Контакт

Свет

Словенија разочарана од конечната пресуда за штедачите на Љубљанска банка

Објавено пред

Конечната пресуда на Европскиот суд за човекови права со кој на Словенија и е наредено да исплати нематеријална отштеда на штедачите од БиХ како и да донесе мерки за исплата на сите стари штедачи на Љубљанска банка вон Словенија во рок од една година, дочекана е во Љубљана со разочарување.

 

 

Словенечкиот правобранител Наташа Пинтар Госеница изрази разочараност со оглед дека цело време била уверена оти словенечките аргументи се силни и втемелени на соодветна документација со која се докажува дека старото штедење од поранешна СФРЈ е сукцесико прашање кое треба да се реши по територијално начело.

 

„Многу сме разочарани, а од друга страна сме свесни дека Судот во Стразбур првенствено одлучуваше за тоа дали на тројцата штедачи од БиХ им биле кршени човековите права“, рече словенечкиот правобранител.

 

„Судот не го уважи нашиот став дека прашањето на штедењето е сукцесиско, туку дека се работи за цивилно-правен однос помеѓу одделни штедачи и банки“, додава Госеница.

 

Таа наведе дека се уште го проучува текстот од пресудата поради што не може точно да каже дали таа се однесува и на случајот на исплатените пренесени штедни влогови на хрватските штедачи во Љубљанска банка Загреб, за што двете влади лани потпишаа меморандум и вели дека и се чини оти станува збор за одделно прашање.

 

Словенечкото министерство за финансии наведе дека пресудата од Стразбур треба допрва да се проучи и дека сега не може да се говори за конкретни износи кои треба да бидат обезбедени.

 

Словенија, според пресудата, ќе треба во рок од една година да донесе акциски план, односно закон за отштета и поврат на штедни влогопви по примерот на начинот на кој своевремено беа обештетени словенечките девизни штедачи во Љубљанска банка и сето тоа да биде контролирано до Советот на Европа.

 

Коментар на пресудата одби да даде Партијата на Миро Церар, која беше победник на неделните избори, со образложение дека пресудата требадобро да се проучи. /крај/

Економија

Изборите во САД и трговските војни ги зголемуваат ризиците за руската економија

Објавено пред

Последиците од изборите во САД закажани за 3 ноември 2020 година и трговската војна меѓу САД и Кина може негативно да влијаат на руската економија, тврдат експерти интервјуирани од ТАСС.

„Од една страна, руската економија може да се соочи со негативно влијание од економските турбуленции, а од друга страна, забавување на глобалната економија и последователно намалување на побарувачката на суровини како резултат на трговската војна меѓу САД и Кина“, изјави Георги Остапкович, директорот на HSE Centre for Business Tendencies Studies.

Професорт Сергеј Кестанов од Катедрата за берзи и финансиски инженеринг при РАНЕПА смета дека е веројатно оти САД ќе се обидат да ги заострат трговските ограничувања против Кина за време на трката за претседателските избори, што, според него, ќе ја намали глобалната побарувачка на суровини.

„САД се приближуваат кон претседателските избори во услови на значителен економски пад и силна поларизација на општеството. Сите акутни политички прашања стануваат предмет на предизборната дебата. Наспроти ова, се обидуваат да ги заострат трговските ограничувања против Кина. За Русија, ова е негативен фактор бидејќи ќе доведе до намалување на трговијата меѓу САД и Кина, и , како резултат на тоа, намалување на глобалната побарувачка за суровини“, рече тој.

Според Кестанов, дополнителниот фактор на ризик е поврзан со можното заострување на антируските санкции, што е многу веројатно ако на изборите победи кандидатот од Демократската партија.

„Сепак, какви било ефекти не треба да се очекуваат до почетокот на 2021 година, кога новоизбраниот претседател ќе ја преземе функцијата и ќе формира нова администрација“, рече тој.

