Контакт

Компании

„Европа АД“ ја доби битката со „Пионир“ пред српските судови

Објавено пред

Стопанскиот суд во Белград ги отфрли сите обвинувања на српски „Пионир“ според кои „Европа“ АД – Скопје наводно фалсификувала нивни бонбони, соопшти македонската компанија во четвртокот.

 

Македонската компанија со 132-годишно искуство, чии количини од производот„Бонбон ноар“ пред неколку месеци беа запленети од властите кај северниот сосед, доби и правна потврда на тоа што од самиот почеток јавно го тврдеше – дека овие слатки се оригинални, односно дека воопшто не го повредуваат жигот на српскиот конкурент.

Следна постапка на „Европа“ АД – Скопје ќе биде поднесување тужба против „Пионир“ за изгубена добивка и за нарушен углед.

 

„Обвинувањата за фалсификат, запленувањето на стоката, како и поднесената пријава, беа настани во чие развивање „Европа АД“ немаше никаква улога. Нашата компанија со децении работи на српскиот пазар, каде што има долгогодишни, докажано лојални, купувачи. Тие самите знаат да го изберат вистинскиот квалитет, а со тоа што верно ги следат нашите производи истакнуваат дека и самите ја препознаваат разликата помеѓу плагијат и фалсификат“,вели Сава Димитрова, претседател на управниот одбор на „Европа“ АД – Скопје. 

 

„Пионир“ поднесе тужба пред српските судови и во неа бараше: да се утврди дека „Европа“ АД – Скопје го повредила жигот на компанијата и да се забрани производството, испораката, извозот, понудата и ставањето во промет на „Бонбон ноар“. За секоја од овие точки познатиот македонски бренд доби правна потврда дека се неосновани и целосно отфрлени. Тоа значи дека македонското претпријатие ќе може слободно и во иднина да го продава овој продукт во Србија затоа што сега има и судска одлука дека тој не е плагијат на „Негро“ на „Пионир“.

 

„Ова решение и правно го потврди тоа што ние пред неколку месеци го нагласивме – дека е во прашање крајно несериозно обвинување што нема издржаност во реалноста. „Европа“ АД – Скопје секогаш ги има предвид потребите, почитта и ставовите на своите потрошувачи и знаејќи го тоа на ум, ние никогаш не би си дозволиле да направиме нешто со кое би ја нарушиле таа доверба. Сосема спротивно, понатаму посветено ќе продолжиме да ги подобруваме веќе долго популарните производи, но и да креираме нови“,- истакнува Димитрова.

 

„Европа“ АД – Скопје уште еднаш потсетува дека во поглед на содржината, „Бонбон ноар“ е непроменет продукт којшто се создава повеќе од половина век. Тој за првпат е внесен во каталогот на компанијата пред повеќе од три децении, односно во 1982 година. Под актуелната амбалажа, пак, бонбоната се продава од 2003 и оттогаш е присутна и на пазарот во Србија, значи безмалку цели 11 години. Македонската компанија нагласува дека „Бонбон ноар“ и „Негро“ имаат различен состав.

 

Слично е што обете се базирани на лакрицот како состојка, меѓутоа, процентот на масното полнење, филувањето и изгледот на самата бонбона немаат допирни точки. Лакрицот во светот на бонбоните е применет од неколку стотини производители. Амбалажата на најголем дел од нив е комбинација од црна, бела и црвена боја. Причина за тоа е токму лакрицот чијшто изглед најчесто се комуницира со овој колорит. И глобални марки како „Харибо“, „Салос“, „Јанки“ и „Клене“ за своите бонбони базирани на лакриц со години се придржуваат до истиот пристап, се појаснува во соопштението на скопксата компанија. /крај/

 

Економија

Среќна недела во „Нептун“ од 1 до 8 октомври – големи попусти и до 60 рати без камата!

Објавено пред

HAPPY WEEK акција во „Нептун“ со големи попусти и до 60 рати, БЕЗ камата на цените со попуст! Од 1 до 8 октомври, до 60 рати без камата со haPPy -кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички и синдикална продажба, потрошувачите ќе може да си ги купат потребните производи по промотивни цени со големи попусти. Разгледајте ги понудите во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија и изберете од најголемиoт избор на: компјутери, лаптопи и таблети, мобилни телефони, телевизори, клима уреди, фрижидери, машини за перење/сушење, плотни, фурни, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. Целокупната понуда за акцијата Happy Week, може да се разгледа на https://www.neptun.mk/.

„Нептун Македонија“ е дел од „Балфин“ една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот и е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Neptun“, „Jumbo“, “Spar” и други. Овој месец на ниво на “Neptun International” се најавува нова комуникациска стратегија преку “магичниот” збор “АЈДЕ” кој во нашиот балкански регион на повеќе различни јазици има едно исто значење, двигателен повик кој едноставно дава позитивно и лесно решение кое Нептун го нуди на луѓето и нивните секојдневни предизвици. Нептун е место кое нуди решенија, место во кое ги олеснуваме нашите животи преку купување на најновите и најдобрите технологии и апарати за домаќинство. Со нетрпение очекуваме што сѐ ќе содржи новиот концепт на Нептун. Во меѓувреме, АЈДЕ во Нептун на шопинг со големи попусти и до 60 рати без камата!

„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Ако залади, грејната сезона може да почне и порано

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одржа координативен состанок со снабдувачите на топлинска енергија „Снабдување со топлина БЕГ“, „ЕСМ енергетика“ и „Скопје Север“. Претставниците на енергетските компании разговараа со регулаторите за подготвеноста на топланите за снабдување со топлинска енергија во пресрет на новата грејна сезона 2020/2021 година.

„БЕГ, ‘ЕСМ енергетика’ и ‘Скопје Север’ ги имаат направено сите неопходни подготовки за почеток на грејната сезона. Две опции се можни во однос на почетокот на грејната сезона. Според првата, грејната сезона почнува на 15 октомври и трае до 15 април наредната година. Според втората опција, по исклучок, снабдувањето може да почне и од 1 октомври доколку прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква од 12 Целзиусови степени, според податоците на УХМР. Инаку, сите три топлани согласно препораките од Министерството за здравство се соодветно организирани во тимови што ќе работат на смени сè со цел да им излезат во пресрет на потребите на потрошувачите. Во изминатиот период поради состојбата со Ковид19, повеќето од енергетските компании ги дигитализираа услугите за информирање и пријавување на дефекти за сервис преку соодветни платформи на нивните веб-страници.

Да ве информирам дека до 31 октомври поедноставени се условите за исклучување на корисниците на топлинска енергија од системот чии што станови се празни, односно не се користат. Граѓаните ќе треба да достават само барање за исклучување и изјава до снабдувачот, кое практично и автоматски ќе се прифати, со што овие граѓани ќе го плаќаат фиксниот надоместок за топлинска енергија. Но, по завршувањето на грејната сезона, овие граѓани ќе мора да потврдат дека станот бил празен во текот на грејната сезона, со тоа што во мај наредната година ќе треба да приложат сметки за електрична енергија со максимална дозволена фактурирана потрошувачка до 50 kW/h месечно или максимално до 350 kWh за изминатата грејна сезона“, изјави претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски.

Во Скопје вкупно 60.000 домаќинства и објекти се греат на топлинска енергија. Од почетокот на годината до сега има околу 1.000 нови потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на топлина.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Битиќи: Да ги доведеме до минимум бирократските процеси, за полесна работа на компаниите и подобар живот на граѓаните

Објавено пред

Дури и во денешното време на дигитализација и брз проток на информации во многу земји од светот сè уште на бирократијата се гледа како на масивен, тром и неефикасен систем, кој бавно се приспособува на потребите на реалниот сектор и на потребите на граѓаните, истакна заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој по покана на организацијата „Македонија 2025“, се обрати на настанот на кој беше претставен Индексот на бирократија, истражување направено во шест европски земји, во заедничка соработка на „Македонија 2025“, CivicaMobilitas, Институтот за економски и социјални студии (INESS ) од Република Словачка и и регионалната канцеларија на фондацијата Friedrich Nauman.

Битиќи рече дека значаен дел од зголемување на ефективноста и ефикасноста во работењето се сведува тоа да ги доведеме до минимум сите бирократски процеси, за компаниите и за граѓаните, на тој начин да ја олесниме нивната работа, кусо кажано – да ги растовариме од непотребните бирократски процедури.

„Во повеќе наврати истакнувам дека Владата ќе биде посветена на создавање платформа за економски развој, која ќе овозможи побрз и одржлив раст и развој на економијата на Северна Македонија на долг рок, што со сигурност ќе донесе нови работни места, подобри плати, нови патишта, железнички пруги, водоводи, пречистителни станици, училишта, градински, болници, кусо кажано: подобар и поквалитетен живот. Со инклузивен процес, во кој ќе бидат вклучени сите чинители во економското живеење, стопанските комори, синдикатите, академската заедница, меѓународните партнери, граѓанските организации, преку процес на консултации и дискусии, ќе работиме на унапредување на законската регулатива, со која ќе се упростат и олеснат бирократските процедури. Веќе е поставен планот за мапирање на сите законски постапки низ кои граѓаните и стопанството ги остваруваат своите права и обврски кон државата, како и законските рокови за постапување од страна на државните органи или институции. Создавањето на овој единствен регистар ќе има повеќекратни придобивки: ќе укаже на предолги или непотребни бирократски чекори и рокови, ќе создаде услови за поголема транспарентност и отчетност на државните службеници што се во служба на граѓаните, ќе се зголемат ефективноста и ефикасноста во постапувањето, голем дел од постапките ќе се дигитализира, а можеби најважно – ова ќе биде моќна алатка за сузбивање на корупцијата“, потенцира вицепремиерот.

Битиќи во името на Владата посочи дека во наредните четири години посветено ќе се работи на намалување на бирократските процедури, унапредување на условите за водење на бизнис и силна борба против корупцијата и сивата економија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент на Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски, што беше навестена...

Регион2 часа

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА. Ограничувањата на копнените граници се...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Топ4 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Македонија6 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија6 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија19 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион1 ден

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион1 ден

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ1 ден

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет1 ден

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија1 ден

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија1 ден

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет1 ден

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет1 ден

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет2 дена

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија2 дена

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија2 дена

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Досие