Контакт

Компании

„Европа АД“ ја доби битката со „Пионир“ пред српските судови

Објавено пред

Стопанскиот суд во Белград ги отфрли сите обвинувања на српски „Пионир“ според кои „Европа“ АД – Скопје наводно фалсификувала нивни бонбони, соопшти македонската компанија во четвртокот.

 

Македонската компанија со 132-годишно искуство, чии количини од производот„Бонбон ноар“ пред неколку месеци беа запленети од властите кај северниот сосед, доби и правна потврда на тоа што од самиот почеток јавно го тврдеше – дека овие слатки се оригинални, односно дека воопшто не го повредуваат жигот на српскиот конкурент.

Следна постапка на „Европа“ АД – Скопје ќе биде поднесување тужба против „Пионир“ за изгубена добивка и за нарушен углед.

 

„Обвинувањата за фалсификат, запленувањето на стоката, како и поднесената пријава, беа настани во чие развивање „Европа АД“ немаше никаква улога. Нашата компанија со децении работи на српскиот пазар, каде што има долгогодишни, докажано лојални, купувачи. Тие самите знаат да го изберат вистинскиот квалитет, а со тоа што верно ги следат нашите производи истакнуваат дека и самите ја препознаваат разликата помеѓу плагијат и фалсификат“,вели Сава Димитрова, претседател на управниот одбор на „Европа“ АД – Скопје. 

 

„Пионир“ поднесе тужба пред српските судови и во неа бараше: да се утврди дека „Европа“ АД – Скопје го повредила жигот на компанијата и да се забрани производството, испораката, извозот, понудата и ставањето во промет на „Бонбон ноар“. За секоја од овие точки познатиот македонски бренд доби правна потврда дека се неосновани и целосно отфрлени. Тоа значи дека македонското претпријатие ќе може слободно и во иднина да го продава овој продукт во Србија затоа што сега има и судска одлука дека тој не е плагијат на „Негро“ на „Пионир“.

 

„Ова решение и правно го потврди тоа што ние пред неколку месеци го нагласивме – дека е во прашање крајно несериозно обвинување што нема издржаност во реалноста. „Европа“ АД – Скопје секогаш ги има предвид потребите, почитта и ставовите на своите потрошувачи и знаејќи го тоа на ум, ние никогаш не би си дозволиле да направиме нешто со кое би ја нарушиле таа доверба. Сосема спротивно, понатаму посветено ќе продолжиме да ги подобруваме веќе долго популарните производи, но и да креираме нови“,- истакнува Димитрова.

 

„Европа“ АД – Скопје уште еднаш потсетува дека во поглед на содржината, „Бонбон ноар“ е непроменет продукт којшто се создава повеќе од половина век. Тој за првпат е внесен во каталогот на компанијата пред повеќе од три децении, односно во 1982 година. Под актуелната амбалажа, пак, бонбоната се продава од 2003 и оттогаш е присутна и на пазарот во Србија, значи безмалку цели 11 години. Македонската компанија нагласува дека „Бонбон ноар“ и „Негро“ имаат различен состав.

 

Слично е што обете се базирани на лакрицот како состојка, меѓутоа, процентот на масното полнење, филувањето и изгледот на самата бонбона немаат допирни точки. Лакрицот во светот на бонбоните е применет од неколку стотини производители. Амбалажата на најголем дел од нив е комбинација од црна, бела и црвена боја. Причина за тоа е токму лакрицот чијшто изглед најчесто се комуницира со овој колорит. И глобални марки како „Харибо“, „Салос“, „Јанки“ и „Клене“ за своите бонбони базирани на лакриц со години се придржуваат до истиот пристап, се појаснува во соопштението на скопксата компанија. /крај/

 

Економија

Секоја фирма може да доставува фактури по електронски пат

Објавено пред

Владата донесе уредба со која, во насока на превенција од Ковид-19, се овозможува секоја фирма да издава фактури во електронска форма, ПДФ, без разлика дали е потпишана со дигитален сертификат или не, до своите клиенти, соопшти Министерството за финансии.

