Контакт

Компании

Намалени приходите и добивката на Македонски Телеком и Т-Мобиле

Објавено пред

Групацијата Македонски Телеком и Т-Мобиле во првите девет месеци бележи пад на добивката и приходите, но и покрај тоа задржана е водечката позиција на пазарот.

 

 

Приходите од продажба на ниво на Групација во првите девет месеци на 2014 година, изнесуваат 8,2 милијарди денари (околу 133 милиони евра)што е намалување за 13 отсто во споредба со истиот период во 2013 година.

 

Нето добивката пред оданочување е намалена за 14,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

 

Оперативните расходи, се намалени за 13,9% во споредба со истиот период во 2013 година, додека вкупните капитални инвестиции (CAPEX) изнесуваат 793 милиони денари.

Но, и покрај негативните трендови Македонски Телеком според интерните проценки зазема 64,6 отсто од пазарот во сегментот на фиксна телефонија и 51,5 отсто во широкопојасен интернет.

 

Наспроти падот на приходите од говорните услуги во фиксниот сегмент за 12 отсто, приходите од интернет и дигитална телевизија преку интернет протокол (IPTV) во првите девет месеци од 2014 година се зголемија за 4,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

 

Фокусот на double и triple play пакетите донесе зголемување на DSL корисниците за 4,3 отсто со што корисничката база на DSL е 190 илјади корисници на крајот од првите девет месеци од 2014 година.

 

Македонски Телеком и понатаму има најголем удел на ТВ пазарот од 22, 8 отсто (интерна проценка). Бројот на IPTV корисниците е пораснат за 15,1 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Како резултат на квалитетната услуга, интерактивноста и единственото ТВ искуство, корисничката база достигна 96 илјади корисници.

 

Во мобилната телефонија и покрај силното конкурентно опкружување Т-Мобиле Македонија останува лидер на пазарот со 46,9 отсто удел (интерна проценка) и 1,2 милиони корисници.

 

Приходите од говорните мобилни услуги се намалени за 20 отсто како резултат на намалувањето на тарифите. Продолжи трендот на зголемено користење на мобилните услуги, при што во пакетите за иста цена се опфаќаат сé повеќе минути. Тоа резултираше со зголемување на бројот на минути на користење (MOU) делумно придвижено од континуираното намалување на тарифите. Следствено, како резултат на намалувањето на цените и конкурентното опкружување  забележан е пад на просечниот приход по корисник (ARPU) за 18,8 отсто.

 

Приходите од неговорни услуги се намалија за 10,4 отсто во споредба со првите девет месеци од 2013, како резултат на помалиот број на испратени SMS, намалените интерконекциски цени на SMS и приходите од содржини. Падот на овие приходи е делумно компензиран со зголемените приходи од мобилен интернет и зголеменото користење на податочни тарифни модели, се вели во соопштението. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Алкалоид“ со потврдени сертификати за Европската Унија за добра производна пракса

Објавено пред

Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Словенија (JAZMP), по извршената инспекција во погоните за производство на лекови на „Алкалоид“ АД Скопје, ги потврди сертификатите за сообразност со начелата на Добрата производна пракса (GMP). Тие се обновени со важност од 3 години и се однесуваат на погоните за цврсти дозажни форми (таблети и капсули), течни дозажни форми за интерна и екстерна употреба, полуцврсти дозажни форми и погонот за цефалоспорини во согласност со Директивата 2003/94/ЕС и член 111(4) од Директивата 2001/83/ЕС.

Оваа редовна инспекција и проверка на Фармацевтскиот систем за квалитет на „Алкалоид“ АД Скопје се изврши на сите погони во исто време од страна на словенечката Агенција за лекови и медицински средства во улога на надзорен орган. Ваквите проверки од страна на високи регулаторни авторитети се основа за стекнување и одржување на авторизациите за пласман на производите на компанијата во Европската Унија и на најстрого регулираните пазари.

„Производство на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни лекови и производи за широка потрошувачка за кои заштитниот знак на ‘Алкалоид’ АД е синомим за високото ниво на квалитет и сигурност, како и хуманата програмско-производна определба насочена првенствено кон крајните корисници, се начелата според кои се води компанијата и ќе остане да се води во секојдневните операции, притоа строго внимавајќи на кредибилитетот и професионалниот пристап што го практикува и спроведува во севкупното свое работење“, соопштија од компанијата.

Прикажи повеќе...

Економија

Новата продавница на ИКЕА во Виена има еколошки покрив и нема паркинг

Објавено пред

Новата продавница на ИКЕА сместена на виенската станица Вестбанхоф се разликува од другите свои продавници. Таа не само што има еколошка фасада и покрив туку нема да има простор за паркирање.

Овој иновативен концепт е насочен кон урбаниот клиент и исто така укажува на одличниот систем за јавен транспорт во Виена, пренесува интернет-страницата My modern met.

IKEA Vestbanhof ќе го опфати целиот спектар на производи што клиентите ги очекуваат, но има и една новина, имено поголемите парчиња мебел ќе бидат доставени на адресата во рок од 24 часа. Тоа е нов начин на купување, кој обезбедува удобност и практичност.

Неконвенционалниот дизајн на зградата е заеднички напор на архитектите на едно виенско студио и архитектите на ИКЕА. Целта била да се создаде неформален простор за целата заедница да ужива. Зелениот покрив ќе биде отворен за јавноста дури и по работните часови на ИКЕА.

Покрај зеленилото, ќе има кафуле во областа, објави Klix.ba.

Прикажи повеќе...

Економија

„Тојота“ повлекува 3,4 милиони возила поради дефект

Објавено пред

„Тојота“ ќе повлече околу 3,4 милиони возила во целиот свет поради можен дефект на воздушните перничиња.

Одлуката ги опфаќа моделите „корола“, „корола матрикс“, „авалон“ и „авалон ХВ“ во Северна, Централна и во Јужна Америка, вклучувајќи 2,9 милиона возила во Соединетите Американски Држави.

„Тојота“ соопшти дека засега нема да има повлекување автомобили во Јапонија и Европа.

Возилата што ќе бидат повлечени потенцијално имаат проблем со електронската контролна единица, која можеби нема соодветна заштита од бучава.

„Ова може да предизвика воздушните перничиња да не се активираат или да не се активираат целосно, како и до тоа безбедносните појаси да не се затегнат пред судир“, објаснуваат од компанијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот...

Македонија7 минути

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и...

Македонија2 часа

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ3 часа

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет3 часа

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет5 часа

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија5 часа

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет5 часа

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија6 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион6 часа

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет7 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија19 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија23 часа

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија24 часа

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ1 ден

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија1 ден

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија1 ден

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија1 ден

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија1 ден

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Досие