Економија
Царинската делегација на Азербејџан во посета на Македонија
Делегација на Царинската служба на Азербејџан, предводена од директорот Алиев во наредните три дена ќе престојува во прва официјална посета на Царинската управа на Република Македонија.
Посетата следи по склучувањето на Договорот за соработка и взаемна помош по царински прашања помеѓу двете царински служби во април годинава.За време на посетата предвидено е да се одржи официјална средба со претставници на Царинската управа на која ќе бидат презентирани активностите кои македонската царина ги презема за осовременување на царинското работење и воведување на нови методи и алатки на полето на градењето на инситуционалните капацитети, примената на современа информатичка технологија и автоматизирањето на работењето, како и резултатите во борбата против криминалот, унапредувањето на професионалната одговорност, соработката со стопанските субјекти и олеснувањето на трговијата и транспарентноста. По состанокот, делегацијата на Азербејџан на Царинската управа ќе и донира две царински кучиња за откривање на дрога од расата германски овчар, одгледани и обучени во Азербејџан.Предвидени се и одделни работни средби на азербејџанската делегација со Министерот за финансии Зоран Ставрески и со Министерот за култура на Елизабета Канческа – Милевска.Гостите ќе го посетат и Регионалниот тренинг центар на СЦО во Скопје кој е дел од мрежата на тренинг центри на Светската царинска организација, чие седиште за Европа е Регионална служба за градење на капацитети (ROCB) во Баку.Покрај формалниот дел, организирани се и неформални активности со посета на неколку локации од културно и археолошко значење. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

