Контакт

Филм

Филмаџии од Холивуд ќе инвестираат во проектот „Битола филмски град“

Објавено пред

Снимање на документарен филм, снимање на игран филм во кој ќе настапи светски познатата филмска ѕвезда Мерил Стрип и изградба на филмско студио во Битола понудил Перси вон Лепински, претставник на американската компанија за производство и дистрибуција на филм „Infinity Pictures – Hollywood Media Bridges“.

Тој во четврток оствари средба со градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, а потоа и двајцата на прес конференција соопштија дека филмаџиите од Холивуд ќе инвестираат во проектот „Битола филмски град“. 

„За време на дводневната посета на Битола се уверивме дека во овој град постојат најдобрите услови за реализација на нашите филмски проекти, бидејќи за тоа има конкретен план и проект“, посочи продуцентот Лепински. 

Нашата компанија, додаде, произведува филмови во Романија, но сега сакаме тоа да го правиме во Македонија. Тој рече дека ќе инвестираат со нивни пари, но дека очекуваат и владина поддршка. 

„Македонија е атрактивна за нас, има локации на кои може да се снима во урбана или природна средина кои се погодни за снимање на различни теми. Битола е најпогодна за нашиот бизнис и очекувам наскоро градоначалникот Талески да биде наш гостин во Холивуд каде ќе ги договориме деталите за нашата инвестиција“, изјави Лепински. 

Општина Битола, согласно урбанистичкиот план во поранешната касарна, на површина од четири хектари има соодветен простор за изградба на филмско студио, а на располагање се и други 50 хектари слободни површини, потсети градоначалникот на средбата со Лепински. 

„Сакаме Битола да биде филмски град, а во тоа ќе ни помогне оскаровецот Лепински кој понуди снимање на документарен филм, снимање на игран филм во кој ќе настапи светски познатата филмска ѕвезда Мерил Стрип и изградба на филмско студио. Ние сме најподготвената општина во Македонија што може веднаш да пристапи кон изградба на филмско студио, а инвеститорите забележаа дека токму овде има ресурси и други потенцијали за снимање филм. Договоривме конкретна и креативна работа, лобиравме нивната дејност од Романија да се пренесе во Македонија, односно во Битола, во градот кој има јасен концепт за вистински филмски град“, изјави градоначалникот Талески. 

Талески и Лепински потврдија дека со реализацијата на овој проект директно и позитивно ќе се придонесе во развојот на хотелиерството, угостителството, туризмот и други дејности кои директно или индиректно се поврзани со филмската индустрија.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Проекција на филмот „Фред“ и концерт на песните на Фред Бускаљоне во вторник во 20 часот

Објавено пред

Амбасадата на Италија, во соработка со Кинотеката на Република Северна Македонија, ќе им овозможи на љубителите на кинематографијата да го проследат филмот „Фред“, посветен на Фред Бускаљоне (1921-1960), по повод стогодишнината од неговото раѓање по што ќе следува концерт на македонската група NYX, која ќе ги изведува неговите песни во живо.

Италијанскиот музичар, пејач и мултиинструменталист Фред Бускаљоне беше популарен во 50-тите години. Неговиот прв сингл во 1955 година е продаден во милион изданија. Ликот што е интерпретиран во неговите песни и филмови секогаш претставувал забавен човек од подземјето со склоност кон виски и жени, инспириран од филмовите во кои главните улоги ги толкуваат Кларк Гејбл и Мики Спилејн. На многумина животот им дава слава, но на многу малку од нив со нивната смрт се содава мит. Тоа му се случи на Фред Бускаљоне, кој со својата смрт на само триесет и девет години создаде легенда што беше предодредена да трае.

Филмот го раскажува ѕвездениот подем и пад на Фред Бускаљоне: тешките времиња на почетокот, незадржливиот подем и ненадејното исчезнување од сцената. Филмот прв пат е еден вид емотивен и потресен портрет на еден од камен-темелниците на италијанската поп-музика преку сведоштвата на неговиот текстописец Лео Киосо, неговата сопруга Фатима Робинс, неговите музичари од „Астернови“, проследено со архивски слики.

