Контакт

Daily news

Кафето не предизвикува рак, само ако се пие многу жешко

Објавено пред

Нема доволни докази дека пиењето кафе предизвикува рак, објави агенцијата за рак на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) ублажувајќи ги своите претходни предупредувања, но и додава дека секој „многу жежок“ пијалак е веројатно канцероген, наведено е во кусиот преглед на студијата објавен во списанието Lacet Oncology.

Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC) при СЗО претходно предупредуваше на кафето како „можно канцерогено“, но го промени мислењето. Во средата нејзините експерти рекоа дека според последните истражувања „нема доволни докази за канцерогениот ефект“.

„Класификацијата не го покажува како сигурно безбедно, но има помалку причини за загриженост денес отколку претходно“, вели Дана Лумис, заменик шеф на IARC.

Кафето содржи околу сто различни хемиски супстанции, а истражувањето во овој момент е доволно за да се утврди дали овие забелешки може да му се припишат на кофеинот, додава Лумис.

Одредени студии покажале дека консумирањето кафе нема влијание при појавата на заболувања на панкреасот, или ракот на дојката и простатата. Сепак, за дваесетина други видови рак, доказите биле неубедливи.

Меѓутоа, истовремено се наведува дека другите научни докази сугерираат оти пиењето на кој и да е друг жежок пијалак, околу 65 Целзиусови степени и повеќе, вклучително и водата, чајот и другите напивки, веројатно предизвикуваат рак на хранопроводот.

„Генерално, пиењето кафе е оценето како некласифицирано во смисла на неговата канцерогеност за луѓето“, се вели во извештајот, кој го подготвиле 23 научници на IARC споредувајќи ги податоците за илјада луѓе од 1970-те години.

IARC, чие седиште е во Лион, кој минатата година ширум светот предизвика внимание со заклучокот дека процесуираното месо може да предизвика рак, вели дека нема доволно докази според кои кафето може да биде класифицирано како канцерогено, а ниту како неканцерогено.

Кафето претходно последен пат во IARC беше проучувано во 1991 година и беше класифицирано во групата 2В, заедно со хлороформот, оловото и други материи – веројатно канцерогени за луѓето. Кафето е вброено со 501 друга супстанција во Групата 3, односно некласифицирани за нивната канцерогеност кај луѓето.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Минчев на средба со амбасадорката на Грција: фокус на јакнење на капацитетите за стручно усовршување

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска во просториите на Министерството оствари протоколарна средба амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду....

Македонија27 минути

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со претставници на независните граѓански иницијативи по нивно барање на која се...

Свет56 минути

САД ги вратија санкциите на руската нафта

Русија денес ја намали важноста на повторното воведување на американските санкции врз нејзината нафта, кои Вашингтон претходно ги укина со...

Македонија1 час

ЛДП со поддршка за протестот на културните работници

Либерално-демократската партија (ЛДП) дава целосна поддршка на културните работници кои денеска излегоа на протест барајќи достоинствени услови за работа и...

Спорт1 час

„Дојдов како играч, си заминувам како доживотен навивач на Сити“

Веќе некое време е познато дека Бернардо Силва ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната. Силва официјално го...

Спорт1 час

Ливерпул потврди, Екитике ќе отсуствува до јануари 2027 година

Ден по натпреварот помеѓу Ливерпул и Пари Сен Жермен, беше објавено дека Уго Екитике ја скинал Ахиловата тетива на десната...

Свет2 часа

(Видео) „Еден од најсмртоносните руски напади врз Киев“: најмалку 17 мртви, се шири морничава снимка

Во масовен напад врз украинските градови, Русија денеска ги таргетираше Киев, Днепар и Одеса со ракети и беспилотни летала, при...

Култура2 часа

Изложба „Етнографија во делата од колекцијата на Националната галерија“ во Чифте амам

Вечерва во 19 часо во Чифте амам ќе биде отворена изложбата „Етнографија во делата од колекцијата на Националната галерија“. Изложбата...

Македонија2 часа

Алиу: Нови програми за специјализации и супспецијализации – реформа за поквалитетен и поефикасен здравствен систем

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со проф. д-р Светозар Антовиќ, декан на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Невзат...