Контакт

Компании

Здравје Радово промовираше нов јогурт, наскоро со уште една фабрика и нови вработувања

Објавено пред

Млекарницата Здравје Радово во вторникот во Скопје го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +, а воедно најави дека наскоро ќе отвори нов производствен капацитет во Битола и ќе отвори нови работни места.
 

Млекарницата Здравје Радово во вторникот во Скопје го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +, а воедно најави дека наскоро ќе отвори нов производствен капацитет во Битола и ќе отвори нови работни места.

 

 

Со новиот јогурт, Здравје Радово ја збогати палетата на висококвалитетни млечни производи, во кои се и стандардните јогурти Здравје со 3,2 и 1,5 масленост.

 

Извршниот директор на компанијата Панделе Панделески истакна дека виталноста, енергијата и хармонијата биле трите столба на кои што работеле технолозите на фабриката при изработката на новиот јогурт.

 

„Овој производ е наменет за сите оние кои внимаваат на себе и на своето здравје. За деновите кога виталноста значи се, кога е потребна енергија плус, и кога хармонијата е движечка сила која носи здравје. Новиот функционален јогурт Здравје + го раздвижува дигестивниот систем, создавајќи рамнотежа во организмот на нашите консументи“ изјави Панделески.

 

Директорката на маркетинг Милка Исјановска посочи дека компанијата внимателно ја разработувала целата стратегија, од дизајн до маркетинг алатки.

 

„Големите компании како Млекара Здравје Радово не треба само да го следат вкусот на консументите, тие треба да бидат креатори на здрави и квалитетни вкусови.

 

Одговорноста кон потрошувачите е огромна, затоа ќе продолжиме да инвестираме во здравјето на нашите потрошувачи. Здравје + е функционален високо квалитетен јогурт каков што заслужуваат нашите консументи“, рече Исјановска.

 

Од компанијата најавија дека до крајот на годината ќе биде отворена целосно нова модерна фабрика во Битола која ќе работи со нова технологија и ќе ги исполнува највисоките стандарди.

 

Директорот Панделески појасни дека  потребата за нова фабрика се наметнала од зголемената побарувачка и со отворањето на можноста за извоз на големиот руски пазар.

 

„Големата побарувачка на наши производи ја наметна потребата од дополнителни капацитети за производство. Со гордост можам да најавам дека во овие турбулентни времиња кај нас и во поширокото опкружување, одлучивме да инвестираме во нов, четврти капацитет“, рече Панделески, додавајќи дека тоа ќе биде можност за вработувања на нови лица.

 

Исјановска, пак, најави дека како први производи кои ќе излезат од новиот капацитет ќе бидат ухт и свежото млеко во нови модернизирани пакувања.

 

Млекарницата Здравје Радово, која започна со осум вработени и дневна обработка на 2.500 литри млеко, денес има над 340 вработени, а капацитетот за обработка надминува 100.000 литри млеко на ден./крај/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Новите PEUGEOT 208 и 2008 – технолошки развој за повеќе автономија

Објавено пред

Најновите технолошки достигнувања од почетокот на 2022 година кај 100% електричните верзии на новите PEUGEOT 208 и 2008 ќе додадат до 25 km и 8% повеќе опсег според циклусот WLTP, а уште повеќе во возењето во реалните услови на патот.

И двете возила лансирани на крајот на 2019 година, 100% електричните PEUGEOT e-208 и PEUGEOT e-2008 имаат голем успех на пазарите, со повеќе од 90.000 произведени возила. Овие два модели ја нагласуваат релевантноста на стратегијата за електрификација на брендот PEUGEOT.

Поставени на eCMP (Заедничка модуларна платформа), опремени со батерија од 50 kWh, електричен мотор од 100 kW (136 КС) и вртежен момент од 260 Nm, овие две возила ќе ги покажат најновите технолошки достигнувања, со цел да понудат поголема автономија на нивните корисници.

Најпрво, пневматиците се оптимизирани со промена на класата „А+“, обезбедувајќи поголема ефикасност благодарение на помалиот отпор на тркалање. Ова се однесува на тркалата од 16 инчи за PEUGEOT e-208 и 17-инчните тркала за PEUGEOT e-2008.

Дополнително, има механички развој со нов сооднос на менувачот, кој го оптимизира опсегот при возење на пат и автопат.

Конечно, нова топлинска пумпа заедно со сензорот за влажност инсталиран на горниот дел од ветробранското стакло ја оптимизира енергетската ефикасност на греењето и клима уредот. Информациите што ги соопштува овој сензор

овозможуваат попрецизно да се контролира кружењето на воздухот во патничката кабина и на крајот да се заштеди количината на енергија содржана во батеријата при загревање и одржување на температурата во возилото. Овој најнов напредок е особено забележлив при ниски надворешни температури.

