Контакт

Анализа

Кинезите вложуваат милијарди долари во недвижни во САД

Објавено пред

Кинезите станале најголемите странски купувачи на недвижни во САД, каде што изминатите години вложиле милијарди долари во потрага во сигурни вложувања во странство, покажува новата студија на Rosen Consulting Group.

dobivaj vesti na viber

Во изминатиот петгодишен период, заклучно со минатата 2015 година, кинеските вложувања во станбените и комерцијалните недвижнини во САД надминале 110 милијарди американски долари, покажува заедничката студија на Азиското друштво и споменатата Rosen Consulting Group.

Благодарејќи на високото вкупно ниво на овие кинески вложувања, американскиот пазар на недвижнини закрепнал од кризата којашто започна во 2006 година за во 2008 година да ескалира во глобална економска криза, истакнуваат авторите на истражувањето.

Притоа вниманието на јавноста ги привлекуваат големите трансакции, како минатогодишното купување од страна на „Anbang“ на њујоршкиот хотел „Waldorf Astoria“ за две милијарди долари и неговата неуспешна понуда за групацијата „Starwood“ во март годинава, и покрај тоа што вредноста на купените станбени недвижнини за многу ја надминува онаа на комерцијалните недвижнини и на згради.

Така, кинеските купувачи во периодот меѓу 2010 и 2015 година вложиле повеќе од 17 милијарди долари во комерцијални недвижни во САД, при што половина од тој износ се вложени само во текот на минатата година. Во истиот петгодишен период во купувањето на станбени недвижнини вложиле дури 93 милијарди долари. Со тоа кинеските купувачи ги прејдоа оние од соседната на Соединетите држава Канада, кои долго го уживаа статусот на најголеми странски купувачи на станбени недвижнини во САД.

„Кина е специфична и интересна поради комбинацијата на големиот обем на вложувања и широчината на учеството во сите категории на недвижни, вклучително и помалку единственото вклучување во купувањето на станбените недвижнини“, заклучуваат натаму авторите на студијата.

Географски гледано, Кинезите во набљудуваниот период најмногу купувале недвижнини на најскапите американски пазари, однос во Њујорк, Лос Анџелес, Сан Франциско и Сиетл. Интересот на кинеските купувачи го привлекле и Чикаго, Мајами и Лас Вегас.

Нивната насоченоста покажува дека плаќаат значително повеќе од просечната цена на недвижнините во САД, имено минатата година плаќале во просек околу 832 илјади долари по недвижнина во САД, додека просечната вредност за сите странски купувања на недвижнини во САД изнесувала 499.600 долари, покажува истражувањето. Притоа, се наведува дека мотивите на кинеските купувачи се најразлични, од преселување во САД, до инвестиции поради изнајмувања или препродажби на американските недвижнини.

Истражувањето, исто така, покажало дека повеќето пари вложени во купувањето недвижнини во САД се приватна сопственост, а не онаа на претпријатијата. Авторите на студијата притоа проценуваат дека вложувањата во втората половина од оваа деценија двојно ќе се зголемат, и покрај подзапирањето поради обидите на Пекинг да го заузди одлевањето на капиталот од земјата./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Анализа

Разорувачкиот пример на економски и социјален „мазохизам“

Објавено пред

Откако пред неполни три години човештвото се соочи со глобалната пандемиска – здравствена криза што мултиплицирано се зголеми на почетокот од оваа 2022 година со руската воена инвазија во Украина, согласно сите извештаи за реалните состојби, научни анализи и аргументирани предвидувања извесно е дека оваа есен – зима ќе кулминираат економската, енергетската, инфлаторната, ценовната и социјалната криза со епски пропорции.

dobivaj vesti na viber

Jeff Bezos, основачот и извршен претседател на „e-commerce” гигантот Amazon, кој е најрелевантен барометар за „здравјето” на јавната потрошувачка односно, клучниот генератор на економскиот развој, предупредува на неизбежност од голема рецесија на светската економија. Истите ставови ги споделуваат и David Solomon (CEO Investment Bank Goldman Sachs) или пак Jamie Dimon (CEO JP Morgan Chase) кој по последното интервју од 10 октомври ќе изјави дека „економијата ќе влезе во рецесија следните шест до девет месеци”.
Elon Musk (CEO Tesla & SpaceX), е уште попрецизен велејќи дека „ние сме веќе во рецесија која веројатно ќе трае до пролетта 2024 година и само најјаките ќе преживеат”.