Геополитичките ризици за руската економија повторно се појавуваат, изјави шефот на аналитичкиот оддел во „Зенит банка“, Владимир Евстифеев.

„Победа на кандидатот од Демократската партија на претседателските избори во САД би наметнала зголемени ризици од санкции. Џо Бајден веќе зборува за построга надворешна политика кон Русија“, тврди Евстифеев, според кој главниот ризик се можните санкции од САД наметнати врз јавниот долг на рубљата.

Експертите се согласуваат дека за Русија е корисно да се развијат големи економии – САД, Кина и ЕУ.

„Слабеењето на кинеската економија како резултат на несогласувањата со САД ќе доведе до намалување на побарувачката за руски извоз“, рече Евстифеев.

„Ако економијата се развие, ќе има зголемување на побарувачката за гориво. Поволно е за Русија да се развиваат економиите во САД, Кина и ЕУ“, се согласи Остапкович.

Според Дмитриј Космодемијански, менаџер во „Откритие“, неутралноста на Русија во односите меѓу САД и Кина може да ѝ помогне на руската економија.

„Постојат многу примери на придобивки поради немешање во голем конфликт. Сепак, во услови  на тешко економско реструктуирање поради глобалниот карантин, можеби нема да го забележиме овој ефект во  растот на БДП“, смета тој.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Светската економија изгубила најмалку 126 милијарди долари

Објавено пред

Меѓународната трговија се намалила во сите четири тромесечја минатата година, а падовите се интензивирани и во овој период на пандемнија на коронавирус.

Поради тоа светската економија е во загуба од најмалку 126 милијарди долари, покажува новото истражување на Меѓународниот трговски центар.

Според извештајот на центарот, кинескиот извоз во февруари оваа година потонал за околу 21 процент во однос на претходната година, пренесе Бизнис.ба.

Иако Кина во март малку се поправи, пандемијата почна да го погодува извозот од другите земји.

„ Целосните ефекти на кризата се уште не се видливи, бидејќи повеќето земји почнаа да ги затвораат границитер кон крајот на март и април“ се наведува во извештајот, а податоците за овие месеци не биле достапни во моментот на истражувањето.

Блокадите во Кина, ЕУ и САД имале најголемо влијание на меѓународната трговија, бидејќи овие три економии, како што наведува, се главни играчи во глобалниот синџир на снабдување, па оттаму се важни увозници на суровини, делови и компоненти.

Во извештајот се наведува декас пандемијата погодила над 55 проценти од малите и средни фирми.

Прикажи повеќе...

Економија

Швајцарија ја очекува најголем пад на БДП од 1975 година

Објавено пред

Швајцарската економија оваа година ќе претрпи најголем пад во последните неколку децении, бидејќи пандемијата на коронавирус го нагризува производството и работните места, соопшти владата и истакна дека падот ќе биде помал од тоа што се очекувало и ќе изнесува 6,2 проценти.

Тоа е најголем пад на швајцарскиот БДП од 1975 година, кога земјата ја погодија последиците од нафтената криза.

Се очекува и раст на стапката на невработеност на 3,8 отсто, бидејќи страда надворешната трговија, личната потрошувачка се намалува, а компаниите тукушто излегуваат од мерките и забраната за движење, наметнати поради коронавирусот.

Новата владина прогноза сепак е подобрена во однос на падот на БДП од 6,7 проценти, што предвидуваа економистите уште во април и е поповолна од очекувањата за другите европски земји.

ОЕЦД за Велика Британија предвидува пад од 11,5 проценти, за Франција 11,4 проценти, а за Италија 11,3 отсто.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија2 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија2 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија4 часа

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ6 часа

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија6 часа

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Македонија7 часа

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови....

Македонија8 часа

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица. Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123...

Македонија8 часа

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет9 часа

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа9 часа

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион9 часа

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Македонија20 часа

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија22 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија22 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија1 ден

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ1 ден

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија1 ден

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија1 ден

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет1 ден

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Досие