Контакт

Анализа

Volkswagen може да е поголема опасност за Германија од грчката криза

Објавено пред

Скандалот Volkswagen силно ја разниша германската бизнис и политичка сцена, а аналитичарите предупредуваат дека кризата во автомобилскиот гигант би можела да претставува поголема опасност за германската економија од грчката должничка криза.

dobivaj vesti na viber

 

 

Volkswagen е најголем германски производител на автомобили, кој вработува над 270.000 лица во државата, а огромен број на работници работат во фирми снабдувачи на фабриката.

 

Откако Volkswagen во вторникот призна дека 11 милиони негови дизел возила ширум светот биле опремени со уреди кои овозможуваат измама на еко-тестот, во средата извршниот директор Мартин Винтеркорн поднесе оставка. Освен во САД, истрага најавија и властите во Франција и Јужна Кореја.

 

„Сосема ненадејно Volkswagen стана поголем негативен ризик по германската економија отколку грчката должничка криза. Ако во следните месеци продажбата на VW падне во САД, тоа нема да влијае лоша само врз компанијата, туку и на целата германска економија“, вели Карстен Брзески економист во ING

 

Автомобилскиот сектор најголем германски извозник

 

Минатата година Volkswagen во САД продаде околу 600 илјади автомобили, околу 6 отсто од вкупно 9,5 милиони возила колку што продаде во светот.

 

Американската агенција за заштита на човековата околина (EPA) му нареди на VW да ги отстрани недостатоците, а германската компанија ја сопре продажбата на сите дизел возила во САД за време на истрагата, која би можела да резултира со казна од 18 милијарди евра, што е над целокупната минатогодишна оперативна добивка на компанијата.

 

Иако оваа казна може да ја покрие со готовински резерви, кои се движат околу 24 милијарди долари, скандалот предизвика стравување од масовни отпуштања во компанијата и во нејзините снабдувачи.

 

Германската влада ја загрижува можноста дека поради скандалот ќе претрпат и другите германски производители на автомобили, како што се Daimler и BMW, иако нема никакви сигнали дека овие компании работеле противзаконски.

 

Во германскиот автомобилски сектор работат околу 775.000 лица, речиси 2 отсто од вкупната работна сила, а продажбата на возила во последно време е соочена со проблеми со забавување на растот на кинеската економија, а со тоа и на тамошната побарувачка на автомобили.

 

„Доколку продажбата на автомобили падне, тоа би можело да ги погоди сите снабдувачи, а со тоа и целата економија“, вели Мартин Геринг од институтот DIW.

 

Производството на автомобили и на делови е најуспешниот германски сектор- лани неговиот извоз достигна 200 милијарди евра, речиси петтина од вкупниот германски извоз.

 

Во опасност брендот VW, но и ознаката ‘Made in Germany’

 

Овој скандал би можел да ги доведе во прашање и квалитетот и на довербата во германската компанија, предупредуваат одредени аналитичари.

 

„Нема општо сомневање во производите со ознаката ‘Made in Germany’, Но, некои германски компании стравуваат од домино-ефект, односно дека ‘скандалот VW’ би можел да влијае на нивното работење и да доведе до ерозија на ознаката ‘Made in Germany’, вели Андре Шварц, директор во трговското здружение BGA.

 

Какво ќе биде влијанието, допрва ќе се види, но во средата најголемиот американски трговец со автомобили AutoNation предупреди дека позицијата на брендот Volkswagen во САД се наоѓа во опасност.

 

Сепак, дел од експертите сметаат дека не би требало да се претерува со влијанието на ‘скандалот VW’  врз целата германска економија.

