Контакт

Компании

„Европа АД“ ја доби битката со „Пионир“ пред српските судови

Објавено пред

Стопанскиот суд во Белград ги отфрли сите обвинувања на српски „Пионир“ според кои „Европа“ АД – Скопје наводно фалсификувала нивни бонбони, соопшти македонската компанија во четвртокот.

dobivaj vesti na viber

 

Македонската компанија со 132-годишно искуство, чии количини од производот„Бонбон ноар“ пред неколку месеци беа запленети од властите кај северниот сосед, доби и правна потврда на тоа што од самиот почеток јавно го тврдеше – дека овие слатки се оригинални, односно дека воопшто не го повредуваат жигот на српскиот конкурент.

Следна постапка на „Европа“ АД – Скопје ќе биде поднесување тужба против „Пионир“ за изгубена добивка и за нарушен углед.

 

„Обвинувањата за фалсификат, запленувањето на стоката, како и поднесената пријава, беа настани во чие развивање „Европа АД“ немаше никаква улога. Нашата компанија со децении работи на српскиот пазар, каде што има долгогодишни, докажано лојални, купувачи. Тие самите знаат да го изберат вистинскиот квалитет, а со тоа што верно ги следат нашите производи истакнуваат дека и самите ја препознаваат разликата помеѓу плагијат и фалсификат“,вели Сава Димитрова, претседател на управниот одбор на „Европа“ АД – Скопје. 

 

„Пионир“ поднесе тужба пред српските судови и во неа бараше: да се утврди дека „Европа“ АД – Скопје го повредила жигот на компанијата и да се забрани производството, испораката, извозот, понудата и ставањето во промет на „Бонбон ноар“. За секоја од овие точки познатиот македонски бренд доби правна потврда дека се неосновани и целосно отфрлени. Тоа значи дека македонското претпријатие ќе може слободно и во иднина да го продава овој продукт во Србија затоа што сега има и судска одлука дека тој не е плагијат на „Негро“ на „Пионир“.

 

„Ова решение и правно го потврди тоа што ние пред неколку месеци го нагласивме – дека е во прашање крајно несериозно обвинување што нема издржаност во реалноста. „Европа“ АД – Скопје секогаш ги има предвид потребите, почитта и ставовите на своите потрошувачи и знаејќи го тоа на ум, ние никогаш не би си дозволиле да направиме нешто со кое би ја нарушиле таа доверба. Сосема спротивно, понатаму посветено ќе продолжиме да ги подобруваме веќе долго популарните производи, но и да креираме нови“,- истакнува Димитрова.

 

„Европа“ АД – Скопје уште еднаш потсетува дека во поглед на содржината, „Бонбон ноар“ е непроменет продукт којшто се создава повеќе од половина век. Тој за првпат е внесен во каталогот на компанијата пред повеќе од три децении, односно во 1982 година. Под актуелната амбалажа, пак, бонбоната се продава од 2003 и оттогаш е присутна и на пазарот во Србија, значи безмалку цели 11 години. Македонската компанија нагласува дека „Бонбон ноар“ и „Негро“ имаат различен состав.

 

Слично е што обете се базирани на лакрицот како состојка, меѓутоа, процентот на масното полнење, филувањето и изгледот на самата бонбона немаат допирни точки. Лакрицот во светот на бонбоните е применет од неколку стотини производители. Амбалажата на најголем дел од нив е комбинација од црна, бела и црвена боја. Причина за тоа е токму лакрицот чијшто изглед најчесто се комуницира со овој колорит. И глобални марки како „Харибо“, „Салос“, „Јанки“ и „Клене“ за своите бонбони базирани на лакриц со години се придржуваат до истиот пристап, се појаснува во соопштението на скопксата компанија. /крај/

 

Економија

Тековните предизвици и можности на винските пазари и значењето на географските ознаки за македонското вино – теми во фокусот на регионалната конференција за вино

