Култура
Изложба на млади ликовни автори во Куманово

Од 31 март (четврток) со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово д0 14-ти април ќе биде поставена изложбата насловена „Изложба на млади ликовни автори 2011“
Станува збор за групна изложба на девет млади автори кои ќе се претстават со дваесетина дела – слики, цртежи, скулптури и графики. Кумановските љубители на сликарството во следните две седмици ќе може да ги погледат делата на Алмин Беговиќ и Фатих Билаловиќ од Велес, условно речено младите домашни кумановски уметници Ана Јовановска, Симона Јакимовска и Саша Дичковски, Блашка Миева, Санда Миева и Магдалена Саздова од Скопје и Мирјана Бубевска од Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Во националната опера нова концертна изведба на операта „Кармен“

Националната опера и балет ја најавува концертната изведба на ремек-делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“, една од најпознатите опери во историјата.
Во главните улоги настапуваат солистите Зоран Сотиров, Ристе Велков, Злата Тошевска, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернест Ибраимовски, а во улогата на Кармен, премиерно ќе настапи Николина Јаневска.
Диригент е Бисера Чадловска.
Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Настанот според најавата од НОБ е закажан в петок, 12 март, со почеток во 19 часот.
Од таму информираат дека настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19, одобрени од Комисијата за заразни болести. При тоа задолжително е носење заштитна маска.
Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот, потсетуваат од НОБ.
Култура
(Видео) „Лебедово езеро“ на минус 15: Балерина танцува на мраз за вистинските лебеди

Руска балерина од светски познатиот театар „Марински“, облечена во целосен костим како за настап, изведува сцени од „Лебедово eзеро“ на Чајковски, но, не на сцена, туку на замрзнатиот Фински Залив.
Ова е начин Илмира Баграутинова да се спротивстави на изградбата на пристаниште во заливот Батареинаја, популарна плажа на околу 100 километри западно од Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија.
Баграутинова танцуваше на -15С и ги објави своите видеа на интернет. Како што објасни за новинарката Екатерина Венедиктова од „Би-би-си рашн“, балерината се надева дека нејзиниот настап ќе спаси вистински лебеди кои се гнездат во заливот.
Книги
Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“

„Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски („Или – или“), „Суво мастило“ од Владимир Илиевски („Македоника литера“), „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски („Антолог“), „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски („Антолог“) и „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“) се петте романи што влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности.
Жири-комисијата во состав: Оливера Николова (претседателка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ќе го соопшти лауреатот на годинашната награда „Роман на годината“, која се доделува под генерално покровителство на „Комерцијална банка“ АД Скопје, следниот понеделник.
Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 22. пат и таа се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“