Контакт

Daily news

Случајот „Пуч“ заглавен  во ќор-сокакот меѓу политиката и правото

Објавено пред

Звонко Костовски од осуден „пучист“ – клучен сведок за „Тврдина“?

dobivaj vesti na viber

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција им понудило предлог-спогодба на двајца од обвинетите за „Пуч“. Но, за разлика од шестообвинетиот Звонко Костовски, кој ја потпишал спогодбата и се согласил за затворската казна од 3  години, второобвинетиот Ѓорѓи Лазарeвски се откажал во последен момент и не се согласил  на понудата од 6,5 години затвор. Извори на Макфакс тврдат дека спогодбата наводно не била изнудена под притисок и оти се случила само еден  ден откако Костовски се видел со сопругата и сестрата, кои го посетиле во притворското одделение. Мастилото од потпишаната спогодба сè уште не беше исушено, а ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција триумфално ја обзнани оваа вест како „крунски доказ“ за аферата „Пуч“. И по повеќе од две години од овој настан, партијата во заминување го користи овој случај  како главен адут во докажувањето на теоријата за наводен заговор на „домашни и странски непријатели“,„жолти комбиња“ и „чадори“.

Адвокатот на Лазаревски, Драган Малиновски, кој  во одбраната  на неговиот  клиент се вклучил малку подоцна и не учествувал во преговарањата околу спогодбата, ниту ја негираше, ниту ја потврди информацијата дека Лазаревски буквално во последен миг се премислил. Но, останува фактот дека двајца од шестемина обвинети за „Пуч“ биле посебно таргетирани од Обвинителството, со кое во тоа време раководеше Јован Илиевски, баџанакот на поранешниот прв разузнувач во државата Сашо Мијалков и актуелен  македонски судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. А, случајно или не, токму во директното спогодување  со двајцата професионалци од обвинетиот секстет (во кој беа еден бивши директор на УБК и амбасадор, неговата сопруга, општински функционер и лидерот на најголемата опозициска партија) бил вклучен обвинителот Златко Биковски. Првиот заменик на Илиевски, кој  две години подоцна стана негов наследник на челната позиција во Обвинителеството за организиран криминал.

Да  биде апсурдот поголем, во ситуација кога Специјалното јавно обвинителство  предводено од Катица Јанева  на почетокот на годинава се откажа од обвинението од „Пуч“,поради недостиг на докази, Костовски останува единствениот  осуден  на единствена ефективна  затворска казна од три  години за кривичните дела: неовластено прислушување и шпионажа. И тоа само затоа што пред точно две години и три месеци (25 февруари 2015 година) Костовски ја призна вината и потпиша спогодба со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, која потоа беше  верификувана од судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд. Но, не треба да се заборави и дека Звонко Костовски е единствениот кој излезе од притвор, благодарение на аболицијата  на претседателот на државата, Ѓорѓи Иванов, која им ја додели и на 55 други лица, главно неколкукратно осомничени од страна на СЈО  од редот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за кривични дела произлезени од незаконското прислушување, но и претставници на опозицијата, обвинители, па дури и сведоци, како Коста Крпач, кој трагично го загуби животот во недокрај разјаснати околности. По силната реакција на домашната и меѓународната јавност, претседателот Иванов се откажа од аболицијата и помилувањата. Но, Костовски остана на слобода.

Со оглед на поништената одлука на шефот на државата, која повеќе не произведува правно дејство, Костовски сега е ставен во деликатна состојба бидејќи Судот бара да се  врати на доиздржување на затворската казна. Како што дознавме, упатот е испратен уште пред два месеца, но Костовски не им е достапен на органите на прогонот. И покрај упатеното писмено  барање  до МВР да добиеме официјален одговор кога точно е испратен упатот за доиздржување, повратен одговор не добивме.

Фактот што семејството на Костовски ангажирало нов бранител (Филип Медарски), кој ќе го застапува околу упатувањето на извршување  на затворската казна и околу вонредните правни лекови, остава впечаток на  каење, но и  извесно дистанцирање на осудениот од претходниот бранител, со кој ја истурка целата процедура околу спогодувањето. Според нашите  информации, полномоштвото на  скопскиот адвокат Љупчо Веселиновски официјално не е откажано, но комуникацијата на релација клиент-бранител е  целосно прекината. Дали ова значи дека сметаат дека адвокатот имал влијание  во потпишувањето на спогодбата? На оваа тема не беше расположена да зборува ниту сестрата на осудениот Костовски, Анета, која во штуриот одговор во кусиот  телефонски разговор не сакаше да зборува околу целиот овој случај. Само рече дека „не знае  каде е  нејзиниот брат“.