Објавено пред

Како да се искористат актуелните трендови на глобалните вински пазари за подобро позиционирање на македонското вино, како да се зголеми препознатливоста на нашите вина, зошто е исклучително важно воведувањето географски ознаки на виното и какви придобивки ќе донесе овој процес. Ова се само некои од прашањата за кои се имаше дискусија на регионалната конференција за вино, што ја организираа здружението „Вина од Македонија“ и винарската визба „Тиквеш“, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

dobivaj vesti na viber

„За да се зголемат продуктивноста и додадената вредност на домашната винска индустрија, нејзината конкурентност и вредноста на извозот, како и нејзината отпорност на тековните предизвици, вклучувајќи ги и ризиците од климатските промени, неопходни се големи вложувања во знаење, во нови технологии и дигитализација, во организација, окрупнување на лозјата и создавање ефикасни кооперантски односи, како и во воведување нови правила, стандарди и механизам за државна поддршка и поголема регионална соработка. Сето ова мора да се заснова на научен пристап користејќи ги искуствата на развиените земји, кои поминале низ оваа трансформација и може да ни помогнат да го оствариме она што е нашата главна задача – зголемување на извозот на квалитетно вино, кое ќе биде препознатливо и ценето од потрошувачите во светот“, порача во своето воведно обраќање на конференцијата претседателот на здружението „Вина од Македонија“, Светозар Јаневски.

Во рамките на конференцијата се одржаа три работни сесии на кои реномирани експерти од Универзитетот „Гајзенхајм“ во Германија, професорите Јон Ханф и Силвија Димер говореа за состојбите на глобалниот пазар на вино, за спецификите на посебните пазарни нишки во Европа и за значењето на правните и техничките услови за извоз на вино. Една од поважните пораки што ја потенцираа експертите се однесуваа на важноста на заедничкиот настап на компаниите на пазарот истакнувајќи дека ваквиот пристап може да креира ефективни резултати доколку секоја компанија настапи одговорно и самостојно покрај заедничките активности како кластер.

Поздравувајќи ја организацијата на оваа конференција, регионалниот советник за земјоделство во германската амбасада во Скопје, Франк Мулер, го нагласи значењето на соработката помеѓу здружението „Вина од Македонија“ и ГИЗ акцентирајќи дека за долгорочен одржлив развој на винската индустрија неопходна е соработка и со универзитетите бидејќи научниот пристап во воведувањето и примената на унифицирани стандарди за производство и пласман на висококвалитетно вино од регионот е повеќе од неопходен.

За најновите движења во интрарегионалната трговија со грозје и вино во рамките на Западен Балкан говореше и извршната директорка на здружението „Вина од Македонија“, Елена Младеновска-Јеленковиќ, која ја нагласи неопходноста од воспоставување заеднички вински бренд со загарантирано географски потекло како еден од клучните предуслови за зголемување на препознатливоста на овдешните вина од страна на потрошувачите на пазарите во ЕУ и пошироко.

Прикажи повеќе...

Економија

Традиционалното закројување на лозјата на „Тиквеш“ за Свети Трифун во знакот на новите прогресивни практики на винарницата

Објавено пред

ВВ „Тиквеш“ го одбележа празникот Св. Трифун со свечено закројување на лозјата во Лепово. На настанот присуствуваа бројни гости – претставници на институции, на дипломатскиот кор, соработници на винарницата и лозари.

dobivaj vesti na viber

Годинешниот настан беше во знакот на воведување на ЕСГ стандардите во работењето на винарницата. Со нивното имплементирање, „Тиквеш“ станува единствена винарница во регионот која воведува нови прогресивни активности и култура во своето работење, дополнително инвестирајќи во грижата за животната средина, влијанието и придонесот во развојот на општеството и доброто управување.

Гостите ги поздрави новата генерална директорка на ВВ „Тиквеш“ Бранка Славеска, која во своето обраќање фокусот го стави на посветеноста на „Тиквеш“ за развој на винската индустрија во земјава и регионот, претставувајќи пример за останатите деловни субјекти во индустријата.

„Производството на квалитетно вино е императив во работата на „Тиквеш“. Тоа може да се постигне само со имплементација на современи практики и технологии, примена на науката и, најбитно, со поставување и следење на највисоки стандарди во своето работење. Воведувањето на ЕСГ стандардите за нас и за нашите соработници значи дополнителен поттик за раст на компанијата, но и за позитивно влијание на општеството во целост“, изјави генералната директорка на „Тиквеш“ Бранка Славеска и нагласи дека „Тиквеш“, кој е своевиден амбасадор на државата, чувствува должност да вложува во трасирање на патеката за освојување на светските пазари и градење на имиџот на македонското вино.