Проекцијата и концертот ќе се одржат утре, со почеток од 20 часот, во холот на Кинотеката на Република Северна Македонија, во согласност со владините протоколи и препораки за превенција од Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Култура

Почнува седмото издание на See Online Film Festival

Објавено пред

Од денеска до 15 декември ќе се одржува седмото издание на SEE онлајн-филмскиот фестивал преку платформата „Синесквер“ со слоганот „Избери го својот стил“.

Селектирани се 27 филмски наслови поделени во четири категории (долгометражни играни филмови, документарни филмови, краткометражни играни филмови и анимирани филмови). И оваа година тимот на „Синесквер“ промовира квалитетни филмови од режисери и продуценти од 13 земји од Југоисточна Европа. Целта е да им се даде можност на новите генерации гледачи да имаат полесен пристап до новите филмови што се продуцираат на Балканот и поширокиот регион.

Како дел од седмото издание, ќе може да се гледаат македонските филмови „Втора шанса“, во режија на Марија Џиџева, и „Цвеќина на водата“, во режија на Тања Балаќ. А меѓу другите наслови, може да ги издвоиме „Близнаци исткаени од соништа“, во режија на Сеад Шаботиќ (Србија), „Инсајдери“, во режија на Хусаин Карабеј (Турција), „Опстанок и училиште“, во режија на Илир Кабаши (Косово), „Спарина“, во режија на Петар Вукиќевиќ (Хрватска) и слично.

Билетите може да се купат директно на самата интернет-страница, и тоа одделно за секој филм (со цена од 15 до 62 денара), но и како групен билет за цена од 555 денари за сите филмови. Доколку се купи еден билет за еден филм, тој ќе биде достапен за гледање 24 часа по купувањето на билетот, а доколку се купи групен билет, филмовите ќе бидат достапни за гледање во текот на целиот месец.

Жири на годинешното издание се домашниот продуцент Владимир Стојчевски, италијанската филмска дистрибутерка Лучила Риџо и хрватската монтажерка Ива Иван.

SEE Online Film Festival е првиот онлајн-филмски фестивал во регионот, кој дистрибутерската куќа „Катавеј“ почна да го организира уште пред корона-пандемијата. Фестивалот се реализира во рамките на стриминг-платформата Cinesquare, која е достапна во 13 земји од Југоисточна Европа.

Прикажи повеќе...

Култура

Манифестација „50 години македонски анимиран филм“

Објавено пред

В среда, 10 ноември, со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје, ќе почне настанот „50 години македонски анимиран филм“. Одбележувањето на јубилејот ќе опфати изложба на артефакти од златната доба на македонскиот анимиран филм (1971-1991), како и изложба на артефакти од актуелните автори на анимиран филм, кои ја сочинуваат сцената денес.

Освен изложба, предвидени се дискусии со авторите од златната доба и сцената денес, проекции на филмови, како и презентација на публикацијата „Македонскиот анимиран филм 1971-1991“, која е резултат на истражувачката работа на Иван Ивановски и Слободан Јаќоски.

Оваа година се навршуваат точно 50-ина години од „Ембрио №. M“ на Петар Глигоровски, првиот македонски анимиран филм. Глигоровски, заедно со Дарко Марковиќ и Боро Пејчинов и уште шест автори, е во генерацијата што ги поставува темелите на македонската анимација. Овие автори го достигнуваат својот зенит кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите години создавајќи извонредни филмови што учествуваа и добија значајни признанија на големи светски фестивали, вклучувајќи и „Сребрена мечка“ на Меѓународниот фестивал во Берлин.