 

„Сметам дека нема целата германска индустрија да биде ставена во исто кош. Истотака, смета дека нема да има рецесија само поради една компанија“, вели Јерг Крамер, главен економист на Commerzbank. /крај/

Анализа

Разорувачкиот пример на економски и социјален „мазохизам“

Објавено пред

Откако пред неполни три години човештвото се соочи со глобалната пандемиска – здравствена криза што мултиплицирано се зголеми на почетокот од оваа 2022 година со руската воена инвазија во Украина, согласно сите извештаи за реалните состојби, научни анализи и аргументирани предвидувања извесно е дека оваа есен – зима ќе кулминираат економската, енергетската, инфлаторната, ценовната и социјалната криза со епски пропорции.

dobivaj vesti na viber

Jeff Bezos, основачот и извршен претседател на „e-commerce” гигантот Amazon, кој е најрелевантен барометар за „здравјето” на јавната потрошувачка односно, клучниот генератор на економскиот развој, предупредува на неизбежност од голема рецесија на светската економија. Истите ставови ги споделуваат и David Solomon (CEO Investment Bank Goldman Sachs) или пак Jamie Dimon (CEO JP Morgan Chase) кој по последното интервју од 10 октомври ќе изјави дека „економијата ќе влезе во рецесија следните шест до девет месеци”.
Elon Musk (CEO Tesla & SpaceX), е уште попрецизен велејќи дека „ние сме веќе во рецесија која веројатно ќе трае до пролетта 2024 година и само најјаките ќе преживеат”.

Ваквата драматична криза кај сите национални економии наметна алармантна, вонредна состојба која пак ургентно бара вонредни и радикални економски стратегии и оперативни мерки за одржување во живот и избегнување на целосен економски колапс.

Скоро без исклучок сите одговорни политички, економски и финансиски лидери од европските земји се согласуваат со дијагнозата дека се работи за најсериозна ,,ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНА ЗАКАНА” која наметнува неопходност од нови приоритети преку забавување или целосно времено одложување на претходно донесените национални стратегии и развојни проекции.

Метафорично, кризата ги претвори националните економии како „пациент во клинички шок со акутни животно загрозувачки проблеми каде се неопходни интервентни реанимациони процедури а не некакви блазирани совети за долгорочните погодности од поинтензивно пешачење и физички вежби во природа на чист воздух или пак совети за органска исхрана и здрав диетален програм(!?)”.

Така на пример германскиот канцелар и неговиот владин кабинет интервентно одлучија да го стопираат планираното затворање на преостанатите три нуклеарни централи, но и да рестартираат неколку од веќе „пензионираните” нуклеарни капацитети. Од егзистенцијална важност е да се обезбеди електрична енергија за домаќинствата, индустријата и инфраструктурата во Германија.

Ваквата тешка одлука е донесена и под голем притисок на неколку други партнерски земји од ЕУ, како Словачка и Унгарија. Белгија исто така планираше да ги затвори своите два нуклеарни реактори (со капацитет од 2.1 GW) до 2025 година, но во март одлучија да ги задржат во функција барем за уште 10 години. „Bloomberg” објави дека новата влада на Шведска ќе побара од државната компанија „Vattenfall AB” да планира и изгради нови нуклеарни централи за да ја задоволи растечката побарувачка на електрична енергија во земјата.

Притисната од драматичната реалност, германската влада прави „очајнички” обиди за да го задржи функционирањето на националната економија но и запалените светла и снабдување со електрична енергија во сите домаќинства за да се помине зимата. И покрај претходно прифатената обврска на Германија за постепено исклучување на ископување и користење на јаглен до крајот на оваа декада, во оваа нова реалност се вратија назад на најсигурниот и најбрз начин на производство на електрична енергија од фосилните горива. Така, во овие неколку месеци ефикасно возобновија и вратија во функција на неопределено време, најмалку 20 термо електрани на јаглен. Ветерните турбини близу до отворениот коп на рудникот „Garzweiler” во Северна Рајна-Вестфалија а со кој управува германскиот енергетски гигант „RWE”, се демонтираат и отстрануваат за да се отвори простор за проширување на копот и интензивна експлоатација на јаглен.

Дури и најавторитетните граѓански групации за заштита на животната средина се согласуваат дека јагленот е најбрзиот но и најефикасниот одговор на енергетската криза. Karsten Smid од „Greenpeace Germany” вели „Ние мораме да разбереме дека кризната состојба во која би немале енергија, би немале струја нити топлина во домовите и канцелариите оваа зима, е далеку посериозно прашање од било која друга тема и заложба”.
Факт е дека во кризни времиња генерално сите луѓе покажуваат поголем интерес за информации, читање, проучување, слушање и осознавање.

