Контакт

Daily news

Во САД од 2001-та укинати повеќе од половината работни места во печатените медиуми

Објавено пред

Повеќе од половината работни места во печатените медиуми во САД се укинати од 2001 година, покажуваат официјалните податоци, при што голем дел од тие загуби е надоместен со вработувањата во интернет компаниите.

Статистиката на Владиното биро за вработување покажува дека бројот на работните места во печатените медиуми во САД паднал од 412.000 во јануари 2001 година на 174.000 во септември 2016 година.

Во интернетското издаваштво и областа на медиумските портали бројот на работните места, пак, се зголемил од 67.000 во 2007 година, првата во којашто во американската влада располагале со ваквите показатели, на минатогодишните 206.000.

Податоците ги потврдуваат големите превирања во медиумската индустрија, каде што преминувањето на дигиталните медиуми наметна големо кратење на трошоците и бранови откази во печатените медиуми.

Истиот извештај покажува дека бројот на компании во сегментот на новинско издаваштво паднал за 18 отсто, од 9.310 во 2001 година на 7.623 во текот на минатата 2016 година. Бројот на портали кои се занимаваат со медиумско издаваштво и други активности на интернет, пак, скокнал од 2007 година за 150 проценти, на 13.924, покажува споменатиот владин извештај.

Податоците покажуваат и пад на бројот на работните места во областа на издавање списанија, книги, како и емитирањето на радио станици, додека нивото на вработеноста во телевизиската индустрија стагнирало од 2001 година.

Бројот на неделници и месечници, односно списанија, достигнал врв во 2008 година, кога ги имало 9.232, и од тогаш забележува постојан пад. Во 201 година ги имало 7.566 медиуми./крај/мф/сн

Најново

Спорт1 минута

ФИФА покрена постапка против Паредес, можна суспензија од неколку месеци

Леандро Паредес би можел скапо да плати за своето однесување по финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија. ФИФА...

Спорт4 минути

Меси: Болката е огромна.. Ви благодарам… Честитки до Шпанија

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, се огласи по поразот во финалето на Светското првенство. Фудбалерите на Аргентина не успеаја да...

Спорт8 минути

(Видео) Два милиони луѓе ги пречекаа светските шампиони

Два милиони луѓе ја пречекаа шпанската фудбалска репрезентација вечерва на улиците на Мадрид, откако ја освоија титулата на Светското првенство...

Македонија2 часа

Објавено со што е загадена водата во Гостивар, жителите ја пиеле од 25 јуни кога биле поставени пумпи од канал

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина...

Забава3 часа

(Видео) Читач на усни: Трамп ја повторуваше истата реченица на секој шпански играч

Доналд Трамп вчера им го додели трофејот и медалите на победниците на Светското првенство, шпанската репрезентација. Американскиот претседател, исто така,...

Забава3 часа

Зошто утринската прошетка е една од најдобрите навики за здравјето?

Не секоја форма на чување на здравјето мора да биде поврзана со големи промени и напорни тренинзи. Понекогаш една од...

Свет3 часа

Мамдани проверува дали може да го уапси Нетанјаху; Трамп: Нема да биде уапсен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен за време на неговата посета...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации

Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации, со цел постапката да се компромитира. Или, пак, нивните интереси...

Спорт4 часа

(Видео) Јамал откри што му рекол Меси по финалето: „Неговите зборови вредат колку медал“

Шпанија вчера ја освои својата втора светска титула победувајќи ја Аргентина во финалето на Светското првенство. Фуријата славеше во големото...