Ваквата драматична криза кај сите национални економии наметна алармантна, вонредна состојба која пак ургентно бара вонредни и радикални економски стратегии и оперативни мерки за одржување во живот и избегнување на целосен економски колапс.

Скоро без исклучок сите одговорни политички, економски и финансиски лидери од европските земји се согласуваат со дијагнозата дека се работи за најсериозна ,,ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНА ЗАКАНА” која наметнува неопходност од нови приоритети преку забавување или целосно времено одложување на претходно донесените национални стратегии и развојни проекции.

Метафорично, кризата ги претвори националните економии како „пациент во клинички шок со акутни животно загрозувачки проблеми каде се неопходни интервентни реанимациони процедури а не некакви блазирани совети за долгорочните погодности од поинтензивно пешачење и физички вежби во природа на чист воздух или пак совети за органска исхрана и здрав диетален програм(!?)”.

Така на пример германскиот канцелар и неговиот владин кабинет интервентно одлучија да го стопираат планираното затворање на преостанатите три нуклеарни централи, но и да рестартираат неколку од веќе „пензионираните” нуклеарни капацитети. Од егзистенцијална важност е да се обезбеди електрична енергија за домаќинствата, индустријата и инфраструктурата во Германија.

Ваквата тешка одлука е донесена и под голем притисок на неколку други партнерски земји од ЕУ, како Словачка и Унгарија. Белгија исто така планираше да ги затвори своите два нуклеарни реактори (со капацитет од 2.1 GW) до 2025 година, но во март одлучија да ги задржат во функција барем за уште 10 години. „Bloomberg” објави дека новата влада на Шведска ќе побара од државната компанија „Vattenfall AB” да планира и изгради нови нуклеарни централи за да ја задоволи растечката побарувачка на електрична енергија во земјата.

Притисната од драматичната реалност, германската влада прави „очајнички” обиди за да го задржи функционирањето на националната економија но и запалените светла и снабдување со електрична енергија во сите домаќинства за да се помине зимата. И покрај претходно прифатената обврска на Германија за постепено исклучување на ископување и користење на јаглен до крајот на оваа декада, во оваа нова реалност се вратија назад на најсигурниот и најбрз начин на производство на електрична енергија од фосилните горива. Така, во овие неколку месеци ефикасно возобновија и вратија во функција на неопределено време, најмалку 20 термо електрани на јаглен. Ветерните турбини близу до отворениот коп на рудникот „Garzweiler” во Северна Рајна-Вестфалија а со кој управува германскиот енергетски гигант „RWE”, се демонтираат и отстрануваат за да се отвори простор за проширување на копот и интензивна експлоатација на јаглен.

Дури и најавторитетните граѓански групации за заштита на животната средина се согласуваат дека јагленот е најбрзиот но и најефикасниот одговор на енергетската криза. Karsten Smid од „Greenpeace Germany” вели „Ние мораме да разбереме дека кризната состојба во која би немале енергија, би немале струја нити топлина во домовите и канцелариите оваа зима, е далеку посериозно прашање од било која друга тема и заложба”.
Факт е дека во кризни времиња генерално сите луѓе покажуваат поголем интерес за информации, читање, проучување, слушање и осознавање.

Така дури и најекстремните екологисти ја разбраа и прифатија реалноста дека без рударство и многукратно зголемување на неопходните количини од ретките, критични минерали и метали (бакар, литиум, никел, графит, кобалт…), општоприфатената програма за глобална транзиција во „зелена економија” – е само обична ДЕКЛАРАТИВНА ЖЕЛБА! Според извештаите на Светска Банка, притисокот за „зелена” технологија и производство на енергија од обновливи извори (ветер, сончева и геотермална), како и високософистицираните решенија за складирање на таквата енергија ќе резултира со побарувачка од околу 3 милијарди тони минерали и метали, односно ќе биде потребно 500% зголемување на производството на критични минерали и метали до 2050 година. Неизбежно се наметнува заклучокот дека современото одржливо рударство е клучна алка во процесот на транформација кон „зелената економија”.

