Контакт

Анализа

Би било идеално бизнис лидерите да се одговор на економската криза

Објавено пред

Интервју со Даниел Спиро,наградуван професор и експерт за финансиски менаџмент, кој во Македонија е претседател на жирито на дводневниот натпревар во бизнис студија на случај 2015 во организација на ИЕДЦ Алумни клуб Македонија и ИЕДЦ Бледската школа за менаџмент. Веќе 18 години предава на Бледската школа за менаџмент, а на натпреварот ќе се обиде да им помогне на тимовите кои се натпреваруваат да постигнат повисоки резултати
 

dobivaj vesti na viber

Интервју со Даниел Спиро,наградуван професор и експерт за финансиски менаџмент, кој во Македонија е претседател на жирито на дводневниот натпревар во бизнис студија на случај 2015 во организација на ИЕДЦ Алумни клуб Македонија и ИЕДЦ Бледската школа за менаџмент. Веќе 18 години предава на Бледската школа за менаџмент, а на натпреварот ќе се обиде да им помогне на тимовите кои се натпреваруваат да постигнат повисоки резултати

 

Макфакс: Што значи учеството на дводневниот натпревар во бизнис студија на случај 2015 во организација на ИЕДЦ Алумни клуб Македонија и ИЕДЦ Бледската Школа за менаџмент за компаниите и учесниците? 

Спиро: Јас сум професор на IEDC школата за менаџмент во Блед речиси 18 години, па имав шанса да работам со учесници на различни програми од целиот регион вклучително и луѓе од Македонија многу години. Големо задоволство е и секогаш со задоволство работам со менаџери и професионалци од Македонија. Нашето училиште ги организира овие натпревари на бизнис случај на Алумни од 2007 година. Тоа е интересен настан. Начинот на кој функционира е така поставен што учесниците ги најдува Алумни асоцијацијата во Скопје, но и во Љубљана, Загреб, Белград и надвор од просторот на поранешна Југославија, како Романија, Бугарија и други земји.

Алумни претставниците од школото соработуваат со локални работодавци ги охрабруваат тие компании да испратат тим од нивни менаџери на натпреварот на бизнис студија на случај. На пример, оваа недела, овде во Скопје, има тимови кои ги претставуваат следните компании, ONE, компанија од областа на телекомуникациите, Кроација осигурување, НЛБ Тутунска банка, Економскиот факултет од Скопје и Атлантик груп, големи компании. Секој тим е составен од пет или шест луѓе и ние во овој дводневен натпревар на бизнис студија на случај, им даваме случај, утрото првиот ден, што заврши сега пред малку, бизнис случај што го користиме во нашите MBA програми и во нашите програми за генерални менаџери, а се однесува на концепти на менаџирање, по што имаме предавања, дискусии и анализи. Значи, ова се случаи кои се изучуваат на Харвард, или на IMD во Швајцарија, а овој кој денеска го поделивме случајно е напишан од еден наш член од IEDC школото. Идејата е случајот да опише реална ситуација во една бизнис организација, како бизнис предизвик, а тимовите треба да го анализираат случајот и да ги идентификуваат проблемите, да ги анализираат и условно да дадат препораки за тоа што треба да направи организацијата. На првиот ден, на сите им се доделува `училница`, овде во хотелот, каде `се заклучуваат` во училницата и се обидуваат да го анализираат случајот. Утре, на вториот ден, ги презентираат нивните анализи и препораки во два круга. Наутро, секој тим има половина час за презентација, и да се добијат некои прашања и одговори. Тоа е дел на пракса, кога се добива повратен одговор од жирито, а попладне тимовите ги прават финалните презентации каде жирито, а јас го водам жирито, ја правиме селекцијата на тимот кој најуспешно ја завршил работата.

 

Макфакс: Што ќе ги советувате учесниците на натпреварот за бизнис студија на случај и кога тоа ќе го направите?

