Култура
Објавена книгата за деца што ја напиша Обама

Новата книга на американскиот претседател Барак Обама „За тебе пеам: порака до моите ќерки“ (Of Thee I Sing: A Letter to My Daughters) инаку посветена на сопругата Мишел Обама, ќе се појави во вторник, објавија американските медиуми
Американскиот претседател Барак Обама со помош на неговите ќерки Малија и Саша ја напиша оваа книшка наменета за деца на возраст над три години, дури откако стана прв човек на најголемата светска сила. Во книгата раскази за 13 истакнати Американци, станува збор и за претседателот Џорџ Вашингтон, легендарниот главатар на индијанскиот народ Сијукси Бикот кој седи, големиот научник Алберт Ајнштајн, како и за првиот афроамериканец ѕвезда на американската професионална бејзбол лига Џеки Робинсон. Инаку и самиот наслов „Of Thee I Sing“ е фраза од американскат ародољубива песна „My Country“Книгата ј аиздава издавачката куќа од Њујорк „Рендом Хаус“ (Random House) во првичен тираж од 500 илјади примероци. Според најавите од издавачот, доколку биде пројавен интерес, „Рендом Хаус“ ќе пласира дополнителен тираж.„Ниту претседателот, ниту неговите ќерки нема да бидат вклучени во маркентиншката кампања“, изјавил на брифингот со новинарите, портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс. Издавачката куќа потврди дека не е планирано да има вообичаени средби со авторот или интервјуа во медиумите поврзани со објавувањето на книгата.Како што пишуваат американските медиуми, книгата е напишана во жанрот на постапна обработка, при што Обама им поставува прашања на своите ќерки, одговарајќи самиот на нив со приказни – параболи.„Ви кажував ли, дека тоа се творечки луѓе“, го поставува на едно место грижлиивиот татко прашањето во расказот за уметницата мајтор на магискиот реализам Џорџија О’Киф, „која ни помогна да ја согледаме убавината во малото: цврстината на каменот и леснотија на пердувот“. Другите човечки квалитети се претставуваат преку другите ликови, така Џеки Робинсон е храбар, Алберт Ајнштајн е паметен, Били Холидеј ја има својота песна, а првата Американка добитничка на Нобеловата награда за мир, социолог и философ Џејн Адамс е – добра и хумана.Илустрации за книгата се изработени од уметникот Лорен Лонг, еден од најдобрите илустратори The New York Times, кој повеќепати има работено на илустрирање книги со познати личности.„По читањето на книгата на Обама, посакав само една работа – да ги споделам содржаните во неа големи идеи со своите два сина“, признава Лонг за медиумите.Книгата, којашто на корицата е илустрирана со слики на Малија и Саша со првиот пес на САД – Бо, според извештаите на онлајн книжарниците Barnes & Noble и итнернет страницата Amazon.com, веќе е лидер според бројката на нарачки однапред. Сепак, во вистинските книжарници се уште нема голема попбарувачка, затоа што книгата не се очекува.Средствата од продажбата на книгата ќе одат за финансирање на стипендиите за децата на загинатите или ранети американски војници.„За тебе пеам: порака до моите ќерки“, е првата книга за деца на претседателот Обама, но и не и прва воопшто. Претходно американскиот претседател објави уште две книги кои станаа бестселери „Смелоста на надеждта“ и „Сништата на мојот татко“ кои му донеса заработка од повече од пет милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
(Видео) Објавен првиот тизер за филмот „Денот на жената“ на Гоце Цветановски

Објавени се првите снимки од долгометражниот игран филм „Денот на жената“ во режија и сценарио на Гоце Цветановски.
Станува збор за општествено-ангажиран филм кој се снимаше во октомври, минатата година, а фокусот на приказната е на трговијата со луѓе и присилната проституција.
Актерката Слаѓана Вујошевиќ ќе ја видиме во главната женска улога како истражувачка новинарка која се обидува да ја разбие мрежата и да ја разоткрие вистината.

