Контакт

Daily news

За потењето има решение

Објавено пред

Сончевиот период и високите температури имаат улога и влијание врз функцијата на потните жлезди, што се манифестира како зголемено потење, коешто, пак, делува и го попречува секојдневното функционирање и комодитет.

dobivaj vesti na viber

Медицинските информации за потењето говорат дека нормалната дневна продукција на пот е од 0,1 до 1 литри, но може да достигне и до повеќе литри дневно. Количеството излачена пот зависи од потребите на организмот.

Зошто доаѓа до зголемено потење?!

Кожата има повеќе од 4.000.000 потни жлезди, чијашто функција е под контрола на центарот за терморегулација, сместен во хипоталамусот. Терморегулацијата се спроведува преку потните жлезди и системот за крвна регулација (вазоконстрикција и вазодилатација). Овој центар реагира на хормони, емоции, фиичка активност. Симпатичкиот нервен систем врши инервација на потните жлезди.

Нарушувања кои се поврзани со зголемено потење се нарекуваат хиперхидроза. Хиперхидроза е екстремно, екцесивно потење, кое е независно од климата, сезоната или физичката активност. Со овој проблем зафатена е 2 до 3 отсто од популацијата, и тоа 50 отсто се манифестира на стапалата и дланките, 40 отсто во пазувите и 10 отсто на лицето, особено на челото. Физиолошки најчесто се јавува во случај на адипозитет (прекумерена телесна тежина), менопауза кај жените, аклиматизација и прекумерена активност на симпатичкиот нервен систем.

Постојат локални препарати достапни и кај нас, кои може да ви помогнат во третирањето на овој проблем. Овие производи, кои се дел од медицинско-козметска палета се среќаваат во обилк на дезодоранси, ролони. Нивната главната активна компонента е алуминиум хлорид или алуминиум хлорхидрат.

Производите се поделени во три категории, и тоа 24, 48 и 72-часовен ефект. Во правилниот избор на локален препарат, најсоодветен одговор ќе се добие од стручно лице, односно дерматолог.

Како може да помогне Ботокс третманот

Ботокс неуротоксин третманот помага во контролирањето на симптомите од екцесивно потење кога вообичаените медицински помагала не покажуваат особен перформанс – на тој начин што времено ги блокира хемиските сигнали од нервите што ги стимулираат потните жлезди. Кога потните жлезди не ги примаат хемиските сигнали, екцесивното потење престанува. Се очекува дека ботокс инекциите времено ќе го запрат продуцирањето на пот само во третираните области. Потта останува да се произведува на сите други нетретирани места.

Каде оди потта?

Потта не оди никаде и не се задржува во организмот, едноставно потта не се продуцира повеќе во третираните области со помош на Ботокс. Треба да се истакне дека остатокот од човековото тело може слободно и на нормален начин да ја произведува вообичаената влажност. Самата процедура трае од 10 до 15 минути и е релативно вообичаена. Мало количество од Ботокс разреден се инјектира плитко во третираната пазува преку многу тенка игла.

Ботокс третманот трае осум месеци. Симптомите постепено ќе се вратат, тогаш пациентот ќе знае дали е време за повторен третман. Треба да се одреди стратегија на третирање во зависност од потребите на пациентот и можните резултати од самиот ботокс третман.

„Доколку се одлучите да не продолжите со натамошен третман, потењето постепено ќе се врати на својата пред-третирана состојба. Ефектите од Ботокс третманот, исто така, постепено ќе исчезнат и вашиот вообичаен начин на потење во целост ќе се врати“, советува д-р Анета Кокалеска Петрушевска, специјалист дерматолог во „Ординација Д-р Анчевски“./крај/мф/би

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Кој зорт го натера Таравари да биде посредникот на Ахмети кај Мицкоски, прашуваат од „Вреди“

По демаскирањето што му беше направено вчера од собраниската говорница, Арбен Таравари им должи на гласачите искрен одговор: што го...

Економија41 минута

Маркетите да не прават трикови оти ограничувањата може да бидат годишни, не неделни или месечни, порача Мицкоски

Можни се годишни место неделни или месечни ограничувања на маржите за да се заузда растот на цените во маркетите. Премиерот...

Македонија3 часа

Шверцер удри во патарини и во возила и нападна полицаец – приведени две лица по полициска потера кај Градско

Двајца државјани на Косово се приведени синоќа по драматична полициска потера на автопатот Градско – Скопје, откако се обиделе да...

Топ3 часа

Со ретровизорот ја удрил во главата и починала: обвинение за возач што имал слепило, а управувал товарно возило

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во...

Македонија3 часа

Случајот со претседателката на антикорупциската комисија најматен настан за јули, според „Транспаренси“

„Транспаренси Интернешнл-Македонија“ го објави редовниот месечен извештај „Бистро-Матно“ за месец јули 2025 година, во кој се евидентирани повеќе случаи на...

Свет6 часа

Трамп ја објави листата на нови царини

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која се воведуваат повисоки царини за десетици земји во целиот свет...

Македонија6 часа

Македонија со царина од 15 отсто

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово по македонско време објави нови царински стапки. Македонија, доби стапка од 15 отсто, идентична...

Македонија7 часа

Денес, втора седница на Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја свика втората седница на Советот за безбедност што ќе се одржи денес, 1 август, со почеток...

Македонија17 часа

Во моментот нема активни пожари, надлежните апелираат да се внимава за Илинденските празници

Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со 18:00 часот , нема ниту еден активен пожар. Шест...

Топ19 часа

Автомобил се судри со автобус кај Тетово – тројца загинати, едно дете е повредено

Три лица го загубија животот, а едно дете е повредено во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на автопатот...

Македонија21 час

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците – нови ригорозни мерки

Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот...

Македонија24 часа

Мицкоски: Eрес беше да се спомене македонски идентитет во време на претходната власт

На денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски со свој коментар за актуелните позиции во меѓународните...

Македонија1 ден

Гаши: Одредбите не се докрај прецизни дали можеме со распишани избори да избереме народен правобранител и претседател на ДКСК

Во претстојниот период предизвик за Собранието ќе биде изборот на нов народен правобранител и нов претседател на Државната комисија за...

Македонија1 ден

Салиу се вознемири од прашањето дали ќе си поднесе морална оставка по пожарот во Кочани и ги обвини новинарите дека му судат

Министерот без ресор, Шабан Салиу, кој од 2008 до 2017 година беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување и...

Македонија1 ден

Воведени нови летови од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Скопје се поврзува со уште пет нови дестинации. Од скопскиот аеродром се воведуваат летови до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и...

Македонија1 ден

Зголемен број туристи во Македонија, земјата станува сѐ поинтересна за Германците, Французите, Британците…

Анализата на туристичкиот тренд во првите пет месеци од 2025 година покажува дека Македонија бележи интензивирање на туристичкиот промет и...

Македонија1 ден

Обезбедени 42,3 милиона денари финансиска поддршка за ранливите потрошувачи на струја

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека Владата ја донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија...

Македонија1 ден

Активни три пожари на отворено во Македонија

Утрово се активни три пожари на отворено во Македонија, информира Центарот за управување со кризи. До 06:30 часот на територијата...

Свет1 ден

Канада најави дека ќе ја признае Палестина

Канада има намера да ја признае палестинската држава на состанокот на Обединетите нации во септември, изјави вчера премиерот Марк Карни,...

Македонија2 дена

Мицкоски: Поединци од СДС потпалуваат за да има политички пожари, а го бранат и Коцевски како последен бастион за нивниот криминал

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина на тема „Реформи во здравството, ги градиме темелите на промените“...