Култура
Лондонски Sotheby's ја продава најстарата книга за кралот Артур
Единствениот средновековен ракопис што потекнува од XIV век, кој ги содржи сите легенди за еден од главните ликови на британскиот еп за кралот Артур и витезите од Тркалезната маса, ќе бидат дадени на аукција во Лондон во почетокот на декември
Како што потврдиле експертите, скапоцениот тритомник изработен од воловска кожа и украсен со рачно изработени минијатури на подлога од чисто злато, ќе ја достигне цената од најмалку два милиона фунти (повеќе од 3,2 милиони долари). Станува збор за една од најраните биографии на легендарниот водач на Британците и со самото тоа една од најпосакуваните британски древности.„Во овие книги е собрано се што е поврзано со кралот Артур, потрагата по Светиот Грал, рицарот Ланселот, кралицата Гиневра и волшебникот Мерлин, а пред тоа на располагање ни беа само расфрлани делови од текстот што може да се прочита во еден здив“, изјави претставникот на аукциската куќа Sotheby’s, Тимоти Болтон.Според него, ракописот познат како „Гралот Рошфуко“, бил изработен во Фландрија (денешна Холандија, а бил нарачан од страна на баронот Де Рошфуко Ги XVII-ти, основоположникот на едно од највлијателните аристократски семејства во средновековна Франција.Како што во петокот на оваа тема пишува британскиот весник Guardian, книгата е неверојатно тешка за изработка. Имено, пресметано е дека за изработката на сите страници потребна била кожата од неколку стотици волови, златна заднина за стотиците илустрации е направена од сплескани дебели монети ненесени како слој.„Според средновековните стандарди, ние го продавме ракописот многу евтино“, се жали Болтон.„Гралот Рошфуко“ е еден од највредните средновековни ракописи, кој сепак се зачувани во приватни раце. Овој ракопис е понуден на продажба од страна на холандскиот бизнисмен и колекционер Јост Ритман, кој се надева дека на тој начин ќе се соберат средства за библиотеката што ја основа, специјализирана за литература од алхемијата и од историјата на мистицизмот.Во меѓувреме се очекува продажбата на ракописот да предизвика незадоволство Британците, кои сметаат дека е тој е дел од историското наследство на земјата. Според читателите на Guardian, ваквите вредни документ треба да се чуваат исклучиво во музеи а не во приватни колекции.„Мала птичка не може да носи во клунот кокосов орев, ако ова не го разбирате, бездруго сте странец“, се наведува во еден од коментаите на читателите на британскиот весник.Кралот Артур е легендарниот владетел на Британците, чиј историски прототип, според се судејќи, живеел во VI век. Тој низ векоите стана светски прославениот херој на многубројните рицарски романси кои биле многу популарни во средновековна Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Вечер на новоприбрани архивски материјали во Кинотеката
На 27 декември, сабота, со почеток во 20 часот, во Кинотеката ќе се одржи Вечер на новоприбрани архивски материјали, во која ќе бидат прикажани дел од филмовите набавени во 2025 година преку откуп на материјал или меѓу-архивска размена. Проекцијата на оние филмски материјали кои намаат звук ќе бидат прикажани со музичка придружба во живо на ИВЛ.
Една од основните дејности на Кинотеката, поточно на Филмскиот архив (односно Одделението за прибирање, заштита, обработка и чување на филмови и филмски материјали) при оваа институцаја е токму прибирањето на филмови и филмски материјали кои се поврзани со Македонија. Кинотеката години наназад води истражување, идентификација, пронаоѓање и прибирање на филмови и филмски материјали кои се однесуваат или се снимени во Македонија со цел збогатување на збирките, фондовите на кинотека и нивно зачувување.
Вечерта на 27 декември, сабота, ќе бидат прикажани дел од набавените архивски материјали – репортажите на „Филмске новости“ и патеписната репортажа „Од Сава до Вардар“ преземена од Белгискиот филмски архив.
Музичка придружба: ИВЛ.
Влезница: 150 мкд.
Култура
„Виртуози на хорна“ – завршен концерт на јубилејното издание на Скопскиот брас-фестивал
На 29 декември 2025 година, со почеток во 19:00 часот, во малата сала на Филхармонија ќе се одржи концертот „Виртуози на хорна“, последниот настан од петтото јубилејно издание на Скопски Брас Фестивал.
Покрај домашниот хорнист Благоја Василевски, на концертот ќе настапат и реномирани музичари од регионот: Михајло Булајиќ, прва хорна во Лондонски симфониски оркестар и Оркестарот на РТВ Словенија, Никола Чириќ, прва хорна во Белградска филхармонија, Илир Кодима, прва хорна во Косовска филхармонија и професор на Факултетот за музичка уметност во Тирана, како и Милан Роксандиќ од Театарот во Нови Сад.
Настанот претставува пример за меѓународна соработка и културна размена, со фокус на камерната музика за хорни и современ пристап кон брас сцената во регионот. Публиката ќе има можност да слушне програма што ги истакнува изразните можности на инструментот, со дела од класичниот репертоар и божиќни аранжмани за ансамбл хорни.
На програмата се најавени „Унгарска рапсодија бр. 5“ од Јоханес Брамс, „Радецки марш“ од Јохан Штраус, како и избор на божиќни композиции во аранжмани за хорни.
Култура
Белград се сеќава на Зафир Хаџиманов: музичка вечер во македонскиот КИЦ
Македонскиот КИЦ во Белград во своите простории на Македонска 30, на 26 декември 2025 година во 19 часот, организира музичка вечер посветена на Зафир Хаџиманов.
Настанот ќе го отвори директорот на КИЦ Белград Васко Шутаров, со краток осврт за културата на сеќавање кон големиот бард на културата Зафир Хаџиманов, за огромното културно наследство кое го остави како на македонската, така и на српската култура.
„Јас сонувам, јас творам, јас водам љубов на двата јазика”, знаеше често да каже Зафир, во неговите интервјуа за српските и македонските медиуми.
Вечерта посветена на Зафир Хаџиманов, ќе започне со неколку одбрани музички инсерти и грст фотографии, меѓу кои неколку и за првпат јавно презентирани, а ќе продолжи со интимен концерт посветен нему, со неговите најблиски, Бисера Велетанлиќ и Васил Хаџиманов.
Потретот на Зафир Хаџиманов е инициран и организиран од македонскиот КИЦ во Белград и поддржан од Министерството за култура и туризам.
Зафир Хаџиманов е роден на 25 декември 1943 година во Кавадарци. Дипломирал на Факултететот за драмски уметности во Белград, во 1967 година. Тој речиси целиот животен век го поминал во Белград, во брак со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ – Хаџиманов, со која го добиле синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар. Значаен е како пејач кој настапувал на голем број фестивали, композитор, поет и актер, со препознатлив придонес во македонската и српската култура, особено преку спојот на традиционалните македонски музички елементи со современи и популарни форми. Во 1991 година, Хаџиманов бил еден од основачите на друштвото за македонско-српското пријателство „Шар Планина“ и на здружението на Македонците во Белград, „Македониум“. Поради неговите заслуги за промоцијата на македонската култура во Србија, во 2007 година, тој бил промовиран во почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.
Хаџиманов почина на 27 март 2021 година, на 77-годишна возраст, од компликации предизвикани од Ковид-19. Постхумно беше одликуван со „Златен медал за заслуги“ од претседателот на Србија, како и со „Орден за заслуги за Република Северна Македонија“ од претседателот Стево Пендаровски, за неговиот исклучителен придонес во уметничкото и музичкото творештво.

