Контакт

Интервју/Дебата

(ВИДЕО) Интервју со Златко Марин, номиниран за кандидат за градоначалник на општина Аеродром

Објавено пред

Општина Аеродром од една од најурбаните скопски општини полека се претвора во полудива населба поради огромниот број новоградби кои не се градат во склад со претходните планови. Има ли решение за овој проблем?

dobivaj vesti na viber

– Старите населби во Аеродром се едни од најмодерните и најурбаните во Скопје. Градени се со големи улици и булевари, големи паркови е се идеално урбанистички осмислени. Еве за пример, погледнете ja населбата Ново Лисиче, делот зад Капитол и зад Т.Ц Бисер и споредете ги со новите ДУП-ови на реонски и Стар Аеродром. Ќе забележите дека првите со дупло поголема територија, имаат помала населеност и големи зелени површини. Во новите ДУП-ови се забележува дека нема зелени површини додека булеварите, улиците и паркинзите се видно помали. Со ова дополнително се оптеретува постоечката инфраструктура, градинките, училиштата, улиците, канализациите и притисокот на водоснабдувањата и др. Оттука доаѓаме до заклучокот и оправданоста за револтот на граѓаните кои не беа консултирани за ваков тип на изградба во општината. Овие грешки не смеат да се повторат. Новите планови кои ќе се носат ќе бидат изработени како плановите на Ново Лисиче, како зад Капитол и зад Т.Ц Бисер.

Во дел од новоизградените згради почнува да се јавува проблем и со капацитетот на канализацијата, за прв пат во општината се јавува и реа, поради што жителите се жалат. Како може ова да се реши?

– За решавање на тој проблем треба стручни служби да излезат на терен и да направат увид на постоечкиот проблем. Според разговорите со експерти за таа проблематика, постоечката канализација не ги задоволува потребите бидејќи поголем дел од новите згради се приклучуваа на старата канализација со цел заштеда на трошоци на општината за изградба на нова или проширување на старата. Ќе се направи сериозна процена на капацитетите на актуелната инфраструктура и ќе се инвестира во нова онаму каде што е потребно. Ќе се донесат ДУП-ови кои предвидуваат соодветен процент на зеленило и инфраструктура. И трето, ќе се фокусираме исклучиво на урбанизација на неурбанизираните делови на општината, а не дополнително градење и загушување на урбанизираниот дел.

Застанавте против примената на новиот ДУП и градење на нова деветокатница, што е толку спорно во изградбата , бидејќи има и мислења дека ќе се урбанизира дел од диво изградената населба, особено покрај Вардар?

– Нашето мислење за деветокатницата кај Мајчин Дом го искажавме заедно со голем број жители на Аеродром кои во ниеден случај не се согласуваат со одлуките на општинската администрација. Сѐ уште стоиме на ставот дека тоа место не треба да биде градежна парцела. Откако ќе ја превземеме власта во Општината ќе најдеме начин, компромисно да биде во интерес и на граѓаните и на сопственикот на парцелата. Како што кажавме во претходниот период немаме проблем во делот што се наоѓа кај железничката станица во близина на реката Вардар бидејќи тој простор и жителите на тој простор имаат реална потреба од урбанизација и пристојно место за живеење. Но не по теркот на постоечкиот план. Имавме консултации со жителите на тој дел, правевме анализи и дојдовме до заклучок дека овој план треба да претрпи измени, секако во согласност со граѓаните. Ќе работиме многу разично од досегашната власт. Тоа ќе биде во интерес и според потребите на граѓаните, но притоа обезбедувајќи максимална заштита на животната средина. Досегашната власт се чини беше заинтересирана само за бизнисот од градбите. Тоа веќе не смее да се случи. Ние сите заеднички имаме поголем проблем а тоа е загадувањето, кое мора и ќе биде приоритет за новата локална, но и централна власт.

Секоја зима кога загадувањето во Скопје е најголемо, највисоко ниво на ПМ честици се мери во населбата Аеродром и Лисиче, зошто ова се случува на овој простор и постои ли решение?

