Контакт

Интервју/Дебата

Интервју со Талат Џафери: Во политиката чекорите не одат назад

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Разговараше Габриела Димковиќ-Мишевска

 

М: Господине Џафери, пред два денавашиот лидер рече дека нема да ги повлече министрите од Техничката влада.Како да го толкува јавноста овој ваш потег, односно дали со ова ДУИ остава сомнеж за можно обновување преговори со ВМРО-ДПМНЕ?

 

Т.Џ.: По предвремените избори, Владата е во оставка, нема логика некој што е во оставка да си дава оставка.Таа влада не е повеќе техничка туку формална, колку да се каже дека има влада.Оваа  позиција на ДУИ се користи во контекст на пропагандата, божем ДУИ со седењето во Влада си дава пас за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.Тоа не држи и не е точно.

 

М: Можеме ли да заклучиме дека ДУИ не планира да чекори назад, кон вашиот поранешен коалициски партнер?

 

Т.Џ: Кога работите ќе тргнат напред, не се враќаат назад.Кој и да помисли на вакво нешто е во пропагадна машинерија, а тоа не ни е од полза.Така, и во политиката никогаш не се чекори назад.Ние веќе сме навлезени во овој процес, веќе има докажано мнозинство, а друго прашање е што некои се забарикадираа и сметаат дека се во право иако не е така.

 

М: Каков е планот на ДУИ за излез од собраниската, пошироко политичката криза?

 

Т.Џ.: Планот не само на ДУИ туку и на мнозинството е преку институционална рамка и на демократски начин да се испочитува волјата на граѓаните по изборите.Овие избори беа прифатени од сите партии.Постизборното коалицирање ги даде резултатите што ги даде и во парламентарна демократијане може поинаку да биде.Изговорот дека некој има освоено повеќе мандати од другата страна не е алиби за блокирањето на Парламентот.ВМРО-ДПМНЕ сега нема мнозинство, не постигна договор со ДУИ, не гледам што е тука нејасно.

 

М: Деновиве слушаме дека имало опција за некакво сценарио за паралелен избор на претседател на Собранието, со тоа што најстариот член во Парламентот ќе раководи со седницата и ќе се деблокира собранискиот ќорсокак. Дали овој начин е легитимен и прифатлив како опција?

 

Т.Џ.: Работата во Собранието е легитимна сè додека се работи согласно законите. Но, во контекст на климата што се создаде, мислам дека политичките партии, сепак, треба да резонираатзатоа што пропагандната машинерија е многу длабоко навлезена и направи искривена слика за нештата што се случуваат.Некој пропагира дека некоеси мнозинство, а тоа е легитимно мнозинство, сака насилно да избере претседател. Според мене, тоа е долевање масло на огинот.Ние не го посакуваме тоа, ќе останеме трпеливи и ќе размислиме добро за преземање идни чекори.

 

Никогаш до сега не се случило да се опструира конститутивна седницана ваков начин, ова е преседан во процедурата.На овој начин создаваме пракса на која може да се повикуваат идните состави и да ја попречуваат работата на седницата.Во овој контекст,да додадам дека моето блокирање пред 3 годинине може да биде на исто рамниште со ова.Тогаш беше попречена работата на една комисија, а Собранието си носеше други закони.Сега Парламентоте целосно парализиран, а едноподруго на тоа и институциите кои зависат од одредени одлуки што треба да се донесат.Згора на сè, сегашново блокирање е надвор од деловникот и уставот. Очекував дека Трајко Вељановски нема да не ја злоупотреби улогата на претседавач.Тој уште е во старата улога на претседател, но под притисок на партијата од која доаѓа. Сметам дека и тој е свесен дека не треба да го прави тоа што сега го прави.

 

М: Очекувате ли во скоро време да седнете на столчето на Трајко Вељановски?

 

Т.Џ.: На оваа работа не гледам како на лични очекувања, индивидуална желба или потреба. Потребата да се избере собраниски спикер е во полза на граѓаните и институциите. Во моментов институциите се поставени наопаку, наглавечки. Тука најповикан е претседателот Иванов, кој константно го крши Уставот.Тој не може да бира меѓу желба и обврска.Тој има обврска да постапи согласно Законот кога е составено мнозинство со 67 пратеници. Да не очекува можеби да се собереме сите 67 пратеници, да одиме во резиденцијата на Водно и да му докажеме физички дека ние сме тоа мнозинство? Но, треба да ни биде јасно дека за вакви прекршувања на Законот, кога и да се покрене постапка, ќе следи утврдување одговорност бидејќи во Кривичниот законик стои дека злоупотреба на службена должностсе санкционира.

