Контакт

Daily news

Хемикалиите од амбалажите се штетни за здравјето

Објавено пред

Брзиот начин на живот ги принудува луѓето секојдневно да консумираат храна од разновидни амбалажи што се направени од широк спектар на синтетички соединенија.

Со текот на времето, соединенијата од амбалажата завршуваат во храната што луѓето ја консумираат, а тоа може да доведе до акумулација на токсини во организмот.

Студија објавена во магазинот The Journal of Epidemiology and Community Health предупредува на потенцијално штетните ефекти што долгорочната изложеност на тие соединенија може да ја имаат по здравјето.

Некои од нив се формалдехиди, фталати, бисфенол А – контроверзни хемикалии кои се поврзуваат со ризикот од карцином и други хронични болести.

Сите овие хемикалии се присутни во амбалажите во мерка која е пропишана во правилниците, но авторите на студијата ја истакнуваат загриженоста поради долгорочното изложување на тие хемикалии, нивните акумулации и влијание на органските системи.

Авторите на студијата, исто така, предлагаат процена на ниво на цела популација и метод на биомониторинг за да се утврди поврзаноста меѓу хемикалиите присутни во амбалажите и ризикот од дијабет, дебелеење, карцином и други хронични болести.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт4 часа

Трагедија на тренинг, возач загина додека Ферстапен се подготвуваше да излезе на патеката

Светот на автомобилизмот го потресе веста за страшната несреќа на легендарната патека Нирбургринг, во која животот го загуби искусниот шведски...

Спорт4 часа

Јокиќ и Мареј ја решија Минесота – Денвер води со 1:0 во среијата до четири победи

Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс во првиот натпревар од воведното коло од плејофот за шампионската титула во НБА. Нагетс...

Спорт5 часа

Алварез од херој до трагичар – Сосиедад на пенали го освои Кралскиот Куп

Фудбалерите на реал Сосиедад се освојувачи на Купот на Кралот во сезоната 2025/26. На „Ла Картуха“ во Севилја, тие го...

Спорт6 часа

(Видео) Челзи тоне и Јунајтед победи на „Стенфорд Бриџ“

Во последниот меч од саботната програма, во рамките на 33-то коло на англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Челзи...

Црна хроника7 часа

Изби пожар кај стариот полигон под Кале, оштетени се три возила, едно лице повредено

Пожар избувнал на улицата „Самоилова“ во Скопје, во близина на Кале, на просторот кај стариот полигон. Според информациите од полицијата,...

Црна хроника7 часа

Маж почина во угостителски објект на пазарот во Свети Николе

Машко лице починало на Градскиот пазар во Свети Николе во угостителски објект. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен вчера...

Забава7 часа

Кендал Џенер ги демантира гласините за операција: „Носот ми се промени од лекови против акни“

Манекенката Кендал Џенер ги отфрли гласините дека направила операција на носот, тврдејќи дека промените се резултат на лекови против акни....

Забава7 часа

Пет хороскопски знаци ги очекува успешен период во сезоната на Бикот

Пет хороскопски знаци ги очекува полесен и поуспешен период за време на владеењето на Бикот (20 април – 20 мај),...

Спорт8 часа

(Видео) Молк во Лондон – Тотенхем осѕана без победата во 95-та минута

Фудбалерите на Тотенхем и Брајтон ремизираа 2:2 (1:1) во натпреварот од 33-то коло од англиската Премиер лига. Тотенхем, сè уште...