Контакт

Daily news

Откриен 113 милиони години стар фосил на четириножна змија

Објавено пред

Фосилот стар 113 милиони години од единствениот примерок на змија со четири нозе е откриен во Бразил и упатува на заклучокот дека предците на овие влекачи потекнуваат од копното а не од морето како што досега се веруваше, покажало истражувањето чии резултати се објавени во американскиот научен магазин Science.

dobivaj vesti na viber

Досега непознатиот вид наречен Tetrapodophis amplectus живеел во последниот и најдолг период од Мезозоикот. Изгледала како многубројните слични видови змии од сегашниот период, но имал многу подвижен ‘рбет, издолжена глава, крлушки по телото, закривени заби и флексибилна вилица која била неопходна за да се проголта што поголем плен. Единствено овој вид од денешните змии ги разликувале четирите мали нозе, кои според мислењето на научниците првенствено служеле за со нив да може да го грабне пленот, отколку за да го олесни движењето по копното. Нозете на пронајдениот фосил се долги само четири, односно седум милиметри.

Авторите на студијата утврдиле и дека Tetrapodophis amplectus нема долга опашка типична за водените рептили, како на пример алигаторите. Анализирајќи го пронајдениот фосил, научниците велат дека овој вид покажувал прилагодување на животот во земјаните премини а не во вода, што оди во прилог на претпоставката според којашто предците на змиите потекнуваат од копното. За ова прашање, инаку, се водат остри дискусии меѓу палеонтолозите, бидејќи многумина од нив сметат дека змиите потекнуваат од водените рептили.

Според сегашниот изглед, карактеристичната змиулеста форма на телото, односно долгото тело глава и отсуството на какви и да се екстремитети, можел да се развие меѓу претпоставените предци на змиите во менувањето на формата од најмалку 26 пати. Разнообразните форми на телата на древните змии, чии фосили се пронајдени во седименти коишто потекнуваа од периодот на Мезозоикот и Кенозоикот, не им овозможуваа на научниците да го постигнат консензусот, зошто тие еволуирале и како минале на овој начин на живот.

Николас Лонгрич, од британскиот универзитет Бат и неговите колеги со откритието на Tetrapodophis amplectus сметаат дека го пронашле можниот одговор на споменатите прашања, проучувајќи го фосилот кој потекнува од периодот Јура пронајден во Бразил.

Во студијата се истакнува дека во една приватна збирка научниците успеале да откријат остатоци од суштество коешто според сите свои карактеристики, голем број пршлени, издолжен череп и куса вилица, подвижна структура на ребра, наликува на денешните змии. Авторите на статијата наведуваат дека името Tetrapodophis amplectus го дале во чест на неговите необични карактеристики.

Фактот што ова суштество, за разлика од другите фосилни предци на змиите, има четири полноправни екстремитети, укажува дека ова животно можело слободно да се движи, потенцираат научниците. Тие, како што се претпоставува, немале функција само при движењето, туку и при ловот на пленот, односно за давење или при јадење на жртвата, па дури и единките од различен пол да се придржуваат за време на парењето.

Втората необична карактеристика на ова суштество е што тоа не живеело на површината на земјата или во крошните на дрвјата, туку во дупките коишто оваа древна змија самата ги прокопувал во почвата. И овој заклучок е спротивен од ставовите на некои палеонтолози, според кои змиите се потомци на морски влекачи, а не на копнени четириножни суштества.

Судејќи, пак, според закривените заби и флексибилната челуст, Tetrapodophis amplectus, се хранел со мали ‘рбетници, коишто, како и неговите современи потомци, ги голтал цели. Тоа би значело дека змиите првично биле месојади, а не инсектојад, како што сметаат некои зоолози.

Возраста на овие останки се проценуваа на меѓу 146 и 110 милиони години, поради карактерот на фосилите, што упатува на тоа дека станува збор за еден од најраните видови змии на планетата, вид кој се појавил на Земјата, како што сугерираат ДНК анализите, пред 150 милиони години. Покрај тоа, компаративната анатомска анализа сугерира дека Tetrapodophis amplectus може да се смета и за предок на сите змии, или за нивен најблизок роднина, заклучуваат авторите на студијата.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија26 минути

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија29 минути

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија1 час

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија1 час

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет5 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет5 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет6 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет6 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа6 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет6 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет12 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет12 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет13 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија15 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија16 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија17 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет17 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет18 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет19 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...