 

М: Како гледате на фактот што Вашите поранешни колациски партнери го опструираат изборот на претседател, а не им пречеше кога Вие бевте министер за одбрана заедно со нив?

 

Т.Џ.: Ова е навистина нелогично.Претпоставувам дека не можат да прифатат дека не се мнозинство. Тие бараа 63 мандати, не ги добија, не успеаја да направат мнозинство со ДУИ и сега не можат да се повикуваат  на граѓаните. Сметам дека тие немаат аргумент да бидат против мојата кандидатура. Разбирам ако политички не гласаат за мене, иако тоа е претпоставка, не знам како ќе се однесуваат. Но, немаат аргумент да бидат против мојата кандидатура затоа што во истиов состав ме избраа за министер за одбрана. Претпоставувам дека реакциите не се против мене туку затоа што не се подготвени да ја прифатат улогата што им ја доделија граѓаните, да бидат опозиција. Но, за тоа не одлучил ДУИ туку граѓаните.

 

М: Еве едно хипотетичко прашање.Имаше и сè уште има големи турбуленции околу заедничката платформа, сметате ли дека со откажување од неа ќе се тргне на патот кон излез од кризата?

 

Т.Џ.: Ова не треба никој ниту хипотетички да го помислува.Јас не бев хипотетички пратеник.Јас бев кандидат за пратеник, втор на листа во 6. изборна единица, и настапив со јасна програма напишана на три јазици, да може сите да ја разберат. Сметам дека никој нема право да бара од мене или од другите албански партии да се откажеме од нешто што ни било програма на избори. Во тој случај, ДУИ и другите партии треба да се откажат од албанскиот идентитет. Кого ние тогаш ќе претставуваме? Кампањата што ја води ВМРО-ДПМНЕ води во постапки што ги плашат луѓето. Што значи  инсистирањето на два блока,каде нè води?

 

М: Можете ли накратко да ни објасните дали употребата на Законот за јазици е толку спорна како што се претставува?

 

Т.Џ.: Вчера имавме можност да видиме плакати во Гевгелија излепени на грчки јазик.Сите фирми во пограничните зони се напишани двојазично.Не гледам ништо спорно тука и зошто сега се крева толкава бучава околу албанскиот јазик? Употребата на мајчин јазик е природно право, насушна потреба на оној што го зборува и гарантирам дека со ништо не го загрозува идентитетот на другиот. Уставот вели дека суверенитетот им припаѓа на граѓаните,а ние сме граѓани на оваа држава, не на Тунгузија. Не може суверенитетот да биде ексклузивен, да им припаѓа само на едните, но не и на другите. Плашењето на луѓето дека по ова ќе настане потоп на светот се користи само во интерес на дневно-политички цели.

 

М: Смета ли ДУИ дека решение за кризата се нови парламентарни избори?

 

Т.Џ.: Нови избори не се патот за излез од кризата.Напротив, тие ќе создадат допонителни проблеми.Впрочем, со овие избори ние треба да излеземе од кризата. Изборите ги признаа сите партии и оценети се како мирни, фер, без никаков проблем. Нови избори, евентуално, можат само да ги сменат улогите на носителите на кризата, која ќе биде уште подлабока. Според мене, што побрзо се освестат оние кои се дел од оваа кампања, дотолку подобро затоа што веќе пробивмемногу рокови, меѓу нив и одржувањето на локалните избори.

 

 

Интервју/Дебата

(ВИДЕО) Тимоние: Влезот во ЕУ многу зависи од кредибилитетот на вашето судство

Објавено пред

Францускиот амбасадор во земјава, Кристиан Тимоние, во екот на политичките препукувања на законот за Јавно обвинителство, во интервју за „Макфакс“ говори за потребата од донесувањето на законот, но и за новата методологија за проширување на ЕУ која беше донесена на 5 февруари годинава.

dobivaj vesti na viber

Тој не сакаше да дава никакви политички оценки во однос на обвинувањата на партиите и на координираторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во однос на законот за Јавно обвинителство, но вели дека „влезот во ЕУ еден ден многу ќе зависи од кредибилноста на судството и од силната борба против корупцијата“.

„Законот е барање од ЕУ и државите членки и со него ќе треба да се затворат или зајакнат сите судски постапки кои беа отворени во рамките на СЈО. Потребно е судство ослободено од заробеноста на партиите и рамка за борба против корупцијата“, вели Тимоние за „Макфакс“.

Посетата во Париз на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, амбасадорот Тимоние ја оцени како „конструктивна и пријателска“ и рече дека главниот акцент бил ставен на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

„Новата методологија што ја предложи комисијата во голем дел ги содржи предлозите на француската влада. Чекаме како ќе реагираат другите земји членки во однос на документот, но ми се чини дека сето тоа оди во добра насока“, вели тој.