Слаѓана Вујошевиќ во главната женска улога (Фото: Маја Арагикијева)
Главните машки улоги ги толкуваат Муса Исуфи и Исмаил Касуми, актери од Кумановскиот театар . Дел од актерскиот тим се и Катерина Коцевска, Елени Декидис, Егзона Салиху, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Мендим Муртези и Авни Далипи.
Директор на фотографијата е Фејми Даут, кој беше еден од кинематограферите на номинираниот филм за „Оскар“ – „Медена земја“.
„Денот на жената“ е прв долгометражен филм на режисерот Гоце Цветановски. Тој студирал филмско сценарио и режија во Париз, каде живеел од 1998 до 2015 година. Има режирано и продуцирано околу 20 кратки филмови, прикажани на над 100 филмски фестивали во светот, освојувајќи бројни награди.

Режисерот Гоце Цветановски на снимањето на филмот „Денот на жената“ (Фото: Маја Аргакијева)
Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.
Актуелно
Мицко Дамњановски нов уметнички раководител на НОБ

За нов уметнички раководител на Националната опера и балет е назначен Мицко Дамњановски, кој доаѓа на местото на диригентката Бисера Чадловска, која беше уметнички раководител од септември 2017 до сега.
Мицко Дамњановски 2002 година дипломирал на факултетот за Музичка уметност, отсек туба, а магистрирал 2006 година на Кралскиот конзверваториум за музика во Брисел, Белгија, отсек туба. Пред вработувањето во оркестарот на Националната опера и балет во 2007 година, кратко време работел во Бриселската филхармонија.
Постојан член е на меѓународниот оркестар за снимање филмска музика FAMES, соработник на сите помали и поголеми оркестри формирани за посебни намени (Биг бенд, Дувачки оркестар, Градски оркестар и други, како и гостин тубист во Нишкиот симфониски оркестар, Национална опера-Тирана, Црногорски симфониски оркестар. Основач е на БРАССТЕТ СКОПЈЕ во 2019 година со настапи на Охридско лето и други фестивали низ републиката.
Култура
„Врба“ на Манчевски ќе игра во кината во САД

Македонскиот кандидат за Оскар за 2021 „Врба“ на Милчо Манчевски ќе игра во кината, на ТВ и на стриминг-платформите низ САД, во дистрибуција на „Кино Лорбер“, еден од најреномираните дистрибутери на уметнички филмови во САД.
„Врба“ пред американската публика ќе се прикажува во текот на 2021 и ќе продолжи во 2022 и 2023.
Сопственикот на Кино Лорбер, Ричард Лорбер, го нарече „Врба“ „моќно и најоригинално дело на маестро Манчевски, достојно за награди – трогателен, брилијантно одглумен и визуелно фрапантен поглед врз мајчинството.
„Не можеме да дочекаме да го споделиме ова длабоко дело со американската публика“, рече тој.
„Кино Лорбер“ постои од 1977 година, а во големата библиотека од над 4.000 нивни филмови се цела низа стари и нови добитници на Оскар и номинирани филмови и филмови на големи автори, како „Жртва“ на Тарковски, „Странецот“ на Орсон Велс, „Книга слика“ на Жан-Лик Годар, „Враќање дома“ на Хол Ешби, „Софи Шол“, „Збогум на оружјето“, „Ѕвездата е родена“, „Песјак“ на Лантимос, „Томасо“ на Абел Ферара со Вилем Дафо, „Суд“ на Тамхане, „Причината зошто скокам“, „Капитал во 21 век“ – документарец со Пикети, Фукујама и Стиглиц, документарни филмови за Јозеф Бојс, Роберт Френк, Кјубрик, Гери Виногранд, Џозеф Камбел, Грејс Џонс, итн. Во последните девет години имаат добиено дури седум номинации за Оскар.
Во текот на 2021 се предвидени кинопремиери на „Врба“ и во Србија, Белгија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Албанија, Црна Гора и Велика Британија.
За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал, „Врба“ се прикажа на над 20 фестивали на четири континенти.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира