Контакт

Компании

„Европа АД“ ја доби битката со „Пионир“ пред српските судови

Објавено пред

Стопанскиот суд во Белград ги отфрли сите обвинувања на српски „Пионир“ според кои „Европа“ АД – Скопје наводно фалсификувала нивни бонбони, соопшти македонската компанија во четвртокот.

 

Македонската компанија со 132-годишно искуство, чии количини од производот„Бонбон ноар“ пред неколку месеци беа запленети од властите кај северниот сосед, доби и правна потврда на тоа што од самиот почеток јавно го тврдеше – дека овие слатки се оригинални, односно дека воопшто не го повредуваат жигот на српскиот конкурент.

Следна постапка на „Европа“ АД – Скопје ќе биде поднесување тужба против „Пионир“ за изгубена добивка и за нарушен углед.

 

„Обвинувањата за фалсификат, запленувањето на стоката, како и поднесената пријава, беа настани во чие развивање „Европа АД“ немаше никаква улога. Нашата компанија со децении работи на српскиот пазар, каде што има долгогодишни, докажано лојални, купувачи. Тие самите знаат да го изберат вистинскиот квалитет, а со тоа што верно ги следат нашите производи истакнуваат дека и самите ја препознаваат разликата помеѓу плагијат и фалсификат“,вели Сава Димитрова, претседател на управниот одбор на „Европа“ АД – Скопје. 

 

„Пионир“ поднесе тужба пред српските судови и во неа бараше: да се утврди дека „Европа“ АД – Скопје го повредила жигот на компанијата и да се забрани производството, испораката, извозот, понудата и ставањето во промет на „Бонбон ноар“. За секоја од овие точки познатиот македонски бренд доби правна потврда дека се неосновани и целосно отфрлени. Тоа значи дека македонското претпријатие ќе може слободно и во иднина да го продава овој продукт во Србија затоа што сега има и судска одлука дека тој не е плагијат на „Негро“ на „Пионир“.

 

„Ова решение и правно го потврди тоа што ние пред неколку месеци го нагласивме – дека е во прашање крајно несериозно обвинување што нема издржаност во реалноста. „Европа“ АД – Скопје секогаш ги има предвид потребите, почитта и ставовите на своите потрошувачи и знаејќи го тоа на ум, ние никогаш не би си дозволиле да направиме нешто со кое би ја нарушиле таа доверба. Сосема спротивно, понатаму посветено ќе продолжиме да ги подобруваме веќе долго популарните производи, но и да креираме нови“,- истакнува Димитрова.

 

„Европа“ АД – Скопје уште еднаш потсетува дека во поглед на содржината, „Бонбон ноар“ е непроменет продукт којшто се создава повеќе од половина век. Тој за првпат е внесен во каталогот на компанијата пред повеќе од три децении, односно во 1982 година. Под актуелната амбалажа, пак, бонбоната се продава од 2003 и оттогаш е присутна и на пазарот во Србија, значи безмалку цели 11 години. Македонската компанија нагласува дека „Бонбон ноар“ и „Негро“ имаат различен состав.

 

Слично е што обете се базирани на лакрицот како состојка, меѓутоа, процентот на масното полнење, филувањето и изгледот на самата бонбона немаат допирни точки. Лакрицот во светот на бонбоните е применет од неколку стотини производители. Амбалажата на најголем дел од нив е комбинација од црна, бела и црвена боја. Причина за тоа е токму лакрицот чијшто изглед најчесто се комуницира со овој колорит. И глобални марки како „Харибо“, „Салос“, „Јанки“ и „Клене“ за своите бонбони базирани на лакриц со години се придржуваат до истиот пристап, се појаснува во соопштението на скопксата компанија. /крај/

 

Економија

Сеавус Code Talks посветен на темата „Concourse CI, поинаков пристап за CI/CD“ ќе се одржи на 21 септември

Објавено пред

Меѓународната компанија за развој на софтвер Сеавус, која е дел од групацијата Арикома, го најавува својот претстоен Code Talks настан.

По успешното организирање на повеќе Code Talks настани во земји каде има свои претставништва, како Белорусија, Србија, Македонија и Шведска, на кои имаа можност да учествуваат бројни софтверски инженери и технолошки ентузијасти, Сеавус го најавува својот трет хибриден Code Talks настан за оваа година.

Ова Code Talks издание ќе се фокусира на Concourse CI платформата, а ќе се одржи на 21 септември, од 16:00 до 18:00 часот.

Александар Андонов, технички менаџер на DevOps во oдделот за услуги на управување (Managed Services) во Сеавус ќе биде говорник на овој настан и ќе зборува за Concourse CI платформата како еден поинаков пристап за континуирана интеграција и континуирана испорака. Говорникот ќе ги објасни предностите, слабостите и перспективата на Concourse континуираната интеграција, која овозможува подобро искористување на ресурсите за CI/CD, и ќе прикаже како да го направиме развојот поагилен, а поставувањето на верзии потранспарентно. Ќе се зборува и за тоа на кој начин Concourse нуди различен, а сепак ефективен пристап за автоматизација кој е толку прикладен за континуирана интеграција и континуирана испорака (CI/CD). Предавањето ќе се одржи на англиски јазик.