Така дури и најекстремните екологисти ја разбраа и прифатија реалноста дека без рударство и многукратно зголемување на неопходните количини од ретките, критични минерали и метали (бакар, литиум, никел, графит, кобалт…), општоприфатената програма за глобална транзиција во „зелена економија” – е само обична ДЕКЛАРАТИВНА ЖЕЛБА! Според извештаите на Светска Банка, притисокот за „зелена” технологија и производство на енергија од обновливи извори (ветер, сончева и геотермална), како и високософистицираните решенија за складирање на таквата енергија ќе резултира со побарувачка од околу 3 милијарди тони минерали и метали, односно ќе биде потребно 500% зголемување на производството на критични минерали и метали до 2050 година. Неизбежно се наметнува заклучокот дека современото одржливо рударство е клучна алка во процесот на транформација кон „зелената економија”.

Видлив е трендот да големите автомобилски компании како Ford, Chrysler, Volkswagen, Mercedes, кои се обврзаа за забрзана транзиција и замена на нивните производни програми со електрични возила широко достапни до 2035 година (!?), интензивно стратешки се поврзуваат капитално со големите рударски компании кои работат и применуваат нови технологии и високи стандарди за одржливо рударство.

Така и американската администрација на претседателот Joe Biden неодамна додели грант од вкупно 2.8 милијарди долари за значително поттикнување на домашното рударство на критичните минерали и метали потребни за производство на моќните батерии за електричните возила.

Доколку во контекст на сé претходно наведено во овој текст повторно се навратам на разочарувачкиот пример со сосема неоправдано наметнатата неизвесност или повеќегодишниот „limbo” статус на Проектот за мега странската инвестиција – рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”, неизбежно ќе воочиме дека во односот на нашата држава кон овој проект има јасни елементи на економски, финансиски, енергетски и социјален „МАЗОХИЗАМ”.

Искрено, како горд македонски државјанин чувствувам наплив на „срамотизам” при самото потсетување на крајно непристојното игнорирање и упорно избегнување на директна конструктивна комуникација со највисокиот менаџмент и бордот на директори на проектната компанија Euromax Resources, како и со клучните инвеститори со потврдено позитивен авторитет на глобалната деловна сцена. Со неодговорно наметнатата административна „рашомонијада” кон овој Проект (во последните 7 години!), како да постои некаков нерационален „мораториум” за објективно согледување на реалноста и за повлекување на практични и ефективни одлуки. Се прашувам зошто, дури и во вакви најкризни времиња, кај нас се повторува синдромалното пореметување на деструктивна „умствена миопија” додека и понатаму продолжуваме да пимпламе со односот кон нашата колективна иднина.

Пасивноста, игнорантноста и самосожалувањето со својата „мртва тежина” не притискаат и во ваква драматична криза се всушност најголемата неправда кон сите нас. И покрај нашите политички, етнички, верски, социјални и културни различности, крајно време е СИТЕ да се обединиме во справувањето со овие егзистенцијални предизвици, да се обединиме за опстанок но и за прогрес, за отворање на нови работни места, за повисок животен стандард, конечно стопирање на иселувањето, посреќен и подостоинствен живот!

Да бидам конкретен – Во актуелните турбулентни времиња единствена реално остварлива, повторувам единствена реална мега – странска инвестиција која е веќе присутна во нашата држава и е целосно подготвена ВЕДНАШ да започне со оперативна реализација е токму проектот на Euromax Resources за современ рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”! Само за првите две години на изградба обезбеден е буџет за инвестирање на 350 милиони евра; во текот на целиот период на оперативно функционирање редовно ќе се исплаќаат по околу 75 милиони евра секоја година на повеќе домашни кооперанти; секоја година ќе се уплаќаат приближно по 25 милиони евра во државниот буџет, а околу 4 милиони евра во буџетите на локалните управи; рударскиот комплекс ќе генерира редовен извоз од околу 200 милиони евра годишно; според актуелните статистички податоци се проценува дека ќе придонесе за просечно зголемување на Бруто Домашниот Производ – БДП, за околу 4% на национално ниво; за целокупното времетраење со оперативното работење потребни се 3200 нови директни и индиректни работни места од најразлични професии…

