Контакт

Daily news

Плацот кај „Имес“ приватизиран па продаден трипати поскапо

Објавено пред

Земјиштето кое се наоѓа во близина на поранешниот ресторан „Имес“ во Карпош се најде во фокусот на предизборната кампања на СДСМ во оваа општина откако Душко Весковски од СДСМ обвини дека плацот од фирмата „ГРОМ промет ДООЕЛ“ бил купен за само 11 илјади евра, за потоа истото земјиште по два месеца да биде продадено на друга фирма за 600 илјади евра. Информациите и документите кои, пак, „Макфакс“ ги доби од Општина Карпош, како и од компаниите кои учествувале во зделката, покажуваат дека земјиштето заедно со објектите кај „Имес“ биле легализирани, па потоа продадени за речиси трипати повисока цена.

dobivaj vesti na viber

„ГРОМ промет“ купил државно земјишто во Карпош за само 11 илјади евра, а потоа го продал за 600 илјади евра“, е обвинувањето кое одекна во екот на предизборната кампања за време на локалните избори. Обвинувањата пристигнаа од страна на СДСМ и упатени на адресата на градоначалникот Стевчо Јакимовски, чија партија Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ носи речиси идентично име како името на фирмата кое се споменува во обвинувањата за неправилности при отуѓување на земјиштето во оваа општина.

Душко Весковски, кој сега е претседател на Советот на Општина Карпош, а претходно беше носител на листата на советници на СДСМ, ја обвини Општината под раководство на Стевчо Јакимовски  како градоначалник дека неправилно отуѓила градежното земјиште со вкупна површина од 1.533м2, кое било продадено за само 11 илјади евра на друштвото за производство, трговија и услуги „ГРОМ промет ДОЕЛ“.

Тој го праша Јакимовски како отуѓил државно земјиште за багателна цена и зошто само два месеца подоцна по отуѓувањето истото земјиште заедно со легализираните објекти од „ГРОМ промет ДООЕЛ“ било продадено на фирмата „Дабар ДООЕЛ“ по цена од околу 600 илјади евра.

Освен самите обвинувања упатени до Јакимовски, објавувањето на името на фирмата „ГРОМ промет“ во јавноста веднаш предизвика шпекулации дека позади зделката може да стои ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

Сè е чисто како солза, велат службите од Општина Карпош

За случајот побаравме брифинг со службите во Општина Карпош кои го воделе предметот, од каде што велат дека постапката за отуѓување на земјиштето кај познатиот ресторан „Имес“ била целосно законска и во согласност со процедурите на Општината.

Оттаму ги добивме на увид и договорот меѓу „ГРОМ промет“ и општината, договорот за отуѓување градежно земјиште со непосредна спогодба, како и решението со кое „Дабар ДООЕЛ“ станува сопственик на земјиштето.

Иако потврдуваат дека земјиштето под објектот било навистина купено за 11 илјади евра, сепак, велат дека во пресот со обвинувања на Весковски, случајно или не, било заборавено да се спомене дека „ГРОМ промет“ платила уште 180 илјади евра за легализација на објектот, па поради тоа според нив не држат обвинувањата дека за земјиштето се дадени само 11 илјади евра за потоа да се продаде за 600 илјади евра.

Тие објаснуваат дека ниската цена од 11 илјади евра за земјиштето била поради тоа што се работело за земјиште кое е под објектот што „ГРОМ промет“ го имала долги години на користење и потоа и го откупила. Најпрвин бил откупен објектот, а потоа и земјиштето под објектот. Од тие пари по 40% од средствата добиваат градот Скопје и општината Карпош, додека 20% се наменети за буџетот на РМ.

И од компанијата „Дабар дооел“ за „Макфакс“ потврдуваат дека „ГРОМ промет“ го купил објектот од државата за 183 илјади евра, според Законот за утврдување  правен статус на бесправен објект.

Објектите, меѓу кои како дел од комплексот имало и канцеларии и летната тераса на познатиот ресторан, се легализираат во 2015 година, додека барањето за легализација било поднесено во 2011 година.

Ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, не беше достапен за коментар за обвинувањата упатени кон него од страна на Весковски и отуѓувањето на земјиштето. Тој во изминатиот период освен од своите политички опоненти беше постојано обвинуван и од граѓанските организации и активисти за заштита на зеленилото во Карпош дека како градоначалник целосно ги узурпира зелените површини и јавните простори за сметка на интересите на градежниците.

