Контакт

Свет

Меркел сака Јотингер да биде нов еврокомесар за трговија

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел сака досегашниот еврокомесар за енергетика, Гинтер Јотингер да биде назначен за еврокомесар за трговија во новиот состав на Европската комисија (ЕК), предводена од претседателот Жан-Клод Јункер, пренесуваат германските медиуми.

 

Доколку се остварат желбите на Меркел, тогаш Јотингер ќе стане и главен преговарач за контроверзниот договор за трансатланско трговско и инвестициско партнерство (TTIP), пишува EurActiv.

 

Според претставниците на германската стопански комори, назначувањето на Јотингер би било добар сигнал, особено во поглед на украинската криза, состојбата во Ирак и потпишувањето на TTIP.

 

„Трговијата е клучно портфолио за нас. Назначувањето на Јотингер за еврокомесар за трговија би било добредојдено“, изјавил заменик директорот на германската стопанска комора, Волкер Трејер.

 

„Особено за една извозно ориентирана економија како Германија, значењето на Јотингер е големо. Би било многу погрешно тој да се потцени, бидејќи со портфолиото за енергетика тој само што започнуваше“, додал Трејер.

 

Споредбено со останатите земји кои го сакаат ова портфолио, како што се Финска, Летонија, Словачка и Шпанија, Германија има поголеми шанси, бидејќи Меркел досега не предложила никого за функциите на висок претставник за надворешна политика и претседател на Европскиот совет, а Јотингер би имал голема улога во новата Комисија.

 

Во преговорите кои се водеа периодов во Брисел околу назначувањето на новите еврокомесари, според EurActiv, се разговарало околу тоа дали Јотингер треба да продолжи и во следниот мандат како еврокомесар за енергетика, но според досегашната практика на Комисијата, ниеден еврокомесар не служел два последователни мандати со истото портфолио.

 

Се очекува земјите членки до крајот на јули да ги именуваат своите кандидати за функциите во Европската комисија, а досега повеќе од половина од 28-те земји членки се уште немаат донесено дефинитивна одлука./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Светската економија изгубила најмалку 126 милијарди долари

Објавено пред

Меѓународната трговија се намалила во сите четири тромесечја минатата година, а падовите се интензивирани и во овој период на пандемнија на коронавирус.

Поради тоа светската економија е во загуба од најмалку 126 милијарди долари, покажува новото истражување на Меѓународниот трговски центар.

Според извештајот на центарот, кинескиот извоз во февруари оваа година потонал за околу 21 процент во однос на претходната година, пренесе Бизнис.ба.

Иако Кина во март малку се поправи, пандемијата почна да го погодува извозот од другите земји.

„ Целосните ефекти на кризата се уште не се видливи, бидејќи повеќето земји почнаа да ги затвораат границитер кон крајот на март и април“ се наведува во извештајот, а податоците за овие месеци не биле достапни во моментот на истражувањето.

Блокадите во Кина, ЕУ и САД имале најголемо влијание на меѓународната трговија, бидејќи овие три економии, како што наведува, се главни играчи во глобалниот синџир на снабдување, па оттаму се важни увозници на суровини, делови и компоненти.

Во извештајот се наведува декас пандемијата погодила над 55 проценти од малите и средни фирми.

Прикажи повеќе...

Економија

Швајцарија ја очекува најголем пад на БДП од 1975 година

Објавено пред

Швајцарската економија оваа година ќе претрпи најголем пад во последните неколку децении, бидејќи пандемијата на коронавирус го нагризува производството и работните места, соопшти владата и истакна дека падот ќе биде помал од тоа што се очекувало и ќе изнесува 6,2 проценти.

Тоа е најголем пад на швајцарскиот БДП од 1975 година, кога земјата ја погодија последиците од нафтената криза.

Се очекува и раст на стапката на невработеност на 3,8 отсто, бидејќи страда надворешната трговија, личната потрошувачка се намалува, а компаниите тукушто излегуваат од мерките и забраната за движење, наметнати поради коронавирусот.

Новата владина прогноза сепак е подобрена во однос на падот на БДП од 6,7 проценти, што предвидуваа економистите уште во април и е поповолна од очекувањата за другите европски земји.

ОЕЦД за Велика Британија предвидува пад од 11,5 проценти, за Франција 11,4 проценти, а за Италија 11,3 отсто.

Прикажи повеќе...

Економија

Германија ќе вложи 130 милијарди евра за помош на економијата

Објавено пред

Водечките германски партии договорија пакет-мерки во вредност од 130 милијарди евра, што ќе ѝ помогнат на економијата да излезе од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, соопшти канцеларката Ангела Меркел по маратонските преговори што траеја два дена.

Милијарди евра ќе бидат потрошени за да им се помогне на индустриите засегнати од кризата, дополнително ќе бидат финансирани оние области каде невработеноста се зголемила, а еднократниот бонус од 300 евра по дете ќе биде исплатен со други бенефиции поврзани со децата.

Значајно ќе биде и зголемувањето на субвенциите за набавка на автомобили, но само на оние со електричен погон. Автомобилите кои користат фосилни горива се исклучени од оваа мерка.

Исто така, било договорено ДДВ-то да се намали од 19 на 16 проценти, а пониската стапка од 7 на 5 проценти, објави агенцијата ДПА, повикувајќи се на документот за одлуката.

Вкупниот износ на финансискиот пакет во голема мерка ги надмина очекувањата на јавноста. Во претходните написи се најавуваше дека владејачката партија разгледува пакет со вкупна вредност од 80 милијарди евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија Сириза и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас упати видео порака со поддршка на претседателот Зоран...

Македонија32 минути

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски...

Македонија37 минути

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре можат да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата кои се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет2 часа

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија2 часа

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Свет4 часа

Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции на Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни биле меѓу здравствени или...

Регион5 часа

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија5 часа

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет6 часа

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет6 часа

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија17 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија17 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет18 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион20 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија22 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија24 часа

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија1 ден

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија1 ден

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион1 ден

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија1 ден

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Досие