Економија
Со 3,7 милиони евра ќе се поддржуваат иновации
До 3 мај 2017 трае повикот на Фондот за иновации и технолошки развој за поддршка на заинтересираните стартап претпријатија кои може да аплицираат за грантови до 30.000 евра за да развијат иновативно решение со глобална перспектива.
Успешен корисник на таков грант е компанијата „Вејпр апликации“ ДООЕЛ, што постои околу две и пол години и била формирана со намера да развие софтверски производ за средни компании, кој значително им ја олеснува ИТадминистрацијата и интеграцијата на нивните основни ИТ системи.
„Софтверот го решава проблемот на приватен клауд, односно за брзо време можеме да подигнеме готови, интегрирани апликации кои им се потребни на речиси сите средни компании. Софтверот е отворен и ние наплаќаме од одржување, поддршка и кастомизација“, рече Љупчо Вангелски, управител на „Вејпр апликации“, која денеска ја посети заменикминистерот за образование и наука Спиро Ристовски
Вангелски рече дека нивната идеја успешно се реализира, па веќе имаат соработка со странски инвеститор кој им отвора можност за директна продажба во Холандија, Германија и во Белгија.
Директорката на Фондот ги повика стартапкомпаниите кои се заинтересирани да аплицираат на повикот да го следат примерот на „Вејпр“. Таа соопшти дека покрај стартапите, со овој повик предвидена е и поддршка за десет микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да направат комерцијализација и иновација, кои веќе имаат некаков прототип и со поддршка на Фондот сакаат да настапат на пазарот.
„За овој тип поддршка предвидени се 100.000 евра по проект и тука очекуваме дека десет компании ќе бидат поддржани. Фондот интензивно работи со корисниците и за време на имплементација на средствата, зашто не е лесно откако ќе ја добијат идејата да се преточи во готов производ и да се најдат потенцијалните купувачи. Затоа им даваме техничка помош, консултантски и менторски услуги за да им олесниме подобро да опстанат и по завршување на поддршката од Фондот“, рече Поповска.
Ристовски информираше дека преку Фондот и Владата во изминатиот период се распределени 1,5 милиони евра директна поддршка за иновациите во Македонија, за годинава се планирани 3,7 милиони евра за поддршка на иновации./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