Спиро: Секако ги советуваме, пред почетокот на натпреварот, за време на натпреварот и по неговото завршување. Им даваме до знаење кои се нашите очекувања од натпреварот и некои насоки до кои треба да се држат во проектот. За време на анализите денеска, по трипати ќе им `упаднам` на секој од тимовите за да им одговорам на некои од прашањата кои ќе ги имаат. Кога ќе ги прават презентациите има две рунди. Во првата презентација ќе добијат некои совети преку прашања и одговори, а потоа ќе имаат можност за истото и на финалната презентација. Но, практикуваме на секој тим по завршувањето на натпреварот да им ги дадеме одговорите на писмено.

 

Макфакс: Кои се вашите очекувања од овој натпревар?

Спиро: Јас имав шанса да бидам домаќин на овие натпревари неколкупати. И секогаш сум импресиониран колку искрено и колку се полни со натпреварувачки дух учесниците. Тимовите сериозно го сфаќаат  натпреварот и напорно работат и сакаат да победат. Така што, нивната работа е одлична. Многу е тешко, како член на жирито, да одберете еден тим што ќе победи на крајот, затоа што презентациите се многу добри, а разликите се суптилни. Имаме тешкотии да одбериме победник. Треба да посочам на нешто интересно: победничкиот тим од сите регионални натпревари (а одржуваме регионални натпревари во пролет и зима секоја година), е поканет да дојде во Блед во септември за меѓународниот натпревар. Како награда за тимот од победничката организација е што секој член на секој тим е поканет да остане во Блед по меѓународниот натпревар, па индивидуално три дена може да им се придружат на студентите од MBA (Masters of Business Administration) програмата, каде ќе се изработи развојна програма за нивната компанија. Секако, победникот на меѓународниот натревар, исто така, добива развојна програма. Значи, има добра мотивација за учество.

 

Макфакс: Дали Македонија има потенцијал за бизнис менаџери и лидери?

Спиро: Секако. Во училиштето имаме одлични претставници од Македонија. Многу години не посетуваат на програмите на IEDC, каде имаме MBA програми, низ кои поминале многу Македонци.

 

Макфакс: Ова е online училиште или…

Спиро: Не, не.. Ова е сто отсто класично училиште, каде часовите се одржуваат во училници и бара присуство во Блед, Словенија.

 

Макфакс: Тоа е целогодишно училиште или диплома се зема за покусо време?

Спиро: Не, дизајнирано е за извршно образование и сите програми и сите учесници се менаџери кои работат. Па така,во нашата MBA програма, просечна старост на студентите е 36, 37 години. На повеќето им требаат две години за да се здобијат со MBA диплома, но во тие две години тие поминуваат околу 17 недели во Блед. Но продолжуваат со својата работа. Типични студенти на MBA програмата се раководители на сектори, менаџери од средна класа, најчесто формирани личности со добра кариера и веќе стекната експертиза во својата област. Но, најчесто се пратени од своите компании да го надоградат своето знаење за да и бидат доделени задачи на менаџери, сениори. Тие стигнале до точка во својата кариера, каде можат да се надградуваат. Затоа нашата MBA програма е дизајнирана за две нешта: да изгради добра основа  за сите дисциплини во менаџментот, но  и да развие вештини на лидер. Ги подготвува луѓето да бидат сениор менаџери.

 

Макфакс: Колку луѓе од Македонија веќе ја завршиле школата?

Спиро: Не ја знам точната бројка, но тоа е голем број. Затоа што имаме Алумни клуб, па има доволно луѓе кои членуваат во него.

 

Макфакс: Какви други програми имате? Спиро: Покрај MBA програмата, имаме и други програми каде се школуваат Македонци. Како програмата за генерални менаџери, која има иста филозофија како и MBA но е покуса, и трае пет недели, како мини MBA. Поделена е во два блока од три и две недели годишно и имаме многу менаџери од Македонија преку годината кои ја поминуваат таа програма. Јас предавам во таа програма 18 години.   

 

Макфакс: Како гледате на политичките предизвици во земјава и економската состојба?

