Контакт

Филм

Филмаџии од Холивуд ќе инвестираат во проектот „Битола филмски град“

Објавено пред

Снимање на документарен филм, снимање на игран филм во кој ќе настапи светски познатата филмска ѕвезда Мерил Стрип и изградба на филмско студио во Битола понудил Перси вон Лепински, претставник на американската компанија за производство и дистрибуција на филм „Infinity Pictures – Hollywood Media Bridges“.

Тој во четврток оствари средба со градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, а потоа и двајцата на прес конференција соопштија дека филмаџиите од Холивуд ќе инвестираат во проектот „Битола филмски град“. 

„За време на дводневната посета на Битола се уверивме дека во овој град постојат најдобрите услови за реализација на нашите филмски проекти, бидејќи за тоа има конкретен план и проект“, посочи продуцентот Лепински. 

Нашата компанија, додаде, произведува филмови во Романија, но сега сакаме тоа да го правиме во Македонија. Тој рече дека ќе инвестираат со нивни пари, но дека очекуваат и владина поддршка. 

„Македонија е атрактивна за нас, има локации на кои може да се снима во урбана или природна средина кои се погодни за снимање на различни теми. Битола е најпогодна за нашиот бизнис и очекувам наскоро градоначалникот Талески да биде наш гостин во Холивуд каде ќе ги договориме деталите за нашата инвестиција“, изјави Лепински. 

Општина Битола, согласно урбанистичкиот план во поранешната касарна, на површина од четири хектари има соодветен простор за изградба на филмско студио, а на располагање се и други 50 хектари слободни површини, потсети градоначалникот на средбата со Лепински. 

„Сакаме Битола да биде филмски град, а во тоа ќе ни помогне оскаровецот Лепински кој понуди снимање на документарен филм, снимање на игран филм во кој ќе настапи светски познатата филмска ѕвезда Мерил Стрип и изградба на филмско студио. Ние сме најподготвената општина во Македонија што може веднаш да пристапи кон изградба на филмско студио, а инвеститорите забележаа дека токму овде има ресурси и други потенцијали за снимање филм. Договоривме конкретна и креативна работа, лобиравме нивната дејност од Романија да се пренесе во Македонија, односно во Битола, во градот кој има јасен концепт за вистински филмски град“, изјави градоначалникот Талески. 

Талески и Лепински потврдија дека со реализацијата на овој проект директно и позитивно ќе се придонесе во развојот на хотелиерството, угостителството, туризмот и други дејности кои директно или индиректно се поврзани со филмската индустрија.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Премиера на краткометражниот филм „Северен пол“

Објавено пред

По светската премиера во Официјалната селекција во Кан на најпрестижниот светски филмски фестивал, регионалната премиера во Сараево, италијанската премиера на фестивалот „Конкорто“ во Пјаченца и македонската премиера на фестивалот „Браќа Манаки” во Битола, денес во МКЦ Парк скопската публика ќе може да го види филмот „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска.

По оваа проекција следуваат учества и во официјалните селекции на фестивалите во Тирана, Рекјавик, Батуми и други реномирани фестивали.

Главните улоги ги толкуваат: Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија Владимир Самоиловски, костимограф Билјана Гргур, сценограф Кирил Спасески, монтажер Драган Вон Петровиќ, шминка Горан Игњатовски, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, кастинг-директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Роберт Насков.

Филмот е во продукција на „Кино око” во копродукција со „Сервија филм” и „Форгрејд” од Србија и „Тиволи продукција” од Унгарија. Финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија и Српскиот филмски центар.

Прикажи повеќе...

Култура

Режисерот Арсенијевиќ: Уште пред 20 години јас и Јелена се вљубивме во фестивалот „Браќа Манаки“ и Битола

Објавено пред

Филмот СТРАХИЊА БАНОВИЌ (ДОДЕКА МОЖАМ ДА ОДАМ)/STRAHINJA BANOVIC (AS FAR AS I CAN WALK) на српскиот режисер Стефан Арсенијевиќ е умешно реализиран како поетска приказна за вечната тема на патувањето во потрага по подобар живот, но на моменти и како документарен приказ на судбините на бегалците од африканските и блискоисточните земји кои во современиот свет се придружени со неверојатно суров и трагичен елемент.

