Контакт

Компании

Здравје Радово промовираше нов јогурт, наскоро со уште една фабрика и нови вработувања

Објавено пред

Млекарницата Здравје Радово во вторникот во Скопје го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +, а воедно најави дека наскоро ќе отвори нов производствен капацитет во Битола и ќе отвори нови работни места.
 

dobivaj vesti na viber

Млекарницата Здравје Радово во вторникот во Скопје го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +, а воедно најави дека наскоро ќе отвори нов производствен капацитет во Битола и ќе отвори нови работни места.

 

 

Со новиот јогурт, Здравје Радово ја збогати палетата на висококвалитетни млечни производи, во кои се и стандардните јогурти Здравје со 3,2 и 1,5 масленост.

 

Извршниот директор на компанијата Панделе Панделески истакна дека виталноста, енергијата и хармонијата биле трите столба на кои што работеле технолозите на фабриката при изработката на новиот јогурт.

 

„Овој производ е наменет за сите оние кои внимаваат на себе и на своето здравје. За деновите кога виталноста значи се, кога е потребна енергија плус, и кога хармонијата е движечка сила која носи здравје. Новиот функционален јогурт Здравје + го раздвижува дигестивниот систем, создавајќи рамнотежа во организмот на нашите консументи“ изјави Панделески.

 

Директорката на маркетинг Милка Исјановска посочи дека компанијата внимателно ја разработувала целата стратегија, од дизајн до маркетинг алатки.

 

„Големите компании како Млекара Здравје Радово не треба само да го следат вкусот на консументите, тие треба да бидат креатори на здрави и квалитетни вкусови.

 

Одговорноста кон потрошувачите е огромна, затоа ќе продолжиме да инвестираме во здравјето на нашите потрошувачи. Здравје + е функционален високо квалитетен јогурт каков што заслужуваат нашите консументи“, рече Исјановска.

 

Од компанијата најавија дека до крајот на годината ќе биде отворена целосно нова модерна фабрика во Битола која ќе работи со нова технологија и ќе ги исполнува највисоките стандарди.

 

Директорот Панделески појасни дека  потребата за нова фабрика се наметнала од зголемената побарувачка и со отворањето на можноста за извоз на големиот руски пазар.

 

„Големата побарувачка на наши производи ја наметна потребата од дополнителни капацитети за производство. Со гордост можам да најавам дека во овие турбулентни времиња кај нас и во поширокото опкружување, одлучивме да инвестираме во нов, четврти капацитет“, рече Панделески, додавајќи дека тоа ќе биде можност за вработувања на нови лица.

 

Исјановска, пак, најави дека како први производи кои ќе излезат од новиот капацитет ќе бидат ухт и свежото млеко во нови модернизирани пакувања.

 

Млекарницата Здравје Радово, која започна со осум вработени и дневна обработка на 2.500 литри млеко, денес има над 340 вработени, а капацитетот за обработка надминува 100.000 литри млеко на ден./крај/ап

Економија

SEAT S.A. постигна историски рекордни финансиски резултати благодарение на двоцифрениот раст и ефикасноста на SEAT и успехот на CUPRA

Објавено пред

“Кога станува збор за SEAT, ви ветувам дека најдоброто допрва доаѓа“

dobivaj vesti na viber

SEAT S.A. постигна историски рекордни финансиски резултати, благодарение на двоцифрениот раст и ефикасноста на SEAT и успехот на CUPRA

· Оперативната добивка на SEAT S.A. достигна рекордни 625 милиони евра, повратот од продажба достигна 4,4%, а прометот за минатата година се зголеми на 14,3 милијарди евра

· Нова инвестиција во брендот SEAT се новите освежувања на Ibiza и Arona, како и подобрувањето на Leon и Ateca

· Во 2024 година е планирано лансирањето на CUPRA Tavascan и CUPRA Terramar

SEAT S.A. ги претстави своите резултати за 2023 година заедно со својата стратегија за претстојните години. Минатата година, според Меѓународните сметководствени правила (МСФИ), оперативната добивка достигна рекордни 625 милиони евра, зголемувајќи се за 592 милиони евра (2022: 33 милиони евра). Ова претставува подобрување на повратот на продажбата од 4,1 процентен поен, од 0,3% на позитивни 4,4%. Годишниот промет исто така достигна историски 14,333 милијарди евра, 31,0% повеќе од 2022 година (10,941 милијарди). Овие резултати ја потврдуваат силата на компанијата и успехот на нејзината постојана стратегија за трансформација.

„Зад себе оставаме година во која SEAT S.A. ги објави најдобрите финансиски резултати во својата 73-годишна историја, осигурувајќи се дека нашата компанија продолжува на својот пат кон попрофитабилна иднина“, рече Вејн Грифитс, извршен директор на SEAT и CUPRA. „2023 година беше година на огромни контрасти за автомобилската индустрија, како и за нашата компанија, бидејќи продолживме да се движиме низ морето на несигурност додека ја претрпевме најголемата трансформација во нашата историја“.

