Контакт

Компании

Здравје Радово промовираше нов јогурт, наскоро со уште една фабрика и нови вработувања

Објавено пред

Млекарницата Здравје Радово во вторникот во Скопје го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +, а воедно најави дека наскоро ќе отвори нов производствен капацитет во Битола и ќе отвори нови работни места.
 

Млекарницата Здравје Радово во вторникот во Скопје го промовираше новиот функционален јогурт Здравје +, а воедно најави дека наскоро ќе отвори нов производствен капацитет во Битола и ќе отвори нови работни места.

 

 

Со новиот јогурт, Здравје Радово ја збогати палетата на висококвалитетни млечни производи, во кои се и стандардните јогурти Здравје со 3,2 и 1,5 масленост.

 

Извршниот директор на компанијата Панделе Панделески истакна дека виталноста, енергијата и хармонијата биле трите столба на кои што работеле технолозите на фабриката при изработката на новиот јогурт.

 

„Овој производ е наменет за сите оние кои внимаваат на себе и на своето здравје. За деновите кога виталноста значи се, кога е потребна енергија плус, и кога хармонијата е движечка сила која носи здравје. Новиот функционален јогурт Здравје + го раздвижува дигестивниот систем, создавајќи рамнотежа во организмот на нашите консументи“ изјави Панделески.

 

Директорката на маркетинг Милка Исјановска посочи дека компанијата внимателно ја разработувала целата стратегија, од дизајн до маркетинг алатки.

 

„Големите компании како Млекара Здравје Радово не треба само да го следат вкусот на консументите, тие треба да бидат креатори на здрави и квалитетни вкусови.

 

Одговорноста кон потрошувачите е огромна, затоа ќе продолжиме да инвестираме во здравјето на нашите потрошувачи. Здравје + е функционален високо квалитетен јогурт каков што заслужуваат нашите консументи“, рече Исјановска.

 

Од компанијата најавија дека до крајот на годината ќе биде отворена целосно нова модерна фабрика во Битола која ќе работи со нова технологија и ќе ги исполнува највисоките стандарди.

 

Директорот Панделески појасни дека  потребата за нова фабрика се наметнала од зголемената побарувачка и со отворањето на можноста за извоз на големиот руски пазар.

 

„Големата побарувачка на наши производи ја наметна потребата од дополнителни капацитети за производство. Со гордост можам да најавам дека во овие турбулентни времиња кај нас и во поширокото опкружување, одлучивме да инвестираме во нов, четврти капацитет“, рече Панделески, додавајќи дека тоа ќе биде можност за вработувања на нови лица.

 

Исјановска, пак, најави дека како први производи кои ќе излезат од новиот капацитет ќе бидат ухт и свежото млеко во нови модернизирани пакувања.

 

Млекарницата Здравје Радово, која започна со осум вработени и дневна обработка на 2.500 литри млеко, денес има над 340 вработени, а капацитетот за обработка надминува 100.000 литри млеко на ден./крај/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Нептун“ со супер понуди за подароци за Денот на вљубените

Објавено пред

На само еден ден пред Св. Валентин вие сè уште немате идеја за подарок за вашите љубени?

„Нептун“ годинава ќе го олесни вашиот избор за совршен подарок. По повод Денот на вљубените, до 14 февруари, во продавниците на „Нептун“ ширум Македонија има голема „haPPy St. Valentine акција со огромен избор на производи со големи попусти за супер големи заштеди!

Посетете ги  продавниците на „Нептун“ и направете го вистинскиот избор овој Св. Валентин и изненадете ги вашите љубени.

Акцијата „haPPy St. Valentine нуди големи попусти и одличен избор на производи од сите продуктни категории. Потрошувачите може да купат производи по најниски цени, со супер услови и можност да плаќаат до 60 рати.

Застапени се одлични модели на: смартфони, телевизори, лаптопи, смарт-уреди и аксесоари, мали апарати за домаќинство, апарати за нега и убавина.

Акцијата важи за купување во продажните салони на „Нептун“ ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб-сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store.

Не пропуштајте ја оваа идеална можност за шопинг по супер цени, посетете ги продавниците на „Нептун“ и уживајте во Денот на вљубените!

 

ПР текст

Прикажи повеќе...

Економија

Објавени огласи за четири мерки за подобрување на конкурентноста на деловните субјекти

Објавено пред

Министерството за економија објави четири јавни повици во рамки на Програмата за конкурентност и иновации и претприемништво за 2020 година наменети за поддршка на домашните компании.

