Контакт

Компании

„Европа АД“ ја доби битката со „Пионир“ пред српските судови

Објавено пред

Стопанскиот суд во Белград ги отфрли сите обвинувања на српски „Пионир“ според кои „Европа“ АД – Скопје наводно фалсификувала нивни бонбони, соопшти македонската компанија во четвртокот.

 

Македонската компанија со 132-годишно искуство, чии количини од производот„Бонбон ноар“ пред неколку месеци беа запленети од властите кај северниот сосед, доби и правна потврда на тоа што од самиот почеток јавно го тврдеше – дека овие слатки се оригинални, односно дека воопшто не го повредуваат жигот на српскиот конкурент.

Следна постапка на „Европа“ АД – Скопје ќе биде поднесување тужба против „Пионир“ за изгубена добивка и за нарушен углед.

 

„Обвинувањата за фалсификат, запленувањето на стоката, како и поднесената пријава, беа настани во чие развивање „Европа АД“ немаше никаква улога. Нашата компанија со децении работи на српскиот пазар, каде што има долгогодишни, докажано лојални, купувачи. Тие самите знаат да го изберат вистинскиот квалитет, а со тоа што верно ги следат нашите производи истакнуваат дека и самите ја препознаваат разликата помеѓу плагијат и фалсификат“,вели Сава Димитрова, претседател на управниот одбор на „Европа“ АД – Скопје. 

 

„Пионир“ поднесе тужба пред српските судови и во неа бараше: да се утврди дека „Европа“ АД – Скопје го повредила жигот на компанијата и да се забрани производството, испораката, извозот, понудата и ставањето во промет на „Бонбон ноар“. За секоја од овие точки познатиот македонски бренд доби правна потврда дека се неосновани и целосно отфрлени. Тоа значи дека македонското претпријатие ќе може слободно и во иднина да го продава овој продукт во Србија затоа што сега има и судска одлука дека тој не е плагијат на „Негро“ на „Пионир“.

 

„Ова решение и правно го потврди тоа што ние пред неколку месеци го нагласивме – дека е во прашање крајно несериозно обвинување што нема издржаност во реалноста. „Европа“ АД – Скопје секогаш ги има предвид потребите, почитта и ставовите на своите потрошувачи и знаејќи го тоа на ум, ние никогаш не би си дозволиле да направиме нешто со кое би ја нарушиле таа доверба. Сосема спротивно, понатаму посветено ќе продолжиме да ги подобруваме веќе долго популарните производи, но и да креираме нови“,- истакнува Димитрова.

 

„Европа“ АД – Скопје уште еднаш потсетува дека во поглед на содржината, „Бонбон ноар“ е непроменет продукт којшто се создава повеќе од половина век. Тој за првпат е внесен во каталогот на компанијата пред повеќе од три децении, односно во 1982 година. Под актуелната амбалажа, пак, бонбоната се продава од 2003 и оттогаш е присутна и на пазарот во Србија, значи безмалку цели 11 години. Македонската компанија нагласува дека „Бонбон ноар“ и „Негро“ имаат различен состав.

 

Слично е што обете се базирани на лакрицот како состојка, меѓутоа, процентот на масното полнење, филувањето и изгледот на самата бонбона немаат допирни точки. Лакрицот во светот на бонбоните е применет од неколку стотини производители. Амбалажата на најголем дел од нив е комбинација од црна, бела и црвена боја. Причина за тоа е токму лакрицот чијшто изглед најчесто се комуницира со овој колорит. И глобални марки како „Харибо“, „Салос“, „Јанки“ и „Клене“ за своите бонбони базирани на лакриц со години се придржуваат до истиот пристап, се појаснува во соопштението на скопксата компанија. /крај/

 

Економија

Новата Daikin Perfera – парапетна единица за беспрекорен домашен амбиент

Објавено пред

Кога станува збор за правилен избор за климатизација на домот, особено е важно да изберете систем со кој ќе постигнете висока енергетска ефикасност, ќе ги намалите своите трошоци, а притоа ќе можете да си дозволите идеална атмосфера и комплетна удобност.