 

„Во 2023 година, SEAT S.A. направи голем чекор на своето патување на трансформација: имавме за цел да направиме значително подобрување и тоа е она што успеавме да го направиме. Постигнавме рекорди на сите времиња во промет, оперативна добивка и оперативен готовински тек. Ова совршено ги одразува позитивните ефекти од растот на обемот на марката CUPRA и обновувањето на обемот на марката SEAT, како и важноста на напредокот што го постигнавме со нашата програма за подобрување на перформансите“, рече Дејвид Пауелс, потпретседател за финансии и ИТ во SEAT. С.А.

ИНВЕСТИЦИИ ВО БРЕНДОТ НА SEAT

Гледајќи во иднината, SEAT S.A. ја има поставено вистинската стратегија за да го одржи профитабилниот раст на компанијата. Брендот SEAT ќе игра клучна улога во ова и компанијата ќе лансира подобрени plug-in хибридни и штедливи автомобили на SEAT.

Arona и Ibiza ќе добијат подобрување во 2025 година, а во следните месеци, марката ќе лансира нова и подобрена верзија на SEAT Leon, со технички и технолошки надградби. Понатаму, Ateca ќе биде подобрен и неговиот животен циклус ќе се продолжи.

„Го враќаме брендот SEAT таму каде што припаѓа, продолжувајќи го двоцифрениот раст од минатата година со нови инвестиции во брендот и неговите модели. Исто така, разгледуваме што можеме да испорачаме во електричниот свет под брендот SEAT. Кога станува збор за SEAT, ви ветувам дека најдоброто допрва доаѓа“, додаде Вејн Грифитс.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„Зегин онлајн“ е најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина за 2023 година

Објавено пред

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија вчеравечер се одржа Ecommerce Awards, избор на најдобрите во македонската е-трговија.

dobivaj vesti na viber

Компанијата Зегин со е-продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата „Најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина“, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.

Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкурентноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци.

„Оваа награда, трета по ред претстаува уште еден доказ за успешноста на работењето на онлајн продавницата на Зегин- www.zegin.com.mk и е одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина. Ви благодариме за лојалноста и довербата!“, велат од компанијата за наградата.

Манифестација за доделување на македонските Награди за е-трговија за 2023 година – E-commerce Awards, се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Тековните предизвици и можности на винските пазари и значењето на географските ознаки за македонското вино – теми во фокусот на регионалната конференција за вино

Објавено пред

Како да се искористат актуелните трендови на глобалните вински пазари за подобро позиционирање на македонското вино, како да се зголеми препознатливоста на нашите вина, зошто е исклучително важно воведувањето географски ознаки на виното и какви придобивки ќе донесе овој процес. Ова се само некои од прашањата за кои се имаше дискусија на регионалната конференција за вино, што ја организираа здружението „Вина од Македонија“ и винарската визба „Тиквеш“, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

dobivaj vesti na viber

„За да се зголемат продуктивноста и додадената вредност на домашната винска индустрија, нејзината конкурентност и вредноста на извозот, како и нејзината отпорност на тековните предизвици, вклучувајќи ги и ризиците од климатските промени, неопходни се големи вложувања во знаење, во нови технологии и дигитализација, во организација, окрупнување на лозјата и создавање ефикасни кооперантски односи, како и во воведување нови правила, стандарди и механизам за државна поддршка и поголема регионална соработка. Сето ова мора да се заснова на научен пристап користејќи ги искуствата на развиените земји, кои поминале низ оваа трансформација и може да ни помогнат да го оствариме она што е нашата главна задача – зголемување на извозот на квалитетно вино, кое ќе биде препознатливо и ценето од потрошувачите во светот“, порача во своето воведно обраќање на конференцијата претседателот на здружението „Вина од Македонија“, Светозар Јаневски.

Во рамките на конференцијата се одржаа три работни сесии на кои реномирани експерти од Универзитетот „Гајзенхајм“ во Германија, професорите Јон Ханф и Силвија Димер говореа за состојбите на глобалниот пазар на вино, за спецификите на посебните пазарни нишки во Европа и за значењето на правните и техничките услови за извоз на вино. Една од поважните пораки што ја потенцираа експертите се однесуваа на важноста на заедничкиот настап на компаниите на пазарот истакнувајќи дека ваквиот пристап може да креира ефективни резултати доколку секоја компанија настапи одговорно и самостојно покрај заедничките активности како кластер.

Поздравувајќи ја организацијата на оваа конференција, регионалниот советник за земјоделство во германската амбасада во Скопје, Франк Мулер, го нагласи значењето на соработката помеѓу здружението „Вина од Македонија“ и ГИЗ акцентирајќи дека за долгорочен одржлив развој на винската индустрија неопходна е соработка и со универзитетите бидејќи научниот пристап во воведувањето и примената на унифицирани стандарди за производство и пласман на висококвалитетно вино од регионот е повеќе од неопходен.

За најновите движења во интрарегионалната трговија со грозје и вино во рамките на Западен Балкан говореше и извршната директорка на здружението „Вина од Македонија“, Елена Младеновска-Јеленковиќ, која ја нагласи неопходноста од воспоставување заеднички вински бренд со загарантирано географски потекло како еден од клучните предуслови за зголемување на препознатливоста на овдешните вина од страна на потрошувачите на пазарите во ЕУ и пошироко.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ17 минути

МВР со нови детали за пукањето во Тетово: пронајдено возилото од кое беше пукано во куќа на тетовец

Синоќа, во 22.45 часот, во СВР Тетово, М. Т. од Тетово пријавил дека од патничко возило „фолксваген поло“ во движење...

