Контакт

Компании

Здравје Радово промовираше нов јогурт, наскоро со уште една фабрика и нови вработувања

Објавено пред

Млекарницата Здравје Радово во вторникот во Скопје го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +, а воедно најави дека наскоро ќе отвори нов производствен капацитет во Битола и ќе отвори нови работни места.
 

Млекарницата Здравје Радово во вторникот во Скопје го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +, а воедно најави дека наскоро ќе отвори нов производствен капацитет во Битола и ќе отвори нови работни места.

 

 

Со новиот јогурт, Здравје Радово ја збогати палетата на висококвалитетни млечни производи, во кои се и стандардните јогурти Здравје со 3,2 и 1,5 масленост.

 

Извршниот директор на компанијата Панделе Панделески истакна дека виталноста, енергијата и хармонијата биле трите столба на кои што работеле технолозите на фабриката при изработката на новиот јогурт.

 

„Овој производ е наменет за сите оние кои внимаваат на себе и на своето здравје. За деновите кога виталноста значи се, кога е потребна енергија плус, и кога хармонијата е движечка сила која носи здравје. Новиот функционален јогурт Здравје + го раздвижува дигестивниот систем, создавајќи рамнотежа во организмот на нашите консументи“ изјави Панделески.

 

Директорката на маркетинг Милка Исјановска посочи дека компанијата внимателно ја разработувала целата стратегија, од дизајн до маркетинг алатки.

 

„Големите компании како Млекара Здравје Радово не треба само да го следат вкусот на консументите, тие треба да бидат креатори на здрави и квалитетни вкусови.

 

Одговорноста кон потрошувачите е огромна, затоа ќе продолжиме да инвестираме во здравјето на нашите потрошувачи. Здравје + е функционален високо квалитетен јогурт каков што заслужуваат нашите консументи“, рече Исјановска.

 

Од компанијата најавија дека до крајот на годината ќе биде отворена целосно нова модерна фабрика во Битола која ќе работи со нова технологија и ќе ги исполнува највисоките стандарди.

 

Директорот Панделески појасни дека  потребата за нова фабрика се наметнала од зголемената побарувачка и со отворањето на можноста за извоз на големиот руски пазар.

 

„Големата побарувачка на наши производи ја наметна потребата од дополнителни капацитети за производство. Со гордост можам да најавам дека во овие турбулентни времиња кај нас и во поширокото опкружување, одлучивме да инвестираме во нов, четврти капацитет“, рече Панделески, додавајќи дека тоа ќе биде можност за вработувања на нови лица.

 

Исјановска, пак, најави дека како први производи кои ќе излезат од новиот капацитет ќе бидат ухт и свежото млеко во нови модернизирани пакувања.

 

Млекарницата Здравје Радово, која започна со осум вработени и дневна обработка на 2.500 литри млеко, денес има над 340 вработени, а капацитетот за обработка надминува 100.000 литри млеко на ден./крај/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Заврши капиталниот ремонт на Блок 2 на РЕК Битола

Објавено пред

Заврши капиталниот ремонт на Блок 2 на РЕК Битола. Постројката е синхронизирана со електроенергетскиот систем на Северна Македонија и испорачува електрична енергија согласно потребите на потрошувачите, соопштија од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

„Ремонтните активности на Блок 2 на РЕК Битола почнаа на 7 септември и за време на зафатот беше направен капитален ремонт на турбината, за првпат по осум години. Паралелно се одвиваше и првата фаза од реконструкцијата на разладната кула на постројката. Со тоа, зголемена е доверливоста и ефикасноста на Блокот“, соопштија од компанијата.

Од таму додаваат дека по вклучувањето на Блок 2, од работа ќе биде исклучен Блок 1 на РЕК Битола и производството од комбинатот ќе продолжи со Блок 2 и Блок 3, согласно планот за производство на АД ЕСМ и потребите на системот.

Од ЕСМ велат дека во моментов електроенергетскиот систем на земјата има доволно количество на струја што ја обезбедуваат капацитетите на компанијата. Блок 1 на РЕК Битола ќе остане во состојба на ладна резерва, подготвен да биде вклучен во производствен процес во секој момент кога ќе има потреба електроенергетскиот систем на државата.

Прикажи повеќе...

Економија

Босанец го тужи „Фолксваген“, бара 750 милиони долари отштета

Објавено пред

Босанскиот стопанственик Нијаз Хастор, сопственик на компанијата за производство на автоделови „Превент“, го тужи германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ под обвинение дека ја нарушува слободата на пазарна конкуренција и бара отштета во износ од 750 милиони долари, пренесува порталот „Новац.хр“.

Во тужбата се наведува дека „Фолксваген“ ги уценува малите добавувачи, користејќи ги својата моќ и големина да ги принуди на нефер работни услови и цени на услугите, како она дека на малите добавувачи им се забранува да го продадат својот бизнис на поголемите компании на добавувачи за да остварат подобра преговарачка позиција.

Тужбата поднесена во судот во Детроит се однесува конкретно на седум помали добавувачи на автомобилски делови за „Фолксваген“  во сојузната држава Мичиген, кои со договор се  спречени својот бизнис да ѝ го продадат на друга компанија.

Хастор тврди дека тие договори со помалите добавувачи „Фолксваген“ ги склопува исклучиво за да ја оневозможат неговата компанија „Превент“, која се специјализирала за производство на автонавлаки, во понатамошни аквизации.

