Daily news
Научниците испитуваат лек кој ги напаѓа клетките на ракот додека се делат
Новиот лек кој кај експерименталните глувци ги уништил човечките клетки на ракот во моментот додека се делеле, односно се размножувале, покажал драматични резултатите во првата фаза од истражувањето отворајќи пат за излекување од тешката болест, се наведува во студијата објавена во специјализираниот медицински магазин Science Translational Medicine.
Во лабораториски услови лекот со ознаката „OTS964“, кај пет од шест експериментални глувци ги уништил агресивните клетки на човечки рак на белите дробови пресадени во глувците, со малку нус појави.Откритието ги поттикнува надежите во развој на револуционерен лек кој би бил ефикасен против разните видови тумори, вклучително и кај видовите рак на дојката, мозокот, црниот дроб…, како и кај некои видови леукемија. Тестирањето на лекот „OTS964“ на луѓе би можело да започне веќе есента 2015 година.Шефот на тимот научници кои го водел проектот, американскиот научник Јисуке Накамура од универзитетот во Чикаго изјави дека „целта на молекуларно ниво ја откривме уште пред десет години, но ни беше потребна уште речиси една деценија да пронајдеме ефикасен начин да го блокираме“. „Почетно проучивме 300.000 супстанции и пота синтетизиравме повче од илјада, и пронајдовме неколку кои би можеле да делуваат кај човекот. Се фокусиравме на најефикасните. Мислиме дека сега имаме нето што ветува“, истакнува Накамура во разговорот за британскиот весник Daily Mail.Лекот дејствува на единствен начин блокирајќи ги активностите на белковината TOPK којашто е клучна за успешната делба на клетките и кај многу видови туор с прозиведува во преголеми количества.„Без ТОРК изгледа дека клетката не може да се дели. Не може да го доврши процесот. Наместо тоа клетките остануваат поврзани со мал мост и кога конечно ќе се раздвојат не може да ја затворат пукнатината на мембраната. Внатрешноста на клетката истекува и таа згинува“, појаснува Накамура.Претходните истражувања покажале дека лекот успешно ги убива клетките на туморот, но со неприфатлива цена, имено ги попречуваше создавањето на нови еритроцити и бели крвни клетки предизвикувајќи анемија и го нарушуваше имунолошкиот систем. Истовремено го зголемуваше ризикот за создавање згрутчување со зголемување на бројот на тромбоцитите. Тие пречки се надвладеани со омотување на лекот во микроскопски балони наречени липосоми што ја намалило токсичноста на препаратот за крвта.Кај глувците заразени со клетките од човечки рак на белите дробови, тој тумор се одгледувал до големина на околу половина сантиметар, а потоа лекот интравенски се аплицирал двапати седмично во текот на три седмици и резултатот бил брзо намалување на тиморот што продолжило и по престанувањето на терапијата. Ракот комплетно исчезнал кај пет од шесте експериментални глувци без видливи нуспојави.Големи дози од лекот се давани преку уста на друга група глувци и кај сите шест животни туморот исчезнал. Иако по лекувањето имале ниски вредности на белите крвни зрнца, се опоравиле во рок од две седмици.Накамура вели и дека ретко се забележува целосно повлекување на туморот во опитите со глувците. Многу лекови можат да го запрат растот, но ретко се забележува туморот да исчезне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.