Контакт

Економија

Влада: Македонија бележи раст на БДП, на вработеноста и на индустриското производство

Објавено пред

Објавените податоци на Државниот завод за статистика за бруто домашниот производ за изминатата година покажуваат дека во четвртиот квартал во 2017 година економијата бележи раст од 1.2% и излегува од состојбата на стагнација, соопшти владата.

„Ова е доказ дека се враќа изгубената доверба во перспективите на домашната економија. Дополнително последно објавените податоци на ДЗС покажуваат и раст на индустриското производство од 8% што претставува уште една потврда дека економската активност се интензивира. Фактичката состојба којашто ја наследи Владата на Република Македонија по своето формирање беше пад на економијата од 1.3% заради тешка политичка криза предизвикана од политичките блокади, но и заради неодговорното менаџирање со економијата изминатите години.

Новите економски политики, реформските процеси, реафирмацијата на ЕУ и НАТО интеграциски процеси на Република Македонија придонесоа економијата да се стабилизира и да почне да бележи стапки на раст на БДП. 

Економската стабилизација се потврдува и со податокот за годишен раст на вработеноста од 1.9% во четвртиот квартал во 2017 година, споредено со истиот квартал во 2016“ се наведува во соопштението на владата.

Економија

Десет гуми како отпремнина од „Гудјир“ во Венецуела

Објавено пред

Работниците на компанијата „Гудјир“ во Венецуела ќе добијат десет автомобилски гуми како дел од отпремнината бидејќи американската компанија го прекина бизнисот во оваа земја.

На црниот пазар во земја каде што има хроничен недостиг на стоки од сите видови, особено се барани квалитетни пневматици.

Многу странски компании се повлекоа од Венецуела поради економската криза и американските санкции.

Претседателот Николас Мадуро ги обвини своите противници и САД дека водат „економска војна” против неговата администрација, потсетува Би-би-си.

„Гудјир” објави дека „донел тешка одлука да го запре производството на гуми” во Венецуела.

Прикажи повеќе...

Економија

Од денеска поевтини горива на бензинските

Објавено пред

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари.

Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,5 денар за литар.

Новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 61,5 денари за литар, додека на еуросупер БС-98 изнесува 63,5 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за
домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 2,5 денари.

Новата цена на дизелот е 58,5 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 1,789денари и новата цена изнесува 30,037 денари за килограм.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Економската политика на Владата е катастрофална

Објавено пред

Изминатиов период сведоци сме на една катастрофална политика од областа на економијата што ја води Владата на СДСМ, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, за време на состанокот во Сојузот на стопанските комори (ССК).

Пред претседателката на Сојузот, Данела Арсовска, Мицкоски ја презентира економската програма што ја подготвува ВМРО-ДПМНЕ. Тој уверува дека оваа програма ќе одговори на најголемиот дел од реалните потреби и проблеми на граѓаните.

„Оваа средба ќе биде практично почеток на една поинтензивна соработка. Тука сме да ги прифатиме сите оние совети и критики што доаѓаат од апликативната дејност од вистинската економија. Ние сме свесни дека без добра економија немаме добар развој и како држава но и како општество“, рече Мицкоски и додаде дека секој мора да учи од грешките.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа2 часа

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет3 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија4 часа

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа14 часа

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија18 часа

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија18 часа

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија20 часа

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија21 час

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ21 час

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Крвав четврток22 часа

Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски, поранешно обезбедување на ексдиректорот на...

Македонија23 часа

Затворениците од „Идризово“ почнаа штрајк: Бараме амнестија за сите, не само за упадите во Собранието

Затворениците кои одлежуваат казна во затворот „Идризово“ од денеска штрајкуваат со глад бидејќи не се опфатени со законот за амнестија...

Македонија1 ден

Семејствата на убиените кај Смилковско нема да ги слушаат наодите од судската медицина

Семејствата на петтемина убиени кај Смилковско Езеро нема да присуствуваат на денешното рочиште во кривичниот суд каде што ќе бидат...

Свет1 ден

„Не можам да дишам“ – Си-ен-ен објави транскрипт од последните зборови на Кашоги во конзулатот 

„Не можам да дишам”, се последните зборови што ги кажал саудискиот новинар Џемал Кашоги пред да биде убиен, објави Си-ен-ен....

Македонија1 ден

(Видео) Пулмолозите тврдат дека ќе се зголеми бројот на заболени од рак поради загадениот воздух

Алармантните податоци за загадениот воздух, кои покажуваат дека Скопје е еден од петте најзагадени градови во светот, ги вознемири пулмолозите,...

Крвав четврток1 ден

Вељаноски ќе сведочи за 27 април

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска во Основниот суд Скопје 1 е повикан да сведочи за насилниот упад на...

Европа1 ден

Европскиот суд пресуди: Велика Британија може да го откаже брегзит

Европскиот суд на правдата (ЕСП) пресуди дека Велика Британија може да го откаже брегзит без дозвола на другите 27 членки...

Македонија1 ден

(Видео)Макрадули: Почист воздух, ама за две години

Владата најави двегодишен план за справување со аерозагадувањето. Заменик-министерот за животна средина, како раководител на интерресорката група за справување со...

Бегството на Груевски1 ден

Хан не верува дека Груевски ќе биде екстрадиран

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ изјави дека не е...

Македонија2 дена

Мицкоски побара независно тело да ги анализира прислушуваните разговори на обвинителите

Претседателот на  ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на протестниот марш во Кочани упати барање до Владата да се формира независно тело кое...

Досие