Code Talks настаните се место на кое експертите од Сеавус ги споделуваат своите технички знаења и практични искуства со заедницата на програмери и им нудат на учесниците одлична можност да научат нови работи, да ги подобрат своите вештини, да постават прашања и да добијат одговор, како и да стекнат нови познанства и пријателства со некои од учесниците со кои го делат истиот ентузијазам за технологија и програмирање.

Овој Code Talks настан ќе заврши со панелот TheLionTalk, на кој сите учесници ќе можат да постават прашање и да добијат одговор.

Сите кои се заинтересирани да присуствуваат на настанот треба да се пријават на следниов линк: https://codetalks.seavus.com/seavus-code-talks-remote-event-21092021

Со нетрпение ве очекуваме!

***

Seavus® е друштво за програмерски и консултантски услуги со докажана историја во обезбедување на сеопфатни бизнис-решенија за претпријатија. Друштвото има над 800 IT-експерти во целиот свет и нуди низа на опции за производи и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар од неколку канцеларии во светот. Нивното зголемувачко портфолио опфаќа: BSS/OSS, CRM, CEM, решенија за деловно известување, ALM, врградено програмирање, деловни и потрошувачки производи, мобилни и гејминг решенија, управувани услуги, како и прилагодено програмирање, консултантски услуги и рисорсинг. Портфолиото на Сеавус вклучува успешни приказни со светски телекомуникациски провајдери и производители на мобилни уреди, организации од банкарската и финансиската индустрија, електронски уреди за широка потрошувачка, како и со технолошки, образовни, владини, здравствени организации, итн.

 

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Credissimo прославува 5 години пари навреме со подароци од 5 000 ден. секој ден!

Објавено пред

Наградите во најголемата финтек компанија Credissimo немаат крај!

Пред само неколку седмици заврши наградната игра ,,Освежи си го летото со Credissimo”, во која што главната награда беше Аll inclusive одмор во Турција со директен чартер лет.

Компанијата овој месец веќе започна со официјалната прослава на својот 5-ти роденден. По повод првиот училишен ден и 5-тиот роденден на Credissimo, беа раздадени подароци со училишен прибор на 550 првачиња во 18 училишта низ цела Македонија.

Каква е роденденската промоција?

Сега тие имаат нова специјална роденденска промоција “5 години пари навреме – подарок 5 000 ден. секој ден!“.

Во наградната игра ќе учествуваат сите одобрени и исплатени кредити од 13.09.2021 до 29.11.2021. Секој одобрен и исплатен кредит во овој временски период носи можност за награда од 5 000 ден. секој ден работен ден, од понеделник до петок. Рокот на наградната игра е 11 седмици, а извлекувањата се вкупно 55.

Каде ќе бидат објавени добитниците?

Среќните добитници ќе бидат објавени на веб сајтот на Credissimo и нивната фејсбук страница.

Освен подароците и наградите доделени во наградните игри, тие ги наградуваат нивните редовни клиенти и со попуст од трошоците при секој следен земен кредит. Попустот постојано се зголемува ако клиентот редовно си ги плаќа неговите месечни рати. Овие бенефиции се дел од Лојалната програма, која што беше создадена специјално за лојалните корисници.

Што е наградата?

Новата наградна игра е резултат на петгодишната доверба и лојалност на нивните клиенти. Наградите од 5 000 ден. секој ден, уште еднаш ја потврдуваат нивната благодарност кон клиентите, а воедно и респект за добро изградените односи и долгогодишната соработка.

Во изминатите 5 години компанијата посветено работеше и разработи нови стратегии и програми за подобрување на корисничката поддршка и за тоа клиентите да бидат позадоволни од услугите што ги нудат.

Постојано се надоградуваат во нивните онлајн и целосно технолошки решенија за задоволување на финансиските потреби на клиентите во секторот на брзите кредити. Од компанијата најавуваат нови финтек процеси со цел повисок квалитетет на услугата и за наредната година.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Новите академии на Brainster – прозорец до професиите на иднината

Објавено пред

Живееме во време кога на пазарот на труд му недостасува кадар што треба да ги пополни најбараните работни позиции, а образовните системи не успеваат истиот да го произведат. Овој тренд е толку распространет што е порелевантно брзо да се развијат специфични вештини, отколку да се поминат неколку години на факултет и да се дипломира во некоја од споменатите професии.

Оваа идеја потекнува од неодамна објавената статија на Forbes, што сугерира дека би било поефикасно доколку бизнисите се фокусираат на доусовршување на вработените за „специфични задачи и активности, а не за цели работни места“. Ова подразбира дека процесот на подготвување на вработените за нова или постоечка вештина е пократок, што пак заштедува време и пари за секого. Тука на сцена стапи EdTech секторот.

Веќе некое време компаниите од овој сектор нудат решение за овој проблем со тоа што создаваат работна сила подготвена да се справи со потребите на современиот пазар на труд. Дополнително, учењето од далечина им овозможи на EdTech компаниите да работат во различни земји и да не бидат ограничени само на една локација.

Пет години од основањето, Brainster со сигурност се движи по патот кој носи големи достигнувања. До денес, близу 10.000 алумни од 4 различни земји поминаа низ академиите и курсевите на Brainster. Оваа компанија забележа и импресивна стапка на вработеност од 80% на своите дипломирани студенти.

Минатиот месец ја постигнаа и нивната најнова цел – лансирање на 5 нови Brainster академии: Дигитален маркетинг и Full-stack Web програмирање за интернационалниот пазар;: Full-stack HR, Project & Product Management за македонскиот пазар; како и Business Intelligence (и за македонскиот и за интернационалниот пазар).

Моделот на учење на овие академии е новост во Brainster, што значи дека тие нудат флексибилно и структурирано образовно искуство за студентите. Методот на работа на Brainster е базиран на постојано подобрување, а овие подобрувања се направени врз основа на длабински анализи на искуството на студентите, чии барања се сфаќаат многу сериозно.

Една од главните грижи за некои од нив беше распоредот на предавањата. Многумина од студентите мораат да ја балансираат работата и приватниот живот со учењето на нови вештини. Затоа, новите академии воведуваат флексибилно искуство за учење, што е најнова иновација на Brainster, во обидот да се издигне процесот на учење на ново ниво. Академиите се организирани во модули кои се состојат од курсеви за учење со самостојно темпо и часови во живо.

Модулите им овозможуваат на студентите флексибилност, односно следење на предавањата по самостојно темпо секогаш кога тоа се вклопува во нивниот распоред во текот на работната недела, а во исто време ја одржуваат структурата на програмата, бидејќи на крајот на секоја недела предвиден е и час во живо кој ги сумира самостојно научените лекции и се состои од директна интеракција во живо со инструкторите на Brainster.

Во однос на практичната работа, овие академии ќе им овозможат на студентите да научат нови вештини работејќи на реални проекти за реални компании кои се партнери за ко-иновација на Brainster, а сето тоа под менторство на докажани инструктори кои нудат совети, насоки и поддршка за како најдобро студентите да ги совладаат предизвиците кои произлегуваат на секоја од академиите.

На овие академии предвиден е и посебен модул каде што студентите ќе можат да добијат кариерни совети од експерти за човечки ресурси и кариерни советници. Тие ќе учат: како да го подготват своето CV, како да поминат низ процесот на апликација, како да се подготват за интервју, и како да ги покажат своите технички, но и меки вештини стекнати од академиите. Идејата е да им се обезбеди на студентите целосно и подобрено искуство во Brainster – од првиот ден, па сè до нивното вработување во компаниите.

Покрај тоа, новата платформа за Co-innovation & Hiring овозможува постојан контакт со повеќе од 300 локални и интернационални компании со цел да обезбеди искуства од реалниот сектор и вработување за студентите на Brainster.

Дознајте повеќе за новите академии на Brainster овде.

 

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Заев: Со Бугарија ќе бараме европско решение за двојна победа

Актуелниот момент поврзан со членството на Северна Македонија во ЕУ и состојбите во регионот беа главна тема на средбата на...

Македонија14 часа

29 починати и 561 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.384 тестирања, а регистрирани се 561 нов случај на...

Македонија16 часа

Почина двегодишно дете со Ковид-19 кое имало претходни здравствени проблеми

Од Министерството за здравство информираат дека во денешната статистика за Ковид-19 на Институтот за јавно здравје ќе биде заведено и...

Македонија17 часа

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тоа значи...

Македонија19 часа

„Избери живот, гласај зелено!“ – ДУИ го откри слоганот за локалните избори

„Избери живот, гласај зелено!“ е слоганот со кој Демократската унија за интеграција ќе настапи на претстојните локални избори, кои ќе...

Македонија20 часа

Русковска барала вештачење на телефонот со кој бил фотографиран Рашковски

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, стапила во контакт со сопственикот на порталот каде што беше...

Македонија20 часа

Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред два дена ја добило документацијата за модуларната болница во Тетово...

Македонија21 час

Маричиќ: Власта не се меша во истрагата за пожарот во Тетово

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше...

Македонија21 час

(Видео) Мисајловски: Одбивањето оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција во врска со трагедијата во Тетово и прашањето за оставки во Владата...

Македонија23 часа

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“

Синоќа, во 21 часот пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини како донација од Бугарија. „Вчера, Северна Македонија доби донација од повеќе...

Регион23 часа

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет23 часа

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија2 дена

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија2 дена

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет2 дена

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија2 дена

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет2 дена

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија2 дена

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Регион2 дена

(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се...

Македонија3 дена

(Видео) Уште 44 бегалци од Авганистан пристигнаа во Македонија

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа уште 44 бегалци од Авганистан. Од Владата соопштија дека станува збор за активисти...

Досие