Специјалното јавно обвинителство некаде кон средината на октомври 2016 поднесе вонреден правен лек – барање за заштита на законитоста до Врховниот суд  за Звонко Костовски. Од највисокиот суд, пак, тврдеа дека БЗЗ-то стасало кај нив на почетокот на ноември. На крајот, излезе дека виновник за тоа што двете институции извесен период биле „изгубени во комуникацијата“ се Македонски пошти. Барањето, сепак, стаса до крајната дестинација во судската зграда на „Крсте Мисирков“ бб, но тука не е крајот. И по повеќе од седум месеци од доставувањето на барањето за заштита на законитоста  од страна на СЈО до Врховниот суд, предметот сè уште тапка во место,a надлежните си ја префрлаат топката од еден на друг.

Најпрво, од  Врховниот суд потврдија дека барањето за заштита на законитоста против пресудата на Основниот суд Скопје 1 од 25 февруари 2015 година против Звонко Костовски е поднесено на 6 ноември 2016 од страна на СЈО. Но, барањето било доставено  без приложување на судскиот предмет од Кривичниот суд. Од тој момент почнуваат преписките. Веднаш по приемот на БЗЗ-то, Врховниот суд со писмо се обраќа до СЈО, со укажување дека е потребно да се достават списите на предметот  за да  може да постапуваат. Тоа е побарано  со ургенција од 16 декември, во која се инсистира СJО да ги прибави списите. Како одговор на оваа ургенција, СЈО на 26 декември го известува Судот  дека Основниот суд  Скопје 1 ги информирал дека  предметот ќе биде доставен до Врховниот суд, но доколку највисокиот суд достави такво барање до Кривичниот суд.

По ова, Врховниот суд  по третпат се обратил со писмо архивирано на 29 декември до СЈО во кое укажал дека според судската пракса, подносителот на  БЗЗ-то е потребно да ги достави списите на предметот во најкраток  можен рок за да може да се  постапува. Од Судот потенцираат дека од СЈО не им е достаена копија од писмото на Основниот суд  Скопје 1, во кое Обвинителеството се повикува дека не се во можност да го обезбедат бараното,  поради одбивањето  на првостепениот суд.

На 3 јануари 2017 година СЈО  доставило нова ургенција  до Кривичниот суд за да ги добијат списите околу склучената пресуда на Костовски, но остануваат повторно без одговор. Наместо одговор, од Кривичниот суд, со кој во тоа време раководи в.д претседателката Татјана Михајлова (набрзо ќе даде оставка откако Врховниот суд нема да ги прифати нејзините промени на годишниот извештај на судии и ќе застане зад судиите кои поднеле приговори), СЈО ќе биде обвинет дека „не ја познава процедурата“ и на слепо поднесува вонредни правни лекови.И тука прекинува комуникацијата меѓу овие две  институции. На новинарските прашања до каде е постапката, од СЈО креваат раменици и велат дека чекаат.

Макфакс  деновиве се обрати до новиот в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев, со прашање зошто Кривичниот суд одбива да ги достави списите до СЈО. Тој нè информираше дека целиот предмет со сите списи е доставен до Советот на јавни обвинители уште на 25 февруари оваа година со дозвола на тогашната в.д претседателка Татјана Михајлова, а по писмено барање потпишано од првиот човек на Советот, Петар Аневски.

Трансферот  на предметот на нова адреса ни го потврди и самиот Аневски, кој вели дека  е точно дека ги побарале  комплетните списи за „Пуч“.

„По откажувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од обвинителниот акт за ‘Пуч’, сметавме дека е потребно да го видиме целиот предме, за да ги видиме околностите кои довеле до таква одлука. Во моментов чекаме сите членови да добијат безбедносни сертификати бидејќи само двајца од нас ги поседуваат“, ни изјави Аневски. Тој вели дека дури тогаш ќе можат да ја стават оваа точка на дневен ред на седница. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева еднаш веќе реферираше  пред членовите  на Советот на јавни обвинители за овој случај, а во  друга пригода, и тим составен од  пет обвинители од СЈО.

СЈО на 18 јануари соопшти дека се откажува од обвинителниот акт за „Пуч“, кој ги товари за нелегално прислушување  и за насилство врз највисоките државни органи: Зоран и Соња Верушевски, Бранко Палифров, Ѓорѓи Лазаревски и Зоран Заев. Како главна причина за ваквиот потег беше  наведено дека  фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт е во спротивност со доказите со кои ова Јавно обвинителство располага и со наодите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“. СЈО тогаш изјави дека ваквата одлука е со цел да се приберат дополнителни докази што во целост ќе ја разјаснат фактичката состојба и ќе овозможат донесување правилна и законита јавнообвинителска одлука. Одлуката ја поздрави СДСМ,според која, се потврдило дека „странските служби, жолтите комбиња, тактичката опрема, клонираните базни станици“ се „несовесна и безобразна измислица на Никола Груевски“. Во дел од медиумите, пак, кои важат за блиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ се појавија  текстови  дека ваквиот чекор е „втора амнестија на Заев од СЈО“.

