Контакт

Daily news

Oбвинителството се откажа од гонење на Павле Богоевски за фрлањето боја врз фасадата на Министерството

Објавено пред

Обвинителството се откажало од кривичен прогон на пратеникот Павле Богоевски од шарената револуција, објави адвокатското друштво „Давидовиќ и Јанковиќ“. На денешното судско рочиште, како што напишаа тие, се утврдило дека никој нема право без одобрение на Заводот за заштита на спомениците на културата да презема какви било дејствија врз заштитениот објект, а уште помалку да го вештачи.

Се утврдило дека единствена надлежна и лиценцирана институција за утврдување штета на вакви објекти е Заводот за конзервација. Тие, како што напишаа адвокатите, формирале комисија и утврдиле дека зградата на Министерството е без одобрение и проект бојадисана по нарачка на Министерството и нанесена е огромна штета која при отстранување на бојата може да им нанесе структурна штета на ѕидовите на зградата, и второ, бојата од шарената револуција се мие со вода и сапун. „Штетата е 15.000 денари и најважно од сè, не може да се оштети веќе оштетена фасада“, напишаа тие.

„Сега ќе почекаме и ќе следиме дали Обвинителството по допрен глас и вакви докази и вештачења ќе покрене постапка против одговорниот тогашен министер кој го бојадисал и упропастил споменикот на културата и против вештаците од Бирото кои вештачеле без лиценца и спротивно на законот. Ако  Обвинителството остане глуво како и досега, ние ќе ги потсетиме со една кривична пријава. Дилема е дали ако Обвинителството не покрене само постапка по службена должност исто прави кривично дело со прикривање на сторителите и непреземање дејствија кои се должни да ги преземат?“ напишаа тие.

Во времето на шарената револуција со боја беше обоено и Министерство за култура. Тогашната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, нарача вештачење од Бирото за судски вештачења со кое беше утврдена штета на фасадата од 461 илјади денари, а против сегашниот пратеник, Павле Богоевски, беше покренато обвинение.

В. М.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Над пет тони кокаин пронајдени во Костарика

Властите во Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја. Министерството...

Свет16 минути

(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија

Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од околу 130 долари во Хонгконг, каде поради коронавирусот има...

Македонија13 часа

Рот: Законот за ЈО е клучен чекор за европската иднина, останува ЕУ да испорача

Законот за Јавното обвинителство е клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија, напиша на „Твитер“,...

Македонија14 часа

Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Изгласувањето на Законот за ЈО е спротивно на процедурите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда,...

Македонија15 часа

Пендаровски ги потпиша Законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието. Потпишани за законите...

Македонија16 часа

Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека...

Македонија17 часа

Се распушти Собранието

Со 108 гласа „за“, без против или воздржани Собранието се распушти, што значи дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат...

Македонија18 часа

Заев: Со Законот за ЈО гарантирана е разрешница на сите судски процеси почнати од СЈО

Им честитам на сите 80 пратеници, кои презедоа одговорност, го препознаа овој момент како клучен за владеењето на правото и...

Македонија19 часа

Спасовски ја повика ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов министер за труд и социјална политика

Техничкиот премиер Оливер Спасовски упати јавен апел до ВМРО-ДПМНЕ да даде предлог за избор на министер за труд и социјална...

Македонија19 часа

Независната пратеничка група: Го поддржуваме законот за ЈО со чиста совест

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата соопшти дека законот за ЈО е од исклучително значење за нашата земја на...

Македонија20 часа

Изгласани законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана без присуство на ВМРО-ДПМНЕ

Собранието ги донесе и другите два закони предвидени за денешната седница. Законот за Совет на јавни обвинители беше донесен со...

Македонија20 часа

Мицевски: Го повикуваме Пендаровски да не го потпишува законот за ЈО донесен на нелегален начин

Слугите на Зоран Заев денеска се надминаа себеси. Законот за амнесија на криминалите на Заев не помина. Го донесоа на...

Македонија21 час

Изгласан законот за јавно обвинителство

Собранието го донесе законот за јавно обвинителство со 80 гласови за и 6 против. На гласањето беа присутни 116 пратеници....

Топ23 часа

Тројца повредени во судир на три возила на патот Струмица-Ново Село

На магистралниот пат Струмица – Ново Село, кај „Робовска крстосница“, вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу три возила – „тојота...

Свет23 часа

Цукерберг повика на построга регулација на штетните содржини на интернет

Сопсвтеникот на Фејсбук, Марк Цукерберг повика на поголема регулација на штетната содржина на Интернет, нагласувајќи дека не е на компаниите,...

Свет24 часа

Бројот на заразени надмина 68.000, 70 нови случаи на крузерот во Јапонија

Бројот на заболени од коронавирусот на крузерот во Јапонија, од вчера порасна за 70. Министерот за здравство на Кина, Кацунобу...

Македонија1 ден

Владата ги поништи распоредувањата во МВР од министерот Чулев

На деветтата седница на техничката влада, што се одржа доцна синоќа, Владата донесе неколку одлуки, меѓу кои и за поништување...

Свет1 ден

Водителката која го истепа својот дечко пронајдена мртва

Каролин Флек, поранешната водителка на британското риалити шоу „Лав Ајланд“, е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лондон. Таа имаше...

Македонија1 ден

Пратениците ќе гласаат за законот за ЈО, одбрана и Совет на јавни обвинители

Пратениците денеска треба да гласаат за законот за јавно обвинителство, законот за одбрана и за законот за Советот на јавни...

Досие