– За жал, точна е констатацијата дека Аеродром е една од најзагадените општини во Република Македонија. Во текот на зимскиот период имаме константно загаден воздух. Во изминатиов период направивме истражувања и консултации со експерти од таа област за причините за загадувањето. Прво во близина на Лисиче и Ново Лисиче, на самата територија на општината и од другата страна на Вардар имаме сепарации и фирми кои се директни загадувачи на пм честички. Исто така треба да се земе предвид зголемената градежна активност на тешка механизација, која дополнително придонесува за загадување на воздухот. Тука треба да се спомене недоволната општинска контрола и едукација за штетните последици од користење на несоодветни средства за затоплување. Сегашната локална самоуправа упорно го игнорира овој проблем, иако е свесна за катастрофалните последици врз здравјето на граѓаните. Имено, и покрај алармантната состојба, за заштита на животната средина се издвојуваат незначителни средства од општинскиот буџет и не се преземени никакви конкретни мерки. Не можам да разберам како актуелната локална власт може да има толку пасивен став кон овој алармантен проблем. Сметам дека мора да бидеме проактивни на ова поле. Решенијата ги имаме во нашата програма која ќе им ја понудиме на граѓани за здрава животна средина. Едно од решенијата е гасификација на училиштата, градинките и други јавни објекти кои во моментот се греат на други деривати. Се прави и план за можност на приклучување на постоечките куќи и јавни објекти на колективното греење. Ќе даваме грантови и субвенции заедно со Град Скопје и Владата на Република Македонија за енергетска ефикасност на индивидуалните куќи и колективните станбени единици. Ова значи субвенционирање за обнова на фасади и колектори со што би ја намалиле потрошувачката за дрва за затоплување, а од ова би имале позитивен ефект за сите. Со овие мерки би се намалиле трошоците за затоплување на граѓаните, и би се заштитила животната средина. Дополнително би ја зголемиле контролата и инспекцискиот надзор на фирми и индивидуални куќи кои поради нивно несовесно користење на несоодветни средства и забранети горива за затоплување дополнително придонесуваат за лош квалитет на воздухот.
Во програмата имаме тековно одржување на парковите, засадување на нови садници низ целата територија на Општина Аеродром. Исто така во програмата имаме и изградба на неколку парк-шуми. Ќе одвоиме средства за едукации, панел дискусии, акциски планови, финансирање на здруженија на граѓани за заштита на животната средина и природа.

Градоначалникот Ивица Конески вели дека тој направил многу за општината, притоа се зборува за нова градинка, училиште, спортски центри, паркови…Се согласувате ли со овие тврдења?

– Ивица Коневски започна кампања со спотови по ТВ и радија, рекламни паноа и билборди за своја само-промоција со која граѓаните не се согласуваат. Со огромни средства за реклами тој сака да ги изманипулира граѓаните. Во неколку наврати имавме прес-конференции на кои го повикавме градоначалникот да одговори кој и како ја финансира неговата кампања за ширење лаги и манипулации, но се разбира не добивме никаков одговор. Да не заборавиме, Ивица Коневски 8 години владееше со општина Аеродром. Во тоа време, наместо да се насочи кон потребите на граѓаните и да ги санира итните проблеми со кои се соочуваат аеродромци, тој се фокусираше на лажна себе промоција. Така на пример, и покрај очигледно зголемениот број на жители, Коневски за два мандати има направено само една нова градинка, финансирана од централната власт. Останатите три се ситни доградби, кои тој пробува да ги претстави како нови објекти. Нови паркови? Да не се лажеме, Аеродром беше зелена општина долго време пред да дојде Коневски на власт. Тој и одзема повеќе зелени површини на населбата отколку што и даде. Всушност Ивица Коневски има реализирано многу малку, земјќи предвид колку време е на власт и со колкави буџети располага. Општината има одличен приход од комуналии, но инвестициите се минимални. Голем дел од буџетот оди на „услуги“ додека капитални и инфраструктурни инвестиции има минимално. По 12 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, општината сѐ уште нема сопствени простории и администрацијата е принудена да плаќа кирија за општинската зграда. Нема младински културен центар, иако граѓаните веќе долго време го бараат, а недостасува и кино. Впрочем, целосно е запоставен културниот живот во општината.
Од друга страна пак, неговото раководство и нанесе сериозни штети на општина Аеродром. Тоа што најмногу ми пречи е што нашата општина ја води човек со искривени приоритети, кој упорно останува глув за гласот на граѓаните. Така, Коневски лепи зграда до зграда во веќе урбанизираниот дел од Аеродром, а ги запоставува неурбанизираните делови. Никако не се соочува со алармантно високото загадување, не ја подобрува инфраструктурата, и го игнорира проблемот со канализација и водовод. Со други зборови, тој комплетно го игнорира фактот дека Аеродром е дом на значително повеќе жители од порано, и општината треба да еволуира за да овозможи соодветни услови за нивно функционирање. Аеродром се гуши, а Ивица Коневски ги оценува своите два мандати како успешни.

Вашето име се споменува како можен кандидат за иден градоначалник на Аеродром, ќе влезете ли во трката за прв човек на општината?

– Би ми било огромна чест да застанам на чело на општината, а уште поголема привилегија да ја добијам довербата на граѓаните. Јас самиот сум жител на општина Аеродром и долго време интензивно работам на локално ниво, во различни својства во рамките на мојата партија. Можам со сигурност да кажам дека добро ги познавам проблемите со кои се соочуваат аеродромци и веќе имам подготвено решенија за голем дел од нив.
Секако, секогаш има простор за уште работа и насочен сум токму кон тоа. Во овој момент организираме средби со граѓани во сите населби во општината. Целта ни е преку микро таргетирање, односно детектирање на конкретните проблеми во секое мало, да понудиме решенија кои ќе бидат вметнати во програмата на СДСМ за престојните локални избори. Мојот фокус е директно насочен кон граѓаните. Сметам дека тие најдобро знаат што му треба на Аеродром, и е крајно време да бидат слушнати.
Средбите со граѓани се организираат под слоганот Мое маало – разговараме и подобруваме, а распоредот е објавен на мојот личен фејсбук профил и на фејсбук страната. Ги поканувам сите заинтересирани да присуствуаат. Би ми било особено драго да видам што повеќе граѓани и да ги слушнам нивните идеи и размислувања.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Интервју/Дебата

(ВИДЕО) Тимоние: Влезот во ЕУ многу зависи од кредибилитетот на вашето судство

Објавено пред

Францускиот амбасадор во земјава, Кристиан Тимоние, во екот на политичките препукувања на законот за Јавно обвинителство, во интервју за „Макфакс“ говори за потребата од донесувањето на законот, но и за новата методологија за проширување на ЕУ која беше донесена на 5 февруари годинава.

dobivaj vesti na viber

Тој не сакаше да дава никакви политички оценки во однос на обвинувањата на партиите и на координираторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во однос на законот за Јавно обвинителство, но вели дека „влезот во ЕУ еден ден многу ќе зависи од кредибилноста на судството и од силната борба против корупцијата“.

„Законот е барање од ЕУ и државите членки и со него ќе треба да се затворат или зајакнат сите судски постапки кои беа отворени во рамките на СЈО. Потребно е судство ослободено од заробеноста на партиите и рамка за борба против корупцијата“, вели Тимоние за „Макфакс“.

Посетата во Париз на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, амбасадорот Тимоние ја оцени како „конструктивна и пријателска“ и рече дека главниот акцент бил ставен на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

„Новата методологија што ја предложи комисијата во голем дел ги содржи предлозите на француската влада. Чекаме како ќе реагираат другите земји членки во однос на документот, но ми се чини дека сето тоа оди во добра насока“, вели тој.

Амбасадорот вели дека е свесен дека во земјава постои разочарување од Франција, која беше против проширувањето на ЕУ со нови членки.

„Да се надеваме дека новата методологија ќе биде воз кој ќе постигне поголема брзина во однос на претходниот“, рече во интервјуто амбасадорот Тимоние.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Објавено пред

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години биле врзувани и престојувале во страшни услови. Вели дека прозивката на техничката министерка Рашела Мизрахи за домот во Демир Капија била неиздржана затоа што не ја познава областа со која влегла да раководи. Шкријељ вели дека во овие три години ги извлекле сите деца кои биле во заводот и ги сместиле во групни домови.

dobivaj vesti na viber

„Техничката министерка можеби првпат влегува таму и јасно е зошто нејзината реакција е таква. Но, ќе напоменам дека тоа што ние го наследивме таму беа услови за невозможна мисија. Имаше ситуација корисниците за бидат врзувани затоа што вработените не можеа да се справат со нив. Затоа и го спроведовме тој процес на деинституционализација и ги извлековме сите деца од таму. Она што јас и техничката министерка треба да го направиме е да го продолжиме тој процес, а не да настапуваме на овој начин. Но, ќе повторам, разбирам зошто министерката настапува така“, рече Шкријељ.

Таа додава дека на техничката министерка ѝ предложила да се координираат пред да се излегува во јавност за да не се шири паника меѓу граѓаните со нецелосни информации. Предоложила да имаат состанок еднаш неделно на кој ќе одлучуваат заеднички за важни прашања.

„Токму поради тоа што не ја познава областа се ставивме на располагање да помогнеме да се подобрат процесите. Но, ќе повторам, координараноста и кооперативноста ќе зависат исклучиво од неа“, рече Шкријељ.

Дополнителната заменик-министерка рече и дека не би требало да има блокада или застој на институцијата, но додаде дека доколку Мизрахи побара кадровска промена на раководни кадри или смена на директори на центри за социјални работи, Шкриељ ќе го употреби правото на вето и нема да ги потпише овие решенија.

„Врзаниот потпис се однесува на правни и кадровски промени. Се надевам дека Мизрахи нема да побара смена на раководни кадри, но доколку тоа се случи, јас ќе го спречам тој потег. Сметам дека ние сме преодни министри и треба да останеме во рамките на таа надлежност. Оној кој ќе победи на изборите и по 12 април формира влада, нека си спроведува своја кадровска политика“, децидна беше Шкријељ.

Не одговори конкретно на прашањето дали себеси се гледа на листа за пратеник на предвремените парламентарни избори, но додаде дека е време во државата да се одвојат партиските политики од политиките кои се носат во институциите.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Глигорова: Одговорност за извршителите ќе бараме и пред Обвинителството за организиран криминал

Објавено пред

Новиот тарифник за извршителите што го предложи Министерството за правда, а денеска го усвои Владата, наиде на делумна поддршка од задолжените граѓани и здруженија што неуморно се борат за укинување на извршителските канцелрии веќе три години.

dobivaj vesti na viber

Еден од најгласните борци против Законот за извршувањето, Ана Глигорова, смета дека овие измени се позитивен чекор напред во решавање на проблемот со многугодишниот финансиски геноцид врз населението, но сепак најавува дека битката на здруженијата на граѓани ќе продолжи и одговорност за, како што вели криминалното извршување ,ќе се бара и од Обвинителството за гонење организиран криминал.

Според Глигорова, протестот на извршителите со еднодневно затворање на канцелариите е бесмислен кога нивните трансакциски сметки се отворени и тие немилосрно наплатуваат камати на долговите.

Во интервјуто Глигорова прави анализа на тоа што ќе значи репрограмирањето на долговите и вели дека е најважно да се води сметка овие измени да функционираат во пракса ретроактивно. Од протестите пред Министерството за правада што се одржуваа шест вторници, вели дека од жалбите и преставките што ги носеле граѓаните за неправедните извршувања во Министерството биле фрапирани. Имало многу емоции од граѓани за нивните случаи кога на пензија од 7.000 денари со години извршител одзема третина од парите. Таа открива и случај на извршител кој си отворил канцеларија во куќа врз која направил извршување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ3 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија3 часа

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија4 часа

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија5 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија6 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет6 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа8 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа8 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа8 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија9 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија22 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија23 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија1 ден

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија1 ден

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија1 ден

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура1 ден

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет1 ден

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет2 дена

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...