Книги
Промоција на книгата „Денот кога го изедовме бога“ од Гордана Јовиќ-Стојковска
Промоција на книгата „Денот кога го изедовме бога“ од Гордана Јовиќ-Стојковска, на 23 ноември, со почеток во 19.19 часот, во салонот „Имеријал 2“.
Книгата ќе ја промовираат Елизабета Јончиќ и Иван Антоновски, извадоци од книгата ќе чита авторот, водител на вечерта ќе биде Димитрие Мијатовиќ.
Гордана Јовиќ-Стојковска е книжевник и есеистичар, преведувач и истражувач на јужнословенска митологија. Родена е 1961 во Грделица, Србија. Дипломирала на Филолошкиот факултет. Член е на ДПМ. Од 1989 до 2002 година работи како претседател на Книжевната младина на Македонија. Од 1991 е еден од основачите и раководители на Младинскиот совет на Македонија. Во рамките на своите активности организира книжевни и културолошки фестивали, колонии, конференции, конгреси, како и континуирани книжевни настани, со цел претставување на македонската книжевност, но и претставување на српската и на книжевностите на други ексју-народи пред македонската книжевна и културолошка публика. Работи на организирање „Млада Струга“, Струшките вечери на поезијата, Рациновите средби и на меѓународните симпозиуми „Исток – Исток“. Автор е на повеќе книжевни дела, поезија и проза. Сите нејзини прозни дела се објавени на српски и на македонски како авторски. Од 2001 година активно се занимава и со преведувачка дејност и има над 30 поетски, прозни и стручни книги. Преведува од бугарски , словенечки, српски и од македонски. Автор е на повеќе детски ТВ-драми и серијали реализирани во МТВ. Добитник на повеќе меѓународни и домашни награди. Нејзините дела се преведувани на повеќе од 20 светски јазици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