Видлив е трендот да големите автомобилски компании како Ford, Chrysler, Volkswagen, Mercedes, кои се обврзаа за забрзана транзиција и замена на нивните производни програми со електрични возила широко достапни до 2035 година (!?), интензивно стратешки се поврзуваат капитално со големите рударски компании кои работат и применуваат нови технологии и високи стандарди за одржливо рударство.

Така и американската администрација на претседателот Joe Biden неодамна додели грант од вкупно 2.8 милијарди долари за значително поттикнување на домашното рударство на критичните минерали и метали потребни за производство на моќните батерии за електричните возила.

Доколку во контекст на сé претходно наведено во овој текст повторно се навратам на разочарувачкиот пример со сосема неоправдано наметнатата неизвесност или повеќегодишниот „limbo” статус на Проектот за мега странската инвестиција – рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”, неизбежно ќе воочиме дека во односот на нашата држава кон овој проект има јасни елементи на економски, финансиски, енергетски и социјален „МАЗОХИЗАМ”.

Искрено, како горд македонски државјанин чувствувам наплив на „срамотизам” при самото потсетување на крајно непристојното игнорирање и упорно избегнување на директна конструктивна комуникација со највисокиот менаџмент и бордот на директори на проектната компанија Euromax Resources, како и со клучните инвеститори со потврдено позитивен авторитет на глобалната деловна сцена. Со неодговорно наметнатата административна „рашомонијада” кон овој Проект (во последните 7 години!), како да постои некаков нерационален „мораториум” за објективно согледување на реалноста и за повлекување на практични и ефективни одлуки. Се прашувам зошто, дури и во вакви најкризни времиња, кај нас се повторува синдромалното пореметување на деструктивна „умствена миопија” додека и понатаму продолжуваме да пимпламе со односот кон нашата колективна иднина.

Пасивноста, игнорантноста и самосожалувањето со својата „мртва тежина” не притискаат и во ваква драматична криза се всушност најголемата неправда кон сите нас. И покрај нашите политички, етнички, верски, социјални и културни различности, крајно време е СИТЕ да се обединиме во справувањето со овие егзистенцијални предизвици, да се обединиме за опстанок но и за прогрес, за отворање на нови работни места, за повисок животен стандард, конечно стопирање на иселувањето, посреќен и подостоинствен живот!

Да бидам конкретен – Во актуелните турбулентни времиња единствена реално остварлива, повторувам единствена реална мега – странска инвестиција која е веќе присутна во нашата држава и е целосно подготвена ВЕДНАШ да започне со оперативна реализација е токму проектот на Euromax Resources за современ рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”! Само за првите две години на изградба обезбеден е буџет за инвестирање на 350 милиони евра; во текот на целиот период на оперативно функционирање редовно ќе се исплаќаат по околу 75 милиони евра секоја година на повеќе домашни кооперанти; секоја година ќе се уплаќаат приближно по 25 милиони евра во државниот буџет, а околу 4 милиони евра во буџетите на локалните управи; рударскиот комплекс ќе генерира редовен извоз од околу 200 милиони евра годишно; според актуелните статистички податоци се проценува дека ќе придонесе за просечно зголемување на Бруто Домашниот Производ – БДП, за околу 4% на национално ниво; за целокупното времетраење со оперативното работење потребни се 3200 нови директни и индиректни работни места од најразлични професии…

Клучен инвеститор е глобалниот деловен гигант – Групацијата TRAFIGURA или една од водечките светски дистрибутерски, трговски, логистички и производни компании. Тие се лидери во секторот на „commodities” или природни суровини кои ни се неопходни за „преживување” оваа зима, како нафта и нафтени деривати, природен гас, LPG&LNG, метали и минерали, енергија и обновливи извори на енергија. Мултинационална корпорација која има свои компании во 48 држави на сите континенти. Во финансиските резултати за 2021 година, Групацијата TRAFIGURA објави приход од 231.3 милијарди долари (што е за цели 16 пати поголем износ од македонскиот БДП!), а само за првата половина од 2022 година вкупниот приход изнесува 170.6 милијардри долари и нето профит од 4.7 милијарди долари…

А ние, ние со празните реторики, бескрајните игри и одолговлекувања наместо да побараме соработка неразумно ги присилуваме да дигнат раце од инвестицијата во овој мега Проект, но и од повеќе други потенцијални проекти во нашата држава каде како партнери со Групацијата TRAFIGURA, сосема извесно и за многу краток период би можеле да постигнеме реален пресврт со забележителен економски, енергетски, финансиски и социјален прогрес.

Д-р. Живко Груевски

ПР

Прикажи повеќе...

Анализа

Мицкоски: Ветуваа живот, а донесоа соларни и марихуана-картели, корупција и криминал

Објавено пред

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на „Фејсбук“ пишува дека „македонските граѓани плаќаат најскапа струја во споредба со граѓани на другите држави во регионот. Невистини се тврдењата на Владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, најевтина струја во Европа. Имено, според Евростат, цената на струјата што македонските граѓани ја плаќале во првото полугодие од 2022 година била 89,5 €/MWh“.

dobivaj vesti na viber

„Според Евростат, во првото полугодие од 2022 година граѓаните во регионот плаќаат многу поевтина струја (слика 1) во споредба со македонските граѓани:
Србија 58,9 €/MWh
БиХ 73,3 €/MWh
Турција 74,8 €/MWh
Косово 55,5 €/MWh
Црна Гора 79,2 €/MWh

Ветуваа живот, евтина струја, нема претплата за МТВ, бројчаници итн… а што донесоа? Во првото полугодие од 2017 година македонските граѓани плаќаа струја за цена од 69,5 €/MWh (слика 2) или 22,5 % помалку од цената на струјата што ја плаќале во првото полугодие од 2022 година“, стои во објавата на првиот човек на опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Владата ќе направи целосен ремонт на урбанизмот

Објавено пред

Владата подготвува пакет-измени на постојните и носење целосно нови уредби кои ќе ги опфатат законите за градење, за просторно и за урбанистичко планирање, за катастар, за експропријација, за еврокодови, најавува денес „Дојче веле“.

dobivaj vesti na viber

Веќе било формирано национално координативно тело во кое се вклучени претставници од Владата, од министерствата, од општините, од другите надлежни институции, како и од здруженијата на архитекти, на градежници, но и претставници на стручната и научната фела со кое раководи професорот Мирослав Грчев.

„Во следните два месеца ќе изготвиме интервентни измени на кои стручњаците укажаа, пред сè, со цел да се отстранат аномалиите и противречностите. Потоа ќе започнеме со изработка на сосема нов сет закони, процес што ќе трае 7-8 месеци“ откриваат од Владата.

Само Законот за градењето во последните 5 години бил менуван 25 пати. Со ова, според надлежните, настанал вистински хаос во регулативата и на терен. Речиси на иста линија е и стручната фела. Во Комората на овластени архитекти и инженери (КОАИ) сметаат дека е крајно време да се воведе ред.

Урбаниот хаос ќе се средува и со законски измени и со засилен надзор, велат од Владата. Сепак, негираат дека ќе има уривање на објекти – сè што досега било направено, а било во рамките на постојните закони, ќе остане.

„Основна цел е подобрување на животот на граѓаните. Урбаниот хаос го нарушува просторот. Во Скопје досега масовно се градеше без план, проблемот е помал во другите градови, но таму не се внимаваше воопшто на она што се нарекува архитектонско решение или урбанистички изглед на локалната единица… Ова е болната точка што ќе треба да ја коригираме иако нема можност состојбата целосно да ја вратиме назад, но мора да ја смениме генералната перцепција дека во сферата на урбанизмот владее хаос, дека владее корупција и тоа е она што нè боли сите нас“, велат извори во Владата.

Архитектите предупредуваат дека, освен законските измени, мора да се донесат и сосема нови урбанистички планови и тоа не само за главниот град.

