Контакт

Анализа

Ирска на добар пат поворно да стане „келтски тигар“

Објавено пред

Додека економијата на еврозоната слабее, Ирска, која членките на блокот неодамна ја спасуваа од финансиски проблеми, бележи силен раст на економијата и пад на невработеноста, и е на пат повторно да стане светол пример на Европа.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

 

 

Ирската влада деновиве ја зголеми прогнозата за раст на економијата во оваа година од 2,1, на три отсто, колку се очекува да се зголеми БДП-то и во наредната година. Нагорната корекција се должи благодарение на силниот раст на извозот, но и на потрошувачката на граѓаните, поттикната од зголемената вработеност,  што доведе до пад на невработенсота под просекот на еврозоната.

 

„Растот од три отсто е многу силен кога ги гледате стапките на раст во Европа. Има уште низа проблеми кои би можеле да го забават растот на економијата, но доколку ги решаваме мудро можеме да оставруваме идентичен раст во наредните десет години и да ги решиме сите проблеми кои ги има Ирска“, изјави во четвртокот минситерот за финасии Мајкл Нунан.

 

Силниот раст, во споредба со умртвеното закрепнување на повеќето економии во еврозоната, ќе и овозможи на Ирска да ги олабави мерките на штедење во буцетот за наредната година и да го рефинансита делот од кредитите, со што би заштедела милиајрди евра.

 

Ирска во времето на финансиската криза во еврозоната претставуваше еден од најголемиот проблеми за блокот, поради што во 2010 година стана втората држава, по Грција, која побара пакет меѓунардна помош.

 

Сега, пак, нејзиното брзо закрепнување ретставува пример за успех на програмата на штедење, договорена со Европската унија и ММФ, која заврши минатата година.

 

Силното закрепнување и овозможува на Ирска да рефинансира дела од кредитот од ММФ по пониски каматни стапки, со што би се намалил јавниот долг кој лани изнесуваше 116 отсто од БДП, или 200 милијарди евра.

 

Рефинансирајќи дел од кредитот, Ирска би заштедела околу 1,5 милијарди евра во наредните пет години, што се исклучително многу при за ирски услови, вели министерот за финансии Нунан.

 

Сепак, за тоа на Ирска и е потребно одобрение од Европската унија, за што оваа недела на челниците на ЕУ и на ЕЦБ им е доставен предлогот за рефинансирање.

 

Се очекува да помине извесно време додека Ирска не добие зелено светло, а Германија и Финска веќе дадоа позитивни сигнали.

 

Кон крајот на минатиот век Ирска беше наречена келтски тигар, по примерот на азиските тигри и нивните брзорастечки економии.

 

За време на финансиската криза во 2008 година и рецесијата, ирската економија потона поради што во 2010 година беше принудена да побара меѓунаордна помош. За само четири години ирската економија зајакна и може повторно да стане една од најреспектабилните во Европа. /крај/

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Анализа

Разорувачкиот пример на економски и социјален „мазохизам“

Објавено пред

Откако пред неполни три години човештвото се соочи со глобалната пандемиска – здравствена криза што мултиплицирано се зголеми на почетокот од оваа 2022 година со руската воена инвазија во Украина, согласно сите извештаи за реалните состојби, научни анализи и аргументирани предвидувања извесно е дека оваа есен – зима ќе кулминираат економската, енергетската, инфлаторната, ценовната и социјалната криза со епски пропорции.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Jeff Bezos, основачот и извршен претседател на „e-commerce” гигантот Amazon, кој е најрелевантен барометар за „здравјето” на јавната потрошувачка односно, клучниот генератор на економскиот развој, предупредува на неизбежност од голема рецесија на светската економија. Истите ставови ги споделуваат и David Solomon (CEO Investment Bank Goldman Sachs) или пак Jamie Dimon (CEO JP Morgan Chase) кој по последното интервју од 10 октомври ќе изјави дека „економијата ќе влезе во рецесија следните шест до девет месеци”.
Elon Musk (CEO Tesla & SpaceX), е уште попрецизен велејќи дека „ние сме веќе во рецесија која веројатно ќе трае до пролетта 2024 година и само најјаките ќе преживеат”.