Објавени се јавните повици за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија, за финансиска поддршка на женско претприемништво, за поддршка за развивање, одржување и применување на социјално прифатливи практики и јавниот повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачката индустрија.

Предмет на јавниот повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија е тие да вработуваат над три лица, односно две лица доколку апликантот e претпријатие во сопственост на жена (над 50%) и управувано од жена, преку субвенционирање на 50% од докажаните трошоци, но не повеќе од 300.000 денари вкупно по апликант, направени за набавка на опрема и алати. За оваа мерка предвидени се средства во вкупен износ од 14.000.000 денари во буџетот на Министерството за економија. Крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е до 31.05.2020 година.

Предмет на јавниот повик за финансиска поддршка за женско претприемништво се субвенции на претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, преку кофинансирање на 50% од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000 денари по апликант направени за набавка на опрема и алати, уредување/подобрување на деловниот простор, воведување софтверски решенија (50% од докажаните трошоци, но не повеќе од 60.000 денари). За оваа мерка во буџетот на Министерството за економија предвидени се средства во вкупен износ од 1.500.000 денари. Крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е до 31.05.2020 година.

Предмет на јавниот повик е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за развој на деловен субјект, за развој на производ и развој на пазар. За оваа намена во буџетот на Министерството за економија се предвидени 4.500.000 денари. Со оваа мерка се поддржува: изработка на техничка документација за нов производ, односно за подобрување на постојниот производ и/или изработка на индустриски дизајн /редизајн на производ, изработка на студии за истражување на пазарот и/или маркетинг-стратегија и/или активности за развој на бренд, набавка, имплементација, сертификација и обука за стандарди (MKC EN ISO 50001; MKC EN ISO 14001; MKC EN ISO 45001; MKC EN ISO 31000); хармонизирани и други стандарди и стандардизациски документи од областа на преработувачката индустрија, експертска поддршка во развивање/имплементација на проект за оптимизација на производството преку воведување нови бизнис-модели со напредни производни и менаџерски филозофии во насока на унапредување на продуктивноста и квалитетот и намалување на трошоците, развивање и имплементација на проекти за дигитална трансформација на претпријатијата од преработувачка индустрија, кофинансирање на дел од трошоците за соработка меѓу компаниите и универзитетите, експертска анализа и изработка на техничка проектна документација или студија за техничка изводливост, изработка на проектна документација за поставување фотонапонски панели за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија.

Министерството за економија го надоместува делот на трошоците во висина од 75% од докажаните трошоци на барателот, но не повеќе од 300.000 денари поединечно за секој барател.

Предмет на јавниот повик е надоместување на дел од трошоците од страна на Министерството за економија, за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики на деловните субјекти. За оваа намена се предвидени 1.000.000 денари од Буџетот на Министерството за економија.Преку оваа мерка се надоместуваат трошоци за: воведување/стекнување со сертификат/извештај за менаџмент системи за општествена одговорност, во висина од 70% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 120.000 денари поединечно за секој барател на средствата, стекнување со сертификат за систем за одговорни односи на пазарот, согласно сертификатот Фер со потрошувачот, во висина од 50% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 27.675 денари поединечно за секој барател на средствата. Овие субвенции не се наменети за претпријатија чија основна дејност е примарно земјоделско производство и рибарство, образование, наука и здравство, правни и физички лица кои вршат правни услуги кои се даваат преку јавни служби како што се адвокатура и нотаријат; како и независни професии: извршители, стечајни управници и проценители.

Прикажи повеќе...

Економија

Коронавирусот ја загрозува автоиндустријата, во Вухан се произведуваат најмногу автоделови

Објавено пред

Глобалната автомобилска индустрија се соочува со стрес-тест поради епидемијата на коронавирусот во Кина, која го нарушува производството на автоделови, од системот на пренос до управување. Произведувачите на делови низ Кина го прекинаа производството до оваа недела, а во случајот со провинцијата Хубеи, во која е епицентарот на епидемијата, фабриките ќе останат затворени до 13 февруари или подоцна.

Поради тоа фабриките за автомобили се наоѓаат во криза, како во Кина, најголемиот светски пазар, така и на други места. „Хјундаи мотор“ е првиот глобален произведувач на автомобили кој го прекина производството надвор од Кина, поради недостиг на делови, што е последица на вирусот, пишува „Блумберг“.

