Контакт

Компании

„Европа АД“ ја доби битката со „Пионир“ пред српските судови

Објавено пред

Стопанскиот суд во Белград ги отфрли сите обвинувања на српски „Пионир“ според кои „Европа“ АД – Скопје наводно фалсификувала нивни бонбони, соопшти македонската компанија во четвртокот.

 

Македонската компанија со 132-годишно искуство, чии количини од производот„Бонбон ноар“ пред неколку месеци беа запленети од властите кај северниот сосед, доби и правна потврда на тоа што од самиот почеток јавно го тврдеше – дека овие слатки се оригинални, односно дека воопшто не го повредуваат жигот на српскиот конкурент.

Следна постапка на „Европа“ АД – Скопје ќе биде поднесување тужба против „Пионир“ за изгубена добивка и за нарушен углед.

 

„Обвинувањата за фалсификат, запленувањето на стоката, како и поднесената пријава, беа настани во чие развивање „Европа АД“ немаше никаква улога. Нашата компанија со децении работи на српскиот пазар, каде што има долгогодишни, докажано лојални, купувачи. Тие самите знаат да го изберат вистинскиот квалитет, а со тоа што верно ги следат нашите производи истакнуваат дека и самите ја препознаваат разликата помеѓу плагијат и фалсификат“,вели Сава Димитрова, претседател на управниот одбор на „Европа“ АД – Скопје. 

 

„Пионир“ поднесе тужба пред српските судови и во неа бараше: да се утврди дека „Европа“ АД – Скопје го повредила жигот на компанијата и да се забрани производството, испораката, извозот, понудата и ставањето во промет на „Бонбон ноар“. За секоја од овие точки познатиот македонски бренд доби правна потврда дека се неосновани и целосно отфрлени. Тоа значи дека македонското претпријатие ќе може слободно и во иднина да го продава овој продукт во Србија затоа што сега има и судска одлука дека тој не е плагијат на „Негро“ на „Пионир“.

 

„Ова решение и правно го потврди тоа што ние пред неколку месеци го нагласивме – дека е во прашање крајно несериозно обвинување што нема издржаност во реалноста. „Европа“ АД – Скопје секогаш ги има предвид потребите, почитта и ставовите на своите потрошувачи и знаејќи го тоа на ум, ние никогаш не би си дозволиле да направиме нешто со кое би ја нарушиле таа доверба. Сосема спротивно, понатаму посветено ќе продолжиме да ги подобруваме веќе долго популарните производи, но и да креираме нови“,- истакнува Димитрова.

 

„Европа“ АД – Скопје уште еднаш потсетува дека во поглед на содржината, „Бонбон ноар“ е непроменет продукт којшто се создава повеќе од половина век. Тој за првпат е внесен во каталогот на компанијата пред повеќе од три децении, односно во 1982 година. Под актуелната амбалажа, пак, бонбоната се продава од 2003 и оттогаш е присутна и на пазарот во Србија, значи безмалку цели 11 години. Македонската компанија нагласува дека „Бонбон ноар“ и „Негро“ имаат различен состав.

 

Слично е што обете се базирани на лакрицот како состојка, меѓутоа, процентот на масното полнење, филувањето и изгледот на самата бонбона немаат допирни точки. Лакрицот во светот на бонбоните е применет од неколку стотини производители. Амбалажата на најголем дел од нив е комбинација од црна, бела и црвена боја. Причина за тоа е токму лакрицот чијшто изглед најчесто се комуницира со овој колорит. И глобални марки како „Харибо“, „Салос“, „Јанки“ и „Клене“ за своите бонбони базирани на лакриц со години се придржуваат до истиот пристап, се појаснува во соопштението на скопксата компанија. /крај/

 

Економија

„Еуроимпекс“ во партнерство со меѓународниот проект во рамките на Програмата „Еразмус+“

Објавено пред

Компанијата „Еуроимпекс“ го продолжува партнерството со меѓународниот проект во рамките на Програмата „Еразмус+“, која се случи во февруари оваа година.

Продолжувајќи ја традицијата на взаемна соработка, Еуроимпекс и оваа година соработуваше со АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје, во процесот на реализирањето на проект од Програмата „Еразмус+“, под името: „Развивање на професионалните и меките вештини за полесно вклучување на пазарот на труд“.

Сите фотографии објавени во горенаведениот текст се креирани во февруари месец 2020та година. Со тоа лицата на фотографиите не се задолжени да носат заштитни маски

Сите фотографии се креирани во февруари 2020 година. Со тоа лицата на фотографиите не се задолжени да носат заштитни маски

Учениците реализираа практична обука во времетраење од 14 дена, во февруари месец оваа година, во сервисните центри за возила во Вилниус, а исто така, реализираа и часови по практична настава во партнерското стручно училиште ”Vilniaus automechanikos ir verslo mokykla”.

Со цел учениците да можат полесно да се вклучат и да се адаптираат на работните услови во сервисните центри за возила во Вилниус, Еуроимпекс ДОО овозможи професионална подготовка на тој начин што учениците беа директно вклучени во сервисниот работен процес во Еуроимпекс, реализирајќи различни задачи во областа на автомобилската мехатроника, користејќи најразличен алат и опрема, со несебична поддршка и менторство од страна на одговорните лица на компанијата. Во процесот на подготовка, учениците учествуваа во тимската работа на компанијата, го подигнаа квалитетот на своите комуникациски способности и сл.