Ваквата драматична криза кај сите национални економии наметна алармантна, вонредна состојба која пак ургентно бара вонредни и радикални економски стратегии и оперативни мерки за одржување во живот и избегнување на целосен економски колапс.

Скоро без исклучок сите одговорни политички, економски и финансиски лидери од европските земји се согласуваат со дијагнозата дека се работи за најсериозна ,,ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНА ЗАКАНА” која наметнува неопходност од нови приоритети преку забавување или целосно времено одложување на претходно донесените национални стратегии и развојни проекции.

Метафорично, кризата ги претвори националните економии како „пациент во клинички шок со акутни животно загрозувачки проблеми каде се неопходни интервентни реанимациони процедури а не некакви блазирани совети за долгорочните погодности од поинтензивно пешачење и физички вежби во природа на чист воздух или пак совети за органска исхрана и здрав диетален програм(!?)”.

Така на пример германскиот канцелар и неговиот владин кабинет интервентно одлучија да го стопираат планираното затворање на преостанатите три нуклеарни централи, но и да рестартираат неколку од веќе „пензионираните” нуклеарни капацитети. Од егзистенцијална важност е да се обезбеди електрична енергија за домаќинствата, индустријата и инфраструктурата во Германија.

Ваквата тешка одлука е донесена и под голем притисок на неколку други партнерски земји од ЕУ, како Словачка и Унгарија. Белгија исто така планираше да ги затвори своите два нуклеарни реактори (со капацитет од 2.1 GW) до 2025 година, но во март одлучија да ги задржат во функција барем за уште 10 години. „Bloomberg” објави дека новата влада на Шведска ќе побара од државната компанија „Vattenfall AB” да планира и изгради нови нуклеарни централи за да ја задоволи растечката побарувачка на електрична енергија во земјата.

Притисната од драматичната реалност, германската влада прави „очајнички” обиди за да го задржи функционирањето на националната економија но и запалените светла и снабдување со електрична енергија во сите домаќинства за да се помине зимата. И покрај претходно прифатената обврска на Германија за постепено исклучување на ископување и користење на јаглен до крајот на оваа декада, во оваа нова реалност се вратија назад на најсигурниот и најбрз начин на производство на електрична енергија од фосилните горива. Така, во овие неколку месеци ефикасно возобновија и вратија во функција на неопределено време, најмалку 20 термо електрани на јаглен. Ветерните турбини близу до отворениот коп на рудникот „Garzweiler” во Северна Рајна-Вестфалија а со кој управува германскиот енергетски гигант „RWE”, се демонтираат и отстрануваат за да се отвори простор за проширување на копот и интензивна експлоатација на јаглен.

Дури и најавторитетните граѓански групации за заштита на животната средина се согласуваат дека јагленот е најбрзиот но и најефикасниот одговор на енергетската криза. Karsten Smid од „Greenpeace Germany” вели „Ние мораме да разбереме дека кризната состојба во која би немале енергија, би немале струја нити топлина во домовите и канцелариите оваа зима, е далеку посериозно прашање од било која друга тема и заложба”.
Факт е дека во кризни времиња генерално сите луѓе покажуваат поголем интерес за информации, читање, проучување, слушање и осознавање.

Така дури и најекстремните екологисти ја разбраа и прифатија реалноста дека без рударство и многукратно зголемување на неопходните количини од ретките, критични минерали и метали (бакар, литиум, никел, графит, кобалт…), општоприфатената програма за глобална транзиција во „зелена економија” – е само обична ДЕКЛАРАТИВНА ЖЕЛБА! Според извештаите на Светска Банка, притисокот за „зелена” технологија и производство на енергија од обновливи извори (ветер, сончева и геотермална), како и високософистицираните решенија за складирање на таквата енергија ќе резултира со побарувачка од околу 3 милијарди тони минерали и метали, односно ќе биде потребно 500% зголемување на производството на критични минерали и метали до 2050 година. Неизбежно се наметнува заклучокот дека современото одржливо рударство е клучна алка во процесот на транформација кон „зелената економија”.

Видлив е трендот да големите автомобилски компании како Ford, Chrysler, Volkswagen, Mercedes, кои се обврзаа за забрзана транзиција и замена на нивните производни програми со електрични возила широко достапни до 2035 година (!?), интензивно стратешки се поврзуваат капитално со големите рударски компании кои работат и применуваат нови технологии и високи стандарди за одржливо рударство.