Спиро: Во транзицискиот период, особено доцните 1990-те години и почетокот на новиот милениум, земјите од регионов, не само Македонија, доживеаја економски раст, но откако почна економската криза во 2008 година, не само за регионот туку на светско ниво, имаше големо назадување, на економски план, а многу земји имаа многу тежок период со кој се соочија. Грција, не е далеку одовде, на пример, која се најде на насловните страници во светот. Мислам дека генерално, регионот се соочува со предизвик, како и Македонија…

Јас минувам многу време во Словенија, а и тамошните наслови се токму за тоа, за соочување со кризата. Релативно зборувајќи има специфични предизвици за секоја локална економија. Би сакал да бев позапознат со деталите за Македонија, но можностите да се инвестира во инфраструктурата, економските процеси и друго во раните 2000 години кога процесите беа силни беа многу куси, за жал. Посилни темели би биле поидеални да се соочите  со економското назадување. Но, ова е дополнително и продолжена криза.

 

Макфакс: Дали лидерите кои вие ги ‘произведувате’ може да помогнат за излез од кризата?

Спиро: Тоа би било идеално. Мислам дека дел од предизвикот во секоја економска криза особено кога е широко распространета, има меѓународни импликации и можности. Тоа бара фокус и концентрација  на политичарите да не мислат локално и само на домашната сцена, кога економските состојби се лоши. Затоа мислам дека можност треба да се гледа во соработката со соседите, од што може да се извлече некоја корист. Тешко е за секоја мала економија во вакви предизвикувачки времиња да најде решение. Сите земји имаат една цел, да бидат економски силни, но кога сте мала земја и имате мала економија со која почнувате, тоа што може да го направите независно сами е тешко и да се размислува за интерконетктивна економија и работа заедно, колективно е начин побрзо да се најде решение./крај/мф/бб         



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Анализа

Разорувачкиот пример на економски и социјален „мазохизам“

Објавено пред

Откако пред неполни три години човештвото се соочи со глобалната пандемиска – здравствена криза што мултиплицирано се зголеми на почетокот од оваа 2022 година со руската воена инвазија во Украина, согласно сите извештаи за реалните состојби, научни анализи и аргументирани предвидувања извесно е дека оваа есен – зима ќе кулминираат економската, енергетската, инфлаторната, ценовната и социјалната криза со епски пропорции.

dobivaj vesti na viber

Jeff Bezos, основачот и извршен претседател на „e-commerce” гигантот Amazon, кој е најрелевантен барометар за „здравјето” на јавната потрошувачка односно, клучниот генератор на економскиот развој, предупредува на неизбежност од голема рецесија на светската економија. Истите ставови ги споделуваат и David Solomon (CEO Investment Bank Goldman Sachs) или пак Jamie Dimon (CEO JP Morgan Chase) кој по последното интервју од 10 октомври ќе изјави дека „економијата ќе влезе во рецесија следните шест до девет месеци”.
Elon Musk (CEO Tesla & SpaceX), е уште попрецизен велејќи дека „ние сме веќе во рецесија која веројатно ќе трае до пролетта 2024 година и само најјаките ќе преживеат”.

Ваквата драматична криза кај сите национални економии наметна алармантна, вонредна состојба која пак ургентно бара вонредни и радикални економски стратегии и оперативни мерки за одржување во живот и избегнување на целосен економски колапс.

Скоро без исклучок сите одговорни политички, економски и финансиски лидери од европските земји се согласуваат со дијагнозата дека се работи за најсериозна ,,ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНА ЗАКАНА” која наметнува неопходност од нови приоритети преку забавување или целосно времено одложување на претходно донесените национални стратегии и развојни проекции.

Метафорично, кризата ги претвори националните економии како „пациент во клинички шок со акутни животно загрозувачки проблеми каде се неопходни интервентни реанимациони процедури а не некакви блазирани совети за долгорочните погодности од поинтензивно пешачење и физички вежби во природа на чист воздух или пак совети за органска исхрана и здрав диетален програм(!?)”.

