Контакт

Интервју/Дебата

Нови тендери за „Бауер БГ“ за проблематичниот кружен тек во Кисела Вода

Објавено пред

Нови два тендери за непредвидени работи доби градежната компанија „Бауер БГ“ за изградба на булевар Србија и кружниот тек со улицата Христо Татарчев со вредност од над 230 илјади евра. За изградба на овој проект, кој се гради речиси три години, досега биле доделени тендери во вредност од повеќе од 2,6 милиони евра. Граѓаните на Кисела Вода неколкупати излегуваа на протест бидејќи тврдат дека предвидениот проект е згрешен и небезбеден, како и дека со него ќе се затвори улица и пристап до 300 куќи во населбата.

„Бауер БГ“ на почетокот од мај добила два нови тендери од Градот Скопје. Едниот е за изведба на непредвидени работи при изградба на булевар Србија и кружниот тек со улицата Христо Татарчев и е во вредност од околу 24 илјади евра. Вториот тендер е повторно за изведба на непредвидени работи на истата улица, како и рушење постоечки објекти и изградба на новопроектирани ѕидови во вредност од околу 209 илјади евра. Двата тендера се добиени преку постапка со преговарање без претходно објавување оглас, а како критериум за доделување на договорот е наведена најниската цена.

Овој булевар се гради речиси три години, додека тендерите и анекс-договорите за негова изградба кои ги добива компанијата продолжуваат. За изградбата и кружниот тек заедно со тендерите за непредвидени работи досега оваа компанија, според информациите на Електронскиот систем за јавни набавки, добила нешто повеќе од 2,6 милиони евра.

Додека се множат тендерите за проектот, на терен улицата е во хаос. Несоодветно одбележана сигнализација и безредие во сообраќајот е она што го затекнавме на лице место на недозавршениот кружен тек каде бројни возила и пешаци секојдневно минуваат. Токму за овој проект граѓаните на Кисела Вода веќе неколкупати протестираа и обвинуваат дека проектот ќе им го затвори пристапот до куќите и сметаат дека е целосно згрешен.

Опасна точка од која може да има смртни последици во сообраќајот

Жителите веќе поднеле петиција до Градот Скопје за да алармираат за небезбедното решение на кружниот тек кај последна „дваесет и четворка“ со кое е предвидено вклучување во сообраќај од улица преку банкина и тротоар.

„Од градоначалникот на општина Кисела Вода јавно беше изнесено дека проектот е грешен и дека се работи на нова проектна документација со цел да се изнајде соодветно сообраќајно безбедно решение за вклучување на двете постојни улици кон кружниот тек, вие како инвеститор продолживте со стариот проект и се обидовте да ги затворите двете улици“, се вели во писмото испратено до Град Скопје од граѓаните.

Граѓаните од улиците Христо Татарчев 1, 3, 6, 9 и 11 до Градот реагирале дека доколку ова решение на кружниот тек биде дозволено, тоа може да стане место на судир и сообраќајки со смртни последици. Тие бараат целосно ревидирање на проектот и да биде доставен на ревизија до Градежниот факултет, како и корекција и доработка на проектот со што ќе биде проектирано ново безбедно решение. Дополнително, сметаат дека со сегашниот проект ќе биде затворен пристапот до нивните домови, како и до една фабрика со неколку стотици вработени.

„Цело време им укажуваме дека не треба да ни ја затворат улицата, меѓутоа бидејќи ДУП-от на општина Кисела Вода не е донесен, а донесен е само ГУП-от, фактички Градот ја работи улицата според него. Во овој проект се исклучени овие улици и ги нема. Ако сакаат нас да нè приклучат тие треба да направат ревизија на проектот и да се утврди дека овде има безбедносен проблем во сообраќајното решение.

Тие не можат нас да нè лажат дека оваа улица нема да биде затворена затоа што не можат да добијат технички прием, ниту, пак, можеме ние безбедно да гравитираме на сообраќајницата со кружниот тек затоа што ние ќе ја сносиме вината за неправилно приклучување од споредна на главна улица“, вели за „Макфакс“ Светлана, еден од жителите во овие улици.

Град Скопје: Се доцни поради нерешени имотно-правни односи

За тоа зошто „Бауер БГ“ добила тендери без претходно објавување оглас, како и зошто изградбата на овој булевар кој веќе се гради подолг период сè уште не е завршена, од Градот Скопје за „Макфакс“ велат дека изборот на понудите за непредвидените работи на булеварот Србија се спроведени согласно со Законот за јавни набавки и анекс-договорите се објавени на веб-страницата на Бирото за јавни набавки.