Без оглед на тоа дали станува збор за свежина во текот на летото или пријатност за време на зимата, на вашиот простор за живеење му треба чувство на благосостојба во текот на целата година, што ќе ви овозможи да се чувствувте пријатно и удобно.

Парапетната единица Perfera е создадена да го направи вашиот дом удобен. Стилски дизајниран преден панел и тивко работење како главни карактеристики, ја претвораат секоја просторија во вистински место за комплетна удобност.

Уникатни карактеристики за греење

Perfera овозможува максимална удобност благодарение на уникатните карактеристики во опцијата за греење:

1) Heat boost го загрева домот при стартување на климатизерот.

Поставената температура се достигнува 14% побрзо отколку кај обичен климатизер.

2) Функцијата Heat plus симулира зрачење на топлина 30 минути за да овозможи удобрно греење, а потоа се активираат претходните поставки.

3) Функцијата за затоплување на подот ја оптимизира конвекцијата со распределба на топлиот воздух од долниот дел на единицата.

Дизајнирани за паметна удобност

Изгледот на парапетната единица Perfera е функционален, но сепак стилски. Нејзиниот компактен и елегантен дизајн лесно се вклопуваат во повеќето современи ентериери, а високите перформанси ѝ овозможуваат да постигне неверојатна ефикасност.

Истовремено тивка и моќна, Perfera ви го нуди најдоброто како во опциите за греење и ладење, така и во дизајн и перформанси.

Преку мобилната апликација Daikin Residential Controller, можете да ја поврзете вашата Perfera со Wi-Fi и да управувате со климатизацијата од секаде преку вашиот смартфон, а има можност и за управување со гласовна контрола преку Amazon Alexa или Google Assistant.

Квалитет на воздух

Perfera содржи неколку филтри за да овозможи внатрешен воздух со најголем квалитет.

Flash Streamer со помош на забрзани електрони активира хемиски реакции со честичките што се пренесуваат преку воздух и ги уништува алергените, како на пример полен, бактерии и габи, ги отстранува непријатните мириси и овозможува подобар и почист воздух.

Рамномерна распределба на воздухот

Двојниот проток на воздух на Perfera парапетната единица е совршен за да создаде идеално ниво на греење. Воздухот се насочува нагоре и надолу за да спроведе подеднакво топлина.

Тивко работење

Perfera користи специјално дизајниран вентилатор кој го оптимизира протокот на воздух и создава високa енергетска ефикасност при ниско ниво на звук. За уште поголема енергетска ефикасност, Daikin исто така дизајнираше нов вентилатор кој добро се вклопува во компактните димензии на Perfera. Заедно, вентилаторот и разменувачот на топлина произведуваат врвни енергетски перформанси, сепак работат на ниво на звук што е практично нечуено.

Енергетски ефикасни

Подобрениот дизајн на Perfera ја зголемува енергетската ефикасност уште повеќе во споредба со претходните модели. Достапна со технологијата Bluevolution за повеќе да се намали влијанието врз системот и напојувана од 80% обнова на енергија од воздух и 20% струја. Технологијата со инвертор овозможува заштеда на енергија дури за 30%.

Perfera може да се користи во поставување со една внатрешна единица во поврзување со една надворешна единица, или во апликација со повеќе внатрешни единици поврзани со една надворешна единица – Multi-Split.

Прочитајте повеќе за системите на Daikin на ликот подолу: daikin.mk

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

„Пежо 208“ и „2008“ на врвот во своите категории при изборот за „Светски автомобил на годината за жени“

Објавено пред

На 11-тото издание на изборот за „Светски автомобил на годината за жени“, ова уникатно жири, составено исклучиво од жени новинарки од автомобилскиот сектор, ја донесе одлуката за секоја од 9-те постојни категории. PEUGEOT 208 ја освои титулата во категоријата најдобар градски автомобил. PEUGEOT 2008 ја освои титулата во категоријата најдобар урбан SUV.

Создадено во 2009 година, жирито за „Светски автомобил на годината за жени“ го сочинуваат 50 жени, новинарки од автомобилскиот сектор кои доаѓаат од 38 различни земји и 5 континенти. Прво, овие новинарки избраа 3 најдобри автомобили во секоја категорија.

