Daily news
Јовановска: На Гинекологија се трошеле пари за обезбедување и лаптопи наместо за опрема и персонал

Интензивната нега за новороденчиња на Клиниката за гиекологија располагала само со 22 инкубатора, а бројот на недоносени речиси секогаш бил двојно поголем, но претходото раководство не презело ништо за овој проблем, вели директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска. Таа реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за одговорност за смртта на трите бебиња. Во допис до медиумите Јовановска вели дека во ниеден момент не ја загрозила работата на установата ниту, пак, животот и здравјето на ниеден пациент. Јовановска, која беше назаначена за директорка на клиниката пред две недели, пишува во каква состојба ја затекла клиниката: дефицит на педијатри кои дежураат секоја втора вечер и прават натчовечки напори да спасат човечки живот; родилна сала, дневна болница за киретажи, амбуланта за итни случаи, кои работат без вентилација за довод на свеж кислород, лаборатории кои се сместени во супстандардни подрумски услови.
– Не се водело грижа за персоналот, па така за речиси една година од клиниката си заминале тројца специјалисти анестезиолози кои се дефицитарни во државата, односно нема ниту еден кој би можеле да го вработиме, петмина специјалисти гинеколози, како и предвремено пензиониран еминентен професор, што значи 9 еминентни доктори. Обезбедување од страна на СГС, обезбедување во сопственост на Сашо Мијалков, што клиниката го плаќала 4,7 милиони денари, и кабинет во износ од 20.000 евра, пари за кои можело да се купи опрема – пишува Јовановска и додава дека се зголемил бројот на изгубени пациенти од регионот кои во минатото се лекувале на клиниката од соседно Косово, јужна Србија, Бугарија, покрив на клиниката кој постојано прокиснува и лифтови за транспорт на пациенти кои 70 отсто од времето не работат, злоупотреба на службените возила со кои располага клиниката, чест недостиг на потребни материјали за сметка на скапи леново-лаптопи, како и преземање гинеколози од градови каде што се дефицитарни и многу други недоследности.
Во врска со починатите новороденчиња, од Гинекологија велат дека станува збор за прва бременoст на пациентката со ин витро-оплодување и степен на ризик поради гестациски дијабетес (третиран со инсулин) и преегзистенцијална хипертензија со аплициран серклаж(подврзување на грлото на матката). Пациентката претходно трипати била хоспитализирана во Клиничката болница во Тетово поради гинеколошко крвавење.
Во меѓувреме велат дека е пристигнат и резултатот од хемокултурата замена веднаш по раѓањето на првороденото новороденче и таа потврдува тешка вродена инфекција, а за другите причини дополнително ќе ги информираат родителите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.