Така на пример германскиот канцелар и неговиот владин кабинет интервентно одлучија да го стопираат планираното затворање на преостанатите три нуклеарни централи, но и да рестартираат неколку од веќе „пензионираните” нуклеарни капацитети. Од егзистенцијална важност е да се обезбеди електрична енергија за домаќинствата, индустријата и инфраструктурата во Германија.

Ваквата тешка одлука е донесена и под голем притисок на неколку други партнерски земји од ЕУ, како Словачка и Унгарија. Белгија исто така планираше да ги затвори своите два нуклеарни реактори (со капацитет од 2.1 GW) до 2025 година, но во март одлучија да ги задржат во функција барем за уште 10 години. „Bloomberg” објави дека новата влада на Шведска ќе побара од државната компанија „Vattenfall AB” да планира и изгради нови нуклеарни централи за да ја задоволи растечката побарувачка на електрична енергија во земјата.

Притисната од драматичната реалност, германската влада прави „очајнички” обиди за да го задржи функционирањето на националната економија но и запалените светла и снабдување со електрична енергија во сите домаќинства за да се помине зимата. И покрај претходно прифатената обврска на Германија за постепено исклучување на ископување и користење на јаглен до крајот на оваа декада, во оваа нова реалност се вратија назад на најсигурниот и најбрз начин на производство на електрична енергија од фосилните горива. Така, во овие неколку месеци ефикасно возобновија и вратија во функција на неопределено време, најмалку 20 термо електрани на јаглен. Ветерните турбини близу до отворениот коп на рудникот „Garzweiler” во Северна Рајна-Вестфалија а со кој управува германскиот енергетски гигант „RWE”, се демонтираат и отстрануваат за да се отвори простор за проширување на копот и интензивна експлоатација на јаглен.

Дури и најавторитетните граѓански групации за заштита на животната средина се согласуваат дека јагленот е најбрзиот но и најефикасниот одговор на енергетската криза. Karsten Smid од „Greenpeace Germany” вели „Ние мораме да разбереме дека кризната состојба во која би немале енергија, би немале струја нити топлина во домовите и канцелариите оваа зима, е далеку посериозно прашање од било која друга тема и заложба”.
Факт е дека во кризни времиња генерално сите луѓе покажуваат поголем интерес за информации, читање, проучување, слушање и осознавање.

Така дури и најекстремните екологисти ја разбраа и прифатија реалноста дека без рударство и многукратно зголемување на неопходните количини од ретките, критични минерали и метали (бакар, литиум, никел, графит, кобалт…), општоприфатената програма за глобална транзиција во „зелена економија” – е само обична ДЕКЛАРАТИВНА ЖЕЛБА! Според извештаите на Светска Банка, притисокот за „зелена” технологија и производство на енергија од обновливи извори (ветер, сончева и геотермална), како и високософистицираните решенија за складирање на таквата енергија ќе резултира со побарувачка од околу 3 милијарди тони минерали и метали, односно ќе биде потребно 500% зголемување на производството на критични минерали и метали до 2050 година. Неизбежно се наметнува заклучокот дека современото одржливо рударство е клучна алка во процесот на транформација кон „зелената економија”.

Видлив е трендот да големите автомобилски компании како Ford, Chrysler, Volkswagen, Mercedes, кои се обврзаа за забрзана транзиција и замена на нивните производни програми со електрични возила широко достапни до 2035 година (!?), интензивно стратешки се поврзуваат капитално со големите рударски компании кои работат и применуваат нови технологии и високи стандарди за одржливо рударство.

Така и американската администрација на претседателот Joe Biden неодамна додели грант од вкупно 2.8 милијарди долари за значително поттикнување на домашното рударство на критичните минерали и метали потребни за производство на моќните батерии за електричните возила.

Доколку во контекст на сé претходно наведено во овој текст повторно се навратам на разочарувачкиот пример со сосема неоправдано наметнатата неизвесност или повеќегодишниот „limbo” статус на Проектот за мега странската инвестиција – рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”, неизбежно ќе воочиме дека во односот на нашата држава кон овој проект има јасни елементи на економски, финансиски, енергетски и социјален „МАЗОХИЗАМ”.

Искрено, како горд македонски државјанин чувствувам наплив на „срамотизам” при самото потсетување на крајно непристојното игнорирање и упорно избегнување на директна конструктивна комуникација со највисокиот менаџмент и бордот на директори на проектната компанија Euromax Resources, како и со клучните инвеститори со потврдено позитивен авторитет на глобалната деловна сцена. Со неодговорно наметнатата административна „рашомонијада” кон овој Проект (во последните 7 години!), како да постои некаков нерационален „мораториум” за објективно согледување на реалноста и за повлекување на практични и ефективни одлуки. Се прашувам зошто, дури и во вакви најкризни времиња, кај нас се повторува синдромалното пореметување на деструктивна „умствена миопија” додека и понатаму продолжуваме да пимпламе со односот кон нашата колективна иднина.

Пасивноста, игнорантноста и самосожалувањето со својата „мртва тежина” не притискаат и во ваква драматична криза се всушност најголемата неправда кон сите нас. И покрај нашите политички, етнички, верски, социјални и културни различности, крајно време е СИТЕ да се обединиме во справувањето со овие егзистенцијални предизвици, да се обединиме за опстанок но и за прогрес, за отворање на нови работни места, за повисок животен стандард, конечно стопирање на иселувањето, посреќен и подостоинствен живот!

Да бидам конкретен – Во актуелните турбулентни времиња единствена реално остварлива, повторувам единствена реална мега – странска инвестиција која е веќе присутна во нашата држава и е целосно подготвена ВЕДНАШ да започне со оперативна реализација е токму проектот на Euromax Resources за современ рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”! Само за првите две години на изградба обезбеден е буџет за инвестирање на 350 милиони евра; во текот на целиот период на оперативно функционирање редовно ќе се исплаќаат по околу 75 милиони евра секоја година на повеќе домашни кооперанти; секоја година ќе се уплаќаат приближно по 25 милиони евра во државниот буџет, а околу 4 милиони евра во буџетите на локалните управи; рударскиот комплекс ќе генерира редовен извоз од околу 200 милиони евра годишно; според актуелните статистички податоци се проценува дека ќе придонесе за просечно зголемување на Бруто Домашниот Производ – БДП, за околу 4% на национално ниво; за целокупното времетраење со оперативното работење потребни се 3200 нови директни и индиректни работни места од најразлични професии…

Клучен инвеститор е глобалниот деловен гигант – Групацијата TRAFIGURA или една од водечките светски дистрибутерски, трговски, логистички и производни компании. Тие се лидери во секторот на „commodities” или природни суровини кои ни се неопходни за „преживување” оваа зима, како нафта и нафтени деривати, природен гас, LPG&LNG, метали и минерали, енергија и обновливи извори на енергија. Мултинационална корпорација која има свои компании во 48 држави на сите континенти. Во финансиските резултати за 2021 година, Групацијата TRAFIGURA објави приход од 231.3 милијарди долари (што е за цели 16 пати поголем износ од македонскиот БДП!), а само за првата половина од 2022 година вкупниот приход изнесува 170.6 милијардри долари и нето профит од 4.7 милијарди долари…

А ние, ние со празните реторики, бескрајните игри и одолговлекувања наместо да побараме соработка неразумно ги присилуваме да дигнат раце од инвестицијата во овој мега Проект, но и од повеќе други потенцијални проекти во нашата држава каде како партнери со Групацијата TRAFIGURA, сосема извесно и за многу краток период би можеле да постигнеме реален пресврт со забележителен економски, енергетски, финансиски и социјален прогрес.

Д-р. Живко Груевски

ПР

Прикажи повеќе...