Така и американската администрација на претседателот Joe Biden неодамна додели грант од вкупно 2.8 милијарди долари за значително поттикнување на домашното рударство на критичните минерали и метали потребни за производство на моќните батерии за електричните возила.

Доколку во контекст на сé претходно наведено во овој текст повторно се навратам на разочарувачкиот пример со сосема неоправдано наметнатата неизвесност или повеќегодишниот „limbo” статус на Проектот за мега странската инвестиција – рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”, неизбежно ќе воочиме дека во односот на нашата држава кон овој проект има јасни елементи на економски, финансиски, енергетски и социјален „МАЗОХИЗАМ”.

Искрено, како горд македонски државјанин чувствувам наплив на „срамотизам” при самото потсетување на крајно непристојното игнорирање и упорно избегнување на директна конструктивна комуникација со највисокиот менаџмент и бордот на директори на проектната компанија Euromax Resources, како и со клучните инвеститори со потврдено позитивен авторитет на глобалната деловна сцена. Со неодговорно наметнатата административна „рашомонијада” кон овој Проект (во последните 7 години!), како да постои некаков нерационален „мораториум” за објективно согледување на реалноста и за повлекување на практични и ефективни одлуки. Се прашувам зошто, дури и во вакви најкризни времиња, кај нас се повторува синдромалното пореметување на деструктивна „умствена миопија” додека и понатаму продолжуваме да пимпламе со односот кон нашата колективна иднина.

Пасивноста, игнорантноста и самосожалувањето со својата „мртва тежина” не притискаат и во ваква драматична криза се всушност најголемата неправда кон сите нас. И покрај нашите политички, етнички, верски, социјални и културни различности, крајно време е СИТЕ да се обединиме во справувањето со овие егзистенцијални предизвици, да се обединиме за опстанок но и за прогрес, за отворање на нови работни места, за повисок животен стандард, конечно стопирање на иселувањето, посреќен и подостоинствен живот!

Да бидам конкретен – Во актуелните турбулентни времиња единствена реално остварлива, повторувам единствена реална мега – странска инвестиција која е веќе присутна во нашата држава и е целосно подготвена ВЕДНАШ да започне со оперативна реализација е токму проектот на Euromax Resources за современ рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”! Само за првите две години на изградба обезбеден е буџет за инвестирање на 350 милиони евра; во текот на целиот период на оперативно функционирање редовно ќе се исплаќаат по околу 75 милиони евра секоја година на повеќе домашни кооперанти; секоја година ќе се уплаќаат приближно по 25 милиони евра во државниот буџет, а околу 4 милиони евра во буџетите на локалните управи; рударскиот комплекс ќе генерира редовен извоз од околу 200 милиони евра годишно; според актуелните статистички податоци се проценува дека ќе придонесе за просечно зголемување на Бруто Домашниот Производ – БДП, за околу 4% на национално ниво; за целокупното времетраење со оперативното работење потребни се 3200 нови директни и индиректни работни места од најразлични професии…

Клучен инвеститор е глобалниот деловен гигант – Групацијата TRAFIGURA или една од водечките светски дистрибутерски, трговски, логистички и производни компании. Тие се лидери во секторот на „commodities” или природни суровини кои ни се неопходни за „преживување” оваа зима, како нафта и нафтени деривати, природен гас, LPG&LNG, метали и минерали, енергија и обновливи извори на енергија. Мултинационална корпорација која има свои компании во 48 држави на сите континенти. Во финансиските резултати за 2021 година, Групацијата TRAFIGURA објави приход од 231.3 милијарди долари (што е за цели 16 пати поголем износ од македонскиот БДП!), а само за првата половина од 2022 година вкупниот приход изнесува 170.6 милијардри долари и нето профит од 4.7 милијарди долари…

А ние, ние со празните реторики, бескрајните игри и одолговлекувања наместо да побараме соработка неразумно ги присилуваме да дигнат раце од инвестицијата во овој мега Проект, но и од повеќе други потенцијални проекти во нашата држава каде како партнери со Групацијата TRAFIGURA, сосема извесно и за многу краток период би можеле да постигнеме реален пресврт со забележителен економски, енергетски, финансиски и социјален прогрес.