Обвинителката Ленче Ристоска во изјава за Макфакс дообјаснува дека од контрадикторните  факти во  случаите „Пуч“ и „Таргет“ произлегува дека Костовски не може да биде единствениот  одговорен  за нелегалното прислушување. Затоа, таа  вели дека е неопходно да се направи ревизија на правосилната пресуда и да се утврди одговорноста на сите чинители, но и на фактичката ситуација, која е сосема поинаква.

„Во пресудата не се приложени доволно докази за кривичните дела, од кои ќе се утврди дека Костовски е виновен. Во однос на кривичното дело шпионажа, кое му се става како товар, недозволиво е да  нема директни извршители, а  да биде осуден помагачот, а притоа и да не се утврди во корист на која земја е направено шпионирањето“, додава Ристеска.

Според неа, важно е  целиот случај да биде конзистентен и да се открие вистината околу тоа кој навистина незаконски прислушувал и со каква цел.

Во пресудата  за „Пуч“, која медиумите ја добија користејќи го правото на слободен пристап до информации, стои дека делата на вработениот во МВР, за кои тој беше осуден,започнале во 2010 година.Преку вториот вработен во МВР тој стапил во контакт со првообвинетиот Зоран Верушевски и по негов налог ги злоупотребил техничките капацитети на службата, внесувајќи телефонски броеви на повеќе политичари и други јавни личности. Во пресудата можат да се видат иницијалите на  дел од прислушуваните, меѓу кои можат да се препознат првите букви од имињата на експремиерот Никола Груевски, неговиот  братучед  и прв разузнувач во државата Сашо Мијалков,поранешните министри Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, но и Радмила Шекеринска, Бранко Црвенковски… Потоа, наводно снимените разговори осудениот му ги давал на колегата од МВР, кој, пак, му ги предавал на Верушевски. Крајната дестинација биле странските  тајни служби.

Сè дотука е историја. Она што следеше натаму им даде сосема друг тек на работите. По објавувањето на „бомбите“ на опозицијата, Договорот во Пржино, формирањето на Специјалното јавно обвинителство, но и излегувањето на виделина на првите истражни постапки, во кои СЈО излезе со  податоци за уништување на двата прислушни системи во МВР, како и за  масовно незаконско прислушување без судски налог, полека почуваат да се составуваат камчињата  од  политичкиот мозаик од децениското  владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште повеќе што специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на една од последните прес-конференции обелодени и дека во однос на предметот „Пуч“ (некомплетен), кој е доставен  до СЈО од Основното јавно обвинителство како доказ  им е доставен и хард дискот, за кој е утврдено дека потекнува од канцеларијата  во УБК на веќе осудениот Звонко Костовски, но тој доказ, како што велат од СЈО, не е приложен во листата на докази. Според анализата на овој доказ, тимот на СЈО констатирал дека таргет на прислушување е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и дека тие комуникации се следени без издадени судски наредби, односно незаконски.

Со ваквата најнова разврска во случајот „Пуч“ останува да „виси“ пресудата изречена за шестообвинетиот Звонко Костовски. Дали фактот што Костовски може да се јави во улога на  главен сведок во „Тврдина“, кој треба да ја открие вистината кој и за каква цел прислушувал, создава  институционална спрега, чија крајна цел е сопирање на работата на СЈО? Уште повеќе поради тоа што тимот на Јанева го троши   последниот од 18-те предвидени месеци за поднесување обвиненија. Од СЈО не сакаат да прејудицираат такво нешто, но велат, никогаш не се знае.

Гордана Дувњак

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа20 минути

(Видео) Украинците нападнаа уште една рафинерија во Русија

Нафтена рафинерија во рускиот град Славјанск на Кубан во Краснодарската област беше потресена од силни експлозии синоќа. Се верува дека...

Македонија59 минути

(Видео) Филипче го соопшти новото раководство на партијата: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вчерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го...

Македонија11 часа

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија16 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ17 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија19 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија20 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија20 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ20 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија20 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија20 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет22 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа23 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет1 ден

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет1 ден

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет1 ден

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет1 ден

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа1 ден

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија1 ден

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет1 ден

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...