„На овој начин компаниите ќе се ослободат од потребата за печатење и достава на фактури во услови на намалени ресурси и дополнително ќе се стимулира промена на навиките во иднина. Опцијата за печатена фактура за оние граѓани и фирми што го преферираат тоа и понатаму е отворена.

Доколку компанијата поседува имејл или контакт-телефон од купувачот, ќе може да почне да му ги испраќа фактурите по електронски пат. Доколку не поседува, ќе продолжи да им ги испраќа во печатена форма по пошта на тие приматели.

Примачот на фактурата, доколку не сака да добива сметка/фактура по електронски пат во рок од 10 дена од приемот, ќе може да информира дека претпочита хартиена форма. Доколку не одговори, ќе се смета дека се согласил. Фактурата во електронска форма ќе мора да ги содржи сите елементи за цели на ДДВ“, се наведува во соопштението од Министерството.

Прикажи повеќе...

Економија

„Визер“ ќе им ги врати парите на патниците што резервирале билети

Објавено пред

„Визер“ најави дека сите летови од скопската база ќе бидат суспендирани до 4 април. Овие мерки беа објавени на 18 март, следејќи ги рестрикциите на македонските власти во обидите да го спречат ширењето на коронавирусот.

Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокоманијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од оригиналната цена ќе бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на „Визер“. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.

„Визер“ се извинува за непријатностите како резултат на забраните за патување и откажувањето на летовите и ги уверува своите патници дека сигурноста и добросостојбата на патниците и екипажот останува нивен приоритет.

Прикажи повеќе...

Економија

Од утре нови процедури за влез и излез од земјата за транспортните компании

Објавено пред

Транспортот на стока се нормализира, воведени се и нови процедури за превоз на стока како во домашниот така и во меѓународниот транспорт согласно настанатата состојба, информираа денеска на прес-конференција министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

Сугарески рече дека е постигнат договор со сите надлежни институции за тоа дека секоја транспортна компанија за влез и излез од земјата од утре мора да поседува дозвола што се однесува на професионални возачи на товарни возила, а која ќе ја издава Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

„Овие нови процедури се воведуваат за непречено одвивање на меѓународниот транспорт на стока. За да нема застој, ги упатуваме транспортните компании дозволите да ги вадат и преку Асоцијациите на транспортери. Исто така утврдени се и нови процедури за постапување во синџирот на утовар-растовар и превоз на стока во внатрешниот сообраќај. Овие процедури се однесуваат на работењето на магацинските делови за прием и испорака на стока, на царинските и граничните премини, на шпедитерските услуги и директно на возачите кои го вршат превозот на стока во внатрешниот и меѓународен сообраќај”, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Министерот потенцираше дека на компаниите на располагање им стои и целиот капацитет на железнички транспорт. Тој информираше дека запазени се сите мерки и ограничувања во делот на превозот на патници.

Во однос на градежниот сектор, министерот истакна дека се очекува намалување на градежната активност поради настаната состојба, но и дека нема голем застој во реализација на капиталните проекти.

Директорот на Царинската управа информираше дека движењето на стока продолжува непречено да се спроведува и дека се преземени сите мерки за олеснување на царинските постапки.

„Имено, за времетраење на полицискиот час дозволено е движење на транспортни средства во рамките на транзитна постапка со транзитен придружен документ Т1, извоз на стоки со извозен придружен документ EXMK, како и заедничко извозно-транзитна постапка. Превозниците кои се движат во рамките на поедноставена постапка во транзит и поедноставена постапка, при локално царинење увоз не смеат во никој случај да ја напуштат одобрената локација за времетраење на полицискиот час. Ова ослободување од ограничување важи за царинските подружници: Табановце, Блаце, Деве Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Богородица и Меџитлија. Во рамки на ЦЕФТА, заедно со Транспортниот секретаријат на ЕУ и Европската комисија се договараат протоколи за лесно и безбедно движење на стоките. Договорено е воведување на размена на информации пред пристигнување и соодветно зелен и син канал за побрз проток на определени стоки и олеснување на транспорт”, изјави директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

Тој истакна дека како дополнителни мерки за олеснување на царинското работење по предлог на Министерството за економија и на Царинската управа ќе се донесе одлука за ослободување на плаќање на царина за средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, заштитни очила, медицинска опрема.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Конјуктивитис може да биде симптом на заразата со коронавирус

Американското друштво на офталмолози ги предупредува своите членови да водат сметка за тоа дека и конјуктивитис, познат како „црвено око“,...