Амбасадорот вели дека е свесен дека во земјава постои разочарување од Франција, која беше против проширувањето на ЕУ со нови членки.

„Да се надеваме дека новата методологија ќе биде воз кој ќе постигне поголема брзина во однос на претходниот“, рече во интервјуто амбасадорот Тимоние.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Објавено пред

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години биле врзувани и престојувале во страшни услови. Вели дека прозивката на техничката министерка Рашела Мизрахи за домот во Демир Капија била неиздржана затоа што не ја познава областа со која влегла да раководи. Шкријељ вели дека во овие три години ги извлекле сите деца кои биле во заводот и ги сместиле во групни домови.

dobivaj vesti na viber

„Техничката министерка можеби првпат влегува таму и јасно е зошто нејзината реакција е таква. Но, ќе напоменам дека тоа што ние го наследивме таму беа услови за невозможна мисија. Имаше ситуација корисниците за бидат врзувани затоа што вработените не можеа да се справат со нив. Затоа и го спроведовме тој процес на деинституционализација и ги извлековме сите деца од таму. Она што јас и техничката министерка треба да го направиме е да го продолжиме тој процес, а не да настапуваме на овој начин. Но, ќе повторам, разбирам зошто министерката настапува така“, рече Шкријељ.

Таа додава дека на техничката министерка ѝ предложила да се координираат пред да се излегува во јавност за да не се шири паника меѓу граѓаните со нецелосни информации. Предоложила да имаат состанок еднаш неделно на кој ќе одлучуваат заеднички за важни прашања.

„Токму поради тоа што не ја познава областа се ставивме на располагање да помогнеме да се подобрат процесите. Но, ќе повторам, координараноста и кооперативноста ќе зависат исклучиво од неа“, рече Шкријељ.

Дополнителната заменик-министерка рече и дека не би требало да има блокада или застој на институцијата, но додаде дека доколку Мизрахи побара кадровска промена на раководни кадри или смена на директори на центри за социјални работи, Шкриељ ќе го употреби правото на вето и нема да ги потпише овие решенија.

„Врзаниот потпис се однесува на правни и кадровски промени. Се надевам дека Мизрахи нема да побара смена на раководни кадри, но доколку тоа се случи, јас ќе го спречам тој потег. Сметам дека ние сме преодни министри и треба да останеме во рамките на таа надлежност. Оној кој ќе победи на изборите и по 12 април формира влада, нека си спроведува своја кадровска политика“, децидна беше Шкријељ.

Не одговори конкретно на прашањето дали себеси се гледа на листа за пратеник на предвремените парламентарни избори, но додаде дека е време во државата да се одвојат партиските политики од политиките кои се носат во институциите.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Глигорова: Одговорност за извршителите ќе бараме и пред Обвинителството за организиран криминал

Објавено пред

Новиот тарифник за извршителите што го предложи Министерството за правда, а денеска го усвои Владата, наиде на делумна поддршка од задолжените граѓани и здруженија што неуморно се борат за укинување на извршителските канцелрии веќе три години.

dobivaj vesti na viber

Еден од најгласните борци против Законот за извршувањето, Ана Глигорова, смета дека овие измени се позитивен чекор напред во решавање на проблемот со многугодишниот финансиски геноцид врз населението, но сепак најавува дека битката на здруженијата на граѓани ќе продолжи и одговорност за, како што вели криминалното извршување ,ќе се бара и од Обвинителството за гонење организиран криминал.

Според Глигорова, протестот на извршителите со еднодневно затворање на канцелариите е бесмислен кога нивните трансакциски сметки се отворени и тие немилосрно наплатуваат камати на долговите.

Во интервјуто Глигорова прави анализа на тоа што ќе значи репрограмирањето на долговите и вели дека е најважно да се води сметка овие измени да функционираат во пракса ретроактивно. Од протестите пред Министерството за правада што се одржуваа шест вторници, вели дека од жалбите и преставките што ги носеле граѓаните за неправедните извршувања во Министерството биле фрапирани. Имало многу емоции од граѓани за нивните случаи кога на пензија од 7.000 денари со години извршител одзема третина од парите. Таа открива и случај на извршител кој си отворил канцеларија во куќа врз која направил извршување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија7 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија8 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија9 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ11 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија12 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија13 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија13 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија13 часа

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа13 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет14 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет16 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет16 часа

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет16 часа

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет16 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија24 часа

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија1 ден

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија1 ден

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...