„Потребата за изведба непредвидени работи произлезе затоа што атмосферскиот колектор со дијаметар од 1500 милиметри при изведба на градежните работи се установи дека е плиток и мора да се заштити со бетонска заштита. Вториот договор е направен за рушењето на објектите и огради од околните објекти и изградба на нови огради наместо срушените, кои според проектот, се на трасата на проширувањето на булеварот, а се предмет на експропријација.

Нерешените имотно-правни односи и дел од непредвидените работи се единствената причина за доцнењето на завршните работи, и со нивното затворање се очекува до крајот на оваа градежна сезона проширувањето целосно да заврши. Постапките за експропријација на објектите кои се на трасата на проширувањето се во тек, овластен проценител изврши проценка и се преговара со сопствениците околу обештетувањето“, велат од Градот.

Иако на терен се чини дека градежните зафати се далеку од завршени, оттаму информираат дека проектот за продолжување на булеварот Србија, од кружниот тек кај Цементарница до улицата Христо Татарчев, со формирање нов кружен тек е во завршна фаза и најголемиот дел од градежните активности е веќе готов.

Се нижат тендери за „Бауер БГ“, една од омилените фирми во „СК-2014“

„Бауер БГ“, една од компаниите кои градеа бројни објекти во проектот „Скопје 2014“, само за првата недела од  мај добила три тендери за градба во вкупна вредност од 750 илјади евра. Освен двата тендера од Град Скопје, градежната компанија добила тендер за ревитализација на улици и патишта од општината Гази Баба во вредност од 520 илјади евра.

Компанијата добила тендер и во април од Општина Центар во вредност од околу 49 илјади евра за непредвидени работи кои биле вклучени во основниот договор од 2017 година, склучен помеѓу Општина Центар – Скопје и „Бауер БГ“ за реконструкција на постоечка улична мрежа (коловоз со тротоари) и изградба на водоводна мрежа и атмосферска канализација на улица Питу Гули – 2. И оваа постапка е направена со преговарање без претходно објавување оглас.

Фирмата добила тендер во јануари и од општина Чаир за зимско одржување на улиците за зимската сезона во вредност од 38 илјади евра. „Бауер БГ“ и минатата година добивала бројни тендери од Општина Гази Баба, Министерство за животна средина и просторно планирање, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, а интересно е што добила тендер и од специјалното обвинителство за изведување градежно-занаетски работи за адаптација на деловни простории во октомври 2017 година.

Раст во времето на ВМРО-ДПМНЕ

„Бауер БГ“ е една од компаниите кои беа често ангажирани во градењето објекти од контроверзниот проект на власта на ВМРО-ДПМНЕ, „Скопје 2014“. Неофицијално дознавме дека работењето на оваа компанија, која доживеа огромен раст со добивањето државни тендери во времето на претходната власт, ја анализира специјалното обвинителство.

Прашања за тоа зошто доцни изградбата на булеварот Србија и продолжуваат тендерите без оглас за овој проект, како и дали работењето на компанијата е предмет на анализа на СЈО испративме и до претставник на компанијата, како и на нивниот официјален мејл, но до објавувањето на текстот немаме одговор. Се обидовме да ја контактираме компанијата и преку нивниот телефон, но тој не функционира.

Според дата-базата на БИРН за проектот „Ск 2014“, оваа компанија добила 7% од вредноста на сите договори во проектот или вкупно повеќе од 43 милиони евра. Таа е петтиот најголем изведувач на проектот и ги градела плоштадот Скендербег, фасадата на Владата, Драмскиот театар, Државниот завод за ревизија, Геолошки завод и АД за стопанисување со станбен и деловен простор (Палата „Емануел Чучков“), фасадите во централно градско подрачје, Оградата околу Владата, кривичниот суд, оградата на мостот Гоце Делчев, мостот Мајка Тереза, а ја правела и реконструкцијатата на Собранието.

БИРН лани објави дека токму градежната компанија „Бауер БГ“ е една од компаниите кои во 2015 година купувале деловни простории од ЕВН Македонија и од јавното претпријатие Македонски шуми и по неколку месеци ги продале на тогаш сѐ уште владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ за повисока цена. Според пишувањата на БИРН, „Бауер БГ“ првпат добила тендер од државна институција во 2008 година кога со оваа општина раководел ексградоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, а соработката се зголемила кога тој застанал на чело на главниот град.

Кристина Озимец



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Интервју/Дебата

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Објавено пред

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица бидејќи, како што вели, има политичка волја од најголем дел од политичките партии, а истото мислење го делат и добар дел од граѓаните, кои се изјасниле во анкетите во нивните истражувања. Поповска вели дека СДСМ треба да си стои на зборот и да ѝ даде поддршка на парламентарната група од 12 пратеници, кои поднесоа иницијатива за промена на Изборниот законик.

