на најкрвавиот терористички напад во историјата на Турција, во која година земјата ја потврди својата издржливост, способност за заздравување и силата, оцени турскиот премиер Бинали Јилдирим, по повод годишнината од ланскиот обид за воен преврта во земјата.
– Сега е најважно да ја преиспитаме изминатата една година и да погледне напред. Преди се треба да се потсетиме на тоа со што се соочивме. Ние се соочивме со еден напад врз турската држава од страна на предавници, приврзаници на еден верски настраник, кој себе си се нарекува „имам на универзумот“, а кој што се инфилтрирал во турската Армија, оцени Јилдирим.
Според него, Турција се соочила со „крвници кои го бомбардираа своето национално собрание, го срамнија со земја оперативниот штаб на специјалните полициски сили кои предничат во борба со тероризмот, кои нападнаа на невооружени цивили со тенкови и кои со воени авиони и хеликоптери отворија оган врз нив“. – Во нашата досегашна историја не сме се соочиле со едно вакво дивеење. Оваа терористичка мрежа уби 250 и рани повеќе од 2000 наши државјани, додава Јилдирим.
– Кога ќе се погледне наназад од ова горко искуство, на виделина излегоа две работи со кои се гордееме. Прво, храброста и одлучноста на турскиот народ. Нашите грагани од секој слој на заедницата и политиката излегоа на улиците против извршителите на ударот. Нашите телевизиски канали, покрај заканите од извршителите на превратот продолжија со своите емисии. Турскиот народ стана една целина. Второ, Турскиот народ на целиот свет му покажа дека е и ќе биде на страна на демократијата. Мојот народ покажа дека со Турција ќе владеат не вооружените групи туку само владите кои што дошле на власт по демократски пат и волјата на народот. Најсилната легалност е онаа демократска легалност, наведува Јилдирим.
Меѓутаоа, како што додава тој, никако не може да ја избрише од меморијата наивното прашање на неговиот внук таа вечер: „Дедо, овие војници нели се наши војници?“.
– Навистина какво е тоа сфаќање кое што им дава можност подло да ги нападнат цивилите, своите институции, свои симболи, свои лидери? Одговорот лежи во природата на предавничката мрежа со која се соочуваме. Таа вечер се соочивме со една злосторничка мрежа која што со посредство на еден теолошки професор, на слепо ги извршуваше наредбите кои доаѓаа од страна на Фетулах Ѓулен. Говориме за една предавничка чета која не попримила ништо од славната илјадагодишна традиција на турската војска, а која што во воената база користена како Центар, стоела со војнички поздрав пред раководителот на една фирма на ФЕТО (Фетулистичката терористичка органзиација) и лицето кое што наизглед само е сопственик на едно училиште, истакнува турскиот премиер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.