Контакт

Интервју/Дебата

Нови тендери за „Бауер БГ“ за проблематичниот кружен тек во Кисела Вода

Објавено пред

Нови два тендери за непредвидени работи доби градежната компанија „Бауер БГ“ за изградба на булевар Србија и кружниот тек со улицата Христо Татарчев со вредност од над 230 илјади евра. За изградба на овој проект, кој се гради речиси три години, досега биле доделени тендери во вредност од повеќе од 2,6 милиони евра. Граѓаните на Кисела Вода неколкупати излегуваа на протест бидејќи тврдат дека предвидениот проект е згрешен и небезбеден, како и дека со него ќе се затвори улица и пристап до 300 куќи во населбата.

dobivaj vesti na viber

„Бауер БГ“ на почетокот од мај добила два нови тендери од Градот Скопје. Едниот е за изведба на непредвидени работи при изградба на булевар Србија и кружниот тек со улицата Христо Татарчев и е во вредност од околу 24 илјади евра. Вториот тендер е повторно за изведба на непредвидени работи на истата улица, како и рушење постоечки објекти и изградба на новопроектирани ѕидови во вредност од околу 209 илјади евра. Двата тендера се добиени преку постапка со преговарање без претходно објавување оглас, а како критериум за доделување на договорот е наведена најниската цена.

Овој булевар се гради речиси три години, додека тендерите и анекс-договорите за негова изградба кои ги добива компанијата продолжуваат. За изградбата и кружниот тек заедно со тендерите за непредвидени работи досега оваа компанија, според информациите на Електронскиот систем за јавни набавки, добила нешто повеќе од 2,6 милиони евра.

Додека се множат тендерите за проектот, на терен улицата е во хаос. Несоодветно одбележана сигнализација и безредие во сообраќајот е она што го затекнавме на лице место на недозавршениот кружен тек каде бројни возила и пешаци секојдневно минуваат. Токму за овој проект граѓаните на Кисела Вода веќе неколкупати протестираа и обвинуваат дека проектот ќе им го затвори пристапот до куќите и сметаат дека е целосно згрешен.

Опасна точка од која може да има смртни последици во сообраќајот

Жителите веќе поднеле петиција до Градот Скопје за да алармираат за небезбедното решение на кружниот тек кај последна „дваесет и четворка“ со кое е предвидено вклучување во сообраќај од улица преку банкина и тротоар.

„Од градоначалникот на општина Кисела Вода јавно беше изнесено дека проектот е грешен и дека се работи на нова проектна документација со цел да се изнајде соодветно сообраќајно безбедно решение за вклучување на двете постојни улици кон кружниот тек, вие како инвеститор продолживте со стариот проект и се обидовте да ги затворите двете улици“, се вели во писмото испратено до Град Скопје од граѓаните.

Граѓаните од улиците Христо Татарчев 1, 3, 6, 9 и 11 до Градот реагирале дека доколку ова решение на кружниот тек биде дозволено, тоа може да стане место на судир и сообраќајки со смртни последици. Тие бараат целосно ревидирање на проектот и да биде доставен на ревизија до Градежниот факултет, како и корекција и доработка на проектот со што ќе биде проектирано ново безбедно решение. Дополнително, сметаат дека со сегашниот проект ќе биде затворен пристапот до нивните домови, како и до една фабрика со неколку стотици вработени.

„Цело време им укажуваме дека не треба да ни ја затворат улицата, меѓутоа бидејќи ДУП-от на општина Кисела Вода не е донесен, а донесен е само ГУП-от, фактички Градот ја работи улицата според него. Во овој проект се исклучени овие улици и ги нема. Ако сакаат нас да нè приклучат тие треба да направат ревизија на проектот и да се утврди дека овде има безбедносен проблем во сообраќајното решение.

Тие не можат нас да нè лажат дека оваа улица нема да биде затворена затоа што не можат да добијат технички прием, ниту, пак, можеме ние безбедно да гравитираме на сообраќајницата со кружниот тек затоа што ние ќе ја сносиме вината за неправилно приклучување од споредна на главна улица“, вели за „Макфакс“ Светлана, еден од жителите во овие улици.

Град Скопје: Се доцни поради нерешени имотно-правни односи

За тоа зошто „Бауер БГ“ добила тендери без претходно објавување оглас, како и зошто изградбата на овој булевар кој веќе се гради подолг период сè уште не е завршена, од Градот Скопје за „Макфакс“ велат дека изборот на понудите за непредвидените работи на булеварот Србија се спроведени согласно со Законот за јавни набавки и анекс-договорите се објавени на веб-страницата на Бирото за јавни набавки.