Клучен инвеститор е глобалниот деловен гигант – Групацијата TRAFIGURA или една од водечките светски дистрибутерски, трговски, логистички и производни компании. Тие се лидери во секторот на „commodities” или природни суровини кои ни се неопходни за „преживување” оваа зима, како нафта и нафтени деривати, природен гас, LPG&LNG, метали и минерали, енергија и обновливи извори на енергија. Мултинационална корпорација која има свои компании во 48 држави на сите континенти. Во финансиските резултати за 2021 година, Групацијата TRAFIGURA објави приход од 231.3 милијарди долари (што е за цели 16 пати поголем износ од македонскиот БДП!), а само за првата половина од 2022 година вкупниот приход изнесува 170.6 милијардри долари и нето профит од 4.7 милијарди долари…

А ние, ние со празните реторики, бескрајните игри и одолговлекувања наместо да побараме соработка неразумно ги присилуваме да дигнат раце од инвестицијата во овој мега Проект, но и од повеќе други потенцијални проекти во нашата држава каде како партнери со Групацијата TRAFIGURA, сосема извесно и за многу краток период би можеле да постигнеме реален пресврт со забележителен економски, енергетски, финансиски и социјален прогрес.

Д-р. Живко Груевски

ПР

Прикажи повеќе...

Анализа

Мицкоски: Ветуваа живот, а донесоа соларни и марихуана-картели, корупција и криминал

Објавено пред

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на „Фејсбук“ пишува дека „македонските граѓани плаќаат најскапа струја во споредба со граѓани на другите држави во регионот. Невистини се тврдењата на Владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, најевтина струја во Европа. Имено, според Евростат, цената на струјата што македонските граѓани ја плаќале во првото полугодие од 2022 година била 89,5 €/MWh“.

dobivaj vesti na viber

„Според Евростат, во првото полугодие од 2022 година граѓаните во регионот плаќаат многу поевтина струја (слика 1) во споредба со македонските граѓани:
Србија 58,9 €/MWh
БиХ 73,3 €/MWh
Турција 74,8 €/MWh
Косово 55,5 €/MWh
Црна Гора 79,2 €/MWh

Ветуваа живот, евтина струја, нема претплата за МТВ, бројчаници итн… а што донесоа? Во првото полугодие од 2017 година македонските граѓани плаќаа струја за цена од 69,5 €/MWh (слика 2) или 22,5 % помалку од цената на струјата што ја плаќале во првото полугодие од 2022 година“, стои во објавата на првиот човек на опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Владата ќе направи целосен ремонт на урбанизмот

Објавено пред

Владата подготвува пакет-измени на постојните и носење целосно нови уредби кои ќе ги опфатат законите за градење, за просторно и за урбанистичко планирање, за катастар, за експропријација, за еврокодови, најавува денес „Дојче веле“.

dobivaj vesti na viber

Веќе било формирано национално координативно тело во кое се вклучени претставници од Владата, од министерствата, од општините, од другите надлежни институции, како и од здруженијата на архитекти, на градежници, но и претставници на стручната и научната фела со кое раководи професорот Мирослав Грчев.

„Во следните два месеца ќе изготвиме интервентни измени на кои стручњаците укажаа, пред сè, со цел да се отстранат аномалиите и противречностите. Потоа ќе започнеме со изработка на сосема нов сет закони, процес што ќе трае 7-8 месеци“ откриваат од Владата.

Само Законот за градењето во последните 5 години бил менуван 25 пати. Со ова, според надлежните, настанал вистински хаос во регулативата и на терен. Речиси на иста линија е и стручната фела. Во Комората на овластени архитекти и инженери (КОАИ) сметаат дека е крајно време да се воведе ред.

Урбаниот хаос ќе се средува и со законски измени и со засилен надзор, велат од Владата. Сепак, негираат дека ќе има уривање на објекти – сè што досега било направено, а било во рамките на постојните закони, ќе остане.

„Основна цел е подобрување на животот на граѓаните. Урбаниот хаос го нарушува просторот. Во Скопје досега масовно се градеше без план, проблемот е помал во другите градови, но таму не се внимаваше воопшто на она што се нарекува архитектонско решение или урбанистички изглед на локалната единица… Ова е болната точка што ќе треба да ја коригираме иако нема можност состојбата целосно да ја вратиме назад, но мора да ја смениме генералната перцепција дека во сферата на урбанизмот владее хаос, дека владее корупција и тоа е она што нè боли сите нас“, велат извори во Владата.

Архитектите предупредуваат дека, освен законските измени, мора да се донесат и сосема нови урбанистички планови и тоа не само за главниот град.

Каква е моментната состојба доволно зборува податокот дека сега во централното градско подрачје на Скопје во тек е изградба на десетици големи станбени згради, од кои добар дел и со по стотина и повеќе стана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

„Не чувствувам вина, јас ги спасив сите што можев“, кажа Столе Боев обезбедување на дискотеката „Пулс“

Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. „Јас ги спасив сите што можев и многу...

Македонија7 часа

Тага, болка и гнев – Кочани ден по трагедијата низ фотографии

Во Кочани, градот во кој се запали нелегалната дискотека „Пулс“, голем број семејства се завија во црно. Во пожарот, животот...

Македонија8 часа

Обвинителството досега најде 14 одговорни за трагедијата во Кочани, се бара краткотраен притвор за сите

Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија,...

Македонија9 часа

На протестот во Кочани демолирано кафулето на сопственикот на дискотекта „Пулс”

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Во еден момент, дел...

Македонија10 часа

Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле...

Македонија11 часа

Само 12 лиценци за кабареа биле издадени лани, Мицкоски вели – сите што работат на диво ќе бидат затворени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку...

Македонија11 часа

Петнаесетмина експерти за изгореници од странство се стигнати во земјава, ќе ги лекуваат 84-те пациенти од пожарот кои се во македонските болници

Некои од лекарите специјалисти за лекување изгореници, кои најавија дека ќе дојдат за да помогнат во лекувањето на повредените од...

Македонија12 часа

Тошковски: Пиротехничките средства ги донел бендот ДНК, концертот бил одржан на диво

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржа прес конференција и рече од извршен разговор со член на групата на...

Македонија13 часа

Градоначалникот на Кочани поднесе оставка

„Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата...

Македонија13 часа

Поради можни вдишувачки изгореници, на лекар да се јават и оние кои се чувствуваат добро, а биле во дискотеката, апелираа Таравари и Клековски

Сите пациенти се во релативно стабилна состојба, испратените на лекување во странство се сместени во болниците и состојбата е под...

Регион14 часа

„Повредите им се тешки, изгорениците покриваат и до 28% од кожата“: се огласија лекарите од Ургентниот центар во Белград

Најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва...

Македонија15 часа

ЈОРМ: Пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, наредено е графолошко вештачење на потписи на одредена документација

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во...

Македонија16 часа

(Фото) Знамињата пред Собрание на половина копје, денови на жалост во Македонија

Поради тргагедијата во Кочани, Владата на РСМ прогласи седумдневна жалост на територија на целата држава. „На вонредната владина седница по...

Македонија16 часа

Фудбалерот Лазаров не е единствениот, уште двајца спортисти загинаа во страотниот пожар во Кочани

Страшниот пожар што избувна во дискотеката во Кочани, го одзеде животот на повеќе од еден спортист. Покрај фудбалерот Андреј Лазаров,...

Регион17 часа

(Видео) Осум од повредените во Кочани се во „Пирогов“ во Софија, три се деца, сите се во тешка состојба

Осум од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се во тешка состојба во Софија во болницата „Пирогов“. Од...

Регион18 часа

(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес. Тие беа пренесени...

Регион18 часа

(Видео) Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA...

Македонија1 ден

Пациентите кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството...

Македонија1 ден

Обвинителството поведува постапка за проверка на 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе...

Македонија1 ден

Дискотеката во Кочани имала само два противпожарни апарати, немала хидрантска мрежа, имала само една импровизирана врата и таа била затворена: Обвинителството регистрирало бројни неправилности

Вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, обзнани дека по извршениот увид во дискотеката во Кочани, биле забележани многу неправилности. Тој...