На крајот од вториот круг, PEUGEOT 208 излезе како победник во категоријата најдобри градски автомобили против Toyota Yaris и Honda Jazz. Со признанието „Автомобил на годината за 2020 година“ и веќе освоените 24 награди, PEUGEOT 208 го освои Б сегментот и придонесува за успехот на гамата на PEUGEOT. Неговиот спортски изглед и прецизен дизајн му даваат врвен карактер кој совршено се вклопува со издигањето на пазарот на брендот PEUGEOT. На крајот на јануари 2021 година, од неговото лансирање досега беа продадени 265.000 PEUGEOT 208 ширум светот. Потоа на крајот од вториот круг, PEUGEOT 2008 е избран за победник во категоријата најдобар урбан SUV против Renault Captur и Kia Sonet. Како симбол на статус и идентитет, PEUGEOT 2008 е целосно во согласност со стилот на гамата на PEUGEOT истовремено истакнувајќи се со својот впечатлив дизајн. Автомобил со добро држење и истовремено прикажува моќен и карактеристичен стил. До крајот на јануари 2021 година, од неговото лансирање досега беа продадени 203,000 примероци на PEUGEOT 2008 ширум светот.

PEUGEOT 208 и 2008, исто така, ја играат својата улога во ерата на енергетска транзиција бидејќи доаѓаат во бензинска (бензин и дизел) и електрична верзија. Овие 2 возила беа избрани според следниве критериуми: безбедност, удобност, технологии и поврзаност, сооднос квалитет / цена, влијание врз животната средина и дизајн. Затоа, PEUGEOT 208 и 2008 се во трка за конечен избор за „Светски автомобил на годината за жени“, чии резултати ќе бидат објавени на 8 март 2021 година, на Меѓународниот ден на жената.

ПР-текст

Прикажи повеќе...

Економија

Што е животно осигурување и како функционира?

Објавено пред

Кога ќе се спомене зборот осигурување на поголемиот дел од нас прво им паѓа на памет осигурување на возилото, на домот, на деловните простории, истите оние нешта што имаат одредена вредност и значење за нас. Првенствено одбираме да ги осигуриме материјалните нешта кои се помалку или повеќе заменливи, но често недостасува навика да одбераме осигурување кое може да обезбеди финансиска заштита за нашето семејство. Животното осигурување е најценет и најчест облик на осигурување во развиените земји, и тоа од повеќе причини. Пред сè затоа што е заштита на оние кои финансиски зависат од нас и второ затоа што на него се гледа како на штедење. Полисите за животно осигурување претставуваат единствен финансиски производ кој во исто време нуди опција за осигурување од ризик и штедење.

Полисата за животно осигурување овозможува лична безбедност и грижа за себе и за семејството. А исто така, добива и дополнителна вредност токму по истекот на полисата, со враќање на вложените средства на осигуреникот. Осигуреникот по истекот на полисата средствата може да ги искористи за значајни животни приоритети: патување, реновирање, стипендиска рента, пензиска рента и можност со дел од средствата повторно да направи полиса за осигурување на живот за себе или некој близок.

Склучување договор за животно осигурување опфаќа различни барања и референци во зависност од полот, возраста, животниот стил и животните навики. Индивидуалното осигурување на животот на осигурителната компанија „Кроација осигурување“ нуди голем број предности и можности кога е во прашање полиса за животно осигурување. Полисата Индивидуално осигурување на животот нуди можност за избор на должина на полисата меѓу 10 и 25 години, избор на начинот на плаќање, како и прилагодување на сумата што се уплаќа, почнувајќи од минимална годишна сума од приближно 11.000 денари.

И најважно е при склучување на животно осигурување да се направи правилен избор на компанија што има знаење, традиција, стабилност и сигурност во работењето. Кроација осигурување е компанија која успешно работи во осигурителниот сектор од нејзиното основање во 1884 година, воедно е првата компанија за осигурување живот регистрирана во земјава и финансиска институција кај нас која поседува меѓународен сертификат за воспоставен систем за управување согласно стандардот за квалитет ISO 9001:2015, меѓународен сертификат за воспоставен систем за задоволство на корисниците и процес за управување со поплаки согласно стандардот ISO 10002:2018.

