Контакт

Филм

Џорџ Клуни ќе снима филм за белите шлемови

Објавено пред

Американскиот актер Џорџ Клуни, кој политички е многу ангажиран, се подготвува за снимање на долгометражен филм за Белите шлемови, група цивилни спасувачи волонтери, кои интервенираат во Сирија по бомбардирањрто и извлекуваат жртви од урнатини, јавија франциските медиуми.

Филмот ќе биде адаптација на краткиот документарен филм на Netflix, „Бели шлемови“, во режија на Орландо вон Ејнсидел за кој се претпоставува дека ќе биде номиниран за Оскар.

Клуни и неговиот соработник Грант Хеслов, од продукциската куќа Smokehouse Pictures во моментот бараат сценарист.

Белите кациги се дел од сириската цивилна одбрана, организација настаната 2-13 година, во која се невооружени волонтери. Официјалната интернет страница на Белите кациги наведува дека има 3.000 волонтери кои до сега спасиле повеќе од 60.000 луѓе на сите страни од судиорт и дека организацијата делува во согласност со начелата на хуманост, солидарност и непристрасност како „меѓународна организација за одбрана на цивили“.

Спасувајќи други смртно страдале 150 членови на организацијата. Документарниот филм на Netflix се прикажува од септември 2016 година./крај/мф/бб

Култура

Доделени наградите на фестивалот за краток филм „Филмај“

Објавено пред

Објавени се добитниците на наградите од конкурсот за Третиот меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2021“ – Куманово.  Трочленото жири во состав: Лидија Мојсовска (режисер/ сценарист), Наум Доксевски (кинематограф) и Дејан Ангеловски (фотограф) одлучи да ги додели следниве награди:

– награда `Лазар Ѓорѓевиќ` за најдобра режија за Azadeh Moussavi за режирање на филмот ‘The Visit’ (Иран).

– награда `Радислав Ристевски` за најдобра фотографија/кинематографија за Pieter-Jan Claessens за неговата работа во филмот `Da Yie` (Гана).

– награда `Козјак` за најдобро сценарио за Ali Asgari и Farnoosh Samadi за филмот `Witness` (Иран).

– награда за најдобар домашен (македонски) филм за `Неонски срца` (режија: Ана Јакимска).

Организаторот дополнително ќе ја објави листата со официјално одбраните филмови за прикажување на фестивалот.

Со оглед на моменталните безбедносни и здравствени услови, фестивалската вечер (првично замислена да се случи при крај на мај) е планирана да се случи во септември 2021.

Оваа одлука е заснована на искрена желба и страст на организаторот да овозможи потполно кино фестивалско искуство – со бројна публика присутна во проекциона сала.

Прикажи повеќе...

Култура

„Зоки Поки“ ќе се гледа и во Србија на „РТС“

Објавено пред

По Скандинавија, македонската ТВ-серија за деца „Зоки Поки“ почнува да ги освојува и соседите на Балканот. Десетте епизоди од првата сезона ќе се емитуваат на националната телевизија во Србија, „РТС“.

„Зоки Поки“ премиерно се емитуваше на првата програма на нашиот јавен сервис „МРТВ“ во периодот од мај до јуни 2020 година. Речиси беше најавено емитувањето на серијата и низ цела Скандинавија, односно на националните телевизии „SVT“ во Шведска, „NRK“ во Норвешка, „DR“ во Данска и „YLE“ во Финска.

Емитувањето на овие значајни национални телевизии во Скандинавија и соседна Србија е достигнување кое е од историско значење за македонската кинематографија. Но, и покрај големиот меѓународен успех, снимањето на втората сезона е сè уште во неизвесност.

„Се радувам што серијата ќе се прикажува и во Србија. Голем е предизвикот Зоки Поки да се емитува на ʻРТСʼ која негува висок квалитет на продукција, особено во последните години кога во оваа држава има експанзија на производство на голем број квалитетни серии. Со нетрпение ја очекувам реакцијата на децата од соседна Србија“, вели продуцентот на серијата Роберт Насков.

Модерната екранизација на популарната детска книга на писателката Оливера Николова, е во продукција на Кино Око, во копродукција со Македонската радио телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија.

Главните улоги во серијата ги толкуваат Матеј Настевски (Зоки), Анастасија Аневска (Лидија), Матео Матоски (Боки) и Матеј Зимбаков (Гоки). Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, во улогата на неговата баба.

Режисери на серијата се Александар Поповски, Марија Апчевска, а режисери на епизодите Марија Апчевска, Александар Поповски, Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Сценаријата за серијата се на Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска.

Прикажи повеќе...

Култура

Речиси 60 основци од Македонија дел од младото жири за избор на најдобар европски филм за млада публика

Објавено пред

Од утре па до недела 60-ина деца од неколку основни училишта од Македонија, на возраст од 12 до 14 години, седми пат ќе бидат во улога на жири-комисија за избор на најдобар европски филм за млада публика.

Поради актуелната ситуација, и оваа година целиот процес ќе се одвива онлајн на веб-платформата на EFA Young Audience Award, а основците филмовите ќе може да ги гледаат со превод на македонски јазик.

По проследувањето на филмовите, учесниците, како дел од европското жири, ќе го дадат својот глас за трите номинирани филма: Pinocchio, The crossing и Wolfwalkers и ќе го изберат својот фаворит.

Во рамките на денот за оценување/гласање основците ќе имаат можност директно да се запознаат со режисерите и актерите на филмовите, како и да разговараат и да ги споделат своите импресии со своите врсници – членови на жирито од 37 земји од Европа преку платформата International Chat Booth – Hello Europe.

По сумирањето на резултатите од сите 38 земји од Европа, в недела, 25 април, во 19 часот, комплетно онлајн на веб-страницата на Young Audience Award (https://yaa.europeanfilmawards.eu) ќе се одржи церемонијата за доделување на наградата за најдобар филм од млада публика.

Оригинални наслови на филмовите, режија, продукција:

PINOCCHIO на Матео Гароне (италијанско-француско-британска копродукција), 2019

THE CROSSING (FLUKTEN OVER GRENSEN) на Јохане Хелгеланд (норвешка продукција), 2020

WOLFWALKERS на Том Мур и Рос Стјуарт (ирско-луксембуршко-француска копродукција), 2020

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија2 часа

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија5 часа

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет5 часа

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион6 часа

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија6 часа

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион6 часа

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет6 часа

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија22 часа

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија1 ден

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија1 ден

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа1 ден

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион1 ден

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет1 ден

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет1 ден

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Свет1 ден

Трета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот вид

Податоците од студија на 40 лица покажуваат дека дополнителната доза го зајакнува имунитетот против бразилскиoт и јужноафриканскиот вид на коронавирус....

Свет1 ден

ОН: Во светот недостигаат 900.000 акушерки

Светот во моментов се соочува со недостиг од 900.000 бабици и тоа е третина од потребните акушерки, се наведува во...

Македонија2 дена

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје, кои ги изведува Општина Охрид, со што ги...

Досие