„Превент Група“ се развила токму благодарение на преземањето такви помали добавувачи на „Фолксваген“ низ светот.

Судејќи според информациите, Германците добро го познаваат Хастор, со кого соработуваат во последните 20 години. Во последниот судир меѓу „Превент“ и „Фолксваген“ во 2016 година, германските фирми-ќерки на „Превент“, „Кар Трим“ и „ЕС Аутомобилгус“, кои произведуваат кожни навлаки и кутии за менувачот, ја прекинаа испораката за „Фолксваген“, што го запре германското производство на автомобили една недела во најмалку половина од нивните погони.

Прекинот уследи откако „Фолксваген“ не сакал да му исплати на Хастор 58 милиони евра отштета, а потоа „Превент“ и „Фолксваген“ постигнаа нов договор за продолжување на испораката за уште шест години.

 

 

Прикажи повеќе...

Економија

„Ербас“ до 2035 година ќе воведе авион со ниска емисија на јаглерод диоксид

Објавено пред

„Ербас“ сака да изгради прв патнички авион со ниска емисија на јаглерод диоксид и да го воведе во промет во 2035 година, изјави директорот на компанијата, Гијом Фори. Тој истакна дека развојот на потребната технологија се уште во тек и нагласи дека е можно дека ќе се работи за хибриден авион или погонското гориво ќе биде водород или некое климатски неутрално гориво.

„Патот е многу комплициран“ рекол Фори.

Воздушниот сообраќај е одговорен за 2,5 отсто офд глобалните емисии на јаглерод диоксид.

„Ербас“ е свесен за своите одговорности и успеа до сега значајно да ја намали потрошувачката на гориво по патник, користејќи полесни авиони со посилни мотори, рекол Фори.

„Зелениот лет е наш главен приоритет“ заклучи Фори.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија13 часа

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Македонија13 часа

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија14 часа

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Македонија15 часа

Бојан Јовановски останува во притвор, aпелација ја одби жалбата

Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13. „Апелациониот...

Европа16 часа

(Видео) Трамп се налути поради озборувањето, го нарече Трудо дволичен и го напушти НАТО-самитот

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло ја откажа прес-конференцијата и го напушти самитот на НАТО во Лондон. Непосредно пред тоа,  за...

Македонија17 часа

Уставните судии не ја прифатија иницијативата на Чавков за амнестијата

Со шест наспрема три, уставните судии одлучија да не ја прифатат иницијативата на екссиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој го...

Македонија17 часа

(Видео) Вилма Русковска: Не очекував повисока казна

Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, вели дека е задоволна од пресудата за Зоран Милески –...

Македонија19 часа

Зоран Милески – Кичеец осуден на три години затвор

Tретообвинетиот за случајот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец е осуден на 3 години затвор откако тој вчера призна вина за случајот и...

Македонија20 часа

Исклучени телефоните во СЈО

Како опомена поради неплатен долг, телекомуникциски оператор им ги исклучи службените телефони на обвинителите, стручните соработници и другите вработени во...

Македонија21 час

(Видео) Уставен суд ќе почека од парламентот да го толкува Законот за помилување

На денешната седница уставните судии ја одложија точката за нацрт-решението за одлучување за поништувањето на помилувањата кои ги даде експретседателот...

Регион21 час

(Видео) Во Драч со експлозија урната зграда оштетена од земјотресот

Со контролирана експлозија срушена е шесткатна зграда што се сметала за објект под закана од уривање по земјотресот од 6,4...

Македонија21 час

Владата ги прифати седумте барања на „Марш за чист воздух“ и ги кани на средба

„Со целосна почит за исклучителната важност на темите што ги загрижуваат сите граѓани во земјата, особено оние од најпогодените градови,...

Свет22 часа

ОН: Идната година ќе биде потребна хуманитарна помош за рекордни 168 милиони луѓе

Хуманитарна помош ќе биде потребна за рекордни 168 милиони луѓе во 2020 година, или едно лице на 45 во светот,...

Македонија22 часа

Заев присуствуваше на прием кај кралицата Елизабета Втора

Премиерот Зоран Заев, кој ја предводи делегацијата на нашата земја на состанокот на лидерите на НАТО во Лондон со кој се...

Свет22 часа

Почнува официјалната процедура за отповикување на Трамп

Конгресот на САД почнува со клучна фаза на почнување постапка за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп поради наводните обиди...

Свет22 часа

Вандали осквернавиле 107 гробови во близината на Стразбур

Вкупно 107 гробови се осквернавени на еврејските гробишта кај Стразбур, во близина на француската граница со Германија, соопштија локалните власти,...

Македонија22 часа

Брисел: Нема промена на правилата за земјите коишто се во процес на преговори

Правилата за земјите коишто се во преговори не можат да се менуваат во средина на играта, но решенијата мора да...

Македонија23 часа

Британскиот министер за одбрана ѝ порача на Шекеринска: Добре дојдовте во НАТО

„Добре дојдовте во НАТО“, ѝ порача британскиот министер за одбрана, Бен Валас, на министерката Шекеринска на средбата во Лондон. Средбата...

Македонија1 ден

Македонец со пасошот на сопругата сакал да ја внесе љубовницата во САД

Македонски државјанин, кој мигрирал во САД, го искористил пасошот на својата сопруга за да ја внесе љубовницата, исто така Македонка,...

Досие