Поддршката од страна на компанијата Еуроимпекс беше од големо значење и придонесе за зголемувањето на успешноста на реализирањето на обуката, со оглед на тоа што учениците за време на практичната обука во Вилниус, вршеа комплетен сервис на различни видови возила, дијагностика, користеа современ алат и уреди, ги усовршија и своите меки вештини (комуникација, однос со вработени, тимска работа и сл.), се запознаа со најсовремени системи на возила, тестери, макети, симулатори и сл. Добиените меѓународни сертификати за секој ученик поединечно, ја потврдуваат успешноста на реализираната практична обука во Литванија.

Сите фотографии се креирани во февруари 2020 година. Со тоа лицата на фотографиите не се задолжени да носат заштитни маски

Во проектот, беа вклучени и 6 наставници, кои разменија искуства со наставниците од партнерското училиште во Вилниус, чиишто искуства можат да се применат во иднина во АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје, а, исто така, и во процесот на соработка со долгогодишниот социјален партнер Еуроимпекс ДОО.

„Отворањето на вратите на нашите сервисни центри и пружање на професионални обуки на студентите и учениците, секогаш било добредојдено во нашата компанија. Еуроимпекс како општествено одговорна компанија има за цел да им овозможи на идните генерации можност одблиску да се запознаат со работењето и да стекнат искуство повеќе при соочување со реален проблем и сервис на некое возило. На тој начин во иднина истите тие студенти ќе можат да дадат свој придонес во општеството и подобрување на работниот кадар на автомобилските компании“, изјави, Зоран Серафимовски – извршен директор на Еуроимпекс.

*Сите фотографии објавени во горенаведениот текст се креирани во февруари месец 2020та година. Со тоа лицата на фотографиите не се задолжени да носат заштитни маски.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска: Кризата донесе можности за жените претприемачи и дигитализацијата

Објавено пред

Оваа криза предизвикана од Ковид-19 донесе големи предизвици, но истовремено и можности за технологиите и жените претприемачи и таа треба да се искористи за да ги направиме работите подобри во иднина, порача министерката за финансии, Нина Ангеловска, на виртуелната меѓународна конференција организирана од Women in Tech на панел со тема „Дипломатската визија да се охрабрат жените во науката, технологијата, инженерство и математиката“.

„Дигиталниот е единствениот начин за развој, за одењето чекор понатаму. Веќе ја немаме можноста да избираме дали ќе работиме на традиционален или дигитален начин, сега сите мора да се адаптираат. Ова мора да се искористи мудро, особено од страна на жените претприемачи. Оваа пандемија ќе заврши – а кога ќе заврши, од нас зависи колку попаметно, поефективно и подобро ќе функционираме. Сè ќе зависи од тоа колку бргу ќе се адаптираме на ситуацијата. Вработените, граѓаните и фирмите ќе имаат нови способности, нови бизнис-модели ќе се развијат, голем дел ќе се промени, а технологијата, дефинитивно, ќе одигра клучна улога во сето тоа, во секоја дејност и економија во светот“, рече Ангеловска.

На виртуелната меѓународна конференција „Жени во технологијата“ учествуваа 150 говорници од 60 земји од светот. Инаку, Ангеловска е една од првите седум амбасадорки на дигитална трговија на УНКТАД – телото на Oбединетите нации за трговија и развој.

Прикажи повеќе...

Економија

„Изиџет“ укинува една третина од работните места

Објавено пред

Британската нискобуџетска авиокомпанија „Изиџет“ објави дека планира да укине 4.500 работни места и да ја смени флотата на авионите за да се приспособи на помалата потрошувачка на урнатиот пазар за патувања поради Ковид-19.

Компанијата вработува 15 илјади луѓе во осум европски земји, а следните денови планира да почне процес на советување за планираните откази.

Најавија дека во втората половина од годината ќе летаат со речиси 30 проценти капацитет, што одговара на 302 авиона или 51 помалку од претходно планираните за 2021 година.

Како што се додава во соопштението, од компанијата се насочуваат на намалување на трошоците и дека продолжуваат со разговори со компании за лизинг за продажба на авионите за да се соберат дополнителни средства.

Се проценува дека продажбата би можела да собере меѓу 300 и 650 милиони фунти, малку повеќе од процените во април.
Коронавирусот ги фрли на колена авионкомпаниите во светот принудувајќи ги да ги приземјат авионите и да укинат десетици илјади работни места за да може да се подготват за значително поинаков пазар на патувања во следните три години.

Ирски „Рајанер“, најголемиот нискобуџетски конкурент на „Изиџет“, потоа „Бритиш ервејс“ и „Вирџин Атлантик“ уште во април најавија намалување на бројот на вработени за 18 илјади.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија6 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија6 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија7 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија8 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија8 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион9 часа

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија9 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија10 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија11 час

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија11 час

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија12 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија12 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет12 часа

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет12 часа

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет23 часа

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија1 ден

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија1 ден

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт1 ден

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија1 ден

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Досие