Д-р. Живко Груевски

ПР

Прикажи повеќе...

Анализа

Мицкоски: Ветуваа живот, а донесоа соларни и марихуана-картели, корупција и криминал

Објавено пред

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на „Фејсбук“ пишува дека „македонските граѓани плаќаат најскапа струја во споредба со граѓани на другите држави во регионот. Невистини се тврдењата на Владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, најевтина струја во Европа. Имено, според Евростат, цената на струјата што македонските граѓани ја плаќале во првото полугодие од 2022 година била 89,5 €/MWh“.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

„Според Евростат, во првото полугодие од 2022 година граѓаните во регионот плаќаат многу поевтина струја (слика 1) во споредба со македонските граѓани:
Србија 58,9 €/MWh
БиХ 73,3 €/MWh
Турција 74,8 €/MWh
Косово 55,5 €/MWh
Црна Гора 79,2 €/MWh

Ветуваа живот, евтина струја, нема претплата за МТВ, бројчаници итн… а што донесоа? Во првото полугодие од 2017 година македонските граѓани плаќаа струја за цена од 69,5 €/MWh (слика 2) или 22,5 % помалку од цената на струјата што ја плаќале во првото полугодие од 2022 година“, стои во објавата на првиот човек на опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Владата ќе направи целосен ремонт на урбанизмот

Објавено пред

Владата подготвува пакет-измени на постојните и носење целосно нови уредби кои ќе ги опфатат законите за градење, за просторно и за урбанистичко планирање, за катастар, за експропријација, за еврокодови, најавува денес „Дојче веле“.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Веќе било формирано национално координативно тело во кое се вклучени претставници од Владата, од министерствата, од општините, од другите надлежни институции, како и од здруженијата на архитекти, на градежници, но и претставници на стручната и научната фела со кое раководи професорот Мирослав Грчев.

„Во следните два месеца ќе изготвиме интервентни измени на кои стручњаците укажаа, пред сè, со цел да се отстранат аномалиите и противречностите. Потоа ќе започнеме со изработка на сосема нов сет закони, процес што ќе трае 7-8 месеци“ откриваат од Владата.

Само Законот за градењето во последните 5 години бил менуван 25 пати. Со ова, според надлежните, настанал вистински хаос во регулативата и на терен. Речиси на иста линија е и стручната фела. Во Комората на овластени архитекти и инженери (КОАИ) сметаат дека е крајно време да се воведе ред.

Урбаниот хаос ќе се средува и со законски измени и со засилен надзор, велат од Владата. Сепак, негираат дека ќе има уривање на објекти – сè што досега било направено, а било во рамките на постојните закони, ќе остане.

„Основна цел е подобрување на животот на граѓаните. Урбаниот хаос го нарушува просторот. Во Скопје досега масовно се градеше без план, проблемот е помал во другите градови, но таму не се внимаваше воопшто на она што се нарекува архитектонско решение или урбанистички изглед на локалната единица… Ова е болната точка што ќе треба да ја коригираме иако нема можност состојбата целосно да ја вратиме назад, но мора да ја смениме генералната перцепција дека во сферата на урбанизмот владее хаос, дека владее корупција и тоа е она што нè боли сите нас“, велат извори во Владата.

Архитектите предупредуваат дека, освен законските измени, мора да се донесат и сосема нови урбанистички планови и тоа не само за главниот град.

Каква е моментната состојба доволно зборува податокот дека сега во централното градско подрачје на Скопје во тек е изградба на десетици големи станбени згради, од кои добар дел и со по стотина и повеќе стана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Кажале дека бараат часовник што го изгубил затвореник додека си играл со кучката Цеца, а барале кокаин и марихуана во топка, кривични за штипски затворски полицајци

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, поднесе кривични пријави против неколкумина затворски полицајци од затворот во Штип...

Македонија3 часа

Определен 30 дена притвор за директорот на Геријатрија

Судот им определи 30 дена притвор на директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин...