Анализа

Мицкоски: Ветуваа живот, а донесоа соларни и марихуана-картели, корупција и криминал

Објавено пред

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на „Фејсбук“ пишува дека „македонските граѓани плаќаат најскапа струја во споредба со граѓани на другите држави во регионот. Невистини се тврдењата на Владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, најевтина струја во Европа. Имено, според Евростат, цената на струјата што македонските граѓани ја плаќале во првото полугодие од 2022 година била 89,5 €/MWh“.

dobivaj vesti na viber

„Според Евростат, во првото полугодие од 2022 година граѓаните во регионот плаќаат многу поевтина струја (слика 1) во споредба со македонските граѓани:
Србија 58,9 €/MWh
БиХ 73,3 €/MWh
Турција 74,8 €/MWh
Косово 55,5 €/MWh
Црна Гора 79,2 €/MWh

Ветуваа живот, евтина струја, нема претплата за МТВ, бројчаници итн… а што донесоа? Во првото полугодие од 2017 година македонските граѓани плаќаа струја за цена од 69,5 €/MWh (слика 2) или 22,5 % помалку од цената на струјата што ја плаќале во првото полугодие од 2022 година“, стои во објавата на првиот човек на опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Владата ќе направи целосен ремонт на урбанизмот

Објавено пред

Владата подготвува пакет-измени на постојните и носење целосно нови уредби кои ќе ги опфатат законите за градење, за просторно и за урбанистичко планирање, за катастар, за експропријација, за еврокодови, најавува денес „Дојче веле“.

dobivaj vesti na viber

Веќе било формирано национално координативно тело во кое се вклучени претставници од Владата, од министерствата, од општините, од другите надлежни институции, како и од здруженијата на архитекти, на градежници, но и претставници на стручната и научната фела со кое раководи професорот Мирослав Грчев.

„Во следните два месеца ќе изготвиме интервентни измени на кои стручњаците укажаа, пред сè, со цел да се отстранат аномалиите и противречностите. Потоа ќе започнеме со изработка на сосема нов сет закони, процес што ќе трае 7-8 месеци“ откриваат од Владата.

Само Законот за градењето во последните 5 години бил менуван 25 пати. Со ова, според надлежните, настанал вистински хаос во регулативата и на терен. Речиси на иста линија е и стручната фела. Во Комората на овластени архитекти и инженери (КОАИ) сметаат дека е крајно време да се воведе ред.

Урбаниот хаос ќе се средува и со законски измени и со засилен надзор, велат од Владата. Сепак, негираат дека ќе има уривање на објекти – сè што досега било направено, а било во рамките на постојните закони, ќе остане.

„Основна цел е подобрување на животот на граѓаните. Урбаниот хаос го нарушува просторот. Во Скопје досега масовно се градеше без план, проблемот е помал во другите градови, но таму не се внимаваше воопшто на она што се нарекува архитектонско решение или урбанистички изглед на локалната единица… Ова е болната точка што ќе треба да ја коригираме иако нема можност состојбата целосно да ја вратиме назад, но мора да ја смениме генералната перцепција дека во сферата на урбанизмот владее хаос, дека владее корупција и тоа е она што нè боли сите нас“, велат извори во Владата.

Архитектите предупредуваат дека, освен законските измени, мора да се донесат и сосема нови урбанистички планови и тоа не само за главниот град.

Каква е моментната состојба доволно зборува податокот дека сега во централното градско подрачје на Скопје во тек е изградба на десетици големи станбени згради, од кои добар дел и со по стотина и повеќе стана.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Путин: Не постои средство за пресретнување на ракетата „Орешник“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ракетниот систем „Орешник“ не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје...

Македонија8 часа

Силниот ветер предизвика штети во Штип: оштетен покрив на училиште, паднати дрвја на повеќе локации

Силен ветар оштети дел од покрив на средното електро-машинско училиште во Штип, а дрво падна и во непосредна близина на...