Накратко, целиот овој напредок ќе обезбеди зголемен опсег според циклусот на хомологација WLTP (Светскa процедурa за тестирање на хармонизирани лесни возила):

• Новиот PEUGEOT e-208 сега ќе нуди опсег до 362 km според WLTP, што претставува зголемување за 22 km.

• Новиот PEUGEOT e-2008 сега ќе нуди опсег до 345 km според WLTP, што претставува зголемување за 25 km.

Но, покрај значителните зголемувања на опсегот според циклусот WLTP, има и значителни зголемувања во реалната употреба на клиентите, од околу 40 km, во градскиот сообраќај на температури блиску до 0°C.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Дизајнирана во Германија: новата Opel Astra разгорува емoции

Објавено пред

· Новата Astra го отсликува смелиот и елегантен дизајн на брендот

· Прецизноста во секој детаљ го изразува највисокото ниво на квалитет

· Целосно дигиталниот Cockpit Pure Panel со фокус на најважните елементи

· YouTube-видеото дава ексклузивни сознанија за дизајнот, боите и материјалите

Новата Opel Astra со својот смел и елегантен дизајн има за цел да го истакне високото ниво на квалитет во секој детаљ. Шестата генерација на Astra, која ја прослави својата светска премиера во септември, е дизајнирана да буди емоции и да го постигне ефектот „must-have“ на прв поглед. Тимовите за дизајн и развој, каде околу 50 % се жени, си поставија за цел новиот компактен модел на германскиот производител да биде вистинско „дизајнерско парче“ од внатре и надвор. Следејќи ја главната инженерка Mariella Vogler, дизајнерката за бои и материјали Ilka Höbermann сега дава сознанија од дизајнерскиот свет на новата Astra со видео на YouTube. Новото видео е дел од кампањата за социјалните мрежи која покажува како новата Astra созреа дизајнерски, благодарение на високото ниво на посветеност, вниманието на деталите и подготвеноста да се размислува “out of the box”. Ilka Höbermann објаснува на што посветиле внимание дизајнерите на Opel и како ја обдариле новата генерација со уникатен дизајн, “made in Germany”.

Смела и елегантна: новата Astra ја реинтерпретира дизајнерската филозофија на Opel

Следејќи ги SUV возилата Mokka, Crossland и Grandland, новата Astra го има Opel визирот. Новото лице на брендот и централниот елемент на надворешниот дизајн го следат Opel Compass каде што вертикалните и хоризонталните оски – остриот набор на капакот на моторот и графиката во облик на крило на дневните светла – се вкрстуваат со амблемот Opel Blitz во средината. Се протега низ предниот дел, правејќи ја новата Astra да изгледа уште поширока, визирот исто така беспрекорно интегрира технологии како што се ултра тенките

Intelli-Lux LED® предни светла. Гледано од страна, новата генерација на Astra изгледа особено динамично благодарение на изразеното навалување на C-столбот напред.

Назад, Opel Compass се повторува со централно поставениот Blitz, вертикално високo поставените стоп светла и задните светла (LED за заштеда на енергија, како и целото надворешно осветлување). Амблемот Blitz исто така служи како брава за задната врата.

„Германскиот дизајн за мене е едноставноста, елеганцијата и техничките елементи во комбинација“, вели Ilka Höbermann. „Понекогаш е тешко да се задржи елеганцијата и потоа да се додаде смелост. Секогаш се работи за хармонија и правилен баланс“. Резултатот е успешна мешавина на јасен и емотивен стил што ја прави новата Astra да се издвои од толпата модели во компактна класа. Карактеристичниот изглед е комплетиран со новата металик боја. „Тимот разви супер-свежа и модерна жолта боја која додава одредена живост и смелост на автомобилот“, додава дизајнерот.

Cockpit на иднината, реализиран денес: Целосно дигитален Pure Panel

Вистинската рамнотежа за новата Astra беше особено важна за тимот за дизајн на бои и материјали, особено за внатрешноста. „Моравме да размислуваме надвор од комфор зоната за да ги најдеме најдобрите решенија за овие материјали. Имате навистина голема разновидност на различни бои, текстури, графики и дезени. Да ги собереме сите заедно, ова всушност е голем предизвик. Тоа е како голема загатка. Комбинирате различни возбудливи материјали за да постигнете убав контраст или баланс“, објаснува Ilka Höbermann.

Резултатот од овој процес претставува скок напред во дизајнот на ентериер и удобноста за брендот. Целосно дигиталниот cockpit комбинира два 10-инчни дисплеи со широк екран и странични отвори за воздух за возачот под хоризонтално испружената и, во зависност од верзијата, целосно застаклената површина. Аналогните дисплеи во новата Astra се дел од минатото. Целосно функционален, високотехнолошки дизајн кој комбинира стил со врвни технологии. Возачите и патниците во Astra гледаат во прецизната стаклена оптика на Pure Panel и можат интуитивно да управуваат со новиот интерфејс човек-машина – „визуелна детоксикација“.