Македонија1 час

Над еден милион евра незаконски се поделени како социјална помош, најмногу пари потрошени во Гостивар и Прилеп

Над еден милион евра државни пари се поделени како социјална помош на лица што не ги исполнувале условите оти на...

Македонија3 часа

Универзалната сала не изгоре, изгоре она што требаше да биде дислоцирано, вели Арсовски

Надзорниците на изградбата на Универзална сала, објект што во вторникот пламна во пожар, по денешниот брифинг со медиумите, рекоа дека...

Македонија4 часа

Постојан приход на родителите е решение на проблемот со децата питачи, омбудсманот алармира дека сегашните мерки не даваат резултат

Досегашните мерки за згрижување на децата од улица и работата со нив не го даваат посакуваниот резултат, вели Васка Бајрамовска-Мустафа...

Македонија4 часа

(Видео) Господ ми даде сила, ја фатив за уши и успеав да ја турнам, раскажа сточарот кој беше нападнат од мечка

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се сретна и разговара со повредениот Цане Србиновски, 61-годишник, жител на село Дреновци во општина...

Македонија6 часа

Грција реагира за употребата на името Македонија во кампањата, а сѐ уште ги нема ратификувано меморандумите поврзани со преспанскиот договор

Грчките медиуми пишуваат дека Атина одблиску ги следи политичките изјави поврзани со преспанскиот договор и употребата на името Македонија во...

Топ6 часа

МВР со детали: Непознато лице пукало од автомобил во движење во семејната куќа во Тетово

Непознато лице од автомобил во движење пукало во семејната куќа во Тетово. МВР се огласи по инцидентот што синоќа ги...

Македонија7 часа

(Видео) Пендаровски заигра оро во Кавадарци, Силјановска со коментар: „Ни се случува ‘Тешкото’“

Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски, повторно се фати за оро за време на митинзите. Во Кавадарци му се...

Регион8 часа

Братот на убиецот закопан, мештаните револтирани: За неговиот гроб се знае, но каде е на Данка?“

Далибор Драгијевиќ (40) од Злот, брат на Дејан Драгијевиќ (50), кој е осомничен дека на 26 март ја уби малата...

Свет8 часа

Најтешките поплави во последните децении во Русија, евакуации и во Казахстан – „Целиот град ни е под вода“

Русија соопшти дека ситуацијата е многу напната бидејќи нивото на водата продолжи да расте во градот Оренбург и околните области....

Свет8 часа

Америка предупредува: Очекуваме ирански напад врз Израел

САД очекуваат дека ќе има напад од Иран врз Израел, но тој нема да биде од толку голем обем за...

Регион8 часа

(Видео) Голем пожар кај Нови Сад, повеќе од 10 возила на противпожарната служба се на терен

Голем пожар утрово околу 4.30 часот ја зафати населбата Бангладеш кај Нови Сад. На терен има повеќе од десет противпожарни...

Македонија8 часа

Пендаровски: Јас сум првиот претседател што постави жена за аѓутант во Армијата, прва во историјата на нашата држава

Пред граѓаните на Гевгелија, кандидатот за претседател Стево Пендаровски даде коментар на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски...

Македонија24 часа

По завршување на истрагата, ќе продолжи реконструкцијата на Универзална, да не се шират шпекулации, рече министерката Костадиновска-Стојчевска

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по пожарот што ја зафати Универзална сала, денеска изјави дека Министерството за култура ги чека...

Македонија1 ден

Во затворот „Идризово“ се извршија претреси на повеќе простории, извести МВР

Министерството за внатрешни работи извести дека денеска под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ „Идризово“, даде асистенција...

Топ1 ден

Велосипедист загина по удар од комбе во Скопје – МВР со детали за несреќата

Шеесет и осумгодишен велосипедист загина во сообраќајна несреќа во Скопје. Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера околу 11...

Економија1 ден

Тутунопроизводителите да си ги проверат сметките, денес исплатени 1,5 милијарда денари за субвенции, порача Николовски

Денеска, на сметките на речиси 14.300 тутунопроизводители се исплатени субвенциите за реколтата од 2023 година во вредност од речиси една...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Поради дефект на компресорите, беа одложени елективните програми, а не итните случаи

Министерството за здравство информира дека поради дефект на еден од компресорите, во текот на два дена беше одложен елективниот програм,...

Топ1 ден

Во тек е голема полициска акција во затворот „Идризово“, извршени претреси

Во тек е голема полициска акција во затворот „Идризово“. Се вршат претреси, а од Обвинителството ја потврдуваат акцијата. „Во акција...

Македонија1 ден

Цикличен хибрид – Македонија назадува во правото и борбата против корупцијата, нотира извештајот на „Фридом хаус“

Назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата во Северна Македонија бележи најновиот извештај „Државите во транзиција“ (Nations in...