Македонија8 часа

Град Скопје: Во Шуто Оризари нема јавен превоз поради советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија повторно станува заробена режимска држава во која граѓаните се злоупотребуваат како потрошен материјал на политичките партии за наметнување на...

Македонија8 часа

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања – младите излегоа на протестот за проблемите со градскиот превоз

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања, беше една од пораките кои студентите ги упатија на денешниот...

Македонија9 часа

Курто Дудуш ја обвини Арсовска за расизам и дискриминација: „Пишува ли на автобусите на ЈСП ‘забрането за Роми’“

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, на денешниот протест за јавниот превоз упати повеќе барања до градоначалничката Данела Арсовска,...

Македонија11 часа

За лекарски прегледи се чека и со месеци, а стотици термини останале празни оти граѓаните не дошле: „Ако не можат, нека откажат преку СМС“ – апелираат надлежните

Граѓаните што не може да го искористат закажаниот „Мој термин“ во јавното здравство, преку СМС-порака да го откажат за да...

Топ12 часа

Скопјанка на 69-годишна возраст е жената што загина по удар на автомобил во Чаир

Шеесет и деветгодишна жена, со иницијали Н.П. од Скопје е починатата по ударот на автомобил во Чаир, објави МВР. Несреќата...

Македонија15 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија. Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е...

Македонија15 часа

(Видео) ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија, велат од Левица

„На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, постави прашања за кои јавноста чека одговор...

Македонија15 часа

СДС со примитивни методи во Собранието го активира насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче и СДС тотално се изгубија на политичката мапа по катастрофалниот пораз и последните анкети каде рејтингот им е...

Свет16 часа

Унгарија го поддржа Нетанјаху: Одлуката на Меѓународниот кривичен суд е апсурдна

Министерот за надворешни работи на Унгарија ги критикуваше налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху...

Европа16 часа

Украинскиот парламент ја одложи седницата, на пратениците им е кажано да ги држат своите семејства подалеку од владиниот кварт на Киев

Украинскиот парламент ја одложи седницата што требаше да се одржи денеска поради безбедносни причини, јави јавната телевизија Суспилнe, повикувајќи се...

Свет18 часа

Ким Џонг-ун ги нападна САД: Никогаш не сме биле толку блиску до термонуклеарна војна со Јужна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун ги обвини САД за провокации и ескалација на тензиите, велејќи дека Корејскиот Полуостров никогаш не се...

Топ1 ден

Деветнаесетгодишна девојка го управувала автомобилот со којшто беше усмртена жената во Чаир

Деветнаесетгодишна девојка (А.Џ.) управувала со автомобилот „сеат алтеа“, со којшто попладнево беше прегазена жената во скопската населба Чаир којашто почина...

Скопје1 ден

Студентите на протест поради јавниот превоз, бараат и набавка на нови автобуси и велосипедска инфраструктура

Универзитетското студентско сообрание (УСС-УКИМ) за утре, 22 ноември, најавува протест поради проблемите со јавниот превоз што ќе се случува од...

Топ1 ден

Трагедија вечерва во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил

Жена загина во скопската неселба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистерски ознаки. Според информациите од СВР Скопје...

Скопје1 ден

Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата за ЈСП

Владата вонредно расправаше поради недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што беше...

Македонија1 ден

(Видео) Избегната тепачка во Собранието, Гаши го повика обезбедувањето

Во македонскиот парламент денеска избегната тепачка меѓу некои од пратениците. Инцидентот се случи меѓу лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, и...

Македонија1 ден

Црната листа на САД е многу динамична и отворена за додавање нови имиња, порача Агелер

Американската амбасадорка Анџела Агелер, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со црната листа на САД, рече дека таа е...

Скопје2 дена

(Видео) СДСМ со решенија за кризата во Скопје: закон за финансиска поддршка на Градот и на ЈСП, субвенциии за гориво, вели Јанчева

„Како што најавивме, денес сме тука за да ги презентираме нашите конкретни предлози за надминување на кризата во која се...