Контакт

Daily news

Das ist д-р Неле Карајлиќ!

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

На денешен ден (6 април) пред четврт век започна војната во Босна и Херцеговина. Ниту една војна нема една вистина. Некогашниот заштитен знак на бендот „Забрањено пушење“ и ТВ серијата „Топ листа надреалиста“ во Скопје го претстави неговото романескно видување на Сараево од неговите најубави години.

Средовечен господин и неговата сопруга влегуваат во скопскиот хотел „Русија“. Господинот се приближува до пултот и му се обраќа на рецепционерот дека има резервирана соба на име Ненад Јанковиќ. Рецепционерот, по кратко пребарување во листата, љубезно му одвраќа дека нема резервација на такво име.
„Ох, извинете, а дали има резервација на име Неле Карајлиќ?“, прашува гостинот. По потврдниот одговор веќе нема недоразбирања – Dast ist (Ова е) д-р Неле Карајлиќ, некогашниот фронтмен на сараевскиот бенд „Забрањено пушење“ и популарната ТВ серија „Топ листа надреалиста“. Тука, секако, е алузијата на првиот албум на бендот „Das ist Walter“, насловен според репликата од крајот на филмот „Валтер го брани Сараево“ на Хајрудин Крвавац, во која нацистичкиот германски офицер го посочува цело Сараево како непокорен град во Втората светска војна, амблематски претставен преку водачот на движењето на отпорот Валтер (Велимир-Бата Живоиновиќ). Патем, ова се случува во градот во кој Карајлиќ пред 36 години, тогаш само како „војник Ненад Јанковиќ“, служел во ЈНА.

Така Неле го остави багажот во собата, се освежи, и заедно со сопругата Сања дојде на Саемот на книгата, каде што Трендо пред бројната публика го промовираше македонското издание на неговата книга „Фајронт во Сараево“ (издавач е „Арс Ламина“).
„„Ретки се писателите популарни како мене, ха, ха. Се шегувам, не сум човек кој паѓа на популарност. Не велам дека не ми е мила популарноста, но таа не е единствениот мотив да се занимавам со книжевноста, како што некогаш се занимавав со рокенролот“, , вели Неле на почетокот на нашиот разговор.

Секое зло за добро

Веројатно на целиот Балкан постои изреката дека некое зло понекогаш е со добри резултати. Инфарктот што го доживеал Неле Карајлиќ пред 6 години бил последица на неговиот дотогашен турбулентен стил на живот. Па, кога веќе морал да се откаже од интензивното занимавање со музиката и концертите, Неле седнал – а можеби уште лежел во болничката постела – кога го почнал неговиот роман „Фајронт во Сараево“. Приказната започнува со неговиот инфаркт во Младеновац, гратче близу Белград, и посетата на двајца „менаџери“, Судбината и Смртта. И двајцата му нудат „договори“, па Неле, размислувајќи за нив, решава да ја остави во аманет неговата слика во зборови на родното Сараево од најубавите години. Тој град во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век беше епицентарот на ексјугословенската музичка, филмска („Се сеќаваш ли, Доли Бел“ и „Татко на службен пат“ на Кустурица, „Кудуз“ на Адемир Кеновиќ), театарска (проектот „Аудиција“, Младен Материќ) и поп-културна сцена. Добриот (колективен) дух на југословенството, со сите негови доблести и маани. Конечно, но не и најневажно, и најдобрите вицеви и шеги беа „made in Sarajevo“…
Неле Карајлиќ вели дека Горан Бреговиќ и Влатко Стефановски со нивната музика можеле да бидат и од Белград и Подгорица, но „Забрањено пушење“ и „Топ листа надреалиста“ можат да се идентифицираат првенствено и единствено со Сараево. Како во големите и страсни љубовни врски, еднаш прекинатата релација на Неле со Сараево веќе никогаш не можеше да биде обновена. Барем не на пријатен начин.
Во годините по воената халварија на екс Југославија и, посебно крваво, на Босна и Херцеговина, во Сараево се враќаа и Бреговиќ и Здравко Чолиќ, но никогаш Неле и Емир Кустурица. Кустурица „стигна“ до Вишеград, каде што го основа Андриќ-град (нарекуван и Камен-град). Неле, пак, пред две години, заедно со веселото друштво од Јахорина, и на нивно големо инсистирање за прв пат по 25 години се спуштил во Сараево. Тоа му било и последен, бидејќи иако бил во приватно друштво и во тивок ресторан доволни биле два пара очи на случајни минувачи па најпрвин социјалните мрежи да се запалат со коментари за неговото присуство во Сараево, а потоа да се создадат услови и за вистински пожар и немили сцени.
Неле, така, по втор пат физички заминал од Сараево. Во „Недеља кад је отишао Хасе“, една од култните песни на „Забрањето пушење“, последниот натпревар кој го одиграл фудбалерот Асим-Хасе Ферхатовиќ е само „продолжена“ стилска фигура која го опишува заминувањето на Јосип Броз Тито. Има нешто во тоа што денешно Сараево не го сака Карајлиќ со сличниот интензитет како што некогашното Сараево го сметаше за свој заштитен знак. Го памети ли Неле денот кога за прв заминал од Сараево?