„Сметаме дека е дојдено време државата да стане една изборна единица и сметам дека за разлика од пред 4 години, овој пат ќе успееме да добиеме поддршка од сите политички партии бидејќи одлуката за промена на Изборниот законик треба да се донесе со консензус. Го иницираме оваа прашање за да не се доведеме во ситуација пред изборите в година големите партии повторно да се договорат и донесат козметички промени. На 30 септември имаме закажано средба со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на оваа тема. Сметаме дека СДСМ ќе си стои на ветувањето што го даде пред изборите и ќе ја поддржи иницијативата. Нашиот предлог е испратен до сите политички партии, а средби очекуваме и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, вели Поповска.

Таа вели дека ваков модел на избори имаат повеќето од европските држави, а иницирањето на процесот е во согласност со препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Според неа, државата да стане една изборна единица нема да биде придобивка само за малите, туку и за големите партии, кои исто така губат гласови во 6 изборни единици.

„Овој процес е фер и правичен. Малите партии на овој начин не ќе мора да коалираат со големите по секоја цена, односно да се создаваат вештачки коалиции. Имаме партии, како, на пример, ВМРО-НП, која во парламентот нема свој претставник, а имаше повеќе од доволно гласови за пратеничко место. Истото важи и за големите, и тие губат гласови на шест места, а со тоа и мандати. На овој начин ќе добиеме и поголема шареноликост, повеќе демократизација во парламентот, што во секој случај ќе биде најголема придобивка за граѓаните“, додава Поповска.

ДОМ и другите помали партии се залагаат и за отворени листи, но засега, како што рече Поповска, главно се концентрирани да помине измената на Изборниот законик за една изборна единица, па потоа да се лобира за оваа прашање.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Исмаили: Два месеца сум на терен, култура мора да има и надвор од Скопје

Објавено пред

Два месеца со ресорот култура раководи министерот за култура, Хусни Исмаили. Докторот по медицински науки Исмаили е третиот министер за култура во актуелната власт. Тој доаѓа на местото на неговиот сопартиец Асаф Адеми, кој замина од функцијата поради приватни причини.

Во своето прво интервју Исмаили вели дека е министер кој сака проблемите да ги види одблизу и постојано оди на терен. Според него, на овој начин полесно се согледуваат состојбите и се доаѓа до решенија. Основната цел му е конечно да се спроведе деметрополизација, односно децентрализација на културата.

Критиките дека културата е политизирана ги прифаќа и вели дека би лажел кога би рекол дека е поинаку, но тој ќе се обиде културата да влијае врз политиката, а не обратно.

За годишниот конкурс за култура и реакциите кои вообичаено следат по објавување на резултатите, Исмаили вели дека транспарентноста е најважна, а оние што ќе одлучуваат како дел од комисиите ќе мора сериозно да го вложат својот авторитет и да понесат одговорност.

За поларизацијата по етничка линија, критериумите и широката слика на состојбата со култура во интервјуто со Исмаили.

Магистар е по медицински науки во областа на ревматологија, а постдипломски студии завршил во Тузла, Босна и Херцеговина.

Како што стои во неговата биографија доставена до Собранието, работел како професор во средното медицинско училиште во Тетово, бил матичен лекар и лекар специјалист, исто во Тетово. Доцент е на Медицинскиот факултет при тетовскиот универзитет.

Во неговата биографија има и посебен дел што се однесува на неговите културни активности.

Во деведесеттите години од минатиот век бил уредник на книги, организатор на првиот Саем на книгата на приватните албански издавачки куќи, уредник на радиодрами, уредувал радиоемисии од областа на културата.

Бил уредник и раководител на 80 документарни телевизиски емисии на албански јазик и е еден од основачите на издавачката куќа „Логос А“.
 
Автор е на повеќе научни трудови и изданија од областа на медицината.
 
 

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Интервју со министерот Сугарески: Уривање во Охрид од септември, а на Матка по завршување на жалбите

Објавено пред

Уривањето на дивоградбите во Охрид ќе почне во текот на септември, а уривање ќе има и на Матка, но откако ќе истечат законските рокови за жалби по поднесените барања за легализација на дивите платформи, најави во интервју за „Макфакс“ министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Тој објасни дека Охрид врши сериозни подготовки на акцијата за уривање.

„Освентоа што прогласи мораториум за градење Охрид веќе избра фирма која што ќе урива, предвиде средства за уривањето во висина од 1,5 милион денари и прави динамичен план за уривањето. Приоритет ќе имаат дивоградбите во заштитеното јадро и во националниот парк ’Галичица’“, рече министерот Сугарески.

Државата ќе ја помогне акцијата со дополнителни средства за уривањето, а според министерот нови средства ќе предвиди и локалната самоуправа во буџетот за следната година оти како што нагласи, не може да се очекува сите дивоградби, чија официјална бројка ќе ја објават многу скоро, да бидат урнати до февруари, кога истекува рокот даден од УНЕСКО за задржување на заштитатата на Охрид.

Министерот Сугарески рече дека не знае за петицијата за измена на членот 15 од Законот за градежно земјите со која граѓаните бараат да се дозволи продажба на државно градежно земјиште за окрупнување на парцела само доколку лицето поседува 80 отсто од парцелата, наспроти сегашниот член во законот кој дозволува откуп на државно земјиште доколку лицето е сопствени на само 30 отсто од парцелата. Граѓаните бараат ваква измена за да се спречи раскрчмување на државно земјиште како она спроти хотелот „Холидеј Ин“ кое беше продадено заради окрупнување на парцелата за изградба на згради спротивно на интересот на јавноста која побара парк на местото на паркингот.

„Не знам за оваа иницијатива, но со задоволство ќе ја разгледам. Сметам дека одлуката за вакво нешто треба да ја донесеме заедно со градоначалниците“, рече Сугарески.

Министерот објасни дека работат на изградба на 550 километри патна мрежа и одговори на забелешкте на опозијата која замери дека СДСМ немаат свои проекти туку дека ги дорабтуваат нивните.

„ВМРО-ДПМНЕ остави пустош со почнатите и недовршени автопатишта, и не може ниту една власт да остава недовршени и несредени проекти, а потоа да викаат дека биле нивни. ВМРО-ДПМНЕ за 12 години изградиле 650 километри патишта, а ние за една година над 500 километри патишта. Разликата е евидентна. На многу патишта нема реконструкција од времето на Тито. Да не почнувале вакви патишта од ВМРО-ДПМНЕ, ваков пример во градежништвото не сме виделе, нешто што не го познава градежнишвото како автопатот Кичево-Охрид. 50 проценти беше направен автопатот Миладиновци-Штип, ние за година и пол 50 проценти завршивме, тие за четири години го правеа. Немало причина за четири години да не го направат. Битола-Кременица е чист проект на СДСМ. Куманово-Бељаковце е ВМРО-ДПМНЕ? Што се фали со 20 проценти направен пат. Не може секоја власт да ги остава проектите, а потоа да вика дека е нивен проект. Гасовод 98 проценти од кракот Неготино до Битола нема мрднато, ископана беше една дупка, сега е направена целата работа. До 4 септември се првите два километри за патот до Блаце. Кичево-Охрид е еклатантен пример како не треба да се работи во градежништвото. Ако било се готово на автопатот Демир Капија-Смоквица, Груевски ќе го пропуштеше да не го пушти во употреба? “, рече министерот Сугарески.

За железничкиот сообраќај Сугарески вели дека се уште се подготвува приватизација на МЖ„Транспорт“, по довршување на пругата Битола – Кременица во скоро време се очекува да биде пуштена во сообраќај нова линија, а интензивно се работи на пругата кон Бугарија.

Министерот рече дека не се откажува и од заложбите и за домашна авиокомпанија иако првата анализа покажала дека домашна авиокомпанија би била финансики неодржлива.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Заменик Министерот за здравство, Асим Муса поднесе оставка

Заменик Министерот за здравство, Асим Муса, денеска на прес конференција соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување...

Македонија1 час

Судење ,,ТНТ“: Вештак тврди дека и со Нокиа 3310 може да се прислушува

Во кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ,,ТНТ” на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев предложен од обвинетите. Вештакот...

Македонија1 час

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник „Die...

Дијаспора2 часа

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија3 часа

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа3 часа

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион4 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија4 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт14 часа

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија17 часа

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Македонија18 часа

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат се обрати...

Македонија18 часа

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Топ20 часа

Маж пронајден починат покрај локален пат

Вчера напладне покрај пат во селото Рогачево, Тетовско, бил пронајден починат маж од Скопје. Се работи за лице на 67-годишна...

Македонија20 часа

Бојан Јовановски повторно пренесен во болница поради проблеми со желудникот

Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот. Јовановски бил пренесен на...

Македонија20 часа

Бактеријата мрса се шири во градинка во Кисела Вода

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во...

Економија21 час

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби...

Македонија24 часа

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет1 ден

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Топ1 ден

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Топ1 ден

Истрага за случајот во Богданци: се опијаниле, па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци поради постоење основано сомневање дека...

Досие