Каква е моментната состојба доволно зборува податокот дека сега во централното градско подрачје на Скопје во тек е изградба на десетици големи станбени згради, од кои добар дел и со по стотина и повеќе стана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Судот го одобри обвинението за возачот што ја прегази Фросина

Судот го одобри обвинението за возачот Васил Јованов, која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на булеварот Партизански одреди....

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тошковски не скри нешто, не рече дека законот не важи за татко му

Апасиев е фрустриран од работата на Тошковски бидејќи законот важи за сите. Левицата да одговори како, освен сутерен во строгиот...

Македонија3 часа

ДУИ до Мицкоски: Ако целта е уривање на Охридскиот договор, која е алтернативата

Премиерот Мицкоски, со своето однесување, изјави и постапки, постапува на начин кој ги поткопува стандардите и одговорноста што се очекуваат...

Свет4 часа

Рубио: Ова не е наша војна, ние не ја почнавме

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека „сите треба да му се заблагодарат“ на американскиот претседател Доналд Трамп за мировните...

Македонија4 часа

Левицата: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

Додека се обидува да изгради слика дека го руши корумпираниот систем, фактите кои се обзнануваат во јавност укажуваат како и...

Свет4 часа

Лавров: Спремни сме да се договориме со САД за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Кремљ е подготвен да постигне договор со САД за Украина, но...

Свет6 часа

Руте: Русија е долгорочна закана за алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека членовите се согласуваат дека...

Спорт13 часа

(Видео) Ѓоковиќ ги загуби нервите: Да ти е..м тенисот

Новак Ѓоковиќ целосно ги загуби нервите на официјалниот тренинг во Мадрид. Додека во главниот град на Шпанија се одржуваа натпреварите...

Македонија16 часа

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“: меѓу нив и претседателката на Антикорупциска

Во рамките на постапката што се води за предметот Адитив, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка,...

Македонија17 часа

Образ ѓон, се уште седат и земаат илјадници евра плата: Мицкоски за членовите на Судскиот совет

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна...

Македонија22 часа

Измами во давањето туѓа нега и инвалидски пензии, под истрага 49 лица, вмешани и лекари

Сузбиени две криминални групи, кои вршеле злоупотреби на постапката за стекнување право за туѓа нега и право на инвалидски пензии,...

Македонија23 часа

Битола, Струга, Чаир се меѓу општините кои не аплицирале за проекти, рокот истекува за помалку од една недела

Седумнаесет општини воопшто не аплицирале за инфраструктурни општински проекти, за што Владата доделува средства од унгарскиот кредит. Во оваа група...

Македонија1 ден

(Видео) Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, кое...

Македонија1 ден

Таравари го поддржа апсењето лекари: Директорот на Геријатрија првин го разрешив, а потоа го исклучив од партијата, сите што грешат нека одговараат

Сите што грешеле, вклучително и лекарите, треба да одговараат, смета министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашната полициска акција, која...

Македонија1 ден

Речиси третина од фирмите, чии лиценци ќе се одземаат, имаат блокирана сметка или се неактивни, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за фирмите кои се на списокот што го објави Министерството за транспорт и...

Македонија1 ден

Владата ја прави премиерот, ако тој смета дека Алијансата за Албанците не му треба, ние немаме никаков проблем, вели Таравари

Министерот за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, не сака да избрзува со носење какви било политички...

Македонија1 ден

Еден загинат по удар на гром во Прилепско

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена пријава...

Македонија1 ден

ДУИ: Она што порано доаѓаше однадвор, денес се спроведува однатре со Албанци што молчат или соработуваат на штета на колективните права на сопствениот народ

„Претставниците на коалицијата ЛЕН, кои со само 9 пратеници (1.3% ) тврдат дека ги претставуваат над 29% од Албанците во...

Свет1 ден

(Видео) Трамп до американски ветеран без нозе: Значи, те погодија, прекрасно

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Овалната соба се сретна со група ранети американски ветерани, каде потпиша голем број нови...

Регион1 ден

Вучиќ оди во Русија на прославата на Денот на победата, ќе се сретне со Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека на 9 мај ќе отпатува за Москва, каде ќе присуствува на парадата за Денот...