Ултра модерниот cockpit е дизајниран да пренесе атмосфера во која патниците се чувствуваат сигурно. Акцентите како што се фино изработените контроли, сведени на минимум, и инфозабавните рамки и површини во мат алуминиум носат „голема вредност на Astra“, вели Ilka Höbermann. „Тие можат да бидат само убави, можат да имаат функционален аспект и понекогаш можат да Ве насмеат“. Секој детаљ – од Opel Blitz во центарот на управувачот до ткаенините и шавовите на ергономските седишта одобрени од AGR (опционално достапни во Alcantara или Nappa кожа) – го носи уникатниот потпис на дизајнерите на Opel за боја и материјали.

На социјалните мрежи: Информации од „зад сцената“ за новата Astra

Медиумската страница на Opel и видеото за Opel Astra на YouTube нудат преглед „зад сцената“ во развојот на новата Astra. Шефот за дизајн на Opel, Mark Adams, ги поставува своите лични впечатоци на својот инстаграм профил @opelvaukhalldesign.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Попусти од 40, 50 и 70 отсто во продавниците на „Скопје сити мол“

Објавено пред

Време е за најдобриот шопинг настан оваа година!

Скопје Сити Мол реши оваа година даго врати познатиот концепт во интернационалната кампања Black Friday која ја прави веќе традиционално 7та година. Од 26ти ноември (петок) во Skopje City Mall започнува нашето ТРИДНЕВНО Black Friday шопинг лудилото! Skopje City Mall нека биде местото кое сите вие љубителите на шопингот сигурно нема да го одминете. Од 10:00 часот продавниците на трговскиот центар ќе обезбедат специјални попусти за сите купувачи во рамките на акцијата Black Friday.

Модните продавници, како и оние за бела техника најавија намалувања на цените кои ќе се движат од -20% до -70%.

“И оваа година најавуваме одличен шопинг и супер попусти кои ги обезбедија брендовите во нашиот трговски центар како и продолжување на Black Friday & Weekend попустите во текот на целиот викенд, до недела, 28 ноември. Не го пропуштајте најголемиот шопинг настан за оваа година!” – изјавија од маркетинг секторот на Скопје Сити Мол

Дали сте подготвени за најголемиот шопинг настан за оваа година? Убаво одморете се, договорете ги вашите најблиски партнери за купување и тргнете во акција: незаборавен шопинг во Skopje City Mall на денот кога целиот свет го зафаќа шопинг лудилото наречено Black Friday!

Сите попусти НА ЕДНО МЕСТО!

 

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Регистрирани 333 нови случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа. Направени се 2.547 тестирања,...

Македонија15 часа

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет15 часа

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија15 часа

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија16 часа

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет18 часа

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија1 ден

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија1 ден

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија2 дена

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија2 дена

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија2 дена

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Македонија2 дена

Османи: Со Бугарија сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше...

Свет2 дена

Можеме да ги приспособиме вакцините кон новата варијанта за околу 100 дена, велат од „Фајзер“

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе можат брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири варијантата Омикрон. Новиот...

Свет2 дена

Автобус се заби во куќа во Мексико, најмалку 19 загинати

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, кога автобус се...

Македонија2 дена

Двајца од повредените во несреќата се отпуштени од болницата „Пирогов“

Двајца повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од болницата во „Пирогов“. Отпуштените се во добра и стабилна состојба,...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Кој дал наредба автобусите на „Беса-транс“ да поминуваат граница над 100 пати без дозвола?

„Оставки и Спасовски и Бочварски, Беса транс возеле без дозволи, минувале граници и контроли, системот работел за мафијата. Скоро 140...

Македонија2 дена

Прифатена оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

На 12 декември, недела, ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката...

Регион2 дена

(Видео) Пукање во автобус со калашников во Косово, убиени возачот и двајца ученици

Во автобус вечерва е пукано од калашников кај селото Глоѓане кај Дечани, во Косово, а според последните информации загинале четири...

Македонија2 дена

Алтернатива ќе преговара за влез во Владата

Алтернатива одлучи претседателот Африм Гаши да преговара со премиерот Зоран Заев или идниот мандатар за влез во Влада. Според нив,...

Топ2 дена

Скопјанец повикан во полициска станица поради говор на омраза за автобуската несреќа

Скопјанец бил повикан во полициска станица на информативен разговор поради говор на омраза за автобуската несреќа во која загинаа 45...

Досие