Свет23 минути

СЗО: Не носете маска за лице, освен ако не сте заразени

Претставници на Светската здравствена организација вчера порачаа дека се уште им препорачуваат на луѓето да не носат маски за лице,...

Свет43 минути

Во светот бројот на заболени од коронавирус достигна речиси 800.000

Во светот утрово се регистрирани вкупно 785.807 случаи на заболени од коронавирус, починале 37.820 луѓе, а се излечиле 165.659, покажуваат...

Македонија1 час

Претседателот свика седница на Советот за безбедност

Денеска со почеток во 14 часот во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност...

Македонија12 часа

Затворите ќе примаат нови осуденици од септември

Владата ја усвои уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на...

Македонија12 часа

ЕУ ќе издвои 38 милиони евра за медицинска опрема за земјите од Западен Балкан

Европската комисија донесе одлука да им додели 38 милиони евра на земјите од Западен Балкан за помош со заштитна опрема...

Македонија12 часа

Ученичките и студентските домови ќе бидат ставени на располагање на време на епидемијата со коронавирус

На денешната владина седница е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време...

Македонија14 часа

(Видео) МВР најави кривична пријава: Место да седи во изолација заразил повеќемина

МВР ќе поднесе кривична пријава против Ф.К. коj се однесувал спротивно од одлуките на Владата, ги прекршил мерките за самоизолација...

Македонија15 часа

Се затвора Заводот за рехабилитација во Козле, 8 вработени и двајца пациенти имаат коронавирус

Заводот за рехабилитација во Козле ќе се затвори, откако тестовите на 8 медицински лица покажале позитивни наоди на Ковид-19, информираше...

Македонија15 часа

(Видео) Филипче: Пациентка која починала во струшката болница е тестирана за коронавирус

Викендов во струшката општа болница за коронавирус била тестирана пациентка откако починала. Министерот за здравство, Венко Филипче, извести дека пациентката...

Свет17 часа

Нетанјаху во самоизолација, негов соработник има коронавирус

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наоѓа во самоизолација бидејќи негов соработник, пратеник, е позитивен на коронавирусот. Нетанјаху до утре треба...

Македонија18 часа

(Видео) Македонското знаме се развиори пред седиштето на НАТО

На свечена церемонија пред седиштето на НАТО во Брисел денеска беше развиорено македонското знаме кога земјата и официјално стана 30....

Македонија18 часа

Уште една жртва на коронавирусот, 26 нови заразени и девет излекувани

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на...

Македонија19 часа

Досега во организација на МНР вратени се 1.842 македонски граѓани од странство

По апелот за пријавување македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по...

Македонија19 часа

Здравствени работници направиле прекршоци во случајот на стружанката која почина од коронавирусот

Има прекршувања во случајот со почината стружанка од коронавирусот, која и покрај тоа што имала упат од матичниот лекар, не...

Свет19 часа

Што е паметен карантин, кој го воведува Чешка?

Во Чешка почна тестирање преку таканаречен паметен карантин, што значи следење на луѓето преку користење телефони и банкарски картички. Паметниот...

Македонија21 час

Нухиу: Петмина полициски службеници се заразени со коронавирус

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на својот фејсбук-профил објави дека петмина полициски службеници се заразени со коронавирус додавајќи дека...

Економија21 час

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од вечерва на полноќ бензините ќе поевтинат, а дизелот ќе поскапи, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на бензинот...

Европа22 часа

Фон дер Лаен: ЕУ интензивно ќе им помогне на Италија и Шпанија

Европската Унија многу интензивно ќе им помага на Италија и Шпанија во борбата против коронавирусот, изјави претседателката на Европската комисија,...

Свет22 часа

Веќе шест дена нема нови заболени од коронавирус во Вухан, се отвораат продавниците и трговските центри

Нема нови случаи на заразени од коронавирус во Вухан веќе неколку дена, продавниците се отвораат и животот полека се враќа...

Досие