Недостигот на делови е нов голем проблем за оваа индустрија, која веќе се бори со опаѓање на побарувачката и зголемените трошоци за електрични и автономни возила. Произведувачите на автомобили ќе укинат повеќе од 80.000 работни места во следните години, покажуваат податоците кои ги објави „Блумберг њуз“.

Вухан, градот кој е жариште на коронавирусот, е еден од најважните упоришта на автоиндустријата во Кина, заедно со Шангај, Гуангжу и Чанчун, каде глобалните произведувачи со партнерите произведуваат автомобили и делови.

Стотина добавувачи имаат фабрики во Хубеи, вклучително и повеќе од половина од 20 глобални произведувачи на делови како што се „Роберт Бош“, „Валео“ и „Фридрихшафен“, наведува „Чајна аутомотив технолоџи и рсрч центар“.

„Џенерал моторс“, „Фолксваген“ и „Тојота моторс“ спаѓаат во компаниите кои ги затворија своите кинески погони .

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Над пет тони кокаин пронајдени во Костарика

Властите во Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја. Министерството...

Свет23 минути

(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија

Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од околу 130 долари во Хонгконг, каде поради коронавирусот има...

Македонија13 часа

Рот: Законот за ЈО е клучен чекор за европската иднина, останува ЕУ да испорача

Законот за Јавното обвинителство е клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија, напиша на „Твитер“,...

Македонија15 часа

Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Изгласувањето на Законот за ЈО е спротивно на процедурите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда,...

Македонија16 часа

Пендаровски ги потпиша Законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието. Потпишани за законите...

Македонија17 часа

Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека...

Македонија17 часа

Се распушти Собранието

Со 108 гласа „за“, без против или воздржани Собранието се распушти, што значи дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат...

Македонија18 часа

Заев: Со Законот за ЈО гарантирана е разрешница на сите судски процеси почнати од СЈО

Им честитам на сите 80 пратеници, кои презедоа одговорност, го препознаа овој момент како клучен за владеењето на правото и...

Македонија19 часа

Спасовски ја повика ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов министер за труд и социјална политика

Техничкиот премиер Оливер Спасовски упати јавен апел до ВМРО-ДПМНЕ да даде предлог за избор на министер за труд и социјална...

Македонија19 часа

Независната пратеничка група: Го поддржуваме законот за ЈО со чиста совест

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата соопшти дека законот за ЈО е од исклучително значење за нашата земја на...

Македонија20 часа

Изгласани законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана без присуство на ВМРО-ДПМНЕ

Собранието ги донесе и другите два закони предвидени за денешната седница. Законот за Совет на јавни обвинители беше донесен со...

Македонија20 часа

Мицевски: Го повикуваме Пендаровски да не го потпишува законот за ЈО донесен на нелегален начин

Слугите на Зоран Заев денеска се надминаа себеси. Законот за амнесија на криминалите на Заев не помина. Го донесоа на...

Македонија21 час

Изгласан законот за јавно обвинителство

Собранието го донесе законот за јавно обвинителство со 80 гласови за и 6 против. На гласањето беа присутни 116 пратеници....

Топ23 часа

Тројца повредени во судир на три возила на патот Струмица-Ново Село

На магистралниот пат Струмица – Ново Село, кај „Робовска крстосница“, вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу три возила – „тојота...

Свет23 часа

Цукерберг повика на построга регулација на штетните содржини на интернет

Сопсвтеникот на Фејсбук, Марк Цукерберг повика на поголема регулација на штетната содржина на Интернет, нагласувајќи дека не е на компаниите,...

Свет24 часа

Бројот на заразени надмина 68.000, 70 нови случаи на крузерот во Јапонија

Бројот на заболени од коронавирусот на крузерот во Јапонија, од вчера порасна за 70. Министерот за здравство на Кина, Кацунобу...

Македонија1 ден

Владата ги поништи распоредувањата во МВР од министерот Чулев

На деветтата седница на техничката влада, што се одржа доцна синоќа, Владата донесе неколку одлуки, меѓу кои и за поништување...

Свет1 ден

Водителката која го истепа својот дечко пронајдена мртва

Каролин Флек, поранешната водителка на британското риалити шоу „Лав Ајланд“, е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лондон. Таа имаше...

Македонија1 ден

Пратениците ќе гласаат за законот за ЈО, одбрана и Совет на јавни обвинители

Пратениците денеска треба да гласаат за законот за јавно обвинителство, законот за одбрана и за законот за Советот на јавни...

Досие