По златната доба на македонскиот анимиран филм (1971-1991), настапува извесен дисконтинуитет со целосно редуцирана продукција и индивидуални пробиви. Пред 10-ина години новите технологии за дигитална продукција придонесуваат за постепено создавање нова сцена на автори на македонски анимиран филм и повторно етаблирање на македонскиот анимиран филм на европските и светските фестивали.

Организацијата на овој настан е на Друштвото на филмските работници на Mакедонија во партнерство со Кинотеката на Северна Македонија, „Вардар филм“ и Младинскиот културен центар, со поддршка на Агенција за филм на Република Северна Македонија, Министерството за култура и Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

342 нови случаи на Ковид-19 и седум починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на...

Македонија3 часа

Димитров: Токму европската интеграција е процес во кој гледам шанса за обединување

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров како член на Националниот совет за европски интеграции при Собранието,...

Македонија3 часа

Јован Деспотовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Денеска во седиштето на СДСМ, кандидатура за внатрепартиските непосредни избори поднесе Јован Деспотовски, информираат од владејачкиот СДСМ. „До Централната изборна...

Македонија5 часа

(Видео) Со највисоки државни почести преземени телата на загинатите – семејствата во тага и неверување

Со највисоки државни почести беа преземени телата на 45 македонски државјани кои трагично го загубија својот живот во автобуската несреќа...

Македонија5 часа

(Видео) Пристигнаа останките од трагично загинатите во автобуската несреќа

На Меѓународниот аеродром во Скопје пристигнаа двата авиона со останките од трагично загинатите патници во автобуската несреќа во Бугарија. Полетувањето...

Забава7 часа

Алек Болдвин навестува крај на кариерата по фаталното пукање

Алек Болдвин откри дека неговата актерска кариера најверојатно е завршена по фаталниот инцидент во кој загина снимателката Халина Хачинс на...

Свет7 часа

По Шаленберг, оставка најави и министерот за финансии на Австрија

Австрискиот министер за финансии, Гернот Блимел, најави оставка. Неговата оставка следи откако лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП), Себастијан...

Свет8 часа

Стапија на сила санкциите на САД, ЕУ, Британија и Канада кон Белорусија

САД, Европската Унија, Велика Британија и Канада воведоа нови санкции за белоруски физички и правни лица. САД воведоа ограничувања за...

Свет18 часа

Омикрон има способност да избегне имунитет од претходна инфекција со коронавирус, предупредуваат научници

Омикрон има значителна способност да избегне имунитет од претходна инфекција со ковид, покажува првата вистинска студија во светот за ефектот...

Европа21 час

Британија со речиси 54 илјади нови случаи во еден ден, највисока бројка по Европското фудбалско првенство

Велика Британија забележа 53.945 нови случаи на коронавирус – највисока дневна бројка од средината на јули по Европското фудбалско првенство....

Регион21 час

Бугарските истражители: Познати причините за пожарот во автобусот во кој загинаа 45 луѓе

Познати се причините за пожарот во автобусот што се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер...

Свет22 часа

Maж облечен како нинџа со меч нападна две полицајки во Франција

Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат...

Македонија1 ден

333 нови случаи на Ковид-19 и 16 починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на...

Европа1 ден

Курц се повлекува од политиката: Не сум ниту светец, ниту злосторник

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми. Курц денеска излезе пред новинарите и најави...

Економија1 ден

Цената на кесите да се зголемува постепено, примената на законот да се одложи, бараат стопанските комори

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана...

Македонија1 ден

Јовески: Oбвинителите и судиите да работат непристрасно и професионално

Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен....

Европа1 ден

Зголемени тензиите на Западен Балкан, предупредува Столтенберг

Тензиите на Западен Балкан се зголемени , вклучително и во БиХ и Косово, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг....

Македонија1 ден

Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот Струма

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви...

Свет1 ден

Гутереш: Затворањето на африканските граници поради омикрон е неправедно

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека затворањето на границите поради новиот сој на коронавирус омикрон е многу неправедно,...

Македонија2 дена

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Досие