По легализацијата, плацот продаден речиси трипати повеќе

Изградбата на новата зграда која се наоѓа кај поранешниот познат ресторан „Имес“ веќе е во полн ек. Зградата која сега веќе ја гради компанијата „Дабар ДООЕЛ“ ќе биде составена од 132 стана и ќе има приземје, 5 ката и поткровје.

Откако се случила легализацијата и откупувањето на земјиштето, тоа за многу краток период било веднаш продадено на компанијата „Дабар ДООЕЛ“. Од оваа компанија за „Макфакс“ потврдија дека за плацот на „ГРОМ промет“ му платиле 508.474 илјади евра додека околу 91 илјада евра завршиле како данок на државата.

Сега 80% сопственост врз плацот има компанијата „Дабар ДООЕЛ“, а 20% останува на други физички лица кои исто така се вклучиле во процесот.

Фирмата „Дабар ДООЕЛ“ потоа добила можност и за дооформување на земјиштето во тој реон бидејќи за нивниот објект им била потребна поголема парцела. Таа дооформува уште 1835 м2, за кои платила 470 илјади евра кои одат на сметка на Градот Скопје и општината, како и 20% за државата, со што плацот го зголемуваат на вкупно 2845 м2.

Според информациите од оваа компанија, тие платиле и 756 илјади евра за комуналии, од кои 40% се за општината, како и 60% за Град Скопје.

ГРОМ промет формирана уште во 2003

Од документите во Централниот регистар може да се види дека, сепак, е само коинциденција тоа што името на фирмата „ГРОМ промет“ е слично со името на партијата на Стевчо Јакимовски. Компанијата „Гром промет ДООЕЛ“ била формирана уште во 2003 година, а како нејзин сопственик во регистарот е наведен Горан Ристовски. Според потврдата што  ја добивме во телефонски разговор од сопственикот на компанијата, компанијата работи долги години пред да се формира партијата ГРОМ и под нејзино раководство бил познатиот скопски ресторан „Имес“, кој веќе не постои на таа локација.

Ристовски во неофицијален телефонски разговор ни кажа дека не сака да дава изјави за медиумите затоа што не чувствува потреба да демантира какви било наводи изнесени против неговата компанија. Тој негираше дека неговата компанија има каква било врска со партијата ГРОМ и исто така ни ја потврди сумата од 600 илјади евра за која е продадено земјиштето, во која е вклучено и ДДВ-то за државата.

Предупредувања за нашите пишувања за плацот кај „Имес“

Иако во нашиот прв разговор со сопственикот на компанијата „ГРОМ промет“, Горан Ристовски, тој смирено ни објасни повеќе детали околу случајот, но, сепак, одби да даде официјална изјава за нашиот медиум, пола час подоцна тој повторно ни се јави на телефон и ни кажа дека наскоро ќе нè побара неговата сопруга, која е правник, за да ни го објасни нивниот став околу неговата изјава.

„Не сакаме нашите имиња да ги споменувате во вашите текстови, вие немате право на тоа зашто се работи за приватна работа. Ќе следам што пишувате и потоа ќе си преземеме мерки на влијание“, ни рече жената која се претстави како сопруга на сопственикот на компанијата.

Таа со агресивен тон во телефонски повик ни упати повеќе предупредувања дека воопшто не сакаат на никаков начин да се споменуваат нивните имиња во нашата сторија затоа што се работело за приватна работа и тие не сакаат да дадат изјави на темата. Таа нè распрашуваше од каде сме ги добиле документите за случајот и неколкупати ни испрати предупредување дека ќе го следи нашиот текст, како и дека треба да бидеме внимателни во пишувањето бидејќи доколку таа смета дека го кршиме законот со пишувањата, ќе употреби правни мерки против нас.

Кристина Озимец

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија4 часа

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија4 часа

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија5 часа

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија5 часа

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија5 часа

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија6 часа

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија6 часа

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија7 часа

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија8 часа

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет8 часа

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет8 часа

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет9 часа

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет10 часа

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа10 часа

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет20 часа

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...

Регион20 часа

(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана

Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а...

Европа21 час

(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400

Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород,...

Свет23 часа

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија23 часа

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...