„Потребата за изведба непредвидени работи произлезе затоа што атмосферскиот колектор со дијаметар од 1500 милиметри при изведба на градежните работи се установи дека е плиток и мора да се заштити со бетонска заштита. Вториот договор е направен за рушењето на објектите и огради од околните објекти и изградба на нови огради наместо срушените, кои според проектот, се на трасата на проширувањето на булеварот, а се предмет на експропријација.

Нерешените имотно-правни односи и дел од непредвидените работи се единствената причина за доцнењето на завршните работи, и со нивното затворање се очекува до крајот на оваа градежна сезона проширувањето целосно да заврши. Постапките за експропријација на објектите кои се на трасата на проширувањето се во тек, овластен проценител изврши проценка и се преговара со сопствениците околу обештетувањето“, велат од Градот.

Иако на терен се чини дека градежните зафати се далеку од завршени, оттаму информираат дека проектот за продолжување на булеварот Србија, од кружниот тек кај Цементарница до улицата Христо Татарчев, со формирање нов кружен тек е во завршна фаза и најголемиот дел од градежните активности е веќе готов.

Се нижат тендери за „Бауер БГ“, една од омилените фирми во „СК-2014“

„Бауер БГ“, една од компаниите кои градеа бројни објекти во проектот „Скопје 2014“, само за првата недела од  мај добила три тендери за градба во вкупна вредност од 750 илјади евра. Освен двата тендера од Град Скопје, градежната компанија добила тендер за ревитализација на улици и патишта од општината Гази Баба во вредност од 520 илјади евра.

Компанијата добила тендер и во април од Општина Центар во вредност од околу 49 илјади евра за непредвидени работи кои биле вклучени во основниот договор од 2017 година, склучен помеѓу Општина Центар – Скопје и „Бауер БГ“ за реконструкција на постоечка улична мрежа (коловоз со тротоари) и изградба на водоводна мрежа и атмосферска канализација на улица Питу Гули – 2. И оваа постапка е направена со преговарање без претходно објавување оглас.

Фирмата добила тендер во јануари и од општина Чаир за зимско одржување на улиците за зимската сезона во вредност од 38 илјади евра. „Бауер БГ“ и минатата година добивала бројни тендери од Општина Гази Баба, Министерство за животна средина и просторно планирање, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, а интересно е што добила тендер и од специјалното обвинителство за изведување градежно-занаетски работи за адаптација на деловни простории во октомври 2017 година.

Раст во времето на ВМРО-ДПМНЕ

„Бауер БГ“ е една од компаниите кои беа често ангажирани во градењето објекти од контроверзниот проект на власта на ВМРО-ДПМНЕ, „Скопје 2014“. Неофицијално дознавме дека работењето на оваа компанија, која доживеа огромен раст со добивањето државни тендери во времето на претходната власт, ја анализира специјалното обвинителство.

Прашања за тоа зошто доцни изградбата на булеварот Србија и продолжуваат тендерите без оглас за овој проект, како и дали работењето на компанијата е предмет на анализа на СЈО испративме и до претставник на компанијата, како и на нивниот официјален мејл, но до објавувањето на текстот немаме одговор. Се обидовме да ја контактираме компанијата и преку нивниот телефон, но тој не функционира.

Според дата-базата на БИРН за проектот „Ск 2014“, оваа компанија добила 7% од вредноста на сите договори во проектот или вкупно повеќе од 43 милиони евра. Таа е петтиот најголем изведувач на проектот и ги градела плоштадот Скендербег, фасадата на Владата, Драмскиот театар, Државниот завод за ревизија, Геолошки завод и АД за стопанисување со станбен и деловен простор (Палата „Емануел Чучков“), фасадите во централно градско подрачје, Оградата околу Владата, кривичниот суд, оградата на мостот Гоце Делчев, мостот Мајка Тереза, а ја правела и реконструкцијатата на Собранието.

БИРН лани објави дека токму градежната компанија „Бауер БГ“ е една од компаниите кои во 2015 година купувале деловни простории од ЕВН Македонија и од јавното претпријатие Македонски шуми и по неколку месеци ги продале на тогаш сѐ уште владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ за повисока цена. Според пишувањата на БИРН, „Бауер БГ“ првпат добила тендер од државна институција во 2008 година кога со оваа општина раководел ексградоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, а соработката се зголемила кога тој застанал на чело на главниот град.