Синоќа публиката на „Браќа Манаки“ можеше да го види филмот на Арсенијевиќ, а денеска тој на прес-конференција со новинарите откри детали за снимањето, инспирацијата, соработката со кинематограферката Јелена Станковиќ.

„Драго ми е што филмот е селектиран на ИФФК „Браќа Манаки“ и тоа пред да ја добие наградата во Карлови Вари. Овде бевме за првпат пред 20 години со студентски филм кој беше награден и се вљубивме во Фестивалот и во Битола и повеќе пати доаѓаме на фестивалот и нашата голема желба да имаме филм во конкуренција за главната награда се исполни годинава“, рече Арсенијевиќ.

Главниот лик на овој филм, иако е бегалец од Африка кој решава да остане во Србија, сепак повторно влегува во ризична авантура и поаѓа на патот на бегалската рута кон Западна Европа, решен да ја најде својата љубов.

„Белград се наоѓаше на рутата на бегалците и бевме сведоци како секој ден минуваа низ него стотици мигранти и ги гледавме тие загубени луѓе по улиците и имав чувство дека како филмаџија треба нешто да направам за оваа најголема мигрантска криза по Втората светска војна. Во исто време размислував за некоја модерна верзија, филмска адаптација на песната ‘Бановиќ Стахиња’ и тие две работи се споија во едно. Тие се луѓе исто како нас, добар дел од нив беа прилично образовани, но биле принудени да ги напуштат своите домови. Конкретно инспирација ми беше едно момче од Гана, чија приказна е идентична со главниот лик во филмот. Го учи јазикот, се обидува да остане во Србија, тренира за еден локален клуб, но не може да игра бидејќи нема државјанство…Проблемите на главните ликови во филмот не се мигрантски, тие се љубовни, сакав да покажам дека и тие се луѓе и имаат некакви љубовни проблеми, дека мигрантите не се сведени на идентитет мигрант, дека тоа е понижувачко“, раскажа Арсенијевиќ.

Кинематограферката Јелена Станковиќ е заслужна за прекрасната визуелизација на оваа хуманистичка љубовна приказна, за што беше наградена од жирито на филмскиот фестивал во Карлови Вари.

Прикажи повеќе...

Култура

Повик за пријавување филмови снимени со мобилен телефон за „Мобил фестивал 2021“

Објавено пред

Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал” објави отворен повик за пријавување филмови за 12-тото издание, кое ќе се одржи од 25 ноември до 1 декември 2021.

Право да се пријават имаат сите филмови кои се снимени со мобилен телефон кои не се подолги од 10 минути, а кои не биле пријавени на претходните изданија на „Мобил фестивал”.

Во конкуренција ќе влезат сите филмови што ќе пристигнат до крајниот рок за пријавување – 15 ноември 2021 година. Филмовите може да се пријават на електронската адреса: [email protected] или преку профилот на фестивалот на FilmFreeway.

Селектираните филмови ќе влезат во конкуренција за: Награда за најдобар филм „Ратка Илиевска- Лале”; Награда за најинвентивен филм; Награда за најоригинална приказна; Награда за најдобра идеја и Награда за најдобар филм во домашната програма „Млади таленти”.

Најдобрите филмови ќе бидат прикажани во натпреварувачка програма на интернационалните фестивали кои се во мрежата фестивали за филмови снимени со мобилен телефон, а се во партнерство со „Мобил фестивал”.

Организатор на фестивалот е продуцентската куќа „КТ Филм и медиа”, а фестивалот е поддржан од Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија3 часа

Министерството за здравство: 80 oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија5 часа

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа5 часа

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа6 часа

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ8 часа

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија8 часа

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија8 часа

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет11 час

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија11 час

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет11 час

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија23 часа

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет24 часа

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ1 ден

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија1 ден

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија1 ден

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет1 ден

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа1 ден

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт1 ден

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет1 ден

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Досие