ВВ „Тиквеш“ посветено работи на целосна трансформација во т.н. „зелена” винарница. Во рамки на овој процес, го произведува првото органско вино, токму на лозовите насади на Лепово, користи најсовремени научни методи, како и вештачка интелигенција во насока на заштита на лозовите насади и обезбедување квалитетно грозје, имплементира проекти кои имаат за цел заштита на животната средина, намалување на отпадните води како и намалување на емисиите на CO₂ и вложува во обновливи извори на енергија преку инсталирање на фотоволтаици. Притоа, сето ова го споделува и со своите кооперанти и со останатите чинители во индустријата.

„Тиквеш“ како општествено одговорна компанија во целокупното работење е посветена на минимизирање на своето влијание врз животната средина, поддршка на локалните заедници и практикување највисоки стандарди за корпоративно управување.

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Новиот и целосно електричен SUV на Opel ќе го носи името Frontera!

Објавено пред

· Одржлива мобилност: нов SUV за зголемување на гамата на електрични модели на Opel.

dobivaj vesti na viber

· Фокусирани на иднината: од страна на Opel, новиот модел наречен Frontera ќе биде претставен подоцна оваа година.

Руселсхајм. Opel го најави враќањето на името Frontera во 2024 година и тоа на целосно новиот SUV модел на брендот. Новата Frontera, која ќе биде претставена подоцна оваа година, ќе биде забавен автомобил со паметни функционални карактеристики. Ќе прикаже нова робустна интерпретација на смелата и елегантна дизајнерска филозофија на Opel и ќе биде првиот сериски автомобил од германскиот бренд, што ќе го носи новиот „Blitz“ на Opel. Новата Frontera ќе биде достапна како електрично возило од самиот почеток.

Извршниот директор на Opel, Florian Huettl изјави: „името „Frontera“ идеално прилега на нашиот нов возбудлив SUV модел. Новиот опелов модел ќе има самоуверен карактер и ќе биде позициониран токму во сржта на пазарот“.

Новата Opel Frontera ќе располага со огромен простор и разноврсност и на тој начин ќе им се допадне на клиентите кои сакаат авантури, како и на семејствата. Овој нов модел ќе ја продолжи долготрајната традиција на Opel да овозможува мобилност и биде широко достапен за клиенти преку својата атрактивна цена.

Оваа година, заедно со пристигнувањето на електричната верзија на новата Frontera, планирано е промовирање на најновата генерација на Opel Grandland, исто така во целосно електричната верзија. Ова ќе означи важна пресвртница во транзицијата на брендот од Руселсхајм, кон целосно електричен бренд. Opel притоа ќе понуди, барем по една електрична верзија од целата своја гама.

Широкиот асортиман на Opel електричните модели започнува од четирициклот Rocks Electric, Corsa Electric, Mokka Electric, Astra Electric и Astra Sports Tourer Electric, до новите Combo Electric и Zafira Electric. Денес, веќе се достапни електрични верзии и од целото портфолио на комерцијални возила, вклучувајќи го новиот Combo Electric, новиот Vivaro Electric и новиот Movano Electric.

Во наредните недели, Opel ќе ги прикаже првите слики од новата Frontera, заедно со подетални информации за новиот модел.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет48 минути

Кучето на Бајден најмалку 24 пати каснало членови на Тајната служба

Кучето на американскиот претседател Џозеф Бајден најмалку 24 пати каснало агенти на американската тајна служба, кои се грижеле за безбедноста...

Свет1 час

Политико: Повеќе од 20 земји сакаат холандскиот премиер да биде новиот шеф на НАТО

Холандскиот премиер Марк Руте обезбеди поддршка од две третини од земјите на НАТО за да ја предводи воената алијанса подоцна...

Свет1 час

(Видео) Пукање на автопат во Израел, вооружени цивили им возвратија на терористите

Израелската полиција соопшти дека еден Израелец е убиен, а осум се ранети, од кои тројца потешко, во пукотница на автопатот...

Македонија1 час

Ковачевски покажува дека ниту има демократски капацитет, ниту има култура и елементарно воспитание, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Димитар Ковачевски покажува дека ниту има демократски капацитет, ниту има култура и елементарно воспитание, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Без никаков повод, само...

Регион2 часа

Четири земјотреси ја погодија Хрватска за помалку од два часа

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска неколку минути по 7 часот, регистрира Сеизмолошкиот завод...

Македонија13 часа

Пендаровски ќе биде претседателскиот кандидат на СДСМ, партиските тела ќе го гласаат на трети март

Актуелниот претседател Стево Пендаровски влегува во претседателска трка, извори од СДСМ потврдија за Макфакс. Оваа одлука на трети март ќе...

Македонија14 часа

Таравари сака претседателот да се избира во Собрание, а не на избори: „ДУИ да ја поддржи мојата кандидатура“

Кандидатот за претседател на Македонија од страна на албанскиот опозициски блок, Арбен Таравари ги објави целите поради коишто се вклучил...

Македонија15 часа

Стевчо Јакимовски кандидат за претседател на Македонија

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе биде кандидат за претседател на Македонија, на предлог на неговата партија, ГРОМ....

Македонија15 часа

Гордана Силјановска-Давкова се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одлучува на 2 март

ВМРО-ДПМНЕ објави дека на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори пријавена е професорката Гордана Силјановска Давкова...

Македонија17 часа

Швајцарија дозволува движење со старите пасоши, а Босна не ги признава ниту старите лични карти, рече Османи

Државите самите одлучуваат како ќе се однесуваат во однос на валидноста на македонските пасоши, појасни министерот Бујар Османи. Одговарајќи на...

Македонија18 часа

„ФЗО ниту беше известен, ниту учествуваше во организацијата за транспортот со хеликоптер“, се огласија од Фондот за Леонид

Од ФЗОРСМ се огласија преку зоопштение и велат дека од првиот момент со внимание го следат случајот на Л.И. од...

Топ18 часа

Повторно дете нападнало дете во училишен двор во Карпош – случајот е во рацете на полицијата

Мајка од Скопје пријавила во полицијата дека пред два дена, околу 21.40 часот, син ѝ бил нападнат во училиштен двор...

Македонија18 часа

„Ахмети ќе ја соопшти големата вест“ – ДУИ најави обраќање во живо на „Фејсбук“

Демократската унија за интегрцаија (ДУИ) објави дека утре во 11 часот, партискиот лидер Али Ахмети ќе им се обрати на...

Топ19 часа

Брат пукаше во сестра си и во нејзините два сина во Куманово – две од лицата починаа

Три лица беа застрелани, а двајца починаа во кумановското село Габреш. Според информациите од МВР, зад убиствата стои Д. Ѓ....

Македонија20 часа

Костадиновска-Стојчевска: Да се поништи конзерваторското решение за зградата кај Воената болница

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, за изградбата на висококатницата до „Воена болница“ во Скопје, информираше дека го добила Извештајот од...

Македонија21 час

Цените за катастарските услуги удрија по џебот на граѓаните: поскапувањето не е 300 отсто, туку 90

Според претседателот на Комората на трговските друштва за геодетски работи, Никола Рибароски, најновите поскапувања на тарифниците на Агенцијата за катастар...

Македонија21 час

Вкупно 56 потврдени случаи на голема кашлица, во следните недели се очекува зголемен број кај повозрасните

По денешниот редовен состанок на Комисијата за заразни болести, претседателот Александар Петличковски рече дека состојбата со големата кашлица е под...

Македонија22 часа

Ковачевски се извини: Ги прифаќам сите реакции, не сакам да дојде време да се случува она што се случуваше до 2016

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, присуствуваше на почетокот на градежните работи на објектот Универзална сала, каде повторно им се извини...

Македонија1 ден

„Мицкоски опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога“, велат СДСМ

„Мицкоски постојано е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога. Пред неколку месеци претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски и...

Македонија1 ден

„И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со СДС и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини...