Филм
Триумф на македонскиот филм „Три дена во септември“ во Берлин
Македонскиот филм „Три дена во септември“, беше прогласен за најдобар филм, актерката Камка Тоциновски за најдобра актерка, а Даријан Пејовски за најдобар режисер на Шестото издание на фестивалот на кинематографиите на Југо-источна Европа, што се одржува во Париз, Берлин и Нингбо, во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје.
Оваа година фестивалот започна во Берлин , а во текот на четирите фестивалски дена беа прикажани 16 филма од земјите од овој регион. Проекциите се одвиваа во кино салите на Универзитетот Хумболт и Националниот музеј во Берлин.Покрај тоа фестивалот изобилуваше и со многу придружни содржини,како симпозиуми, изложба, музички настани итн. Секоја проекција беше попратена со сесија на прашања и одговори во која учествуваа и авторите,односно амбасадорите на филмовите. Во рамките на церемонијта на отворањето на фестивалот беа доделени специјалите признанија на фестивалот кои секоја година се доделуваат на истакнати личнисти од областа на филмскиот и општествениот живот. Наградата “Europa Prima 2016” и беше доделена на поранешната амбасадорка на Германија во Македонија, Гудрун Штајнекер, додека нагрaдатата „SEE Personality 2016” му беше доделена на господинот Сиљан Мицевски, за особениот придонес во поддршката на културата. На завршниот ден на второто по ред издание на SEEFF а Berlin 2016 беа доделени и наградите на фестивалот. Интенационалното жири,во состав:Проф. Д-р. Алфрун Клименс (Професор за Западно-словенска литратура и култура на Универзитетот Хумболт),Дорка Грилус, актеркаРоланд Руст, уметнички директор на филмскиот фестивал во Котбус Питер Ромел, филмски дистрибутерЕрдоган Аталај, актер,ги додели следниве награди:Најдобар актер – Емир Хаџихафисбеговиќ, „Нашиот секојдневен живот“, Босна и ХерцеговинаНајдобра актерка – Кика Георгиу, „Тивко“, Грција Најдобра режија – Снежана Трибусон, „Се најдобро“, ХрватскаНајдобар Филм – „Три дена во септемви“, Македонија Специјална награда жирито му додели на режисерот Томас Логореци, за филмот „Бота“, АлбанијаМладото интернационално жири ги додели следниве награди:Најдобар актер – Уликс Фехмиу, „Нашиот секојдневен живот“, Босна и ХерцеговинаНајдобра актерка – Камка Тоциновски, „Три дена во септемви“, МакедонијаНајдобра режија – Даријан Пејовски, „Три дена во септемви“, МакедонијаНајдобар Филм – „Бота“ – АлбанијаФестивалот продолжува во Париз, од 1 до 5 јуни, а потоа и во Нингбо, Кина, од 7 до 12 јуни./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Лена и Владимир“ награден на Julien Dubuque International Film Festival
13. издание на Меѓународниот филмски фестивал Julien Dubuque (JDIFF) ги објави своите победници, a „Лена и Владимир“, во режија на Игор Алексов, ја однесе дома главната награда за најдобар долгометражен игран филм.
На фестивалот, кој се одржа од 24-28 април во Дубјук, Ајова, беа прикажани преку 150 филмови од целиот свет, вклучително и 31 долгометражен филм во конкуренција, а филмот „Лена и Владимир“ на фестивалот го промовираа актерот Тони Наумовски и режисерот Игор Алексов.
„Лена и Владимир“ е приказна за двајца бегалци од општеството кои доживеале огромна трагедија, а чии патишта случајно се вкрстуваат. Тие наоѓаат утеха и поврзаност, формирајќи врска што им носи исцелување. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и Филмскиот центар на Србија (Терирем продукција).
Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска и Тони Наумовски, а во филмот се појавуваат и Дениз Абдула, Луран Ахмети, Петар Мирчевски, Петре Арсовски, Благоја Чоревски, Kирил Коруновски. Сценариото е на Александар Русјаков. Продуценти се Дејан Илиев (ДМФ Филм) и Илија Циривири (МИНД Продукција). Кинематографер е Душан Кардалевски, сценографијата е на Влатко Зафирковски, а монтажер е Мартин Иванов, Музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез, костимограф е Раде Василев, дизајнер на маска е Горан Игњатовски, а кастинг директор е Катерина Грубач.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Култура
Светска премиера на „Киука – Пред летото да заврши“ во Кан – филмот е копродукција помеѓу Грција и Македонија
„Киука – Пред летото да заврши“ (Kyuka Before Summer’s End) во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, кој е реализиран како билатерална копродукција помеѓу Грција и Северна Македонија и е поддржан од Агецијата за филм на Република Северна Македонија, својата светска премиера ќе ја има на Канскиот филмски фестивал како дел од 32. издание на програмата ACID, што ќе се одржи од 15 до 24 мај оваа година. На „Куика“ му е доверена честа да ја отвори оваа програма.
„Лист продукција“ е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, а Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.
„Киука – Пред летото да заврши“ е приказна за едно трочлено семејство, кое како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот пред полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената што ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе почне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, а долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина.
Програмата на ACID (Association for the Distribution of Independent Cinema – Асоцијација за дистрибуција на независен филм) на Канскиот филмски фестивал е креирана во 1993 година и прикажува 9 долгометражни филма, фикција и документарци. Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата.
Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, а постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.
Главните улоги во филмот ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду.
Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студиата за постподукција „Аудио хаус“ и „Слобода филм“.