 

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 минути

Србија денеска ќе ѝ донира 100.000 дози вакцини на Босна и Херцеговина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на аеродромот во Сараево ќе го предаде контингентот вакцини на компанијата „Астразенека“, што Србија...

Свет10 минути

Шок бомби, кациги и импровизирани шлемови на протестите во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар активираше шок-бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар. Тие се собраа пред...

Свет11 час

Кина им забрани на наставниците да ги тепаат и навредуваат учениците

Кина воведе забрана за казнување во училиштата што може да предизвика физичка и психолошка траума, бидејќи неколку ученици починаа во...

Свет12 часа

Навални, Грета Тунберг, СЗО и Трамп номинирани за Нобелова награда за мир

Приближно 329 номинации пристигнаа за Нобеловата награда за мир оваа година, како одраз на бројни горливи прашања низ целиот свет...

Свет15 часа

ОН: Русија е одговорна за труењето на Навални

Според меѓународното право, Русија е одговорна за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наведуваат во прелиминарните наоди експертите за...

Македонија17 часа

234 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19 од направени...

Македонија18 часа

(Видео) Oрганизаторите на настани протестираа пред Владата: Наместо да пуштаме гласна музика, една година сме тивки

Со мотото „ПОМЕН – една година тишина“, со транспаренти во рацете „Спасете ја ивент-индустријата“, вработените во продукциските компании за организирање...

Македонија19 часа

Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот

Универзалната сала во Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и...

Регион21 час

Во Хрватска помалку од 100 новозаразени од коронавирус, од денес попуштање на мерките

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 91 нов случај на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни...

Македонија22 часа

Шекеринска: Можевме да не кажеме дека ни е вратен капарот за кинеската вакцина

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вели дека, доколку сакале, можеле да скријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни...

Европа22 часа

Германија ги попушта мерките, се отвораат фризерските салони

Фризерите во Германија од денес ги отвораат салоните по двомесечна забрана, што е уште еден претпазлив чекор кон отворање на...

Свет23 часа

„Модерна“ почнува да ја испитува вакцината против јужноафриканскиот вид коронавирус

Испитувањата на вакцината што ја разви лабораторијата на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид ќе почнат во средината на март во САД,...

Топ23 часа

Во Струмичко растурена свадба со 300 гости, МВР подготвува кривични пријави

Струмичката полиција на 28 февруари добила дојава по што службеници извршиле контрола во селото Банско, каде што била организирана свадба,...

Свет24 часа

Нетанјаху: Иран е нашиот најголем непријател, јас сум решен да го запрам и ќе удриме во целиот регион

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес го обвини Иран дека стои зад експлозијата што се случи минатата недела во израелски...

Македонија1 ден

Почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците

Од денеска почнува првата фаза на пописот, со која ќе бидат опфатени дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците. Попишувањето...

Свет1 ден

(Видео) Израел повторно ја гранатира Сирија

Израел повторно ја гранатира Сирија, соопшти сириската државна агенција. Израел ги гранатира иранските позиции во близина на Дамаск. Како што...

Регион1 ден

Карантин за Подгорица и уште неколку градови во Црна Гора 

Комисијата за заштита на населението од Ковид-19 на предлог на Институтот за јавно здравје, денеска донесе нови мерки. Според нив,...

Македонија2 дена

Пратеник направил скандал на Блаце: „Никаде не чекам ред, нема ни тука да чекам“

Пратеникот Абдула Салиу од Алијансата на Албанците, на враќање од Косово направил скандал на граничниот премин Блаце. Тој бил со...

Македонија2 дена

Повлечен e авансот за кинеските вакцини, од Министерството за здравство велат дека договорот не е откажан

Министерството за здравство потврди дека го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на кинеските вакцини од „Синофарм“. Оттука сепак...

Македонија2 дена

Регистрирани 305 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лицa

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови...

Досие