„Секако, тоа беше 2 април, четврток, 1992 година. Мојата приказна за раскинот со Сараево е малку поинаква со онаа на Кустурица. Кај него аспектот беше повеќе национално обоен, додека кај мене беше социјален. Во секој случај, и јас и Кустурица имаме сличен табу во денешно Сараево“, вели Карајлиќ.
Интересно е што и највлијателниот лик на рокенрол сцената од ерата на осумдесеттите, Бранимир Џони Штулиќ од „Азра“, од 1990 година е заминат во Холандија, и до сега не успеале никакви молби и обиди на загрепчани да го вратат назад.

„Џони размислува на свој начин и си го живее својот живот. Не знам дали делиме слична судбина, бидејќи Џони е во доброволен егзил. Тој не сака да се врати во Загреб, а мене не ми даваат да се вратам во Сараево. Денес не сакам да се вратам, но и кога сакав, не ми даваа“, објаснува Карајлиќ.

Илегалниот живот на рокенрол ѕвездите

Карајлиќ вели дека припадниците на сараевската младина, како деца на комунизмот и партизанските филмови, меѓусебно си давале прекари како некогашните илегалци.Тогашното урбано рокенрол движење „Нов примитивизам“ било сметано за субверзивно, па Неле вели дека добро им дошле прекарите по кои биле познати во јавноста. Кога стиховите од песните на „Забрањено пушење“ или неговата реченица „Црко нам маршал“ на концерт во Риека, алудирајќи на Тито а „вадејќи“ се на името на засилувачот (кој, сепак, бил од марката „Vox“), биле на дневен ред на босанскиот или југословенскиот Централeн комитет на Сојузот на комунистите, „чуварите“ на идеолошкиот дух барем не им ги знаеле вистинските имиња.
„Вистинските имиња не ни ги знаеа ниту националните и воените лидери кога започна војната во Босна и Херцеговина, што уште еднаш ја потврди нашата далекувидност“, полушеговито додава Неле.

Самопрогласениот д-р Карајлиќ вели дека постојат многу сопственици на титули „доктор на науки“. стекнати со лажни научни трудови, а само тој е единствениот лажен доктор. Оваа „титула“ ја добил од рајата од маалото, бидејќи бил многу дрдорлив. Неговиот татко Срѓан бил вистински доктор на науки, професор по арапски јазик, книжевност и философија на факултетот за ориенталистика на сараевскиот Универзитет, чиј што студент бил и Карајлиќ. Најпрвин рокенролот, а подоцна и војната, го спречиле Неле да ги положи преостанатите два-три испити и да има барем вистинска титула ориенталист.
„Од него како татко и како професор научив многу работи, ме подготви за времињата кога многу патував по светот, а тоа е дека постојат разни култури и цивилизации, и дека секоја од нив не е подобра или полоша, туку е посебна. Арапскиот јазик го заборавив, бидејќи го студирав пред 30 години, но предизвикував неочекуван ефект пред десеттина години на турнеите со ‘No smoking orchestra’ (белградската верзија на ‘Забрањено пушење’), во Турција или по арапските земји, кога на публиката ќе им се обратев на арапски или турски јазик. Добивав неподелени симпатии“, се сеќава Неле.
Тој беше миленик на ексјугословенсјката публика и заради нескротливиот темперамент со кој ја „ораше“ сцената, се качуваше на звучниците или скокаше во публиката. Знаеше да го земе цвеќето од рацете на водителката на некогаш популарниот ТВ фестивал во Неум и да го изеде, без разлика што подоцна заврши во болница заради тешки отоци на устата, бидејќи цвеќето било прскано со пестициди.

Некогаш и негде

Денес, кога се сеќава на периодот на „Забрањено пушење“, вели дека четирите издадени албуми се дури и премногу за тоа што го направиле.
„Не може да се спореди тоа време со денешното. Ние пет години чекавме на можноста да го снимиме првиот албум, а денешните клинци веднаш ќе стават своја песна на Јутјуб“, смета Карајлиќ.
Како негов последен албум со философијата на „Забрањено пушење“ го смета „Ја нисам одавде“, снимен во 1997 година во Белград, на кого има и дел од неговата музика за филмот „Црна мачка, бел мачор“ на Кустурица. Насловот на тој албум звучи како тригер за неговиот роман.
„Да, можеби е така, но среќа што Господ ме поштеди да го пишувам тогаш, бидејќи приказната ќе беше многу погорчлива. Вака, со дистанца од 20 години, многу сум пореален од тој период“, смета Неле.
Подоцна следуваше ерата на „No smoking orchestra“ со Кустурица, па кавгата со него. И денес не комуницираат, иако како што вели Неле, веќе не се ни сеќава зошто се скарале. Затоа, пак, останува документарецот „Super 8 stories“ („Приказни на камера суперосумка“) на истиот Кустурица како документ за поствоеното „Забрањено пушење“ со интернационален опус, но и за едно пријателство. А токму во овој документарец, во делот за настапот на Неле и “No smoking orchestra“ во Лондон, свое видување за „Забрањено пушење“ дава и Џо Страмер (од некогаш култната панк-група „Клеш“), дефинирајќи ја нивната музика како луда грчко-еврејска музика на минатото и иднината.

Каква ќе биде иднината на Карајлиќ? Можеби повеќе свртена кон театарот и мултимедијалната сцена. Веќе ја има поставено претставата „ФБИ диосиеја Тесла“ во новосадскиот театар, а течат и преговорите со македонските театри за нејзино гостување. /крај/мф/сс

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија56 минути

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија2 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет2 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет3 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет4 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет5 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет6 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет8 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија11 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет12 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет13 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет18 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет22 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет22 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет23 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет23 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет24 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет24 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија1 ден

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...