Македонија5 часа

ССМ на состанок во Владата: Дојдовме да им кажеме на функционерите дека треба да живеат на минималец ако не ги зголемат платите

Делегација од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) точно напладне влезе на состанок со претставници од Владата. Претседателот на ССМ,...

Македонија7 часа

Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани, кои се лекуваа во...

Македонија7 часа

„Трошки за работниците наместо вистинско зголемување на платите, Владата ги извиси граѓаните“, велат од СДСМ

„Наместо вистинско и реално зголемување на платите, владата ги извиси работниците. Власта им фрла трошки на работниците со покачување од...

Македонија7 часа

„Десетици нови дестинации од двата домашни аеродрома и преговори за десетина нови авиолинии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување нови авиокомпании и нови авиолинии. Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување...

Македонија8 часа

(Видео) Мециновиќ побара да не се носи закон за медиуми без дискусија со медиумите

„Јас барам точката седумнаесет, а тоа е предлог на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за медиумите во прво...

Македонија9 часа

ДУИ: Изјавите на Изет Меџити се шокантни и длабоко вознемирувачки

„Изјавите дадени вчера од Изет Меџити, еден од раководителите на една мала партија во рамки на владината коалиција, се шокантни...

Македонија9 часа

Состојбата на другите четворица пациенти од пожарот во Кочани во „Пирогов“ и понатаму е сериозна, но стабилна, изјави Аргирова

Состојбата на другите четворица пациенти во „Пирогов“ сѐ уште е сериозна, но стабилна. Ова во „Денот почнува“ го изјави раководителот на...

Свет9 часа

„Сам нека си ги одгледува кокошките“: кинеските социјални мрежи преполни со пораки против Трамп

Додека Кина се подготвува за царини од 104 отсто на голем дел од извозот во Америка, на кинеските социјални мрежи...

Свет11 часа

(Видео) Се урна покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република, загинаа најмалку 79 лица

Според последните извештаи, најмалку 79 луѓе загинале, а 155 се повредени при уривање на покрив на ноќен клуб во главниот...

Свет11 часа

Може ли Кина да ги издржи царините на Трамп за увоз од 104 проценти

Утрово стапија на сила рекордните американски царини за кинески увоз, кои ќе достигнат дури 104 отсто за многу производи. Некои...

Свет11 часа

Кандидатот на Трамп за шеф на НАСА: Мисијата на Марс е приоритет

Кандидатот на американскиот претседател Доналд Трамп за директор на НАСА, Џеред Ајзакмeн, рече дека вселенската агенција ќе даде приоритет на...

Свет11 часа

Во сила нов пакет-тарифи на Трамп, за Кина воведени царини од 104 отсто

Новиот сет на царини на Трамп стапи на сила утрово за приближно 60 земји ширум светот. Од 6 часот наутро...

Европа11 часа

ОН: Речиси 13.000 цивили убиени во Украина од почетокот на војната

Обединетите нации проценуваат дека околу 13.000 цивили се убиени од почетокот на војната во Украина, изјави во вторникот пред Советот...

Свет12 часа

Трамп: Ќе заработуваме 2 милијарди долари дневно од царини

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера вечер, по потпишувањето на извршната наредба за јаглен, ги коментираше царините што ги воведува на...

Регион23 часа

Кој им дозволил на Вучиќ и новинарите да влезат кај пациентите од Македонија: студентите бараат одговорност

Народниот правобранител на Србија, Зоран Пашалиќ изјави дека ќе ги истражи сите околности наведени во шестото барање на студентите, кои...

Македонија1 ден

Директорот на геријатрија зел 20.000 евра поткуп за да смести неподвижно лице

Заедно со посредник, директорот на болницата за геријатрија,  Мухсин Арифи, барал и примил поткуп за сместување на болно и неподвижно...

Топ1 ден

Селанецот во Кривопаланечко убиен, па запален за 100 евра, зад убиството стојат двајца млади браќа

Двајца браќа се осомничените за убиството во Луке, кривопаланечко. Тие се на возраст од 20 и 25 години, а убиениот...

Македонија1 ден

И јас и Таравари вчера избегавме од ДУИ, сега преговори со нив значат испорачување фактури од ДУИ, вели Меџити  

Сите коалиционери во „Вреди“, освен министерот за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, сметат дека единствена опција...