Кристина Озимец



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Интервју/Дебата

(ВИДЕО) Тимоние: Влезот во ЕУ многу зависи од кредибилитетот на вашето судство

Објавено пред

Францускиот амбасадор во земјава, Кристиан Тимоние, во екот на политичките препукувања на законот за Јавно обвинителство, во интервју за „Макфакс“ говори за потребата од донесувањето на законот, но и за новата методологија за проширување на ЕУ која беше донесена на 5 февруари годинава.

dobivaj vesti na viber

Тој не сакаше да дава никакви политички оценки во однос на обвинувањата на партиите и на координираторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во однос на законот за Јавно обвинителство, но вели дека „влезот во ЕУ еден ден многу ќе зависи од кредибилноста на судството и од силната борба против корупцијата“.

„Законот е барање од ЕУ и државите членки и со него ќе треба да се затворат или зајакнат сите судски постапки кои беа отворени во рамките на СЈО. Потребно е судство ослободено од заробеноста на партиите и рамка за борба против корупцијата“, вели Тимоние за „Макфакс“.

Посетата во Париз на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, амбасадорот Тимоние ја оцени како „конструктивна и пријателска“ и рече дека главниот акцент бил ставен на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

„Новата методологија што ја предложи комисијата во голем дел ги содржи предлозите на француската влада. Чекаме како ќе реагираат другите земји членки во однос на документот, но ми се чини дека сето тоа оди во добра насока“, вели тој.

Амбасадорот вели дека е свесен дека во земјава постои разочарување од Франција, која беше против проширувањето на ЕУ со нови членки.

„Да се надеваме дека новата методологија ќе биде воз кој ќе постигне поголема брзина во однос на претходниот“, рече во интервјуто амбасадорот Тимоние.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Објавено пред

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години биле врзувани и престојувале во страшни услови. Вели дека прозивката на техничката министерка Рашела Мизрахи за домот во Демир Капија била неиздржана затоа што не ја познава областа со која влегла да раководи. Шкријељ вели дека во овие три години ги извлекле сите деца кои биле во заводот и ги сместиле во групни домови.

dobivaj vesti na viber

„Техничката министерка можеби првпат влегува таму и јасно е зошто нејзината реакција е таква. Но, ќе напоменам дека тоа што ние го наследивме таму беа услови за невозможна мисија. Имаше ситуација корисниците за бидат врзувани затоа што вработените не можеа да се справат со нив. Затоа и го спроведовме тој процес на деинституционализација и ги извлековме сите деца од таму. Она што јас и техничката министерка треба да го направиме е да го продолжиме тој процес, а не да настапуваме на овој начин. Но, ќе повторам, разбирам зошто министерката настапува така“, рече Шкријељ.

Таа додава дека на техничката министерка ѝ предложила да се координираат пред да се излегува во јавност за да не се шири паника меѓу граѓаните со нецелосни информации. Предоложила да имаат состанок еднаш неделно на кој ќе одлучуваат заеднички за важни прашања.

„Токму поради тоа што не ја познава областа се ставивме на располагање да помогнеме да се подобрат процесите. Но, ќе повторам, координараноста и кооперативноста ќе зависат исклучиво од неа“, рече Шкријељ.

Дополнителната заменик-министерка рече и дека не би требало да има блокада или застој на институцијата, но додаде дека доколку Мизрахи побара кадровска промена на раководни кадри или смена на директори на центри за социјални работи, Шкриељ ќе го употреби правото на вето и нема да ги потпише овие решенија.

„Врзаниот потпис се однесува на правни и кадровски промени. Се надевам дека Мизрахи нема да побара смена на раководни кадри, но доколку тоа се случи, јас ќе го спречам тој потег. Сметам дека ние сме преодни министри и треба да останеме во рамките на таа надлежност. Оној кој ќе победи на изборите и по 12 април формира влада, нека си спроведува своја кадровска политика“, децидна беше Шкријељ.

Не одговори конкретно на прашањето дали себеси се гледа на листа за пратеник на предвремените парламентарни избори, но додаде дека е време во државата да се одвојат партиските политики од политиките кои се носат во институциите.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Глигорова: Одговорност за извршителите ќе бараме и пред Обвинителството за организиран криминал

Објавено пред

Новиот тарифник за извршителите што го предложи Министерството за правда, а денеска го усвои Владата, наиде на делумна поддршка од задолжените граѓани и здруженија што неуморно се борат за укинување на извршителските канцелрии веќе три години.

dobivaj vesti na viber

Еден од најгласните борци против Законот за извршувањето, Ана Глигорова, смета дека овие измени се позитивен чекор напред во решавање на проблемот со многугодишниот финансиски геноцид врз населението, но сепак најавува дека битката на здруженијата на граѓани ќе продолжи и одговорност за, како што вели криминалното извршување ,ќе се бара и од Обвинителството за гонење организиран криминал.

Според Глигорова, протестот на извршителите со еднодневно затворање на канцелариите е бесмислен кога нивните трансакциски сметки се отворени и тие немилосрно наплатуваат камати на долговите.

Во интервјуто Глигорова прави анализа на тоа што ќе значи репрограмирањето на долговите и вели дека е најважно да се води сметка овие измени да функционираат во пракса ретроактивно. Од протестите пред Министерството за правада што се одржуваа шест вторници, вели дека од жалбите и преставките што ги носеле граѓаните за неправедните извршувања во Министерството биле фрапирани. Имало многу емоции од граѓани за нивните случаи кога на пензија од 7.000 денари со години извршител одзема третина од парите. Таа открива и случај на извршител кој си отворил канцеларија во куќа врз која направил извршување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Бојан Маричиќ избран за нов претседател на Државната изборна комисија

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за правда во Владата на СДСМ, Бојан Маричиќ, е избран за нов претседател на...

Топ2 часа

Запленети 150 килограми марихуана, ја транспортирале со шлеп возило од Струга до Свети Николе

Јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично...

Македонија3 часа

По ревизорскиот извештај, Обвинителството отвори предмет за Општина Охрид

Јавното обвинителство отвори предмет по извештајот на Државниот завод за ревизија за Општина Охрид, во кој утврди дека се граделе...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Имам информација дека следи ново задолжување од 300 милиони евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на одговор на новинарско прашање информираше дека следува ново задолжување од 300 милиони евра, a...

Македонија3 часа

Левица: Премиерот со џемпери од по 2.000 евра барањата за минимална плата ги прогласи за „политичка агенда“

Левица го осуди настапот на премиерот Мицкоски, со кој легитимните синдикални барања за зголемување на минималната плата ги оцени како...

Македонија3 часа

По срамниот настап во Собранието, Џихан Ахмед ја повлече кандидатурата за членка на комисијата за заштита од дискриминација

Џихан Ахмед ја повлече својата кандидатура за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако нејзиниот настап во...

Македонија4 часа

Независниот полициски синдикат против мешање на политиката и партиите во работничкиот протест

Згрозени сме од мешањето на политиката и поддршката која опозициските партии преку повици и мобилизирање на членството оркестрирано ја даваат...

Македонија5 часа

Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како Мицкоски, велат од СДСМ

„ВМРО го вработилo, па така во „приватниот бизнис“ Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, па советник на Груевски, па еве...

Македонија5 часа

„Обвинителството да не молчи, Заев и Филипче ги злоупотребиле државните институции за насилно преземање на болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Сведоштвото на Жан Митрев јасно покажува дека Заев и Филипче брутално ги злоупотребиле институциите. Заев и Филипче смислиле план и...

Свет6 часа

Фицо шокиран од Трамп: „Тој е опасен и полудел“

Словачкиот премиер Роберт Фицо им рече на лидерите на Европската унија на самитот минатата недела дека неговата средба со Доналд...

Свет7 часа

(Видео) Трамп: Уште една прекрасна армада прекрасно плови кон Иран токму сега

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „уште една“ американска воена флота е на пат кон Иран. „Патем, уште една прекрасна...

Свет7 часа

(Видео) Санти мраз во Њујорк, има мртви, температурите под нулата: Бура ги опустошува САД

Санти мраз и делумно замрзнатите делови од реката Хадсон беа пријавени по силната зимска снежна бура во вторник, 27 јануари,...

Свет7 часа

(Видео) Американска конгресменка нападната со непозната течност во Минеаполис

Американската конгресменка, Илхан Омар, беше нападната со непозната течност за време на јавна трибина во Минеаполис во вторник. Полицијата соопшти...

Европа7 часа

Русија бара територијални отстапки од Украина, Зеленски сака средба со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен директно да преговара со лидерот на Кремљ, Владимир Путин, за чувствителни прашања како дел...

Европа8 часа

Колку Руси и Украинци загинаа во војната? Анализа откри застрашувачки бројки

Бројот на руски и украински војници убиени, ранети и исчезнати во речиси четиригодишната војна би можел да достигне два милиони...

Македонија8 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила. Како што известуваат...

Македонија8 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик....

Македонија19 часа

МНР со реакција до Бугарија: Македонија останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности, Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации

Македонското Министерство за надворешни работи реагира на денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија....

Македонија20 часа

Бугарското МНР: Муцунски покажа неподготвеност да се вклучи не само со зборови, туку и во пракса во водење на отворен дијалог

Бугарското министерството за надворешни работи изразува длабоко разочарување од неконструктивното однесување на Република Северна Македонија, официјално обвинувајќи го Скопје за...

Македонија1 ден

Агенцијата за храна повлекува од пазарот во Македонија контаминирана формула за доенчиња: „Ако сте купиле, не ја употребувајте“

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор...